Tag Archives: црква

Ограбена црквата „Рождество на Пресвета Богородица” во Скопје

Непознати сторители ноќеска ја ограбиле црквата „Рождество на Пресвета Богородица” во Скопје.

Во моментот полициски службеници вршат увид. Засега нема инфорамација што е украдено.

Скопје го има најголемиот соборен храм на Свети Климент Охридски, како се градеше Соборна (Видео)

Најголемиот соборен храм на Македонската православна црква го носи името на големиот светител, Свети Климент Охридски, кој го чествуваме денеска. Храмот е лоциран во центарот на Скопје. 

Инаку, главната црква во Соборниот храм му е посветена на свети Климент Охридски, а долната црква на света Богородица.

Од капелите, едната им е посветена на царот Константин и на царицата Елена, а другата на светиот маченик Мина.

Кога ќе се влезе во внатрешноста на црквата, особено внимание привлекува иконостасот што е направен од дабово дрво.

„Да не бидеме мрзливи, и ние, кога имаме таков милостив Господ, туку да отфрлиме од себе секаква злоба, завист, клевета, срамни дела и недолични постапки, и со чиста совест да дојдеме во Божјата Црква и, со страв стоејќи во неа, да бараме прошка на гревовите и вечен живот, за да бидеме достојни да пристапиме кон пречистите тајни на телото и крвта Христови. Зашто тоа дело Божјо (светата Причест) нѐ прави достојни заедничари на Царството небесно“, учел големиот светител Св Климент Охридски .

За тоа како е градена Соборната црква во Скопје минатата година по повод 30 годишнината од нејзиното осветување погледнете го документарецот:

ОТКРИЕНА ЦРКВА од ПЕТИОТ ВЕК на локалитет во Кумановско (Фото)

На локалитетот Градиште – Бислим во кумановското село Пчиња откриена е црква, која според првичните показатели е градена во 5 век и опстојувала во раниот среден век, потврдуваат наодите на Археолошкото одделение на Музеј Куманово по завршување на истражувањето.

Откривањето на црквата потврди дека тврдината во Бислим била поголема населба што постоела подолг период. (Фото: СДК.МК)

Со ова се потврдени претпоставките од минатогодишните ископувања дека на истражуваната локација постои црковна градба, но и дека тврдината во Бислим не била само привремено воено утврдување, туку поголема населба што постоела подолг период.

„Во текот на овогодинешните ископувањата се откри олтарниот дел на црквата. Подот на оваа црква се наоѓа на околу 1,5 м под денешната површина, направен е од квалитетно изработена тула, која е поставена на малтерна или глинена подлога. Според досегашните показатели, се работи за градба долга околу 20 метри и широка скоро 9 метри“, велат од Археолошкото одделение.

Ископувањата се вршени под раководство на Дејан Ѓорѓиевски, а се целосно финансирани од Министерството за култура.

Според досегашните показатели, се работи за градба долга околу 20 метри и широка скоро 9 метри“, велат од Археолошкото одделение. (Фото: СДК.МК)

Првичните показатели се дека црквата била градена во петиот век и дека егзистирала и во раниот среден век, што секако треба да се потврди со идните истражувања.

„Она што е интересно се откриените фази на градење и доградување на црквата. Според поставеноста на фрагментарно сочуваната фреско декорација, видливи се две фази на градење (доградување) на самата црква, во кои подното ниво се издигнало на скоро 2 метрa во висина. Ова говори за интензивна градителска дејност, но и за подолг временски период на користење на црквата“, велат кумановските археолози.

Црквата е поставена на самиот источен крај од тврдината, во непосреден контакт со бастионот на утврдувањето, што има симболично значење – жителите на населбата сакале да ја заштитат тврдината од нападите, преку директно инволвирање на божјата моќ во заштитата.

Со ископувањето, освен претходно познатата правоаголна и петоаголна кула, откриено е и постоење на кружен бастион во челото на тврдината, односно на нејзиниот најистурен дел.

Многу значајно е што овие ископувањата покажуваат дека тврдината во Бислим воопшто не била краткотрајно воено утврдување, туку се работи за поголема населба во и надвор од тврдината, која егзистирала подолг временски период.

„Со оглед на тоа што северно од Градиште – Бислим постои уште едно помало утврдување од истиот период, јасно е дека по течението на Пчиња, дури и во навидум непристапната клисура, минувал значаен антички пат преку кој од северните делови на Балканот најбргу се пристигало на т. н. Виа Аксиа, односно на Вардарскиот пат, а понатаму и кон богатите антички центри на југ“, потврдуваат експертите.

СДК.МК

По 7 години од пожарот, денеска осветување на новиот храм во Богданци (Во живо)

По седум години од пожарот, верниците од Богданци повтоерно ќе го добијат храмот посветен на Свети Атанасиј Велики.

Повардарската епархија за 14 ноември го закажа осветувањето на возобновената црква која поради спој на електрична инсталација беше целосно опожарена во 2014 година. Црквата е изградена во 1880 година, а сега добива нов лик.

-На 14 Ноември 2021 година, ќе ја осветиме црквата „Св. Атанасиј Велики“ во центарот на градот Богданци. Оваа црква која првично е изградена во 1880 година, поради спој во електричната инсталација беше целосно опожарена во 2014 година. Ова беше голема духовна загуба и за жителите на градот Богданци, и воопшто сите верници на Македонската православна црква. Но и при оваа неволја за градот Богданци и за неговите жители, како и за Повардарската епархија, не останавме рамнодушни, туку напротив веднаш започнавме со изградба на нов импозантен храм кој одново ќе го краси овој град. Со Божја помош и благослов, успеавме во нашите намери. Тој ден е 14 ноември. Храмот на светиот Атанасиј, архиепископот Александриски, повторно ќе биде духовен светилник на Богданци. Затоа дојдете, заедно, соборно да се радуваме на неговото осветување, вели  Митрополит Повардарски г. Агатангел.

Во живо на МРТВ

http://play.mrt.com.mk/live/42

Невидена драма во сред црква во Нешвил, свештеник со „Чак Норис потег“ (Видео)

Свештеник со брзи рефлекси како Чак Норис совладал маж кој извадил пиштол за време на црковна служба во неделата во Тенеси, пишува Ен-Би-Си њуз.

Дезире Баганда (26) седел во Пентекосталната црква во Нешвил, кога ненадејно извадил пиштол и се приближил до олтарот, каде што свештеникот се молел со неколку членови, соопшти полицискиот оддел во Нешвил.

Тој мавтал со пиштолот наоколу и им порачал на сите да станат, а потоа го вперил пиштолот кон верниците, соопштува полицијата.

Сето оваа е снимено на видео од безбедносните камери од црквата:

Бугарија удри по Македонската Правословна Црква: Велат била „НЕПОСТОЕЧКА ЦРКВА“!

Не престануваат провокациите на Бугарија кон Македонија и македонскиот народ. Сега се работи за статија во софискиот „Труд“ со наслов „Во заштита на Бугарската црква во Македонија“, од Спас Ташев – член на историскиот институт на Бугарската академија на науките.

Авторот вели дека комунистичката идеологија пројавува нетрпеливост кон религијата, зашто во идеолошката посветеност во тоталитарното општество не може да има поделби. Според него единствено дозволена отстапка е поставувањето на религиозните институции под контрола на државата и дека тоа токму се случуило во март 1945 г. Спас Ташев пишува дека на територијата на денешна Македонија се создава до тогаш непостоечка црква за да се помогне постигнувањето на набележаните цели, односно македонската правславна црква ја нарекува непостоечка.

Тој исто така вели: „Тогаш се уште има илузии дека новата власт нема целосно да раскине со бугарските традиции, но последователно двајца од учесниците скапо ги плаќаат своите заблуди-свештениците Методи Гогов и Никола Апостолски се осудени на 5,6 и 2,6 години затвор.“

Во кaтоличката црква во Франција имало околу 3 000 ПЕДОФИЛИ

Француската католичка црква имаше околу 3.000 педофили во своите редови во изминатите 70 години, објави денеска шефот на независната комисија која истражува сексуална злоупотреба во црквите, Jeanан -Марк Оул.

„Проценуваме дека бројката е околу 3.000, од ​​115.000 свештеници и црковни службеници, а ние почнавме да броиме од 1950 година“, рече шефот на комисијата за „Журнал ди диманче“, пренесува Ројтерс, пренесува Танјуг.

Портпаролот што го претставува Советот на бискупите одби да ги коментира изјавите на Сове.

Комисијата ќе ги објави своите наоди во вторник.

Римокатоличката црква беше погодена од бројни скандали поврзани со сексуална злоупотреба, во кои честопати беа извршени злосторства врз деца во изминатите 20 години.

„Доста го нормализирате ненормалното!“ (Фото)

Статус на денот:

Најпрво се воздржав да не коментирам ништо, но не можам и мора јавно да го изругам овој психопат.

Утрово ги видов сликите на некој Џошуа што се шета низ Скопје во и прави фотки по гаќички и танга низ цркви во државава. Типот без никаква почит кон религијата ја омаловажува и наверува верата и целосно некултурно и јавно го прави тоа. Тоа го прави само со една цел, да биде виден како тоа он е поразличен и како тоа он е ЛГБТ или слично па проповеда некое мислење – пишува Боемот на Инстаграм.

Екcплицитно и ЗАБЕГАНО фото: Инфлуенсер се сликаше ГОЛ по гаќи и штикли во македонска ЦРКВА ❗

Џошуа Хубард е британски ЛГБТИ активист и инфлунсер на социјалните мрежи, а неодамна ја посети и Македонија.

При посетата на Македонија тој направил и неколку сандалозни фотографии на кој се гледа како гол по гаќи и високи потпетици се фотографира во македонска црква.

Експлицитни фотографии тој има направено и на мермерното езеро во Прилеп.

Во скандалозната објава на инстаграм со која го навредува целото христијанско население во Македонија тој посочува како ќе се бори за правата на ЛГБТИ заедницата во Македонија.

Јорданова си ја купува црквата на ул.Македонија, ќе си пали свеќи за здравје

Сопругата на бизнисменот Минчо Јорданов и директорката на болницата „Ремедика“, Елица Јорданова, во изјава за Телма околу префрлањето на долгот за изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ од Бетон на име на болницата, вели дека „си купува црква и ќе си пали свеќи за здравје“.

„Досега Бетон требаше да ја продаде, а не да ја моли Црквата да си ги плати долговите. Дали некој досега се запраша дали споменикот на Мајка Тереза е платен како и други објекти од „Скопје 2014“. Тој што ги нарачал тие инвестиции требало да ги плати, не е во ред со години да должат. Бетон треба да си ги наплати долговите“, вели Јорданова во изјавата за Телма.

Изградбата на црквата Св Константин и Елена започна во 2012 година, но запре откако почнаа да се таложат долговите.