Tag Archives: дипломи

Кој министер треба да биде на црната листа за матни бизниси со Рамиз Мерко?

Дали е срамно професор од неговиот универзитет да го води Министерството за образование и наука? Колку ќе беше демократски спорниот професор Јетон Шаќири да си поднесе оставка заради неговиот претходен работодавач кој сега оцрнет од горе до доле! Јатон замини си веднаш, затоа што пред да станеш министер, беше дел од тимот на универзитетот на личноста НОНГРАТА!

Оваа порака ја објавува поранешниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски кој неколку години го истражува криминалот со издавање на дипломи од високообразовни институции меѓу кои и од Универзитетот на Рамиз Мерко кој сега е дел од црната листа на САД за корупција.

Илиевски во колумна за Нетпрес потсетува дека министерот за образование Јетон Шаќири бил доцент кај Мерко без призната диплома за што била информирана и амбасадата на САД.

Храбриот екс инспектор е подготвен да помогне во истрагата за Мерко.

,,Со одлуката на САД се покажа дека корупцијата има име и презиме – РАМИЗ МЕРКО! Но и неговите пипци, неговите кадри кои се дел од оваа група. Јас сум подготвен да помогнам на правдата во секој момент. Но, тешко со ова обвинителство кое има доверба од околу 3%. Исто така, не и со МВР затоа што кога им пријавував криминал за овие лица тие мене ме убедуваа дека ако тоа го сторат ќе им падне коалицијата. Е сега, нема да им падне коалицијата, туку ќе им падне владата. И ќе лежат долги години затвор!

Посебна одговорност треба да има за МВР и ЈО кои не го истражувале овој криминал со години и го ставале под тепих. Ееее, се чекаше од Америка да стигне глас! Но, дали тој глас го слушнале Али Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери!!! Можеби ќе не изненадат со тоа што и тие може да се најдат на оваа листа до крајот на оваа година. И тоа заслужено, како и Мерко. Тие се иста тајфа, иста партија, исти цели и ист крај треба да имаат. За доброто на нашата држава!”, пишува Илиевски во колумната.

Колку сѐ министри и директори има со диплома од универзитетот на Мерко?

Дали сега и дипломите од универзитетот на Рамиз Мерко се ставени на црната листа на САД? Колку сѐ министри и директори има со диплома од универзитетот на Мерко? – се само дел од прашањата на граѓаните кои имаат реакции по вчерашната објава на амбaсадата на САД во Македонија.

Децата на обвинителите и судиите скришум од јавноста си ги делеа дипломите

Во Врховниот суд, од страна на Академијата за судии и јавни обвинители денеска свечено беа доделени дипломите на синовите, ќерките, сопругите на поранешни и сегашни политичари, обвинители и судии кои го положија завршниот испит а кои ќе станат дел од правосудниот систем.

Дипломи земаа и идните обвинители, синот на собранискиот спикер, Талат Џафери, Албулена Абази, сопругата на актуелниот раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Ислам Абази, сопругата на градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски која ќе стане судијка и уште над педесет слушатели на Академијата чии имиња се поврзуваа со лица од политиката и правосудството.

Речиси 18 проценти од положените кандидати, кои се идни судии и обвинители, се синови, ќерки, снаи и сопруги на актуелни политичари, сегашни и поранешни судии и обвинители. Ова го покажа објавената ранг-листа на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“.

Сепак медиумите не добија покана за свеченоста, освен државната агенција чиј текст академијата си го сподели на социјалните мрежи.

Во јавноста од неодамна во фокусот беше синот на Џафери, за кого Антикорупциска утврди дека положил правосуден испит пред да се стекне со диплома со соодветен степен на образование.

Од вкупно 58 слушатели на седмата генерација на Академијата на судии и јавни обвинители, 30 положија за судии, а 28 за обвинители. Синот на Џафери конкурираше за обвинителството во Гостивар, сопругата на Абази за обвинител во Кичево.

Денеска пак Судскиот совет донесе одлука за избор на вкупно 31 судија низ повеќе основни судови низ внатрешноста на државата, без Скопје.