Tag Archives: Даниловски

ЈАС И ПРОФЕСОР ПАНОВСКИ, ТРИ ГОДИНИ ЏАБЕ ТРОШЕВМЕ ЗБОРОВИ И ВРЕМЕ: Никому ништо не му влегло во глава!

Докторот Драган Даниловски, во гостувањето на ТВ Сител, се огласи по повод новиот ковид бран за кој што медиумите се повеќе пишуваат.

Линк до постот на професор доктор Даниловски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3455421298043933&id=100007282895748&mibextid=Nif5oz

Д-р Даниловски: Се заразуваат и вакцинирани зошто се вакцинираа со кинески вакцини

Епидемиологот Драган Даниловски во емисијата „Студио 10“ објасни зошто во последно време има ковид заразени лица кои се вакцинирани. Според него тоа е последица што голем број на луѓе се вакцинирани со кинески вакцини.

– Омикронот го заобиколува имутетот па и оној со вакцини. Реинфекции се случуваат затоа што имунитетот стекнат бледее со тек на време и зависи кога сте ја прележала инфекцијата. Исто е и со вакцините чија заштита е во првите 3 месеци. Единствено решение е да се прими трета доза за граѓаните кои се постари од 50 години и е подложен на акутни заболувања. Помладите од 50 години кои биле со две дози Фајзер кај нив постои можност да се заштитени од зараза со омикрон. Вакцинацијата со кинеските вакцини е последица за зголем број на заразувања кај вакцинираните -изјави професорот Даниловски

Д-р Даниловски: Пикот од омикрон сојот допрва доаѓа

Епидемиологот, д-р Драган Даниловски смета дека пикот на новозаразени во овој ковид-бран, во кој доминира омикрон-сојот, би достигнал врв токму крајот на јануари и почетокот на февруари.


-Колку и да изгледа драматично растот на бројките, тоа беше за очекување. Ако продолжи сегашново темпо, кое што веќе се намалува, до врвот ќе стигнеме некаде кон крајот на јануари или почетокот на февруари, со не повеќе од 4.000-4.500 регистрирани случаи на дневно ниво. Но тоа е само врв на леден брег. Реалната бројка е многукратно повисока, посочува тој за Нова Македонија.

Според него, време е да се соопштува само бројот на хоспитализираните, зашто сега е важно да се води сметка болниците да не ни се претрупаат и, секако, бројот на починатите.

Овој последниов бран сѐ уште се должи на делта. Тој е во опаѓање. Очекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон, кои дефинитивно ќе бидат помалку, заклучува епидемиологот.

Д-р Даниловски дециден: Ќе регистрираме и до 3000 позитивни, но маските во затворен простор треба да се симнат

Можно е да регистрираме и две и три илјади позитивни, но тоа на некој начин е ирелевантно затоа што тој број треба да го помножиме со пет, со седум, а можеби и со десет за да добиеме реална бројка на заразени во земјата, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски во разговор за телевизија Канал 5.

– Ирелевантно е затоа што нема да имаме значајно зголемување на бројот на хоспитализациите, а тоа е она што е најважно за една држава, за да не колабира здравствениот систем, вели тој.

На прашањето дали треба да се тргнат заштитните маски, со оглед на тоа што омикрон не дава некоја потешка клиничка слика, епидемиологот смета дека маските во затворен простор треба да се симнат.

– Изолацијата повеќе не му е потребна никому, освен можеби за здравствените работници – до пет дена. Слободно сите да работат, оние кои се без симптоми или со лесна слика, додека пак оние кои имаат поизразени симптоми да си одат на домашно лекување. Зарем можеме да прифатиме пола држава да ни оди во изолација?

Исто така, сметам дека и маските во затворен простор треба да се симнат, а исто така и од учениците.

Сертификатите се нешто што се без смисла во амбиент во којшто имаме вирус којшто не почитува имунитет, не почитува вакцинација и сега ние – сертификати. Кого штитиме со сертификатите?

На тој начин бргу ќе дојдеме до колективен имунитет од преку 95 отсто којшто е доволен за да стивне епидемиското ширење. Ова стратегија не е баш безопасна затоа што оние што се високо ризични групи – постари од 75 години, хронично болните итн. би требало малку да се притајат додека трае бранот, а помладите треба да се изложат, вели Даниловски.

Како што проценува д-р Даниловски, тој е убеден дека појавата на омикрон варијантата е крајот на пандемијата.

Даниловски: До мај земјата може да се прости со короната

И покрај значителното зголемување на бројот на нови случаи со варијантите Омикрон и Флурон кои се комбинација на сезонски грип со корона вирусот, експертите велат дека неговото ширење не треба да предизвика загриженост кај населението.

Тоа што оваа варијанта не дава сериозни здравствени компликации, според експертите е причина поради која овој бран да не се чека со паника. Епидемиолог Драган Даниловски вели дека Македонија треба да го следи шведскиот модел, а не целосно да се затвора како што направија многу европски земји.

Професорот Даниловски со оптимизам предвидува дека варијантата Омикрон е кулминација на пандемијата.

Досега во земјава околу 50 лица се заразени со Омикрон и грип – комбинација од сезонски грип и корона. Во наредниот период во Македонија се очекува доминантна варијанта Омикрон.

Алсат ТВ

Даниловски: Вирусот е во паника, за 6 месеци ќе се сведе на „питомо маче“

Епидемиологот д-р Драган Даниловски вели дека вирусот е во „паника“ и дека сите ќе го поминеме.

Неговите очекувања се дека вирусот за околу шест месеци ќе се сведе на „питомо маче“.

-Вирусот е во паника, апсолутно веќе не важи ни вакцината сите ќе го поминеме, за очекување е дека за околу шест месеци тој ќе се сведе на „питомо маче“, ноктите ќе му се истапат и тој ќе битисува одредено време како ендемски жител меѓу нас, кажа Даниловски во Клик Плус.

Даниловски: Во 2022 ќе се ЗБОГУВАМЕ со пандемијата

„Со многу висока веројатност во 2022 година во Македонија би требало да се збогуваме со пандемијата. На 28 ноември предупредив дека додека осознаеме како Омикрон се распространува на терен, излезе дека се стабилизира дека е четирипати позаразен од делта. Реков да ставиме карантини на границите за да добиеме на време.

Прашање на време беше кога и кај нас ќе дојде овој сој. Ме охрабрува тоа што кога ќе се регистрира една појава, таа порано почнала – ние имаме и понатаму опаѓање на инциденцата, има само 347 хоспитализирани.

Се укажува на една поволна епидимиолошка слика, но не треба да се опуштаме. Дојдоа и уште доаѓаат наши луѓе од дијаспората, неверојатно е некој да не го донесе Омикрон дополнително. По сите логики може да се очекува зголемува зголемување на бројката“ – вели Драган Даниловски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.

Пaндемиjaтa на кopoнaвируcoт ќе заврши во април, а Oмикpoн е позаразен, но и побезопасен сој на вируcoт

Епидемијата на коронавирусот ќе заврши во април идната година, прогнозира епидемилогот проф. д-р Драган Даниловски, кој вечерва во вестите на ТВ Сител рече дека сојот омикрон  се шири четирипати полесно, но и дека не се точни претходните дезинформации околу овој сој.

– Кога се појави на крјаот на ноември, сите бевме на штрек. Се покажа дека има вкупно 6о мутации. Како дезинформации се покажаа вестите дека е 500 пати, или 70 пати позаразен.

Тој е четирипати позаразен е и помалку опасен. 80 пати е помала веројатноста да завршите во болница. Најчести симптоми се болки во грло, течење на носот и главоболка. Сепак имаме работа со поблаг вирус, рече д-р Даниловски.

Тој додава дека ваквите информации не значат дека сите треба да се опуштат. Постарите граѓани треба да бидат внимателни и да се вакцинираат со трета доза.

– Ќе бидам во право дека сигурно ќе имаме зголемен број на случаи, но ќе се лечат дома како изолирани. Нема да имаме како минатите бранови и преоптовареност на болничките капацитети.

Крајот на пандемијата кај нас ќе настапи со изнемоштеноста. Со резигнација граѓаните прифаќаат да живеат со вирусот, смета Даниловски.

Пандемијата, според него, би завршила на крајот на април.

– Вирусот не сака да го убие домаќинот, туку тој да го распрснува со заразување на други. Крајот на април ќе биде крајот на пандемијата, а ќе се вакцинираат само ризичните групи, заклучува Даниловски.

Д-р Даниловски апелира Македонија да го следи примерот на Израел и да ги затвори границите

И Македонија треба да преземе нови мерки поради новиот сој на коронавирусот, да ја ограничи работата на клубовите и кафеаните и да ги затвори границите на неколку недели за да се забави инвазијата на новата варијанта, вели епидемиологот Драган Даниловски во изјава за Канал 5.

Даниловски вели дека нема да можеме да го спречиме омикрон да влезе во Македонија, бидејќи премногу брзо се шири, но со мерките би добиле на време за да дознаеме повеќе за него.

Сега веќе повторно доаѓа предвид повторно строго да се инсистира на маски и на растојание во затворен простор… кафеаните и клубовите, ако се влоши епидемиолошката ситуација, доаѓа предвид и да се затворат, но мислам дека засега е доволно да се направат ограничувања на бројот на гостите, вели епидемиологот, според кого Македонија треба да го следи примерот на Израел.

Оваа земја ги запре воздушните линии и наложи карантин за своите државјани кои ќе влезат во Израел, а во следните две недели нема воопшто да пушта странци во земјата.

Д-р Даниловски: Штетниот делта плус сој ќе стигне и кај нас, болничка смртност (леталитет) од 61,5%?

Професор Д-р Драган Даниловски во разговор за порталот Фактор појаснува дека делта плус сојот кој веќе пристигна во соседните земји, е прашање на време кога ќе се појави и кај нас, но сепак, како што вели тоа нема значително да ја влоши епидемиолошката состојба во земјава.

Од досега расположливите податоци е заклучено дека делта плус сојот е за околу 10 проценти позаразен од делта сојот. Се претпоставува дека стекнатиот имунитет со прележување или имунизација со дози сѐ уште заштитува и од него.

Бидејќи сите земји во светот сме делови од еден затворен систем на врзани садови, неизбежно тој ќе се прелее и кај нас. Не можам да претпоставам кога тоа ќе се случи. Но, сигурен сум дека тоа нема значајно да ја наруши епидемиолошката ситуација.

Мутацијата е направена во спајк протеинот кој навлегува во клетките и токму заради таа мутација во протеинот на шилецот („спајк протеин“) е причина за неговата поголема заразност, која грубо е проценето дека е за околу 10 проценти поголема од онаа на делта.

Сѐ уште не може да се согледа дали предизвикува потешки симптоми, вели епидемиологот Даниловски.

Добро би било да се вратат оние рестрикции што непотребно беа подигнати некаде околу 20 октомври, нагласува во разговорот професорот Даниловски. 

-Сепак, мислам дека колективниот имунитет што го имаме ќе спречи преоптоварување на болниците. На 8 ноември имаше вкупно 548 хоспитализирани. Се разбира, никогаш не може ништо со сигурност да се тврди. Недозволиво високата смртност е посебна тема. Како може да се дозволи болничка смртност (леталитет) од 61,5 проценти? За споредба, таа во САД изнесува 10 проценти. Мислам дека причините треба сериозно да се анализираат во некое второ време, појаснува докторот.