Tag Archives: Битиќи

Oд 1 јануари МОРА ДА ИМА ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА, но ударот да биде поблаг, смета Битиќи

Зголемувањето на ДДВ за струјата од 5 на 10 отсто в година ќе значи и ново поскапување на струјата за граѓаните. Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека покачување мора да има, но внимаваат ударот за граѓаните да не биде голем.

Свесни сме дека енергетската криза е овде, дека одредено покачување мора да има, но колку што е можно ударот кај граѓаните да биде поблаг, сметам дека тоа е императив за Владата“, вели вицепремиерот Битиќи.

Тој објасни дека зголемувањето на данокот за струјата е само една од ставките што влијаат на цената на струјата што ја плаќаат граѓаните и дека во моментот се прават пресметките, но конечна цена сè уште нема.

„Ние сè уште ги правиме пресметките што значат инпутите за в година и затоа беа преземени мерките, веќе една и пол година за инпутот во дефинирање на цената в година да не биде на удар врз самите граѓани. Ние нудевме цена на електричната енергија од страна на ЕСМ кон ЕВН со многу пониска цена, субвенционирана од страна на Владата. Тоа може да биде една од работите за да се амортизира евентуалното зголемување, но далеку сме сè уште, треба да ги согледаме сите параметри, а секако Регулаторната да одреди кое и какво ќе биде влијанието“, рече Битиќи

Учебната година започна БЕЗ УЧЕБНИЦИ И ПАРНО, но Ковачевски, Шаќири, Груби, Битиќи и Бесими ќе го унапредувале образованието преку СОВЕТ?!

Можеби во Македонија учебната година почна со скрипти и без учебници, а поради енергетската криза се споменува и можно учење од дома наместо со физичко присуство, но затоа ќе има Совет за унапредување на образованието и науката?!

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата ја усвоила информацијата за потребата од формирање такво тело, со кое ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а ќе го сочинуваат и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Со работата на Советот ќе претседава Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија Артан Груби, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, координација на економските ресори и инвестиции и Педагошката служба како орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука, информираат од Министерството.

„МОН како транспарентна и одговорна институција која создава можности за учество во креирањето на политиките од сите засегнати страни, ќе ги вклучи претставниците од стратешките партнери на Министерството.  Во активностите на Совет ќе учествуваат Сојузот на средношколци, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Агенцијата за квалитет во високото образование, Одборот за акредитација на високото образование, Одборот за евалуција на високото образование, студентските собранија, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно обраование и обука, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и Центарот за образование на возрасните.  Со оваа одлука МОН ќе креира политики кои ќе се базираат на информациите за моменталната функционалност на системот на национално ниво, како и на меѓународните истражувања за факторите што придонесуваат за ефективна настава и учење“, се наведува во соопштението од МОН.

Откако Битиќи ни порача да штедиме струја -По колку оброци на ден да јадиме, колку пати неделно да се капеме?

„Ако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, треба да се навикнеме на 22 степени. Секој степен е штедење“ – оваа изјава на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи предизвика лавина реакции кај граѓаните. 

Очигледно на Македонците не им се допаѓа некој да им кажува што и како треба, а особено кога тој некој е политичар кој треба да мисли за народот! 

Хит реакции ги преплавија социјалните мрежи, а несомнено најинтересна беше онаа на младата Катерина која „фрли“ иронија на целата ситуација. 

-Јас гола шетав, по капечки само, па прво во сауната турска, па финската, и на крај нели во топлиот базен во дневната си пливав, не можам под 27 да ми е базенот. Никако тоа.Само црвеното во винските подруми ми е на 20 степени. Другово не можам, стварно. Кој може нека штеди. Јас не планирам. Не џабе праев сауни и базени низ дома. Свашта, напиша таа. 

А ова се реакциите на другите граѓани:

-Господине Битиќи ти како избран член на оваа влада и останатите избрани членови се должни на народот да му обезбедат елементарни услови за живот,а не да кажувате, туку да работите и обезбедите услови.

-Вака може и од леб да не одучите ако јадеме три пати сега само еднаш и ке ни останат повеќе пари браво бе за идејата ее што значи да си паметен министер.

-Прво треба да се почне со штедење од вас ,да ви ги намалиме платите на просечна еве нека не е на минимална ама на сите што сте у баграта ,да се зголеми малку буџетов оти отидовмо јабана. Ние простиот народ што редовно ве гласа уште малку ке почнеме паркетот по дома да го палиме за греење.

-По колку оброци на ден да јадиме, колку пати неделно да се капиме? Дно дна сте импровизација од држава, ни ја одравте кожата! А да изгледате едно законче цела влада да зема просечна плата без додатоци и на работа да одите со сопствен превоз.

-Ти дома да си направиш ич да не ти е топло ако си министер на целиот народ тогаш ќе направиш да живееме како луѓе, а не да ми кажуваш како да се греам ека до нас е, ние не штедиме, па затоа ни фали струја во државава и е скапа, а не дека немаме производство поради многу години погрешни политики и немање инвестиции во енергетика, офф мори мајко, што не лажат при отворени очи

-Имам предлог, забранете им на деловните објекти, казината, кладилниците, моловите што имаат екрани и светлечки реклами на сите страни, што и во и вон работно време работат – пр. на ул. Македонија. Нека се изгасат билбордите, нека светат само уличните светилки, па овие 2 степени разлика во домакинствата нема да се осетат. Зашто домакинствата не се само чинители, ајде фирмите нека се покажат општествено одговорни, а не само профитерско настроени.

Извор: Skopjeinfo.mk

Ако се греете на 24 степени и шетате на кратки во зимо, треба да се навикнете на 22, мора да се штеди

Кризата ќе трае до крај на годината, но јас сметам дека ќе ја имаме и на почетокот на 2023 година. Со поголема разумност на сите чинители, дека оваа криза не е одраз на еден, туку одраз на целокупното опкружување, општество, не само во Македонија. Против тоа треба сите заедно да се бориме, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој додава дека „ако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, најверојатно ќе треба да се навикнеме да живееме на 22 степени во зима, а во лето, ако е 24, да направиме на 26 степени целзиусови.

– Секој еден степен значи штедење. Таа електрична енергија што некој ни ја обезбедува, треба да ја вратиме за да помогнеме на стопанството, констатира Битиќи во емисијата „Клик плус“.