Tag Archives: бебе

Мајка роди бебе тешко 6,4 килограми – најголемо во регионот (Видео)

Жена од Србија го роди најголемото бебе во регионот, тоа тежи 6,4 килограми.

Сузана Кучина од градот Горни Милановац, родила машко бебе тешко 6.420 грама и долго 68 сантиметри.

„Ова е мое трето дете. Првите две беа со нормална тежина, околу 3.700 грама, но ова бебе нè изненади сите. Ќе го крстиме Павле“, изјавила мајката за RINA.

Сузана вели дека бременоста била нормална, освен што било малку потешко да се движи. Павле е роден неколку дена по терминот.

Породувањето почнало природно, но поради големината на бебето завршило со царски рез.

„Навистина ретко се раѓа вакво бебе“, вели д-р Драган Перишиќ.

Во болницата во Горњи Милановац рекордот го држеше бебе кое при раѓањето пред неколку години тежело 5.900 грама.

Според Гинисовата книга на рекордите, едно од најтешките бебиња во светот е родено во Италија и тоа имало скоро 10 килограми. Родено е во градот Аверс во септември 1955 година.

https://fb.watch/mkk85Rvmr6/?mibextid=Nif5oz

Жена се породи на планина – неверојатен случај во Националниот парк Пакленица

Хрватската планинска спасувачка служба во саботата и помогна на жена да се породи во објект во Националниот парк Пакленица.

Денеска во 14 часот и 51 минути, нашите дежурни спасувачи добија пријава за породување во објектот Лугарница во Националниот парк Пакленица. Пред пристигнувањето на тимот на Хрватската планинска спасувачка служба младата странска државјанка со помош на работници од Националниот парк родила девојче“ се наведува во соопштението.

Мајката и новороденчето безбедно се префрлени и предадени на екипата на Итната помош. Комуникацијата за време на породувањето била отежната поради прекините со мобилниот сигнал

Малата Дуа – бебе родено во Скопје тешко само 520 грама, си замина дома по 131 ден поминат на Гинекологија

По 131 ден поминат на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малата Дуа со солзи радосници е испратена дома, објавија од државната Клиника.

Како што информираат, Дуа се родила на 12 март во 24-та гестациска недела, со само 520 грама и по повеќе од 4 месеци престој на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), ектремното прематурче си замина како здраво бебе со тежина од 1890 грама.

„Дуа како вистинска мала дама си замина во фустан од нашата клиника и си отиде со мама и тато во Кичево, кои се пресреќни што конечно нивното прво бебе ќе си го гушкаат во својот дом. Малата Дуа, еден од нашите најголеми борци, овие 4 месеци и 11 дена секојдневно ја добиваше медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, кои посветено се бореа заедно со неа“, соопштија од Клиниката, посакувајќи и многу здравје и среќно и безгрижно детство.

Во Србија зголемен е додатокот за родено прво дете на 3.122 евра, за трето- 16.600 евра

Во Србија од 1 јули родителскиот додаток за раѓање прво дете ќе изнесува 366.122 динари (3.122 евра), соопшти денеска Министерството за семејна грижа и демографија.

Родителскиот додаток за второ дете, што се плаќа на 24 рати, сега изнесува 324.772 динари, за трето дете што се плаќа на 120 рати е 1.948.632 динари (16.600 евра), а за четврто дете е 2.922.948 динари на 120 рати, се наведува во соопштението на српското министерство.

Еднократната помош за раѓање на второ и трето дете за деца родени на 1 јули годинава и подоцна изнесува 122.040 динари (1.000 евра), додека паушалот за набавка на опрема за детето е 6.766 динари, се наведува во соопштението

Пратеничка го доеше бебето на седница, колегите и’ аплаудираа (ВИДЕО)

Пратеничката Џилда Спортиело во Италија го доеше својот син Федерико и предизвика аплауз од колегите.

Таквиот настан би е секојдневие во многу земји, но во италијанскиот парламент во кој традиционално доминираат мажи, наиде на громогласно одобрување од пратениците, пишува Ројтерс.

Претседавачот Џорџо Муле рече дека ова е прв пат да се случи вакво нешто и истакна дека сите присутни даваат целосна поддршка на мајката и синот.

„На Федерико му посакуваме долг, слободен и мирен живот. А сега ќе ги водиме нашите разговори без врева“, изјави Муле.

Во ноември минатата година, собраниската Деловничка комисија донесе одлука дека пратеничките можат да ги дојат своите бебиња до една година.

„Премногу мајки се принудени да одат на работа и поради тоа да престанат да ги дојат своите бебиња“, рече една пратеничка од левичарското Движење 5 ѕвезди.

Aнастасија Ражнатовиќ ја доживеа тажната судбина на мајка си: И Цеца го загубила бебето месец и пол пред свадбата

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ неодамна со јавноста ја споделиле веста дека наскоро ќе станат родители и дека пејачката чека девојче, но, за жал, бременоста е прекината.

Имено, славниот пар вчеравечер на социјалните мрежи соопштиле дека, за жал, го изгубиле бебето. Фудбалерот, Немања Гудељ на „Инстаграм“ напишал дека ова за нив е болен момент, но веруваат како нивната љубов ќе надмине сè низ што минуваат. „Со вас споделивме среќна вест и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Ви благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање затоа што не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, стои на објавата на познатиот фудбалер.

Анастасија го деактивирала својот профил на споменатата социјална мрежа и одлучила одредено време да се повлече од јавноста.

Инаку, само неколку месеци претходно, мајката на Анастасија во својот серијал „Ceca Show“ открила интимна приказна која јавноста до тој момент не ја знаела. Имено, и таа го загубила своето бебе непосредно пред венчавката.

„Јас и Жељко очекувавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме за февруари, а јас претходно останав бремена. Во меѓувреме, за жал, го изгубив моето бебе“, изјавила фолк ѕвездата. И покрај загубата, Цеца и нејзиниот сопруг не сакале да ја откажат венчавката. „Се договоривме да не го поместуваме датумот, па така судбоносното „да“ го кажавме кога и планиравме, на 19 февруари 1995 година.“

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ планирале да се венчаат летово, по 50 роденден на Цеца, а потоа следната година да организираат голема свадбена прослава во Белград. Дали новите околности ќе го променат планот, останува да видиме.

На бебето му давала лекови за смирување за да не плаче, уапсена мајка во Србија

Полицијата во соработка со обвинителството во Ковин уапси 21-годишна девојка поради сомнение дека му давала средства за смирување на бебето.Добивај вести на вибер

Како што дознава српски Курир, мајката на детето била уапсена во петокот, а денеска била на распит во Основното јавно обвинителство Смедерево, кое предложило да и се изрече мерка притвор до 30 дена, пишуват српските медиуми.

Изворот за медиумите во Србија открива дека мајката изјавила дека „не се сеќава дека му дала на детето антипсихотици неколку ноќи“.

-Се сомнева дека на детето му давала седатив неколку дена, најверојатно за да не плаче детето – открива соговорникот за српските медиуми.

Според неговите зборови, се било откриено кога таткото на бебето забележал дека тоа не е добро.

– Бебето прво е однесено во Здравствениот дом, а потоа е испратено во Заводот за мајки и деца во Белград, каде лекарите откриле дека детето го има овој лек во крвта – открива соговорникот, за српските медиуми.

Според него, куќата била претресена и пронајдени се овие лекови кои мајката најверојатно ги добила на рецепт.

Таа доби кривична пријава за сторени кривични дела овозможување консумирање наркотични дроги, како и запуштање и занемарување малолетно дете.

Гиговска ја сподели својата најголема радост со сите: „Капетан сладок доаѓа“ (Фото)

Тетиот триместар од бременоста на пејачката Антониа Гиговска влегува во неделите кога возбудата на идните родители се повеќе и повеќе расте, особено кај кај мајката која го очекува своето прво чедо.

Гиговска уште од почетокот на големите промени во својот живот обзнани пред целата јавност преку социјалните мрежи, а акцентот освен на мажачката со клавијатуристот и трапер, Роберт Спаценкоски, падна на бременоста.

Идната мама која треба да се породи кон месец јули обожава да го фотографира својот труднички стомак, а по примерот на познатите и таа заедно со саканиот направија заедничка фотосесија.

Овој пат, имаше повод – откривање на полот на бебето кој се досега го држеше во тајност.

Нашиот капетан сладок е на пат. Едвај чекаме да те запознаеме“- пишува Антониа за фотографиите направени со природа.

Бебе починало во стомакот на родилката откако добила таблета за провокативно породување

Бебе вчера починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена.

Кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас, дознава „Независен“ од болнички извори.

Директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски, во порака го потврдува случајот за „Независен“ , но не дава детали, туку само кажа дека денеска во 14 часот министерот за здравство д-р Фатмир Меџити доаѓа во посета на болницата.

Од Битолското обвинителство за „Независен“ го потврдуваат случајот и велат „во тек е обдукција да се утврдат причините за смртта. Чекаме известување, па во зависност од наодот ќе знаеме дали предметот ќе се префрли кај нас“.

Утрово лекарите од Гинекологија биле на состанок со директорот, кој пак им предочил дека ситуација е особено чувствителна, дотолку повеќе по смртта на малата Јана Христовска (6), која пред речиси 20 дена почина на Детското одделение откако прими инфузија и по смртта на 12-годишно момче од битолското село Лера.

ФОТО+ВИДЕО: Заробен во тело на бебе – Има 27 години и 59 сантиметри, го сметаат за божество

Манприт Синг е уникатен маж кој ина 27 години, висина од само 59 см и тежок е девет килограми.

И покрај изгледот, Манприт Синг е роден во 1995 година. Овој млад Индиец од Пенџаб дојде на овој свет со многу ретка состојба, која му го запре растот на 6-месечна возраст, правејќи го да изгледа како 2-годишно бебе.about:blank

Изненадувачки, за разлика од многу други лица со физички предизвик во Индија, Манприт се смета за бог и е обожуван од селаните. Луѓето доаѓаат од сите страни за да го сретнат, дури и да го допрат, мислејќи дека тој е реинкарнација на хинду бог.

Семејството на Манприт е многу сиромашно и никогаш не можело да си дозволи детални здравствени прегледи кои точно би ја утврдиле неговата состојба.

Но, со оглед на неговата градба, големи раце, големи стапала и полабава кожа, веројатно овој Индиец боледува од Ларонов синдром.

Луѓето кои страдаат од оваа ретка генетска болест не можат да произведуваат хормони за раст. Лекарите од целиот свет ја дадоа истата дијагноза од далеку, откако слушнаа како другите зборуваат за случајот на Манприт.

Покрај физичките ефекти, неговата состојба го спречила да се развие психички. На 27 години, младиот човек сè уште има ментална возраст како бебе и не може да зборува. Комуницира само преку крик и плачење.

Видео:

https://youtu.be/54kBXxAmIgk