Tag Archives: Докторка

Тажна вест: Почина доктор Александра Лазарова од ГАК

Почина доцент доктор Александра Лазарова, специјалист по гинекологија и акушерство на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

„Искрено сочувство до семејството, пријателите, колегите и многубројните пациенти. Ќе ве паметиме по вашата човечност и отвореност за помош и едукација на помладите колеги во секое време“, напишаа од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ.

Бочварски платил само казна од 150 ЕВРА за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во штипската болница

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски платил глоба од 150 евра поради вработувањето на неговата сопруга како доктор во државното здравство. Државната комисија за спречување на корупцијата го казнила Бочварски бидејќи не пријавил дека таа се вработила во штипската болница. Таму се вработила и балдзата на Бочварски, сестра на неговата сопруга. Двете, биле преземени од приватна болница со работен стаж од неполни три месеци.

Истрагата на ДКСК покажала дека вработувањето на двете штотуку дипломирани докторки го побарало Министерството за здравство бидејќи недостасувал кадар во болницата. Со тоа се согласиле министерот за здравство и фондот, а желба да преминат од приватно во државно здравство имале и докторките.

Антикорупционерите го казниле министерот иако утврдиле дека без да прекрши ниту еден закон успеал за кратко време да ги добие сите дозволи, па дури и да обезбеди позитивно мислење од Министерството за здравство.

Сорпугата и нејзината сестра биле примени во државното здравство, еден месец пред владата да донесе заклучок дека медицинскиот персонал може да се преземе од приватното во јавното здравство.

Констатирано е дека Благој Бочварски не постапил и за конректни вработувања и не ја известил Антикорупциска. Паричната казна Бочвараски ја платил и тука завршува постапувањето на Антикорупционерите. Сега, Комисијата ќе прави и дополнителна анализа за заклочоци од владината седница да бидат норма во законот за здравствена заштита.

Четириесет и девет годишна докторка, добила девојче по молитвите во манастирот Копорин

Во православниот манастирот Копорин во Шумадија доаѓаат жени кои немаат деца од целиот Балкан и се молат Бог да им подари рожба.

Според зборовите на монахињата од манастирот не е познат бројот на брачни парови кои благодарение на молитвите во манастирот добиле пород. Сликар и иконописец од Белград доби ќерка благодарение на молитвите во Манастирот, во знак на благодарност ни изработи една голема икона, раскажува монахињата.

Има многу луѓе кои ни се јавуваат и се заблагодаруваат на Бога и светителот за добиеното потомство.

На познат балкански пејач на Света Гора му препорачале заедно со неговата сопруга да појде во манастирот Копорин, откако го посетил манастирот добил две ќерки.

Сепак најинтерен е примерот со лекарката Радмила Поповиќ која добива девојче на 49 години, после молитвите во манастирот.

„Кога човек рационално ги согледува нештата не би можел да поверува, сепак сум јас доктор специјалист кој се занимава со наука. Јас само знам дека после шест месеци од читањето на молитва јас забременив, а после девет месеци се роди нашата Гоца вели докторката Радмила.

Ме чуваа со некроза, повраќав фекалии, докторката ме испрати во Скопје со: Ако не ја примат, не ми ја враќајте тука

Нов траорен скандал ја тресе Македонија. Имено, Дона Неделковска, млада тетовка преку својот Фејсбук профил ја објави страшната приказна низ која поминала во Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово.

Како што раскажува таа, имала закажано царски рез на 1 јули во болница во Тетово во 7 часот наутро, целата возбудена не ни почуствувала всушност каков хорор ја очекувало наредниот период.

– 1ви Јули, 2021. Локација, озогласената болница во Тетово. Закажан царски рез во 7 наутро. Страв, возбуда, не ни сонував каков хорор следи. Спинална анестезија, јас будна, пратам што се случува цело време. Бебето го извадија за кратко, го слушнав како плаче и веднаш го однесоа. Очекував да ме сошијат, и крај. Ама не. Слушам дека нешто не им оди како што треба. Слушам дека никако не можат да го допрат крварењето. Се вртам лево од мене гледам цел куп гази со моја крв, почнува да ми се врти и да ми се стемнува и плачам ги молам да ме спасат да не искрварам. Слушам како трчаат и носат кеси крв од трансфузиологија. Ја молев една од сестрите да ме држи за рака, да не се чувствувам толку осамено и исплашено, да ми даде малце утеха. Го молев анестезиологот да ме утеши дека се ќе биде добро. Ги молев сите присутни да ми кажат нешто позитивно, добра вест. Три часа. Хоророт траеше цели три часа и јас цело време бев будна и цел живот ми помина пред очи. После три часа, слушнав “ајде веќе затворај ја не крвари веќе”. Јас во полусвест, немам веќе сила, ама не сакам да заспијам. Ме однесоа во шок-соба, каде тазе родилки влегуваа и излегуваа ден по ден, а јас бев во истиот кревет без никаков напредок, не смеев да јадам, не смеев да пијам. Зошто, немав одговор. Следното утро почна уште поголемиот хорор. Почнав да повраќам на секои 30 минути. Плачев, исплашена, ги прашував зошто повраќам, што ми се случува, сестрите ми велеа “од анестезијата е, нормално е”. Трет ден. Јас се послаба и послаба, сеуште повраќам, ама воедно и стомакот ми станува тврд, целиот со грутки. Барам помош, барам одговори. Имам студирано на медицински факултет и знаев дека нешто лошо ми се случува, ама се чудев како толку доктори и сестри околу мене, кои тврдат дека не ми е ништо, дека цревата ми се мрзеливи, дека имам ГАСТРИТИС ( да, драга докторке, сеуште ги чувам СМС пораките каде ме тешиш дека имам гастритис, дека ќе ми помине ). Не ми беше ништо? Се извинувам на читателите за тоа што следно ќе го прочитате, но има еден израз во медицината, се вика мизeрере. Тоа е кога цревата не работаат, и измет излегува низ уста. Повраќав фекалии. Доктори ме гледаа и ми кажуваа дека не ми е ништо, дека имам гастритис. Драгата докторка задолжена за царскиот ми даваше билни чаеви и ми ставаше врели шишиња на стомак. Докторке, доколку читаш, а читаш, од СЕ ИМАМ СЛИКИ. Бев слаба, ама се борев. Знаев што ми се случува и знаев дека ќе ми требаат докази, објаснува Неделковска.

Таа вели дека четвртиот ден ситуацијата и станувала се полоша. Молела за помош и конечно некој се смилувал да викне некој постручен и да и стават назогастрчна сонда ( црево од нос во желудник ) за да ја испрзнат содржината од желудникот и да се чека цревата да се нормализираат.

– Преку таа сонда ми извадија цели 5 литри течност од желудникот. Итно рентген – со количка, тогаш веќе не бев способна ниту да се движам. Инфузии, лекови, немаше вена која не ми беше боцната. Веќе почнав да гледам страв и кај нив. Мајка ми, сопругот, цела фамилија и другари на нозе, трчаат бараат спас, молат да ме пратат во Скопје. Ама и покрај се, ме држеа уште една вечер. Ми рекоа многу си нервозна, ќе ти дадеме дијазепам за да спиеш, не ти е ништо. Таа вечер го молев Господ да го дочекам утрото. Знаев дека спас ме чека во Скопје. Ама таа вечер, не бев сигурна дека ќе издржам до следното утро. Ама се молев. И издржав. Следното утре итно ме пратија во Скопје со возило од брза помош, и драгата докторка не испрати со зборовите “ако не ја примат во Скопје, не ми ја враќајте тука, немам што да и правам”. Како спиеш навечер “ДОКТОРКЕ”? 5ти јули. Ме примија во Скопје, веќе во полусвесна состојба. Итно снимање, итно инфузии и на крај, итна операција. Се разбудив следниот ден, со огромна рана на абдоменот и не знаев што се случило. Ми кажаа дека ми е извршена хистеректомија т.е. отстранување на матката, бидејќи била некротизирана т.е. СКАПАНА. Да, во Тетово цели 5 дена ме чувале со некроза на матка, на раб на сепса, ме лечеа со чај од нане и рузмарин. Само Господ и двајцата доктори од Скопје кои ме оперираа ме спасија и се причина зошто сум сега тука и го пишувам ова и моето дете има мајка. Не сакам да ги именувам, ако прочитаат знаат кои се, и сакам да им кажам на двајцата и на цел тим од абдоминална хирургија и хирургот од ГАК дека сум ви вечно благодарна, појаснува младата родилка.

Дона Неделковска напиша дека бебето за прв пат си го видела после 12 дена, а излегла од болница 15кг послаба, со хематом на секоја вена, со две огромни лузни на стомак, не можела да се движи сама, не можела да се бања сама.

– Ми требаше време да бидам спремна да зборувам на оваа тема и додека го пишував текстов требаше да преживеам се одново и чувствувам мачнина, можеби имам и грешки во континуитет, ама помина доста време и многу работи ги потиснав и закопав длабоко. Ама мораше да излезе од мене. Со овој текст ставам крај на оваа приказна и го почнувам процесот на заборавање на оваа траума. И да, внимавајте пред да изберете доктор, распрашајте се 100 пати ако треба, за да избегнете ваква голгота, додава младата родилка во својот Фејсбук пост.

17-годишна тинејџерка е едно од децата кои беа yбиeни вчера во Косово, учела за докторка

Медиумите на Косово јавуваат дека втората жртва во вчерашниот напад врз ученичкиот автобус кај Глоѓан е 17-годишната Г.М. Таа починала во болницата во Пеќ. Роднина на убиеното девојче вели дека нејзиниот сон да стане лекар ќе остане неостварен.

Тинејџерката Г.М. била ученичка по медицина. Нејзината братучетка изјавила дека девојката (17) сонувала да стане лекар, пренесува Репортерс.

„Имаше 17 години, отиде на медицинско училиште и се врати од училиште. Тоа беше училишен возен ред, се враќаше како и секој ден со автобус, како и сите ученици“, рече таа.

Како што изјавила за РТК, семејството на убиената девојка е во шок.

Постои разлика меѓу „бустер“ доза и трета доза од вакцина, објаснува српска докторка

Српската докторка Љиљана Марковиќ Дениќ објасни дека постои суштинска разлика помеѓу трета доза од вакцина и засилувачка доза.

Како што објаснува таа, трета доза е онаа која се дава кај хронично болни и пациенти со имунолошки состојби, 28 денови после втората доза. А онаа што се дава шест месеци по втората, се нарекува засилувачка или „бустер“ доза. 

Различни пациенти се кандидати за овие дози. Практично, засилувачка доза можеби ќе прими секој граѓанин кој го сака тоа. 

Таа нагласи и дека и СЗО и ЕМА го потврдиле ова, бидејќи трета доза се давала досега за пациенти со ослабнат имунитет поради најразлични здравствени состојби и е дел од примарната вакцинација. 

Во однос на проблемот со одбивањето на вакцините, таа забележува дека возрасната популација во Србија има задоволувачко ниво на вакцинираност, но дека досега ниедна комисија нема направено профил на лицата кои не се вакцинираат.

ЛЕКАРКА во Куманово приведена за примање ПОТКУП: Во автомобил и нашле 98.000 денари!

Полициски службеници од СВР Куманово – Отсек за економски криминал извршија претрес во работните простории на Очно одделение при ЈЗУ Општа болница -Куманово и патничко моторно возило „опел астра“, паркирано во кругот на болницата. Претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија, односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С.

-При претресот во Очното одделение при ЈЗУ Општа болница – Куманово од медицинската сестра одземени се 18.000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на лекарката Е.С. одземени се околу 98.000 денари. Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово, информира Министерството за внатрешни работи.

Е.С. ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по член 353 и примала поткуп од пациенти, казниво по член 357 од Кривичниот Законик на Република Македонија, така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница – Куманово.
За интервенциите противправно земала по 12.000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплатена. Пациентите ги давале парите лично на пријавената, пред да се изврши хируршката интервенција, а за што пациентите не добивале документ за платената услуга.

Д-р Шопова: Директорите бараат Филипче да остане? Да ви кажам нештo…

Прим. д-р Жаклина Шопова е инфектолог, вработена на ЈЗУ „Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби“ – Скопје. Таа во статус на Фејсбук пишува за барањето на директорите на сите ЈЗУ министерот за здравство Венко Филипче да остане на функцијата.

Ако директорите бараат од премиерот да остане Филипче, јас ќе се потрудам да го кажам спротивното:

1. Велите: пандемијата трае, болниците се преполни… ЗОШТО!?
Заради Венко и неговата/вашата неспособност за менаџирање.

2. 1112 пациенти со тешка клиничка слика се лекуваат, 30 пациенти се на респиратор (само не кажувате на кои респиратори, тие што требаше да ги добиеме, да ги набави Венко или …),

700 пациенти се на кислородна подршка со маска. ЗОШТО!?

Заради Венко и сите вас кои не ги припремивте и не ги дистрибуравте протоколите за третман на секое ниво во здравството низ целата Република, бидејќи не направивте план за белиот мантил, бидејќи преку ноќ ги претворате болниците во ковид центри, бидејќи им го одземавте со закон загарантораното право на сите останати пациенти со други хронични болести да се лекуваат во јавното здравство, па мораа на сопствен трошок да се лекуваат по приватните болници.

Ќе ве прашам, бидејќи горе го имате одговорот:

За каков систем зборутате за кој столб во здравството зборувате? … ако сте тоа вие и Филипче тогаш оддамна требаше да се повлечете!

Го споменувате слоганот “Слушај го Венко ” кој го користевте/ користите за политички маркетинг на Венко, на вас, како што ги користевте здравствените работници кои ги нарекувавте херои …
Велите дека дигнитетот на професијата лекар е вратена. Со што?:
*со билбордите кои без дозвола на лекарите ги објавувавте се со цел да си го зголемите рејтингот
* со одлевање на здравствените работници, медицински сестри по приватните болници заради вашата добра здравствена политика… па и со нив се фотографиравте за да ги прикрие Венко своите и вашите неспособности за менаџирање!?

Лекарите не ги добија ветените 100 000 ден. Не ги добија 5 отсто покачување на плата за 9 месеци, им ги оддземавте годишните одмори за една година…не добија многу од ветувањата на Венко, но тоа е…

НИЕ: Лекарите, медицинските сестри, лаборантите, болничарите, хигиеничарите, сервирките, административните работници како и се што е во сектор здравство, иако сме деградирани од ВАС продолживме и се уште сме со нашите пациенти, се бориме во услови такви какви што сте ни обезбедиле, за секој човечки живот секое деноноќие…

И на крај велите руинираното здравство го подигнал Венко, Вие!?
Дали тоа се модуларните болници кои наместо по светски стандарди за што земавте кредит ги изградивте по стандарди
Заев- Филипче-Анѓушев!?

Дали е сега јасно зошто задоцнетата оставка на Филипче, која ви ги доведе во прашање и вашите директорски места треба и со вашето и без вашето писмо, и без директивите за зголемувањето на рејтингот на Филипче по социјалните мрежи, со постирање на неговата слика како профилна слика на статусите (можеби за да се оддолжите за вработување унапредување или сл. што ви ги обезбедил Филипче), г-динот Зоран Заев ТРЕБА ДА ЈА ПРИФАТИ за доброто на народот!

БОМБА НА МАКЕДОНСКА ДОКТОРКА: Од 10 заболени вчера ревакцинирани со 2 дози се 8

Ете го и доктор Полард се јави, водач на тимот за истражување на вакцини на Оксфорд.
Вели: Вакцините не можат да создадат имунитет на стадо, освен поединечни овци.


Тоа е така зашто вакцинираните пак оболуваат од ковид во се поголем број. Едноставно вакцината не работи. Фушерај. И никако не смее да се организира првенство на вакцинално пикадо, кога секој ќе се боцка по три пет или седум пати. Секој понеделник, па три пати на ден….
Докторот вели ќе создадете само зависници од вакцината.
Но, на две илјади километри од Оксфорд, во еден ќенеф од држава, има еден тип со банда платеници на производителите на вакцини, со армија матични лекари кои ги поткупува, а кои тврдат дека природниот имунитет е полош од вакциналниот и повикуваат на вакцинирање по секое одење по мала нужда.
Притоа кријат податоци и лажат за бројот на заболени од ковид кои примиле ревакцина и починати од нив.
Лажат бе лажат.
Вчера една наша чесна матична лекарка пиша: Од 10 пациенти од ковид, осум ми се ревакцинирани.
Па добро бе, ај хер Хитлерче што лаже лаже. Зошто му верувате? Гледате дека будали прават од вас.
Стотици добри лекари ви кажуваат, не Сашо Тасевски, лекари бе лекари ви кажуваат аргументирано дека вакцината е смртоносна. Дека создава ненеутрализирачки антитела кои го вртат телото против себе. Дека тие не можат да му се фатат на вирусот ко што треба за да го спречат.


Сте запнале од антиваксерите да правите лудаци и да ги дискриминирате.
Сите вие. Што мислите дека сте многу паметни ако кажете: Науката е семоќна, вакцината од ковид е цивилизациска придобивка. Кој не се вакцинира е примитивен.


А бе грам мозок немате во тоа лејките.
Не сте вие чипирани од вакцината. Вие сте воспитани да бидете послушни робови и да кокодакате пред секој авторитет кој ќе ви се закани или уцени.
Со вас е деструктивно да се живее на исто место. Може треба да се поделиме вака трајно, физички. Да не го дишеме истиот воздух со вас.
Труете цел народ и му продавате приказна дека го лечите.
Срам ве било.

Млада доктopка од Струмица ВРАТИ ВО ЖИВОТ девојка која се УДАВИЛА во Дојранско

На социјалната мрежа Фејсбук се објавуваат статуси со пофални зборови за медицинскиот тим кој бил дежурен на 11-ти август во амбулантата во Дојран.



„Несебично и упорно се бореа и го спасија животот на девојката која беше удавена без знаци на живот – но тие беа многу многу упорни и не се откажуваа и фала му на господ го спасија животот на една млада девојка исто така од Струмица“, се пишува во објавата на Фејсбук.



Инаку медицинскиот тим кој бил дежурен е од Струмица.

„Таква несебична борба за спасување на човечки живот треба да биде пример за сите медицинари“, пишува во остатокот од објавата.

Големи пофалби за младата докторка од Струмица Елена Китанова која во Дојран успеала да спаси млада девојка која се удавила во водите на Дојранското Езеро.

„Сакам да го пофалам медицинскиот тим од Струмица, докторката Елена Китанова и сестрата кои беа дежурни во Дојранската амбуланта и несебично и упорно се бореа и го спасија животот на младата девојка која беше удавена во водите на Дојранското Езеро и беше без знаци на живот. Нивната упорност и’ го вратија животот назад на девојката. Таква несебична борба за спасување на човечки живот треба да биде пример за сите лекари“. – пишуваат на фејсбук граѓаните кои биле присутни