Tag Archives: бебе

Ова се најбараните имиња за бебе во светот за 2022 година

Порталот „Бејби центар“ (BabyCentre) ја објави својата „топ 100 листа“ најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња, на светско ниво, за 2022 година.

Неколку 10-ци илјади родители ги впишаа имињата на своите бебиња на страницата за бременост и родителство. И, се чини, родителите се враќаат во 90-тите, кога станува збор за трендот… Оваа година, најголемите промени се случија во списокот со женски имиња – Оливија, на пр. беше симнато од првото место од 2021 година и е заменето со Софија.

Ова се најпопуларни имиња за девојчиња во 2022 година:

Софија, Лили, Оливија, Ајла, Ава, Амелија, Арија, Маја, Ајви, Изабела, Мија, Ела, Хана, Луна, Зоја, Сиена, Нура, Евелина, Емилија, Фатима, Фиби, Мила, Клои, Хали, Елијана, Лејла, Ерина, Ева, Алиса, Аурора, Руби, Матилда, Леа, Бела, Теа, Нора, Ана, Елеонора, Виолета, Арабела, Марија, Пенелопа, Роза, Мира, Бони, Нова, Ајша, Габриела, Амира, Елизабета, Јасмина, Хариета.

Следат и најпопуларните и најбарани машки имиња на планетава, за 2022 година:

Мухамед, Ное, Тео, Лео, Оливер, Ѓорѓи, Лука, Артур, Тома, Адам, Луј, Јаков, Даниел, Макс, Исак, Илија, Теодор, Вилијам, Александар, Јусуф, Роман, Самоил, Мајкл, Себастијан, Џеси, Давид, Леви, Бенџамин, Габриел, Захариј, Ибрахим, Матеј, Јосиф, Хуго, Арон, Боби, Абдула. (МИА)

Медицинскиот персонал во ШОК – Новороденче проодело! (ВИДЕО)

Медицинската сестра, непосредно по завршувањето на породувањето, се обидела да го избања бебето, но тоа цврсто одлучило да го одбегне тоа, па почнало да ги прави своите први чекори.

ФОТО: Ова бебе е осум милијардитиот жител на Земјата

Денес, според проценките на ОН, СВЕТОТ доби осум милијарди луѓе, а едно бебе родено во Манила стана симбол на тој факт.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Винис Мабансаг, која е родена во Др. Меморијалната болница Хозе Фабела во Тондо на 15 ноември, таа беше избрана за осмо милијардити човек во светот.

https://twitter.com/nicowaje/status/1592231074943627265?s=20&t=EriZbheNd78Waw0BHRRCpQ

„Штотуку бевме сведоци на осум милијардитото бебе во светот на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, стигнавме во 23 часот, а бебето се роди во 1:29 часот, нормално породување“, изјави д-р Ромео. Битуин, главниот лекар на болницата.

Првиот познат скок на населението се случил со појавата на земјоделството во неолитот, околу 10.000 п.н.е.

Со земјоделството, се разви седентарен начин на живот и способност за складирање храна, што доведе до раст на природниот прираст.

Докажаниот метод на нашиот студент им помогна на илјадници луѓе да го подобрат видот – ги полуди сите во регионот

„Мајките можеа да ги хранат своите доенчиња со каша, што го забрза процесот на одвикнување и го скрати времето помеѓу породувањата. Со други зборови, жените би можеле да имаат повеќе деца“, објасни Ле Брас.

Развојот на постојаните населби донесе и одредени ризици. Припитомувањето на животните ги доведе луѓето во контакт со нови смртоносни болести.

Смртноста кај децата беше особено висока. Третина од нив починале пред својот прв роденден, а уште една третина пред својот осумнаесетти.

„Смртноста беше огромна, но во исто време бејби бумот беше континуиран“, вели Ерик Крубези, антрополог од Универзитетот во Тулуз.

Од шест милиони жители во тоа време, глобалното население порасна на 100 милиони околу 2000 година п.н.е., а потоа на 250 милиони во првиот век.

Црна смрт

Растот на населението наеднаш бил запрен од чумата во средниот век. Пандемијата која започна од Централна Азија, од областа на денешен Казахстан, пристигна во Европа во 1346 година со бродови што превезуваа стока од Црното Море.

Осум милијарди, клучен развој на вакцина

Експлозијата на населението започна во 19 век, најмногу поради развојот на медицината и индустријализацијата на земјоделството, што го зголеми глобалното снабдување со храна.

Од 1800 година, бројот на жители на Земјата пораснал осум пати, од една милијарда на осум милијарди.

Крубези смета дека клучот бил развојот на вакцините, особено против сипаници, кои го искорениле еден од најголемите убијци во светот.

1970-тите и 1980-тите донесоа уште една мала револуција во форма на третман на срцеви заболувања, што придонесе за намалување на смртноста на луѓето над 60-годишна возраст.

ОН соопштија дека додека на светската популација и биле потребни 12 години за да порасне од 7 на 8 милијарди, ќе бидат потребни до 2037 година, или 15 години, за да достигне 9 милијарди – „знак дека вкупната стапка на глобалниот раст на населението забавува“.

Чудо во Индија – Новороденче во својот стомак ги носело телата на своите 8 близнаци

Како што објави Њујорк пост, извонредниот феномен се случил на 10 октомври откако во приватна болница во областа Рамгар во државата Џарканд се родило бебе со ненормално отечен стомак.

На почетокот, родителите на девојчето биле загрижени дека израстокот всушност може да биде тумор, а првичната дијагноза се чинело дека е точна, дури и поткрепена со томографија. Меѓутоа, откако девојчето било префрлено во Детската болница и истражувачкиот центар Рани, тим предводен од д-р Мохамед Имран открил дека тоа не е вистина, туку нешто побизарно.

Имено, се покажало дека новороденото девојче има феномен познат како фетус во фетус, а тоа е облик на малформација слична на онаа на споени близнаци. Тоа се случува само еднаш на околу 500.000 родени бебиња, а се случува на самиот почеток на бременоста кога јајце клетката од одредена причина не успева целосно да се подели на два дела, од кои би се развиле две идентични близнаци.

Во случај на фетус во фетус, доминантниот фетус расте додека другите живеат во него. Оние кои се заробени можат да живеат и да растат во стомакот со години како паразити, додека не станат толку големи што не почнат да му штетат на својот домаќин. Тоа се случило со ова мало девојче.

Но, нејзиниот случај е особено уникатен затоа што таа носела рекордни осум неразвиени фетуси во абдоминалната празнина, за што лекарите тврдат дека е најголемиот број на ембриони забележани досега. Откако девојчето го држеле 21 ден под опсервација, лекарите успеале да ги извадат сите ембриони, а девојчето добро закрепнува по операцијата.

ГОЛЕМА ТРАУМА! Луна Џогани го изгуби бебето – пејачката отворено проговори и ја откри причината!

Победничката на втората сезона на Задруга Луна Џогани објави тажна вест. Имено, таа го изгубила плодот во 12-та недела од бременоста, а ги открила сите детали од овој немил настан.

– За разлика од 2021 година, 2022 е многу лоша за нас. Ја изгубивме оваа бременост. Ќе го наречеме така, бидејќи беше на самиот почеток. Не поминаа ни тие 12-те недели во кои треба да зајакне плодот. Се случува луѓето да го загубат плодот во првите 12 недели. Се случува. Така е замислено, така треба да биде. Можеби не требаше толку многу да зборуваме за тоа. Така требаше, веројатно ми помина некој вирус, така тврди докторот. Бев болна, седум дена бев болна или поради патувањето, не знаев ни кога се враќав од Америка дека сум бремена – рекла Луна и додала:

-Жал ми е што моравме вака да објавиме, побрзавме да ја објавиме бременоста. Животот е непредвидлив, тоа е чудо, никогаш ништо не можеш да планираш. Среќни бевме, тоа е прекрасна вест, мислевме дека се ќе биде во ред. Ни рекоа дека ќе имаме деца, ние сме млади, здрави, имаме едно и немаме причина да очајуваме и да бидеме тажни. Следниот пат кога ќе бидеме сигурни нема да трчаме да објавиме дека сум бремена. Ова ни беше лекција, нема да правиме врева, наша должност беше да ве информираме дека ја загубивме бременоста, но ќе продолжиме понатаму – најави Џогани.

Инаку, Луна неодамна имаше операција на градите, бидејќи и беше дијагностициран бениген тумор, за што јавно проговори и апелираше до сите жени редовно да одат на прегледи.

Да потсетиме, Луна во јуни минатата година го роди своето прво дете, ќерката Миа. Таа се породила со царски рез, а породувањето поминало без проблеми.

Пратеничка од косовското Собрание оди на работа со своето бебе (Фото)

Пратеничката на ПДК, Аријана Муслиу-Шоши вчера не отиде сама на работа во Собранието на Косово, објавија косовските медиуми.

Таа на состанокот со делегацијата на Собранието на Косово во Парламентарното собрание на Советот на Европа со себе го донесе и своето бебе кое го роди пред еден месец.

Газета Национале обезбеди фотографии на кои таа го држеше бебето во раце за време на состанокот.

Ова е првпат косовска пратеничка да се види со своето бебе на состанок на парламентарната комисија.

Собранието на Косово е првата институција која ќе има соба за доење.

Ова стана возможно откако шефицата на Групата пратенички, Тинка Курти, ова барање го достави до претседателот и до секретарот на Собранието. Таа информираше дека барањето и е одобрено и дека собата наскоро ќе се функционализира.

ФОТО: Пар добил ќерка преку ин витро постапка, па дознал страшна вистина – бебето не било нивно

Брачен пар од Калифорнија кој се одлучил за вештачко оплодување ја открил страшната вистина неколку месеци по раѓањето на детето.

Имено, се покажало дека девојчето не е нивно биолошко дете. Дафне Кардинал во септември 2019 година родила девојче кое воопшто не личело на нејзините родители. Откако направиле ДНК тест, сомнежите им биле потврдени. Парот потоа го пронашол другиот брачен пар на кого по грешка му го дале нивниот ембрионот, па решиле да ги сменат децата. Така секое девојче отишло кај своите биолошки родители.

Поради замената, Дафне и Александар Кардинал ја тужеле клиниката за плодност.

– Нашите сеќавања од породувањето засекогаш ќе бидат извалкани со тоа што нашето биолошко дете е дадено на некој друг, а детето што го донесов на овој свет не е мое. Ми ја украдоа можноста да го носам сопственото дете, рекла Дафне Кардинал, пишува Би-Би-Си.

Во тужбата се наведува дека Александар Кардинал очекувал да се роди дете со светол тен, но се родило девојче со потемна боја на кожа.

-Тоа беше толку вознемирувачко што Александар се оддалечи неколку чекори кога ја виде. Речиси два месеци подоцна решиле да направат домашен ДНК тест кој покажал дека девојчето не е нивно.

– Одеднаш собата се смали. Почнавме да чувствуваме вртоглавица, го опишува Александар моментот кога ја дознале вистината.

Клиниката за оплодување им помогнала да го пронајдат парот кој по грешка примил нивниот ембрион. Жената родила исто така женско дете. Двата пара конечно ги смениле девојчињата кога имале четири месеци.

– Наместо да го дојам своето дете, доев и се поврзав со детето од кое подоцна бев принудена да се откажам, рекла младата мајка и додала дека целата ситуација е исклучително тешка за нивната седумгодишна ќерка, која има проблем да разбере што се случува.

Газел со нога три месечно бебе и му го скршил черепот…

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, започнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди кои предизвикале крварење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, можност тој да се обиде да влијае врз сведоците, па дури и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Страшно ! Киднапирано бебе во ГТЦ, полицијата го пронашла во Ѓорче

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ја лишиле од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава дека околу 11.30 часот одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје.

Како што сооопшти МВР, детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител.

Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Пет2ров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.

ДА ИНТЕРВЕНИРАЛЕ НА ВРЕМЕ БЕБЕТО ЌЕ ПРЕЖИВЕЕЛО: Обвинение против двајца гинеколози од Битола

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик.

Обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка – родилка од с. Смилево – Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето.

Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката. Иако сите промени во здравствената состојба на родилката претставувале апсолутен показател дека здравјето и животот на плодот е во опасност заради недоволен доток на кислород, што пак претставува индикација за итен царски рез, обвинетите лекари не ја презеле оваа интервенција благовремено. Поради продолженото породување и доцнењето од најмалку пет часа од појавата на индикациите за итен царски рез, интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата кај родилката била извршена околу 06:30 часот на 13.10.2019 година, при што се родил плод – женско дете со родилна тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри во многу лоша состојба, кое починало за кратко време по породувањето заради кислородното страдање во утробата.​