Tag Archives: експлозија

(Видео) Силна експлозија го потресе Милано, горат зграда и автомобили

Во центарот на италијанскиот град Милано денеска одекна силна експлозија.

На социјалните мрежи се шират видеа од возила кои се запалиле по експлозијата. Пожарникарите потврдија дека најмалку едно лице, возач на комбе, е повредено

Според италијанските медиуми, експлодирало комбе во кое имало боци со кислород. Се запалиле десетина возила и првиот кат од блиската зграда. Пожарникарите брзо пристигнале на лице место и го изгаснале пожарот.

https://twitter.com/301military/status/1656613293069332482?t=SV5BH0BB0SRoILdQhjV_4w&s=19

Автомобил експлодира пред Влада

 Автомобил во движење експлодираше на булеварот Илинденска. Нема повредени патници. Возачот кој веројатно беше сам, успеа навреме да го напушти автомобилот, а потоа се слушна уште една експлозија.

Пожарникарите интервенираат во гаснењето на пожарот, а полицијата го обезбедува местото.

Автомобил експлодирал покрај Славјанка Петровска, се огласи министерката

Автомобил експлодира на булеварот „Кочо Рацин“ во близина на гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ додека во непосредна близина се движела министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Информацијата за „А1он“ ја потврди Петровска која што го забелажала настанот.

Прашана дали се сомнева дека е загрозена нејзината безбедност, таа за „А1он“ негираше.

„Се е океј, чиста случајност. Јас одев пешки од спротивната страна на булеварот и во тој момент експлодираше возилото. Нема никаква врска со мене и колку што знам нема повредени, возачот на возилото е добар“, вели Петровска за “А1он”.

На терен е испратена и увидна екипа на МВР, а откако е изгаснат пожарот од противпожарната бригада на Скопје.

Само што поминавме оттаму… Новинарот Марко Марк сведочи за трагедијата на Таксим плоштадот (Видео)

„Само што поминавме со моите пријатели, бевме на една мала тура на плоштадот „Таксим“, по што тргнавме на другата страна на Истанбул, да посетиме некои други знаменитости. Тогаш наеднаш дојде толку голема врвулица од сирени и амбулантни возила“, вели македонскиот радио и телевизиски водител Марко Марк во сведоштво за „Телма“ околу страотната експлозија која се случи денеска.

Водителот, кој вели дека е сместен на само неколку стотици метри од местото на експлозијата, додава дека на туристите им било речено да останат во хотелите, како и дека во моментов плоштадот „Таксим“, кој е во непосредна близина на местото на нападот, е целосно блокиран. Има и други ограничувања наметнати од властите. Во центарот на Истанбул и вечерва се слушаат сирени.

Експлозијата, која турските власти ја истражуваат како терористички напад, се случи денеска нешто по пладне на улицата „Истиклал“ – популарно туристичко шеталиште кое во моментот било полно со луѓе. Загинаа шестмина луѓе, а над 80 се повредени.

Силна ЕКСПЛОЗИЈА го потресе центарот на Истанбул (ВИДЕО)

Експлозијата се случи на главната пешачка улица во најголемиот град во Турција, пријавени се повеќе жртви

Експлозија се случи на култната авенија Истиклал во Истанбул, прометна пешачка улица во историското срце на градот, во неделата. Според извештаите на локалните медиуми, во експлозијата се повредени повеќе луѓе.

Инцидентот предизвика силен безбедносен одговор, полицијата ја опколи областа, а на местото се пријавени повеќе возила на брза помош.

Снимките кои кружат на интернет, очигледно снимени неколку моменти по експлозијата, покажуваат повеќе луѓе кои лежат неподвижни на улицата меѓу урнатините, што укажува на тоа дека експлозијата можеби предизвикала и жртви. Засега не се објавени официјални информации за потенцијални жртви.

Македонец е еден од загинатите во експлозијата во Словенија

Македонски државјанин е меѓу загинатите во експлозијата во фабриката во Кочевје во Словенија.

Меѓу петте загинати во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, има и еден државјанин на Македонија, објавија денеска словенечките медиуми.

Полициската управа на Љубљана, соопшти дека од останатите четворица загинати, двајца се Словенци, а двајца државјани на БиХ.

Началникот на Одделението за општ криминал при СВР Љубљана, Валтер Зрински изјави дека засега се уште не може да потврди дали причина за експлозијата е човечка грешка.

Експлозијата во Кочевје, гратче со околу 8.000 жители во јужна Словенија, се случи вчера околу 8.30 часот.

Фабриката „Меламин“ е основана во 1954 година и вработува околу 200 работници, а името го носи по хемикалијата што ја произведува наменета за покривање на подови и мебел. 

Паниka пред Влада: Пријавено дека ќе ekcплодира БОМБА при посетата на Фон Дер Лајен

Лажна пријава за бомба пред Влада, лицето е веднаш откриено и приведено.

Денеска (28.09.2021) во Скопје полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата.

Преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна. Лицето е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда.


Денеска (28.09.2021) во Скопје полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата. Преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна. Лицето е приведено и задржано во полициска станица по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда

Паника во Аеродром, експлозија и запалено возило (ВИДЕО)

Автомобил се запали вечерва околу 19 часот на паркинг во улициата „Методија Шаторов Шарло“ во Аеродром. Соседите рекле дека слушнале силна експлозија и веднаш излегле надвор, а тогаш забележале дека автомобилот е во пламен.

Командирот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, за порталот Нова изјавил дека нема потреба од вознемиреност и дека не постои никаква опасност за зградата.

Видео од страшната експлозија во Лондон (Видео)

Три комерцијални простории, шест автомобили и телефонска говорница паднале по експлозијата по која избил пожар во гаражите под железничката станица. Екипи на лондонската Брза помош на лице место му укажале помош на еден повреден во пожарот, но, засега нема други извештаи за повредени лица.

Според информациите од лондонската противпожарна бригада, засега се уште не е позната причината за избивањето на пожарот, а од полицијата исклучија поврзаност на експлозијата со тероризам.

На социјалните мрежи брзо се проширија снимки од местото на инцидентот, на кои се гледа облак од чад што се крева кон небото и луѓе кои бегаат во засолниште по избивањето на огнената кугла, објави „Индипендент“.