Tag Archives: донација

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА АЛЕКСЕЈ!

Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.


Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.


Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.


Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!


Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција.

Линк за донирање: https://gofund.me/27ad16be

Семејството на Кико донираше 500.000 денари за Стефан

Деновиве на социјалните мрежи се ширеше апел за помош на малиот Стефан.

Неговиот живот не може да продолжи без адекватен респиратор, кој може да се набави со ваша помош. Потребни се 585.200 денари. Ве молиме да собереме сите и да му помогнеме на Стефан. Вашето малку, за Стефан ќе значи многу“, стоеше во апелот.about:blank

Стефан Лазаров денес објави дека семејството на Кико извршило донација во вредност од 500.000 денари за помош на Стефан.

„Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари..
Ова е од Кико за Стефан. Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави..“, објави Лазаров.

Муцунски ќе го донира покачувањето на платата во хумани цели и на семејствата на уставобранителите

Фејсбук статус на Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром:

Зголемувањето на платата, согласно одлуката на Уставниот суд во целост ќе го донирам за хуманитарни цели, семејства со ниски месечни примања и семејствата на уставобранителите.

Уставниот суд донесе одлука со која се предвидува зголемување на платите за носители на јавни функции. Јас морам да ја почитувам таа одлука бидејќи е донесена од страна највисокиот орган кој ја штити уставноста во Македонија. Но, можам разликата да ја донирам и тоа со задоволство ќе го направам.

Јас сум растен и воспитуван во духот на позитивните вредности. Сметам дека меѓусебната поддршка и помош се важни. Среќата не зависи од тоа колку имаме, туку од тоа колку можеме да помогнеме и да направиме за другите.

Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели. Ова е само мал гест од моја страна кој се надевам дека ќе помогне на голем број семејства што секојдневно се борат со различни предизвици и се справуваат со економски, финансиски и здравствени проблеми.

Воедно, ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример.

Шестгодишната Стефани од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак

Шестгодишната Стефани Петковска од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак, објави „Струмица денес“ на нивниот профил на фејсбук.

-Големо дело од малата хероина, која ја заслужува нашата почит и благодарност, за тоа што е достоен пример за сите нас. Ти благодариме Стефани, пишува во нивната објава

Претходно такво нешто направи и деветгодишниот Максим Каески, кој неколку години ја чувал својата коса за да ја донира на децата болни од рак

Маж влегол во турската амбасада во САД и донирал 30 милиони долари за Турција и Сирија!

Анонимен маж во САД донирал 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија, изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој ја објави веста на Твитер.Шариф објави дека донаторот е Пакистанец.

„Длабоко сум трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша премиерот на Твитер.

„Ова се толку величествени дела на филантропија кои му овозможуваат на човештвото да триумфира над навидум непремостливите околности“, додаде Шариф.

Турската државна новинска агенција Анадолу ја потврди веста.

Катарците ќе пратат 10.000 мобилни домови во Сирија и Турција ! (Фото)

Катар соопшти дека ќе испрати 10.000 мобилни домови во Турција и Сирија по насилните земјотреси што ги погодија двете земји.

Во соопштението на катарското Министерство за надворешни работи се вели дека овој потег „е дел од напорите на Катар да придонесе за олеснување на луѓето погодени од земјотресот во Сирија и Турција“.

Во понеделникот, емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани нареди лансирање на воздушен транспорт за помош на жртвите од земјотресот во Турција.

Државната новинска агенција QNA соопшти дека спасувачки тим, теренска болница, хуманитарна помош, шатори и зимски материјали, исто така, се веќе испратени во земјата.

Секоја помош е добредојдена. Имено мобилните домови се истите кои се користеа за време на светското првенство во фудбал кое се одржа есенва на кое беше домаќин Катар, како сместувачки капацитети за фановите.

Повеќе од два шлепера донации собрани на пунктот на плоштад – Набрзо ќе се испратат за Турција

Вечерва или најдоцна утре треба да тргне првиот дел од хуманитарната помош за Турција што граѓаните и фирмите ја донирале пунктот, кој група волонтери го поставија на плоштадот Македонија. Досега се собрани повеќе од два шлепери донации. Мнозинството од волонтерите, кои ја организираа помошта, се млади луѓе од Турција кои студираат во земјава, а дел од нив ги изгубиле своите семејства или немаат никаква вест за нив по катастрофалниот земјотрес.

Ова го правиме сосема доброволно, целата собрана помош ќе се испрати во Турција со помош на невладините организации коишто се поврзани со институциите и другите организации од Турција. Во моментов, наполнивме два шлепера, денеска ќе стигнат донациите и од Охрид и од другите градови и во текот на денот се очекува да се соберат уште толку донации. Очекуваме вечерва или најдоцна до утре да тргне првиот дел на помош, вели во изјава за МИА, Биљал Џандемир, еден од волонтерите.

Граѓаните донираат ќебиња, пелени, јакни, чизми и у други потребни работи за луѓето погодени од земјотресот, додека донации во пари не се примаат. За вакви донации, граѓаните се упатуваат тоа да го сторат преку официјалните институции.

Од тие што работат како волонтери, 95 проценти се студенти од Турција кои студираат тука, но има волонтери Македонци, Албанци, Босанци. Голем број од студентите што ни помагаат изгубиле семејства, роднини во земјотресот или не можат да добијат никаква вест околу нив. Тие се обидуваат со сите нивни можности да помогнат – истакна Џандемир.

Покрај овој пункт, низ Скопје се отворени и неколку други на повече локации како што се Старата чаршија, Гази Баба, Рамстор и на други места.

Бифе Тафталиџе со „ХУМАНО КАФЕ“ – Доаѓаш, нарачуваш кафе, праќаш СМС на 143-400 и КАФЕТО Е ПЛАТЕНО !

Бифе Тафталиџе со хумана акција за бесплатно кафе ако дојдете и донирате за помош за Турција и Сирија на достапниот телефонски број.

Алал да вие!

Битолчанката која го загуби домот од извршители почина, ги донирала и своите органи

Пред неколку дена во Битола починала Тулај Нурединова Мустафа, жената која за долг од 300 илјади денари го загубила домот кој и бил одземен од извршители.

Веста за смртта на битолчанката која не можеше да се избори со системот во кој извршителите се посилни од уставното право за социјална еднаквост ја објави борецот за социјални права Ана Глигорова.

Таа открива дека жртвата на извршителите и покрај тешката ситуација решила по смртта да ги донира своите органи.

,,Tulaj Nuredinova Mustafa прекрасната граѓанка од Битола, на која за долг од 5000 евра и беше земена куќата денеска не напушти прерано, замина во вечноста.

Ми зборуваше дека извршителот дури и алиштата и ги земал, не спиеше со години со голем терет во душата. Пријавуваше кај Народниот Правобранител, во ОЈО, беше константно присутна на сите наши протести, беше и на разговор во министерството со надлежните. Бараше правда, беше борец, невидено храбра, стана бездомник, но остана со достоинството како сјајна ѕвезда. Светол да ти е патот Тулај.

Ние ќе продолжиме да се бориме без здив, за правда. Најважно од се, Тулај е донор на своите органи, после физичката смрт, ја покажува својата чиста душа која е вечна”, пишува Глигорова.

Македонија ќе ѝ донира ветровки, џемпери и ќебиња на Украина

Владата на денешната седница донесе одлука за донација на Министерството за одбрана на Украина.

-Станува збор за зимска опрема: ветровки и џемпери, како и ќебиња – донација од Министерството за одбрана на Македонија, информираат од Владата.

Претходно Македонија и донираше на Украина воена опрема.