Tag Archives: БојкоБорисов

Борисов: Бугарија си има свој Меси, а тоа сум јас

На средбата со младинските активисти на ГЕРБ, Бојко Борисов најави дека има две опции за номинација за премиер на ГЕРБ-СДС, тој или партиски неопределен кандидат, јави дописникот на МИА од Софија.

Борисов изјави дека Бугарија има свој Меси и додаде дека не гледа конкуренција против него.

Според него, Бугарија треба на најбрз начин да формира влада, бидејќи тоа ќе придонесе за пристапување во Шенген.

Втората опција е да се формира малцинска влада, но тешко дека ќе биде најдобра за стабилноста во Бугарија во моментов.about:blank

Според него, одлуката ќе зависи од тоа дали ќе се најде договор со другите партии за приоритетните политики, меѓу кои и Продолжуваме со промената.

Борисов истакна дека изминатите две години се тотален удар врз професионалноста на бугарското МВР, велејќи дека се направени само политички назначувања и чистки, кои доведоа до ваков резултат.

Борисов ја коментираше евентуалната декларација во Народното собрание на Бугарија за можни контрамерки против Холандија, велејќи дека ГЕРБ нема да ги поддржи.

Бугарија мора најбрзо да формира редовна влада во рок од еден месец и да не ја влече Романија за да да ја гарнира безбедноста на нејзината граница со Турција и да продолжи да оди во пакет со трите земји за Шенген и еврозоната заедно со Романија и Хрватска, посочи Борисов.

Претседателот на Бугарија Румен Радев утре на ГЕРБ ќе му врачи првиот мандат за формирање влада. Од ГЕРБ сè уште не соопштуваат кој ќе биде нивниот кандидат за премиер. Пред две години ГЕРБ го номинираше поранешниот министер за надворешни работи Даниел Митов за премиер на Бугарија.

Медиумите во Софија шпекулираат дека ГЕРБ сега може да ја предложи или Десислава Атанасова, која е шеф на пратеничката група или Томислав Дончев, кој беше вицепремиер за европски фондови во владите на Бугарија предводени од Борисов.

Teпачка на полноќ пред домот на Бојко Борисов за Македонија (Видео)

Активисти на бугарската партија ВМРО предводени од европратеникот Ангел Џамбаски вечерва се собраа на протест пред домот на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за да го искажат револтот зошто тој го поддржа францускиот предлог за решавање на спорот и почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, јави БНТ.

Демонстрантите од доскорешниот коалициски партнер на Борисов, пред неговиот дом носеа транспарент „Не ја предавајте Македонија“ и скандираа: „И порано и сега, Македонија е бугарска“.

Од друга страна, пак, пред домот на Борисов имаше и контрапротести – активисти и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ дојдоа да го поддржат лидерот.

Борисов пуштен од притвор, ќе има ли обвинение за 30 милиони евра ? (ВИДЕО)

Истрагата против лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов за злоупотреба на 30 милиони евра е отпочната по пријава на бизнисменот Васил Бошков, порачаа властите во Софија.

Борисов синоќа беше приведен од бугарската полиција, денеска требаше да биде сослушан, тој е осомничен за проневера на средства од Европската Унија, но беше пуштен од притвор, јавија бугарските медиуми.

И додека членови и симпатизери на ГЕРБ денеска излегоа на протест во Софија на кој испорачаа три барања – итно ослободување на Борисов, оставка на владата и предвремени избори во Бугарија, премиерот Кирил Петков порача дека „никој не е над законите“ и го обвини бугарското обвинителство дека досега не преземало дејства.

„Ако европското Обвинителство прави проверки, време е и бугарското Обвинителство да си ја работи работата и да застане на страна на народот. Мислам оти сите знаеме дека има пријави кои Обвинителството очигледно не ги разгледува. Се надевам дека сега и тие, конечно, ќе сознаат каква е нивната улога“, рече Петков.

Бизнисменот Бошков, по чиј исказ бил инициран предметот, рече дека софиските обвинители не презеле ништо, па оттаму тој го контактирал европското Обвинителство. Апсењето на Борисов коинцидираше со вчерашната посета на главната европска обвинителка Лаура Ковеши во Софија.

„Владата ќе биде контактна точка со европското Обвинителство и тоа е јасен сигнал за силен ангажман на највисоко ниво. Тоа е во согласност со тоа што се обидува да го постигне европското Обвинителство во сите земји-членки“, рече Ковеши.

Од партијата на Борисов обвинија дека случајот претставува класична репресија кон политичките опоненти.

„Новата власт го покажа вистинското лице. Одмазничко и, зад насмевката, покажува заби“, изјави Томислав Дончев, партиски функционер во ГЕРБ.

Според изјавата на лидерот на политичката партија ГЕРБ, безбедносните сили кои извршиле претрес во неговата куќа пред апсењето не нашле ништо.

Борисов изрази незадоволство за тоа како биле извршени претресот и приведувањето. Тој тоа го нарече „враќање во комунизмот“. Поранешниот бугарски премиер кажа и дека еден ден минал во полиција, но дека не му било покажано обвинение.

Бојко Борисов УАПСЕН (Видео)

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов вечерва во полициски автомобил го напушти својот дом во градот Банкаја, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој беше изваден од полицаец и ќе биде предаден на Националната полициска служба на Бугарија.

Сите пратеници на ГЕРБ, поранешни министри и поддржувачи се собраа пред куќата на Борисов и се упатија кон местото каде што ќе биде испорачан поранешниот премиер на Бугарија.

Видео:

https://youtu.be/tn7sSk9k_jM