Tag Archives: блокада

Жители на Слупчане со палење гуми го блокираат патот и влезот на ЕВН, каде струја плаќаат само 20 отсто од домаќинствата (Видео)

Жителите на Слупчане со палење на гуми на патот го блокираа влезот на екипите на ЕВН.

Тие неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во оваа општина, објави ТВ 21.

Слупчане важи за населено место каде што најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија. Фактури за струја пристигнуваат само кај 20 отсто од домаќинствата.

Видеото може да го отворите ТУКА.

Автобусџиите и одат на Данела ПРЕД ВРАТА

Војната меѓу Град Скопје и приватните превозници не завршува, а цената ја плаќаат граѓаните кои не можат да стигнат ниту во болница, ниту на работа, учениците доцнат на часови. Се троши време, нерви и гориво во услови на економска криза, граѓаните превозот ги чини неколкупати поскапо оваа недела. 

Приватниците решија утре блокадата да ја насочат само кон Град Скопје и ќе ја блокираат Илинденска. Од долгот не се откажуваат. 

Приватните превозници одлучни се дека нема да се пријават на огласот кој утре ќе го објави Град Скопје. 

Во просек по 6000 евра по автобус им должат за изминативе неколку месеци. И да сакаат немаат со што да платат гориво за да се вклучат со линии. Тврдат дека ЈСП не може да ја испорача услугата која тие им ја давале на граѓаните. 

Град СКопје утре ќе го објави јавниот повик за две линии со број 20 и 22. Според Арсовска за овие две линии градот има потреба од приватни превозници. Дополнително вели на повикот не можат да се пријават ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“, тие немаат право да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот со Град Скопје. 

Кој МАЛЕР ја има фатено скопјанкава – Во сред блокада, КАЗНА да ти пишат (Видео)

Репортери на Слободен печат денеска сведочеле како полицијата утрово на една скопјанка ѝ напиша казна од 250 евра затоа што не ја следела блокадата и со возилото поминала преку пешачки премин за да стаса до саканата дестинација.

И додека автобусите можат да ја блокираат која и да посакаат раскрсница според сопствена проценка, граѓаните не можат да се движат слободно, а некои добиваат и казни…

Цело Скопје е БЛОКИРАНО!

Работната недела тргна тензично во Скопје, особено за оние кои не може да стигнат навреме на работно место или на училиште, со оглед на блокадите низ Скопје. 

Приватните автобуски превозници денеска од шест часот наутро повторно поставија блокади на неколку главни точки во главниот град, односно крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и Булеварот Илинден околу локацијата на градското Собрание. Тие велат дека овој пат нема да ги тргнат блокадите се до исполнување на нивните барања.

На твитер од рано изутринава бурни реакции.

Кемал Муриќ од приватниот превозник „Слобода превоз” вели дека нема да се тргнат блокадите додека нема напредок за излез од состојбата.

– Како што најавивме денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да се договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија се со цел да не трпат граѓаните, рече Муриќ.

Приватните превозници со околу 200 автобуси ја блокираа „Илинденска“

Околу 200 автобуси и 300 возачи и сопственици на автобуси од приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ во моментов протестираат со блокадата на десната страна од булеварот „Илинден“, поради неисплатениот долг од страна на ЈСП „Скопје“, изјави за МИА, претставникот на превозниците, Кемал Муриќ.

На прашање до кога ќе трае блокадата, тој информираше дека тоа ќе биде до крајот на работното време.

– Бидејќи побаравме повторно официјално прием кај градончалничката, претпоставуваме дека тоа ќе биде до крајот на работното време, рече тој.

Доколку оваа блокада нема исход, директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на вчерашната прес-конференција најави дека в понеделник почнувајќи од 6 часот главниот град ќе биде целосно блокиран, односно приватните превозници ќе ги блокираат крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и кај Црвениот крст и на булеварот „Илинден“.

Од Град Скопје вчера соопштија дека го прекинуваат договорот со приватните превозници од „Слобода превоз“ поради неисполнување на обврски што произлегуваат од договорот. Од Градот апелираа до превозниците да ја ревидираат одлуката за блокада на Скопје, бидејќи, како што велат, со тоа нема да постигнат решение за проблемот.

Исто така, од Градот најавија дека од следна недела ќе биде објавен јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите приватни превозници, со цел поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми.

Првата блокада на приватните превозници се одржа на 28 ноември на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, кога околу 30 автобуси на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ беа паркирани на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, со барање „да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа

Блокада кај Мавровка и ХАОС во Скопје – ПЛАТЕТЕ НИ ГО ТОА ШТО СМЕ ГО СРАБОТИЛЕ

Приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ со блокада од околу 30 автобуси на раскрсницата кај Мавровка, односно булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, бараат да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа.

Кемал Муриќ од „Слобода превоз“, во изјава за МИА, рече дека блокадата е резултат од неправилното работење на Јавното сообраќајно претпријатие којашто, како што кажа, дозволи да се натрупа долг во износ од скоро 2 милиона евра кон нив.

– После неуспешниот обид да оствариме средба со градоначалничката, да и ги изнесеме нашите проблеми и нашите аргументи, затоа што сметаме дека беше погрешно информирана, таа не најде за сходно да не прими, истакна Муриќ кој додаде дека потоа не биле примени ниту од страна на ЈСП – изјави Муриќ.

Тој рече дека денеска се принудени да ја блокираат раскрсницата само за една цел, а тоа е да им бидат исплатени заработените средства и да бидат оставени да работат како што работеле до сега.

Прашан за најавата на градоначалничката Арсовска, дека ќе се отвори повик за поединечно аплицирање за приватни автобуски линии, Муриќ одговори дека тоа се прави за разбивање на приватните превозници и тврдеше дека тоа нема да се случи.

Наводите за злоупотреби за непријавени билети, Муриќ ги оцени како невистинити.

– Тоа е само обид за одвлекување на вниманието од состојбата предизвикана директно со нивното неработење во складот на потпишаните договори и натрупување на долг од скоро два милиона евра – рече Муриќ и најави дека ова прашање ќе има судска завршница.

Исен Халили од приватниот превозник „Макекспрес“, истакна дека раскинувањето на договорот од страна на Град Скопје за нив е и дополнителен проблем.

– Како причина за тоа, како што се наведува, е дека одржувањето на линијата 19 е падната под 80 проценти, а директна причина за тоа е немањето на материјални средства, а не е некое неодговорно однесување – рече Халили.

Халили рече дека нивните барања се исто така да им се исплати долгот, но и да се повлече одлуката за укинување на договорот со „Макекспрес“.

За денеска е најавено дека Советот на Град Скопје ќе одржи вонредна седница за советнички прашање каде што се очекува да се донесе одлука за решавање на проблемот со приватните автобуски превозници.

ВО 13 ЧАСОТ: Блокади на четири места во Македонија, за недела закажан масовен протест

Протестот против францускиот предлог продолжува и денеска со блокади на четири места во Македонија.

Од 13 до 14 часот сообраќајот ќе биде блокиран во Скопје пред Владата, на магистралните патишта Штип-Велес, Струмица-Радовиш и Плетвар-Прилеп.

-Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија, соопштија неформалните организатори „Ултиматум – НЕ благодарам“.

Утре, сабота, во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести. Масовно протестирање е најавено за во недела со почеток во 19 часот пред Владата.

Откако Владата вчера го достави предлогот во Собранието, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при учеството на вчерашниот протестот против францускиот предлог порача дека нема да поддржат какви било уставни измени во контекст на исполнување на бугарските барања.

-Македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува понатаму со ова национално предавство и катастрофа која што ја подготвува Владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО ДПМНЕ во Парламентот тоа нема да го прифати. За тоа се потребни 80 пратеника, бидете сигурни дека ги немаат, изјави Мицкоски.

Поради францускиот предлог изминатите шест дена се одржаа протести под мотото „Ултиматум, НЕ, благодарам“ пред Владата и Собранието, а синоќешните поминаа мирно и без инциденти.