Connect with us

Хуманост

Бојан од Битола ја донира половина од заработката од тикет за лекување на дете од тешка болест 👏

Published

on

Бојан од Битола со хуман потег ќе ја донира половината од заработката за лекување на дете од тешка болест.

Епа вака другари.Овој тикет е добитен.Решив 50% од неговата вредност да ја донирам на социјално загрозено семејство, лекување на дете од тешка болест или некоја друга форма на загрозување.Би Ве замолил да ме исконтактирате во порака и со тоа да ми помогните да одлучам на кого би ги дал парите.Ама навистина да знам дека сум помогнал на вистински луѓе.Во мојот живот сум поминал низ различни социјални периоди, периоди на транзиција и многу прашалници, но секогаш останав цврсто на земја и не се вообразив.Парите ќе се потрошат, ги има или ги нема. Никогаш доста.Многу е лесно да влезиш со нога в кафана и да го порачаш Тома и да викниш шо пие кафаната, но да се решиш да донираш, да си хуман то не се стекнува. Или го имаш во срцето или го немаш.Сумата далеку од тоа дека е голема, но со ништо на светот не можиш да ја купиш насмевката на лицата на оние кои во моментот гледаат темнина.Ви ја фрлам ракавицата на сите кои можите да донирате и помагате.Прајте добри дела. Некогаш тоа спасва живот во вистинска смисла на зборот.Ве очекувам. ❤ – пишува Бојан од Битола.

Македонија

Сите сме потребни за ова мало ангелче: Двегодишниот Марко од Прилеп се бори со ретко заболување

Published

on

Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.

Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.

-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.

Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.

Continue Reading

Македонија

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА АЛЕКСЕЈ!

Published

on

Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.


Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.


Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.


Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!


Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција.

Линк за донирање: https://gofund.me/27ad16be

Continue Reading

Хуманост

(Фото) Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Published

on

Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Информациите подолу на фотографијата:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк