Tag Archives: донирање

Сопственик на турски дуќан ДОНИРА СЕ ШТО ИМА: ЗЕМЕТЕ СЕ ОД ПРОДАВНИЦАВА, ДОВОЛНО ЗАРАБОТИВ (Видео)

Господинот е Херој на денот!

Сопственик на турски дуќан донира се што има во својата продавница за помош од земјотресот.

Тој им рекол на луѓето што помагаат за донациите: Земете сè, доволно заработив од оваа продавница. Таквата великодушност доаѓа од вистинската вера – пишува Камран на Твитер.

ВИШОК ХРАНА од славите и празниците, ДОНИРАЈТЕ ЈА на гладните !

Да дозволиме да се случуваат убави нешта.Со оглед на тоа дека минатогодишната акција помина прекрасно би ве замолил да повториме!!

Скопјани,пријатели,другари во ек се куќни слави,предновогодишни,новогодишни и посленовогодишни прослави за кој знам дека сакате и приготвувате храна во обилни количини секој според можностите.

Преостанатата храна доколку сте во можност ставете ја во некои пластични садови со капак (пример кутија од сладолед)бидејки кесите се скапи јавете се на бројот 070795144 во текот на целиот ден, би дошле со возило до вашиот дом и ке се раздели храната на луѓето кој што ги гледаме секојдневно на улиците низ Скопје.

Да не ја тргаме главата на страна.Да направиме сите едно добро дело.Д.С – пишува скопјанецот Драган Србиновски на Фејсбук.

(Видео) Босански фудбалер донираше црн дроб на мајка му и си ја ризикуваше кариерата: Таа ми даде живот, јас го продолжив нејзиниот

Фудбалерот на Босна и Херцеговина, Роберт Периќ Комшиќ ѝ го спаси животот на мајка му донирајќи ѝ црн дроб. 23 годишниот спортист иако ја ризикува кариерата, рече дека не размислувал и дека одма се одлучил да ѝ биде донор.

Мајка му претходно имала три неуспешни трансплантации, а лекарите му рекле дека не ѝ останало уште многу време живот. Сите други опции се покажале како ризични, па Комшиќ отпатува во Турција за да ѝ помогне.

„Во оваа приказна, мајка ми е поголем херој од мене. Не му го посакувам на никого она што таа го преживеа изминатите 13 години. Имаше три неуспешни трансплантации на црн дроб од починат донор. Ризикот беше голем, а времето истекуваше. Беше во животна опасност и беа во прашање денови. Кога дознав дека сите други опции се исцрпени одма летнав за Истанбул. Мајка ми мора да прима терапија, но тоа не е за неа никаква новост, затоа што со години е под лекови. Мене сите резултати ми се уредни, црниот дроб два месеци по операцијата беше целосно регенериран. Ги избегнувам приказните дека сум херој. Го направив она што би го направи секој. Мене мајка ми ми даде живот, а јас ѝ го продолжив нејзиниот“, рече Роберт.

Бојан од Битола ја донира половина од заработката од тикет за лекување на дете од тешка болест 👏

Бојан од Битола со хуман потег ќе ја донира половината од заработката за лекување на дете од тешка болест.

Епа вака другари.Овој тикет е добитен.Решив 50% од неговата вредност да ја донирам на социјално загрозено семејство, лекување на дете од тешка болест или некоја друга форма на загрозување.Би Ве замолил да ме исконтактирате во порака и со тоа да ми помогните да одлучам на кого би ги дал парите.Ама навистина да знам дека сум помогнал на вистински луѓе.Во мојот живот сум поминал низ различни социјални периоди, периоди на транзиција и многу прашалници, но секогаш останав цврсто на земја и не се вообразив.Парите ќе се потрошат, ги има или ги нема. Никогаш доста.Многу е лесно да влезиш со нога в кафана и да го порачаш Тома и да викниш шо пие кафаната, но да се решиш да донираш, да си хуман то не се стекнува. Или го имаш во срцето или го немаш.Сумата далеку од тоа дека е голема, но со ништо на светот не можиш да ја купиш насмевката на лицата на оние кои во моментот гледаат темнина.Ви ја фрлам ракавицата на сите кои можите да донирате и помагате.Прајте добри дела. Некогаш тоа спасва живот во вистинска смисла на зборот.Ве очекувам. – пишува Бојан од Битола.