Tag Archives: ДивоНасеље

Вандализиран споменик на специјалец на МВР кој загина во ,,Диво Насеље” (Фото)

Во доцните вечерни часови на празникот Илинден е вандализиран споменик на специјалец на МВР кој загина во пресметката со терористите од Косово во кумановското ,,Диво Насеље”.

На споменикот во чест на Горан Стојменовиќ во скопската населба Инџиково, општина Гази Баба непознати вандали со спреј го ишкртале неговиот лик и другите делови од споменикот.

Демократската партија на Србите во Македонија бара надлежните органи веднаш да преземат акција за наоѓање на вандалите.

,,Најостро го осудуваме вечерашното сквернавење на споменикот на нашиот брат Горан Стојменовиќ во скопско Инџиково. Горан херојски загина во борбите со албанските терористи во кумановското Диво Насеље во 2015 година”, стои во реакцијата на ДПСМ.

Инцидентот се случува на истиот ден кога српскиот претседател Александар Вучиќ упати порака дека Србите и Македонците се пријатели и братски народи, немаат отворени прашања а Србија целосно го прифаќа македонскиот идентитет и јазик.

Најчитани статии

Вечно е значењето на историските документи кои некој сака да ги помати

“Ние сме ослободители и херои за албанскиот народ”: Скандалозна изјава на осуден за “Диво насеље” кој се вклучи во живо од затворот “Идризово”

Фатмир Речица, еден од членовите на Кумановската група која го изврши масакрот во “Диво насеље” осуден на 40 години затвор, вели дека за албанскиот народ осудените се ослободители. Преку директна врска од затворот Идризово за емисијата ФРОНТАЛ на косовската телевизија Т7, Речица рече дека дискриминацијата што му се вршела на албанскиот народ е една од причините поради кои тие патувале од Косово во Македонија.

-„За Албанците ние сме ослободители и борци на нашиот народ. Со оглед на настаните во Македонија, дискриминацијата на албанскиот народ. Дојдовме со добра волја со идеалот за национално единство“, рече Речица по повод 8-годишнината од крвавите настани во “Диво насеље”, пренесува Газета Експрес.

Тој покажа и една од фотографиите на која се гледа тој заедно со некои други соборци, некои убиени, а некои во затвор.

„На таа фотографија некои се маченици, а некои се во затвори. На косовско-македонската граница. Во село на самата граница. Не беше лесно да се мине границата, но бевме екстра внимателни на целиот пат“, рече тој.

Запрашан дали имаат поддршка од Косово, Речица рече дека имаат поддршка, но дека ќе дојде време кога ќе се открие со имиња и презимиња кој ги поддржал и кој ги турнал да донесат одлука за заминување кон Куманово.

„За жал, во Косово не се зборува. Затоа што имавме поддршка од Косово. Имаме поддршка од добронамерници, не сме ги спомнале. Ќе дојде ден кога ќе ги споменеме по име и презиме, кој не поддржа и кој не турка“, рече тој.

Речица вели дека е осуден на 40 години затвор и напоменува дека си ја исполнил должноста.

Осуден сум 40 години. Ја извршив мојата должност“, изјави тој.

Апелацискиот суд – Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово. Основниот кривичен суд на 2 ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица, поради немање докази, беа ослободени од обвиненијата.

Врховниот суд подоцна не дозволи повторување на постапката за предметот, а осудените најавија дека ќе се жалат пред судот за човекови права во Стразбур.

Инаку, во затворот “Идризово”, како и во останатите затвори не се дозволени телефони, а полицијата во неколку акции таму пронаоѓаше и одземаше покрај телефони и ладно оружје и дрога.

Се поставува прашањето дали осудените за “Диво насеље” се привилегирани, па можат, веќе неколку пати по ред во живо да се вклучуваат во емисии на косовски телевизии

Уaпceни пoлицajци и цaриници во aкциjата во „Дивo наceљe“

Полицајци и цариници се уапсени во денешната полициска во „Диво Насеље“ во Куманово која се спроведува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово во рамки на големата акција што се спроведува од претпладнево, потврдија за МИА од МВР.

Информацијата дека се уапсени полицајци и цариници за „Фокус“ ја потврдила обвинителката Вилма Русковска, а повеќе детали од Обвинителството најавуваат за малку подоцна.

Полициската акција што претпладнево се спроведува на подрачја на Куманово и на Скопје е против група што се занимавала со недозволена трговија со наркотични супстанци.

*Фотографијата не е поврзана со денешниот случај.

Коcoво бара тepоpистите од Диво Насеље да се вратат дома

„На пленарната седница на Собранието на Косово вчера беше расправано повторно околу прашањето некои од членовите на ‘Кумановската група’ да се вратат во Косово и таму да ги доиздржат своите затворски казни.“ – објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.

Инаку, „случајот со групата од Куманово“ е судирот на 9 и 10 мај 2015 година во кумановското „Диво насеље“ меѓу специјалната единица „Тигар“ на македонската полиција и упаднатите припадници на вооружената група од Косово, кога загинаа осум полициски специјалци, а ранети беа 37. Беа убиени и 14 припадници на косовската група. Во судскиот процес 33 лица беа осудени за тероризам и терористичка организација: на казна доживотен затвор се осудени осуммина обвинети, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор. На казна затвор од 20 години се осудени петмина, на 18 години еден обвинет, а по двајца добија казна затвор од 14, 13 и 12 години. Уште поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај во август 2018 година имаше побарано овие затвореници за тероризам да бидат екстрадирани во Косово и остатокот од казната да го одлежат во косовските затвори.

Во врска со расправата околу затворениците за „Диво насеље“ информативниот портал „ин7“ објави: „Хисен Бериша, пратеникот на Демократската партија на Косово, врз основа на чие парламентарно прашање и беше покрената оваа дебата во Парламентот, побара од премиерот Курти да каже што сториле косовските институции, за да осудениците не се сметаат како терористи.“

Информативната агенција ИНА пишува: „Во врска со затворениците за Куманово косовскиот премиер Албин Курти рече дека предметот против нив е во Врховниот суд на Македонија и оти се уште нема никакво барање за префрлање на ниту едно лице за издржување на казната во Косово. ‘Постапката за префрлање започнува со барање на лицето, кое ја издржува казната. Засега официјално немаме ништо такво. На средбите што ги имавме го покренавме ова прашање, за да се расправа за него.’ – кажа Курти во Собранието на Косово.“

„Лајм“ дополнува: „По оваа парламентарна дебата во косовскиот парламент реагираше ‘Кумановската група’ преку Ислам Ќерими, брат на еден од осудениците. Тој го пренесе реагирањето на групата осуденици: ‘Одлуката на Врховниот суд се очекува во наредните недели. Бараме случајот да се врати на повторно разгледување во првостепениот суд и да се отстранат квалификациите ‘тероризам’ и ‘терористичка група’, бидејќи се тие неосновани и се неаргументирани! Во врска со барањата / изјавите на многу пратеници / политичари, или други лица, дека припадниците на „Кумановската група’ треба да бидат вратени во Косово и таму да ја издржуваат затворската казна, изјавуваме дека тоа не сме го побарале никогаш и оти ниту планираме да бараме такво нешто! Ќе бараме правда пред највисоките меѓународни инстанци се додека не се исцрпат сите правни средства.“

Извор: Експрес

Косовскиот заменик-министер за правда најави посета на осудените за „Диво насеље“

Заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху најави дека утре ќе ги посети косовските државјани кои се осудени за случајот „Диво насеље“, кои ги служат казните во македонските затвори за настаните од мај 2015 година во Куманово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Салаху рече дека, по воспоставената комуникација со Министерството за правда на Северна Македонија, добил дозвола за во четврток да ги посети затворениците осудени за споменатиот случај.

– Како Министерство, имајќи го предвид Законот за државјанство, во кој се нагласува јасно дека државјанинот има тесни врски со државата, ние имаме обврски (кон државјаните на Косово). Имаме потврда од македонскиот заменик министер за правда дека можеме да ги посетиме во четврток. Ќе ги посетиме, ќе ги видиме условите, потоа ќе преземеме мерки, како што е испраќање дописи до тамошната влада за да создадат подобри услови, рече Салаху.

Претставникот на Владата во Приштина побара целосно расветлување на случајот и расчистување на дилемите околу тоа што точно се случи во кумановската населба во 2015 година.

– Јас целосно се согласувам со потребата овој случај да се расветли, почнувајќи од прашањата како тие луѓе отидоа таму. Значи, зошто се случи тоа што се случи, кој го организираше?, рече Салаху.

Осум полицајци – припадници на специјалната единица „Тигар“ и 14 осомничени терористи ги загубија животите во крвавата дводневна битка на 9 и 10 мај 2015 година. Десетици беа приведени од полицијата, а ранети беа уште најмалку 40 лица.

Вкупно 33 лица обвинети добија затворски казни во времетраење од 12 години до доживотно, а четворица се ослободени од обвинението. Седуммина се осудени на доживотна затворска казна. Основниот кривичен суд Скопје на уште 13 обвинети им пресуди 40 години затвор, на шестмина по 20 години, на еден обвинет 18 години, на двајца обвинети по 14 години, на двајца по 13 години, и на по 12 години уште двајца од обвинетите.

Затвор ли е Идризово, кафана ли е ? (Видео)

Ова се терористите од Диво Насеље. #СакамДаПрашам

1. Дали се дозволени вакви седенки во затвор?

2. Дали се дозволени мобилни во затвор?

3. Дали е дозволено музика во затвор?

4. Дали е дозволено вакво гоштевање во затвор?

5. Дали директорот на Идризово им дозволил ова?- пишува на видеото од затворот во Идризово кое се појави на Твитер.

Шест години непребол и сеќавање на осумте херои од Диво насеље!

Денес се навршуваат шест години од случувањата во кумановското Диво насеље, каде животите ги загубија осум припадници на МВР. Македонскиот полициски синдикат по тој повод испрати соопштение, во кое, како што велат, полицијата е тука да ги штити граѓаните и уставниот поредок и никогаш не смеат да бидат жртви на поинакви интереси.

-Шест години непребол и сеќавање нашите колеги, хероите од кои ги положија животите во Диво Насеље, шест години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети. Датум завиен со црна лента во нашата историја, датум кога изгубивме осум колеги,осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните на браникот на татковината.

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во МВР уште еднаш апелира и ја потсетува целокупната јавност дека припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси.

Сите ние, колегите од Македонскиот полициски синдикат, вработените во МВР како и сите граѓани секогаш ќе ја паметиме нивната храброст и секогаш ќе се сеќавааме на херојството, велат од синдикатот и со почит кон хероите со црно знаменце потсетуваат на имињата на овие херои.

Жарко Кузмановски с. Брвеница;
Ненад Серафимовски с. Зубовце;
Сашо Самојловски ,с. Брвеница;
Бобан Ивановиќ,Скопје;
Горан Илијевски,Гостивар;
Исамедин Османи,Скопје;
Љубиша Аранѓеловиќ, Скопје;
Горан Стојменовиќ,Скопје.

Пpeтpec во ќелиите на тepоpистите од Диво Насеље: Одзeмeни телефони и други нeдозвoлeни cpeдства

При претрес изутрината во 5 часот во затворот во Идризово во ќелиите на осудените од „Диво насеље” се пронајдени мобилни и други недозволени средства.

Од Управата за извршување на санкции за МИА информираа дека по наредба на судот, со асистенција на полицијата утрово во КПД Идризово е извршен претрес во неколку ќелии, при што се откриени и одземени повеќе предмети кои се предадени на вештачење.

Акцијата поминала во најдобар ред и без инциденти.

Членови на терористичката „Кумановска Група“ ја посрамотија македонската влада откако казнети за тероризам, осудени на повеќегодишен одмор зад решетки учествуваа во ТВ шоу.

Пред неколку месеци тие директно од затворот „Идризово“ терористите од Диво Насеље имаа перформанс во живо на косовската телевизија „Корект Прес“, на која еден од терористите – командант Малишева – имаше емотивен разговор со неговиот син.