Tag Archives: Даниловски

Д-р Даниловски: Од политичари, до обичен народ – никој не почитува мерки, ќе одиме до 1.000 нови случаи на ден

Мерките никој не ги почитува, тргнувајќи од политичарите и од позицијата и опозицијата, па се до поединците. Видовме што се случуваше на митинзит, изјави доктор Драган Даниловски за Канал 5.

Тој вели дека државата не води сметка и не ги слуша медицинските препораки, па затоа заштитата од болеста сега останува само на свеста на секој поединец.

– Имаме почеток на раст на бројот на заболени лица, прашање на денови е кога ќе се соочиме со бројка од над 1.000 заболени денови тоа не ни бега ако не се превземе нешто позначајно, вели Даниловски.

Дaнилoвски пpeдвидyвa кpaј нa пaндeмиjaтa нa пpoлeт

Поради студеното време и затворените простории ќе има зголемување на бројот на заразени, но епидемиолошката крива нема да има „остри врвови“, вели епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.

Според него, крајот на пандемијата ќе дојде со пролетта, но со грипот секоја година ќе има и сезона на корона.

– Крајот на епидемиолошката приказна ќе дојде со пролетта. Вирусот ќе ја загуби силата, но секоја година ќе има сезона на корона.

Наставата со физичко присуство не претставува ризик со висок епидемиски потенцијал – изјави за ТВ Канал 5 Даниловски.

Д-р Даниловски: Ако е скапо да се тестираат сите ученици, МОРА БАРЕМ ОНИЕ СО РЕСПИРАТОРНИ СИМПТОМИ

Скринингот на случајно избрани ученици нема да спречи ширење на инфекцијата дури и ако да е секоја недела ниту пак тоа е против епидемиска мерка, смета д-р Драган Даниловски смета дека

-Со еднократен скрининг само на случаен примерок 40.000 ученици, значи секое 6-то дете од вкупно 240.000 ученици или 5 деца во клас од 30 ученици. Ќе се добие само груб увид во моментралната состојба зошто еднократен скрининг не е против епидемиска мерка уште помалку епидемиска мерка е скрининг само на мал дел од сите ученици, вели Даниловски за ТВ Сител.

Според него, за тестирањето да има епидемиолошка логика и да има ефект тоа треба да се направи периодично во тек на време и критериум за тестирање треба да биде вкупната популација ученици од 240.000 деца, или ако тоа е скапо барем оние кои имаат респираторни симптоми, вели професорот по епидемиологија.

Д-р Даниловски: Во Германија на учениците секој втор ден им се даваат бесплатни и брзи тестови за дома

Ми се виде интересно и го споделувам јавно, зашто низ содржината можеме да стекнеме (груба) претстава како успешно функционира наставата во живо во тамошните училишта, со секојдневно имање увид во епидемиолошките ризици и со мерки за нивно минимизирање. Како до увид? Тајната е во честото тестирање – секој втор ден – и тоа, дома! Настрана маските, проветрувањето, хигиената… И нам урнек да ни биде…, објави епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, на својот профил на социјалните мрежи, за тоа како изгледа наставата во германските училишта.

Тој го објави целото писмо од германскиот министер за образование, Грант Хендрик Тоне, до родителите и чуварите на законот.

Минатата недела добивте информации од мене за почетокот на новата учебна година. Некои од вас ми напишаа дека не се согласуваат со одредени мерки. Затоа, би сакал повторно да ги објаснам одлуките.

Можам да разберам дека некои родители се незадоволни од тоа што нивните деца треба да носат маска на час. Но, постојат добри причини за тоа: Во моментов, бројот на инфекции нагло се зголемува, особено кај децата и адолесцентите. Тоа нема никаква врска со училиштето, бидејќи беше затворено за време на празниците. Но, тоа има влијание врз почетокот на новата учебна година; тука треба да бидеме особено внимателни. Сакаме сите деца и млади луѓе да можат да одат на училиште. Токму ова ни го кажаа учениците – сакаат да одат на училиште, сите и заедно.

Затоа поставивме специјална „заштитна мрежа“:

1. Повеќе тестирање!

Првите седум училишни денови се тестираа секој ден, потоа три пати неделно. Тестовите ќе продолжат да се дистрибуираат бесплатно од училиштето. Секој што е вакциниран или оздравен не мора да се тестира. Ова го препорача Државниот завод за здравство.

2. Маска и на час!

Маската е особено корисна за да се спречи ширењето на вирусот. Тоа спречува цели часови да не мора да бидат ставени во карантин. Ниту едно дете не треба да носи маска цел ден. Секогаш има паузи – во училишниот двор, додека јаде, на часови по јазик. Колку се помлади децата, толку почесто ќе има паузи додека ја носат маската.

3. Редовно проветрување!

Дури и ако има уреди за вентилација во училницата, проветрувањето мора редовно да продолжи да се спроведува. Овие уреди можат само да го надополнат проветрувањето од прозорците, а не да го заменат. Тие, исто така, не спречуваат носење маска.

Во новата учебна година веќе не е можно учениците да бидат ослободени од настава во училница, затоа што не сакаат да бидат тестирани. Оваа опција е достапна само за деца и адолесценти кои припаѓаат на ризичните групи според РКИ (Robert Koch-Institut) и за оние:

• кои се во 1-6 одделение или

• кои не можат да се вакцинираат од медицински причини или

• ако на нивното училиште е изречена мерка за заштита од инфекција од страна на здравствениот оддел.

Задолжителното школување продолжува да важи – не е на родителите да одлучат. Во изминатите неколку месеци, тестирањето дома е добро воспоставено, процесите се одамна познати и децата и адолесцентите се запознаени*. Ништо во врска со тоа нема да се промени, ако биде потребно да се прават повеќе тестирања.

Сите мерки – вентилација, техничка поддршка за проветрување преку прозорци, маска, тестирање, миење раце и фиксни студиски групи – функционираат заедно како парчиња од сложувалка. Секоја индивидуална мерка сама по себе не е доволна за заштита од инфекција, но сите заедно гарантираат дека училиштата се безбедни и дека наставата во училница може да се одвива за секого – и тоа е и ќе остане нашата декларирана цел.

Задоволен сум што особено голем број млади луѓе на возраст од 12 години во Долна Саксонија ја користат понудата за вакцинација. Притоа, тие исто така придонесуваат за безбедноста во училиштата. За сите што би сакале да се вакцинираат, специјалната кампања за вакцинација со многу понуди во моментов се одвива низ Долна Саксонија. Можете да најдете детални информации, локации и датуми на следната врска: (линк)

Сегашната регулатива важи до 22 септември 2021 година. Ние веќе работиме на следните чекори. Нашата цел е постепено да се откажуваме од маската на час – почнувајќи од најмладите во основно училиште. Работиме на тоа напорно. Сакаме да им понудиме на учениците што е можно повеќе нормалност: Тоа треба да започне со сигурна посета на училиште, доколку е можно да не биде прекината со карантин. Потоа сакаме постепено да ги намалуваме ограничувањата.

Барам ваша поддршка во овој поглед. Разговарајте за мерките со вашето дете, охрабрете го ако не е сигурно и придружувајте го со љубов, како што можете само вие како родители и законски старатели! Заедно успешно ќе ја преживееме оваа фаза од пандемијата! Грижете се за себе и бидете ми здрави!

– Секој втор ден на децата им се даваат брзи тестови за дома. Сабајлето на секој втор ден, пред тргнување на училиште, родител го тестира детето, на посебно дадена листа го внесува резултатот на тестот и става потпис. Во училиштето наставниците ги прегледуваат листите и тие ставаат свој потпис. Тестовите се бесплатни.

Даниловски без влakна на јазик: Ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака!

Универзитетскиот професор д-р Драган Даниловски вели дека македонското здравство личи на башибозук.

Тој во изјава за ТВ 24 утрово потсети дека Македонија е на врвот во светот по смртност од Ковид.

-Треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема голема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40%, во САД е под 10%. Зошто толку стапката на смртност е голема во однос на инфицираните. Карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност. Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секоја критика – рече Даниловски.

Д-р Даниловски: Досега имаме 6.236 МАЧЕНИЦИ, шампиони сме во светот!

12 септември, зора е. Четврти ден од пеколот во Тетово со четиринаесет жртви и петстотини триесетти ден од првиот смртен случај од КОВИД-19. Досега веќе имаме шест илјади двесте триесет и шест маченици — „and counting“…

Голгота… пеколно крешендо – што кулминираше со живи изгорени луѓе – кои отидоа во вечноста, барајќи спас од вирусот… Длабоко сочувство до семејствата за ненадоместливата загуба!

Се случи неописливо страотна несреќа денес, небаре сме во илјада триста четириесет и шестата – доцниот среден век – кога косеше „црната чума“!

Ќе паднат оставки, се разбира… Што дека?

Шампиони во Европа и светот сме! Шест илјади двесте триесет и шест семејства завиткани во црно! Ми се наметнува прашањето: Зошто не покажавме – и понатаму не покажуваме – барем малку пиетет? Зошто толку грозничаво инсистирање на кафани, журки, свадби, хедонизам? А, истовремено, тука покрај нас, се слушаат ужасни претсмртни крици во болниците…

До таа мера ли сме потонале во тотална, монструозна индиферентност кон несреќата, смртта на ближниот? Од каде толку егоизам и отсуство на емпатија? Перверзен танц на Танатос и Ерос!

Но, не е тоа тема на постов! Темата е – зошто баш ние шампиони во смрт да бидеме?
Многу причини се спомнуваат. Не биле доволно добри мерките! Народот не ги почитувал! Најлошо општо здравје сме имале! Доцна барале лекарска помош болните!

Но, прво срамежливо, па сѐ погласно, почна да се спомнува и една друга причина – отсуство на единствени протоколи (упатства) за третман на болни од КОВИД-19.
Но, тука на сцена е она бекетовско чекање на Годо! Петстотини и триесет дена (или нешто повеќе) го чекаме, а тој никако да дојде!

Се огласи – конечно – Лекарската комора на Македонија (ЛКМ) – точно пред седумнаесет дена… со задоцнување од петстотини и тринаесет дена – затоа што беше прозвана. Ги повика надлежните институции, стручните комисии и лекарските здруженија, „во услови на непостоење на национални протоколи“ (значи, признава дека нема протоколи!) „да споделат со јавноста стручни ставови за сите отворени прашања и дилеми, како би можело граѓаните заклучоци и ставови да градат на точни факти, а не на дезинформации.“

Да споделат стручни ставови!? А зошто не ги повика да изготват протоколи за третман на ковид!? Зошто се бега од протоколи? Зарем досега не стана јасно дека без протоколи голем дел од нашиве доктори се снаоѓаат како „риби на суво“? Слушам по медиуми – тврдат некои – протоколи сме имале!? А зошто тогаш ЛКМ во својот проглас вели дека национални протоколи немаме!?

Ај, да речеме, ги има… можно ли е, во тие „протоколи“ да пишува дека основен елемент на третманот на ковид се антибиотици од широк спектар!? Зашто, секому досега му стана јасно дека мнозинството доктори – на сите нивоа на здравствена заштита – на болни од ковид – нехоспитализирани и хоспитализирани – ординираат антибиотици… многу често дури по два, многу често двојни дози (Сумамед) – па и тројни? Дури и на деца! Во кој протокол во светот пишува дека антибиотиците се столб на третманот на ковид? Во никој! Ако такви протоколи навистина сме имале – фрлете ги во канта!

Но, настрана протоколите… И без нив, ако имаат диплома од Медицински факултет, зарем нашиве доктори (не сите, се разбира) не знаат дека антибиотици не делуваат на вируси? Зарем не знаат дека антибиотик не се дава само за позитивен ПЦР тест? Или само за „црвено грло“? Или само за сува кашлица? Или за растечен нос? Зарем не знаат дека не се дава „за да не се спушти на плуќа“?

Зарем не знаат дека антибиотик не се дава дури и при присутна атипична (вирусна) пневмонија, ако нема доказ во крвната слика за присуство на бактериска инфекција? Зошто буквално се апстрахира крвната слика? Зарем не знаат дека основен столб на одбраната на организмот е сопствениот имунолошки систем? Зарем не знаат дека тој е под „команда“ на цревната бактериска флора?

Зарем не знаат каков масакр прават антибиотиците на таа флора? Зарем не знаат дека тогаш, како последица, доаѓа до компромитација на имуниот одговор и единствената одбрана против вирусот е на колена? И дека тогаш вирусот буквално може да збесне, како во „авлија без кучиња“?

Зарем не знаат дека без заштитната улога на цревните бактерии, лесно се накалемуваат бактерии резистентни на антибиотици – и не само тие? За тогаш буквално да се направи „од готово вересија“… заради што и непотребно се умира, нели!

На што се должи оваа епидемија на ординирање антибиотици на ковид пациенти – и амбулантски и хоспитализирани? Заради незнаење? Заради конформизам ли, затоа што знаат дека тоа го очекуваат пациентите од нив? Зашто, кај луѓето постои став дека ако доктор не им даде антибиотик, тој не е добар доктор?

Зошто, наместо да бидат конформисти, докторите од примарна здравствена заштита не го одберат потешкиот пат – да го едуцираат народот? Нели основна мисија на примарните доктори (и не само нивна) е здравствено да го просветуваат населението и грижа за здравјето, а не лекување на изгубеното здравје (to care not to cure)? Зарем лекување е давање антибиотици за вирусна инфекција – дури и на деца? Јас ќе речам – труење е! Зарем е можно некои да се водат и од лукративни мотиви?

Зошто едукативно не делуваат – голем дел од нив – и на полето на вакцинацијата? Зошто сѐ уште има невакцинирани доктори? Зошто такви има дури и на клиниките? Како може да има само околу 85 проценти вакцинирани доктори? Зошто не дадат личен пример? Како тогаш да очекуваме обичните луѓе да ни веруваат и да се вакцинираат без скепса и страв? Зошто има доктори кои дури и ги одвраќаат луѓето од вакцинирање? Зошто… Има многу „зошто“. Во таков амбиент, се создава плодна почва за теории на заговор! Теории на „мијазма“ на 21 век!

Секако, не смееме да генерализираме. Има многу светли примери меѓу колегите. Мислев дека тие се мнозинство. За жал, малцинство се тие… За нив, секоја чест! Капа долу! Но, неколку ластовици не ја прават пролетта…

Што да се прави? Мораме да се разбудиме од летаргијата. Мораме да ја сопреме инерцијата која води во бездна! Мораме да покажеме дека Хипократ не сме го заборавиле!

Нека се разбудат стручните здруженија при Македонското лекарско друштво. Еснафот е на потег! Нека седнат заедно, нека ги изанализираат состојбите. Нека направат работна група составена од инфектолози, пулмолози, анестезиолози. Конечно да дојде на светло на денот национален протокол, упатство – наречете го како сакате – за третман на болни од КОВИД-19 на сите нивоа на здравствена заштита. Макар со задоцнување од петстотини дваесет и кусур дена. Подобро некогаш, отколку никогаш. А Министерството за здравство да се грижи тие протоколи да се спроведуваат стриктно од секој доктор во Македонија!

Во меѓувреме, го чекаме Годо… Се надевам, нема долго. За животи се работи!
Во продолжение, нудам на увид две упатства како урнек – едното од Светската здравствена организација и другото од Националните институти за здравје во Соединетите Американски Држави. Во ниту едно од нив не се спомнуваат антибиотици во основните протоколи, освен ако постои индикација за бактериска пневмонија!

Д-р Даниловски: Со индискиот сој можат да се заразат и вакцинираните, но ризикот е мал

Не знаеме колкав е процентот за такво нешто, но заразувањето со индискиот сој е можно и кај вакцинираните, предупредува епидемиологот Драган Даниловски.

Сите вакцини штитат од индискиот сој на коронавирусот, но можно е и некој вакциниран да се зарази со таа мутација и да го донесе во земјава, предупредува епидемиологот Драган Даниловски во интервју за Сител.

– Не знаеме колкав е процентот за такво нешто, но заразувањето со индискиот сој е можно и кај вакцинираните. Сепак мислам дека ризикот е мал, со оглед на тоа што на граница треба да приложите негативен ПЦР тест или доказ за вакцинација – вели д-р Даниловски.

Во однос на тоа дали учениците треба да ја почнат својата учебна година од училишните клупи, Даниловски е категоричен и наведува дека треба да се вратат.

– Епидемиолошката слика го дозволува тоа. Конечно и дефинитивно треба да се вратат децата во училиштата – изјави Даниловски.

Даниловски апелира: Престанете да вакцинирате луѓе што прележале КОВИД

Професорот на Медицинскиот факултет доктор Драган Даниловски, за Слободен печат вели дека во земјава повеќе нема епидемија, туку одржување на вирусот на ниво на спорадични заразувања.

Вие што сте прележале, поседувате имунитет најмалку пола година и повеќе. Бидете солидарни и не се вакцинирајте сега. Дозволете тоа прво да го сторат оние кои воопшто немаат имунитет. Така побрзо ќе дојдеме до посакуваната цел, достигнување на 80 до 85 проценти колективен имунитет. Зашто есента полека наближува, а делта мутантот демне, вели Даниловски.

Целиот текст овде.

Голема трагедија: Безживотното тело на репрезентативниот голман пронајдено во Охрид !

Беживотно тело на давеник утрово е извадено од водите на Охридското Езеро.

Станувало збор за младо лице, чие тело било пронајдено во водите на езерото во близина на туристичката населба Лагадин.

На Инстаграм акаунот Ракомет Македонија објави пред еден час дека станува збор за ракометниот голман Никола Даниловски.

Се чека потврда официјална за идентитетот.

Граѓаните кои немаат антитела од Синофарм треба да се вакцинираат со трета доза од друг производител

Професорот на Медицинскиот факултет и поранешен министер за здравство, доктор Драган Даниловски за Слободен печат вели дека во случаите каде што граѓаните и по две дози од Синофарм вакцината не развиле имунитет, треба да се вакцинираат со трета доза, ама од друг производител.

Според него, најсоодветен производител за оваа намена е Фајзер, бидејќи имунолошкиот систем на постарите граѓани е исцрпен, а фајзеровата вакцина дава посилен стимул на имунитетот да реагира адекватно.