Tag Archives: Дарио

Златното момче Дарио Ивановски: Нов Балкански шампион на 3.000 метри

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои првото место на Балканскиот шампионат во Турција на 3.000 метри во сала.

Ивановски го освои првото место и златниот медал со резултат 8:03:95, беше доминантен во својата трка, оставајки го вториот натпреварувач скоро 7 секунди зад него.

Следен голем настан на кој ќе се појави е Европското првенство во сала кое ќе се одржи во Полска од 4 до 7 март.

Ивановски е државен првак во атлетика, иако картата до Кенија му чини 90.000 денари, од државата доби скромни 38.000 денари

Дарио Ивановски  државниот  првак во две дисциплини, еден од најдобрите македонски атлетичари и олимписки кандидат. Тој по објавениот список на Агенцијата за млади и спорт доби скоро 10 пати помала помош од првиот на листата.

На социјалните мрежи Дарио се пожали дека само картата до Кенија го чини 90.000 денари и каде би одел да се подготви за 38.000 денари кои скромно му ги даде Агенцијата за спорт.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1425577361123310&id=100010131782412