Tag Archives: бебе

Ужасно! – Двомесечно БЕБЕ сомнително на ТУБЕРКУЛОЗА примено во болницата во Козле

Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести е во многу тешка состојба, и поставено на механичко дишење, и засега состојбата му е стабилна, изјави за Телма, директорката проф.д-р Стојка Фуштиќ.

Доктор Фуштиќ вели дека деветмесечното бебе е донесено на детска клиника во многу тешка состојба во петокот вечерта од болницата во Козле. Директорката уверува дека нема потреба од паника за зараза, затоа што бебето е згрижено според сите протоколи.

Бебето и денеска е во многу тешка состојба затоа што има само три килограми, и иако докторите прават се што можат, можно е ваков случај да заврши фатално.

Бебето се заразило од неговата мајка, која боледувала од туберкулоза. Доктор Фуштиќ вели дека детето не било заведено во здравствениот систем, и нема податоци каде се лечело.

Спасено бебе старо 20 дена, во раката држело прамен коса од мајката (Фото)

Бебе старо 20 дена е извлечено живо од урнатините на земјотресот во Турција, јавуваат светските медиуми.

Спасувачите беа фотографирани како го држат бебето Керем Агиртас додека трагале по преживеани од земјотресите во кои животот го загубија над 21.000 луѓе во Турција и Сирија.

Бебето било извлечено од урнатините во Хатај, јужна Турција.

Не е познато дали некој од членовите на неговото семејство ја преживеал катастрофата.

55 часа по земјотресот спасено е уште едно бебе (Видео)

Во Турција од урнатините е спасено уште едно бебе. Бебето било 55 часа под урнатините.

Спасувачите викаа „Господ е голем“ и почнаа да го бакнуваат бебето.

Видео:

Бебе извлечено од урнатините на земјотресите во Турција

По многубројните ужасни сцени од Турција и Сирија, каде два силни земјотреса однесоа најмалку 1.900 животи, се појави фотографија која ја враќа вербата во животот.

Вирална стана фотографија од спасено бебе од урнатините на зграда во градот Малатија, Турција.

На фотографијата се гледа како маж држи бебе и го носи на безбедно, додека урнатините се насекаде околу нив.

Бебето било спасено за време на операцијата за пребарување и спасување по разорниот земјотрес, јавуваат турските медиуми.

Во исто време, продолжува потрагата по преживеани во урнатините откако два силни земјотреса со јачина од 7,7 и 7,8 степени ја погодија Турција и доведоа до голем број жртви во оваа земја и во Сирија.

Вториот земјотрес ја погоди областа Кахранманмараш, додека потреси беа почувствувани во многу градови.

Ристовска: Секој јануарски ден те чекав да дојдеш …

Сопругата на познатиот ракометар Борко Ристовски се породи вчера и на свет ја донесе Анастасија.

Таа на социјалните мрежи објави прва фотографија од новороденчето и напиша:

Честитки за мама и тато нека е жива и здрава Анастасија.

Натпреварувач во „Ѕвездите на гранд“ на сцената го дозна полот на третото бебе, солзите не можеше да ги запре (ВИДЕО)

Ненад Костов од Ниш е овогодинешниот учесник на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ во последната емисија пееше пред членовите на жирито, но неговиот настап го одбележа нешто поголемо од изведбата, која, инаку, беше наградена со максимален број гласови.

Саша Поповиќ го покани водителот Воја Недељковиќ да се приклучи од бекстејџ, а потоа рече дека Ненад оди во следната рунда. Тој пак ја покани сопругата на Ненад да излезе на сцената, додека кандидатот откри дека чекаат бебе, но се’ уште не го знае полот на новороденчето.

Како што објасни Поповиќ, тој се договорил со сопругата на Ненад, бремената Глорија, да му го отријат полот на бебето, а идејата на пејачот му ја кажале дури кога пристигнал во студиото. На прашањето дали повеќе сака момче или девојче тој како и сопругата одговориле дека тоа не им е важно, бидејќи веќе имаат синче и ќеркичка. Сепал кога Костов го пукна големиот балон, излетаа многу мали сини балончиња, кои означиле дека доаѓа второ машко дете. Ненад веднаш се расплака на сцената, а сите го поддржаа со голем аплауз!

Погледнете во видеото на 1 час и 58 минути:

Србија во ШОК – Во фрижидер пронашол замрзнато бебе, мислел дека е векна леб!

Зоран М. (62) во чија куќа во Земун синоќа беше пронајдено замрзнато бебе за српски Информер вели дека се шокирал кога го видел телото.

Како што објаснува човекот, замрзнувачот му се расипал и така го открил страшното злосторство.

-Замрзнувачот не ми работеше добро, па викнав мајстор да го направи. Човекот дојде и ме замоли да го испразнам за да може да го пронајде дефектот. Ги извадив речиси сите работи кога на дното забележав ќеса и во неа пешкир. Го одмотав пешкирот и видов мртво бебе. Прво помислив дека е леб, бидејќи поранешната сопруга знаеше да замрзне векна леб. Меѓутоа се уверив дека се работи за бебе кога му ги видов рацете и главата. Ужас, вели Зоран кој додава дека му се слошило кога видел.

Како што вели, веднаш повикал полиција која го однела безживотното тело, а од него земала ДНК примерок.

Наводно се сомневаат на мојата поранешна сопруга Лидија која мене и четирите заеднички деца не’ напушти во мај минатата година. Колку што се сеќавам имаше некои гинеколошки проблеми пред да се разделиме, но не знам дали би можела да направи нешто вакво. Во оваа куќа сум роден и никој нема пристап во просториите во неа освен мене и мојата поранешна сопруга додека живееше под овој кров, вели Зоран.

Полицијата трага по Лидија за да ги утврди сите околности на овој случај.

Мајка си го оставила бебето пред зграда и побегнала

21-годишна жена е уапсена во Србија поради сомнение дека ја оставила својата едногодишна ќерка во количка пред зграда во Крагуевац и побегнала.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Крагуевац ја уапсија Г. П. (2001) од Крагуевац, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело повреда на семејни обврски.

Според полицијатаа жената синоќа пред зграда во Крагуевац ја оставила својата едногодишна ќерка во количка и си заминала.

Осомничената со кривична пријава ќе биде изведена во Основното јавно обвинителство Крагуевац, соопшти полицијата.

На улицата Змај Јовина во Крагуевац синоќа околу 2 часот и 45 минути случаен минувач наишол на количка со едногодишно женско бебе на тротоарот.

Тој повикал полиција, а на местото на настанот излегла екипа на Итна помош, која го згрижила девојчето и ја пренела во Одделот за педијатрија на Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац.

Од Центарот „Солидарност“ за РТС велат дека детето е сместено во итно згрижувачко семејство и дека е во добра здравствена состојба.

Како што неофицијално дознава РТС, мајката наводно го оставила малото девојче со таткото пред зградата во која живее.

Машко бебе, прво во Новата Година во Скопје

Точно во 00:01 часот, се роди првото бебе во новата 2023 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Бебето е машко, тежи 3 720 грама и е долго 51 сантиметар, информираат од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете.Клиниката на новороденчето му посака добро здравје и среќно детство.

Како е повредено 10-месечното бебе во гевгелиската градинка?!

Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во вторникот, 22 ноември, годинава, во детската градинка „Цветови“, во Гевгелија, се случи брутален инцидент, по што 10-месечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со тешки телесни повреди и хематом на главата. Според директорката на градинката Елизабета Стефановска се работи за повреда при детска игра, а не за физичко насилство. Директорот на гевгелиската болница д-р Митко Крџов,  за весникот ВЕЧЕР, посочи дека  детето е прегледано во гевгелиската болница при што се констатирани лесни телесни повреди, не е хоспитализирано, пуштено е дома со совет и без терапија. Министерството за труд и социјална политика утре ќе се направи вонредна контрола во гевгелиската градинка

Во вторникот, 22 ноември годинава, во детската градинка „Цветови“, во Гевгелија, се случи брутален инцидент, а 10-месечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со тешки телесни повреди и хематом на главата, обелодени вчера пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ и кажа дека директорката на градинката Елизабета Стефановска, која е поставена на оваа функција од министерката Јована Тренчовска, молчи и го крие инцидентот.

-Директорката на градинката се обиде да го прикрие скандалот, наместо да, преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија. Случајот во Полиција го пријавува родителот на бебето ден потоа. Актуелната директорка  на градинката е кадар на Социјалдемократскиот сојуз. И покрај големиот број на пропусти во работењето министерката Јована Тренчовска му ги одзема ингеренциите за детските градинки на територија на општина Гевгелија на градоначалникот Андон Сарамандов – вели Петкова.

-Детето е повредено при детска игра, не станува збор за физичко насилство, како што е пренесено во јавноста на пресот на ВМРО-ДПМНЕ. Одговорно тврдам дека повредата е настаната при детска игра, тие се мали дечиња кои се нестабилни кога одат и се случило во моментот кога две дечиња кои држејќи се за рака се потчукнале и при паѓање го повредуваат малото детенце. За среќа кај детето нема телесни повреди или хематом, за што потврдува и лекарскиот наод – вели за весникот ВЕЧЕР, Стефановска, и дополни дека за случајот е информирано и надлежното министерство.

Министерството за труд и социјална политика, утре, ќе се направи вонредна контрола во  гевгелиската градинка.

За случајот го прашавме и директорот на гевгелиската болница д-р Митко Крџов,  кој  за весникот ВЕЧЕР го прочита извештајот на дежурниот лекар кој го направил прегледот. Според него се работи за лесни телесни повреди и затоа детенцето е пуштено дома без да му се даде каква било терапија.

– Околу 4 часот во вторникот, 10-месечното детенце било донесено на лекарски преглед од страна на родителот со податоци дека наводно паднало во градинката. При прегледот од страна на дежурниот хирургот тоа е свесно, контактибилно, нормално реагира, како и зениците на светлост. На десната страна од образот  и носот се гледаат лесни гребнатинки и мало црвенило. Се заклучува дека се работи за лесни телесни повреди, затоа не е примено во болница и пуштено е дома со совет без конкретна терапија – вели д-р Крџов и дополнува дека ова е напишано во извештајот на докторот што го примил детенцето.

Според него ако имало сериозен пад, детето сигурно дека ќе било хоспитализирано и ќе ја добиело потребна терапија.

За случајот е запознаен и градоначалникот  на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој за весникот ВЕЧЕР кажа дека бил да го посети детенцето и забележел повреди. Тој реагира зошто  актуелната директорка не го информира советот на општината, бидејќи тој е основач на градинката. Според него одговорност треба да има и затоа смета дека градинката требало да го пријави случајот и во МВР. Тој информираше дека во средата родителите на детенцето настанот го пријавиле во МВР, но немаше информации дали инспекторите излегле на терен и направиле увид.