Tag Archives: ЕУ

ЕУ ќе забрани извоз на половни возила

Европската комисија го претстави предлогот за нова регулатива која, доколку биде усвоена, ќе забрани продажба на стари, дотраени автомобили надвор од ЕУ. Овие возила ќе треба да се рециклираат, што ќе придонесе за намалување на несигурноста на патиштата и загадувањето на животната средина во земјите кои не се членки на ЕУ.

Најмалку 25% од пластиката во новите автомобили ќе треба да дојде од рециклирање, а од тоа најмалку 25% мора да се рециклираат од возила на крајот на животот.

Комисијата тврди дека новите регулативи ќе доведат до годишно намалување на емисиите на CO2 од 12,3 милиони тони до 2035 година, подобра валоризација на 5,4 милиони тони материјали и зголемена повторна употреба на клучните суровини.

Според нив, имплементацијата на регулативата ќе доведе до долгорочни заштеди на енергија во производствената фаза, намалување на зависноста од увезени суровини и промоција на одржливи и кружни деловни модели.

– Во наредните години на пазарот ќе излегуваат се повеќе автомобили со нула емисија на штетни гасови. Ова ќе ја зголеми побарувачката за вредни примарни материјали. Новите предлози ќе обезбедат рециклирање и повторна употреба на што е можно повеќе од овие материјали, што ќе овозможи нов живот на компонентите на нашите автомобили и значително ќе го намали еколошкиот отпечаток на патниот сообраќај – рече извршниот потпретседател на Комисијата Франс Тимерманс. одговорен за Европскиот зелен план.

Поголема безбедност на патиштата
Покрај економските, еколошките и социјалните придобивки за ЕУ, регулативата ќе придонесе и за поголема безбедност на патиштата. Се предлага да се забрани извозот на автомобили на крајот на животот од земјите на ЕУ во земјите кои не се членки. Ова автоматски ќе го намали загадувањето во земјите кои увезуваат вакви автомобили.

Инаку, секоја година повеќе од шест милиони возила го завршуваат работниот век во Европа.

Автомобилската индустрија ќе стане најголемиот потрошувач на клучни суровини што се користат во постојаните магнети за е-мотори во Европа. Затоа, зајакнувањето на отпорноста на ЕУ на прекини во синџирот на снабдување и намалувањето на нејзината зависност од увозот на овие суровини е клучно за транзицијата кон возила со нулта емисија.

Според предложената нова регулатива, производителите на автомобили ќе треба да дадат јасни и детални упатства за расклопување на возилата. Тие, исто така, ќе треба да наведат како да се заменат и отстрануваат деловите и компонентите за време на користењето на автомобилот, и како на крајот од животниот век на возилото.

Најмалку 25% од пластиката во новите автомобили ќе треба да дојде од рециклирање, а од тоа најмалку 25% мора да се рециклираат од возила на крајот на животот.

Опсегот на овие мерки постепено ќе се проширува на нови категории како што се мотоцикли, камиони и автобуси, со што ќе се обезбеди посеопфатна покриеност.

За предлогот на Комисијата треба да одлучат Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Дипломатите од ЕУ пак во Македонија се притиска за промена на Уставот ! Ќе попуштиме ли ?

Заканите за изолација од Австрија за ВМРО-ДПМНЕ не се последни, следува огромен притисок од Франција и Германија за уставните измени.

Притисокот врз лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се очекува идната недела кога Ана Лена Бербок и Катрин Колона во нова тројка ќе дојдат во Македонија.

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во емисијата 24 анализа во однос на посетата на министрите за надворешни работи од трите земји истакна дека се пораката на Шаленберг треба сериозно да се сфати и дека следната недела ќе дојде уште една тројка министри за Европа, од Франција, Германија и Полска.

,,Да оставиме тие сами да го најават нивното доаѓање. Мислам дека францускиот дипломат е најважниот дипломат. Франција треба да биде толкувач на овие одредби. Очекувам ако утре било што од ова што го кажувам, ќе ја повикам Франција да Ќе ни се случи сценариото со името и ако прекинеме со преговорите заради неуспешни уставни измени, тогаш ЕУ ќе рече прво да ги решиме односите со Бугарија и да продолжиме. Тоа значи целосно билатеризирање на процесот и дека со Бугарија треба се да решиме. Шансата ни е преку уставни измени веднаш да влеземе во машината, протоколите не се дел од патоказите. Затоа Шаленберг вели ова е последната сериозна билатерална пречка. Бугарија постојано ќе зборува, ќе реагира, но аргумент за да блокира веќе нема. Треба да се повика на нешто. Бугарија постојано може да покренува прашања, а да ги убеди останатите 26 членки, треба да има основ во документите, но ветото нема да е одржливо. Бугарија може да најде било која причина да спречи, да се повика на право, корупција, екологија. Важно е да сфатиме дека ова е последната пречка која неповратно не внесува во процесот на членство во ЕУ. И Преспанскиот договор беше услов за почеток на преговорите за членство”, рече Османи во Анализа со Душица Мрѓа.

Вчера австрискиот министер за надворешни работи му се закани на ВМРО-ДПМНЕ со изолација на Македонија ако не бидат усвоени уставните измени на што Мицкоски одговори без дипломатски ракавици.

Државните да се стават над партиските интереси. Ова е пораката од Европската Унија (ЕУ) упатена и до власта и до опозицијата во земјава. Уставните измени се внатрешно прашање, но без вметнување на Бугарите во Уставот, Северна Македонија ќе застане на патот кон ЕУ, а ќе остане и изолирана, што, пак, би било вистинска штета.

„Истрчавте голем маратон и не треба сега да се сопнете на последната пречка“, порача европската тројка на дипломати од Австрија, од Чешка и од Словачка кои вчера беа во официјална посета на земјава, на предлог на европскиот шеф на дипломатијата Жозеп Борел.

Нагласија дека уставните измени се единствената можност за продолжување на европскиот пат, а до Софија испратија апел да размислува стратешки. Според нив предвремени избори на земјава не и се потребни, бидејќи тие би биле контрапродуктивни.

Претседателот Иванов: Пред наши очи ПРОПАЃА Европската Унија, време е за ЕВРОПА БЕЗ ЕУ

Екс претседателот на Република Македонија (2009-2019) д-р Ѓорге Иванов смета дека Европската унија се соочува со пропаст затоа што не е во можност да оствари ниту една своја амбиција каква што е проширувањето кон Западен Балкан.

Според претседаталот Иванов кој со децении е еден од најголемите поддржувачи на европската интеграција по низата разочарувања од Брисел за земјите кандидати смета дека е време да почне да се размислува за Европа без ЕУ.

Овие пораки Иванов ги испрати од Меѓународната конференција „Балканот и Европа – од заедничко минато до заедничка иднина“ под покровителство на претседателот на Големото турско народно собранието, Мустафа Шентоп.

Меѓународната конференција се одржува по повод 100 години од основањето на турската република, а ко-организатори се четири универзитети од Република Турција: Истанбулскиот Универзитет и Мармара Универзитетот од Истанбул, Тракискиот Универзитет од Едрене и Намик Кемал Универзитетот од Текирдаг.

Претседателот Иванов се обрати на сесијата на свеченото отворање на конференцијата на темата „Европа и Балканот – од прва Европа до периферија на ЕУ“.

На почетокот, претседателот Иванов го честитал едновековниот јубилеј на Република Турција, спомнувајќи за основоположниците на турската република, Мустафа Кемал Ататурк и Али Фети Окјар, родум од некогашна Отоманска Македонија, односно Румелија.

Во говорот, Претседателот Иванов се осврнал на митот за Европа и за реална Европа, како и за територијалниот опсег кој го покрива Европа. Од каде потекнува називот, како се толкуваат и подоцна менуваат границите на Европа и како просторот на Балканот каде и се простира првата, стара Европа, сега се наоѓа на периферијата на Европската унија.

„Живееме во време кога еден мировен проект, наречен Европска Унија, денес пред наши очи пропаѓа при неговото соочување со реалноста. За жал, може да се констатира дека денес во 2023 година, Европската унија не е во можност да оствари ниту една своја европска амбиција. Тоа се однесува и на проширувањето кон Западен Балкан“, порачал Иванов, нагласувајќи дека е крајно време да почнеме да размислуваме за Европа без Европската унија.

Тој истакнал дека во прв план на таа Европа треба да биде среќата на луѓето и колективната солидарност, пред сѐ, на локално и на регионално ниво, како и дека таквата Европа треба да се ослободи од вековните мисионерско империјални аспирации, според кои Европа треба да биде предводник и мерило за целиот свет.

За време на посетата на Истанбул, претседателот Иванов остварил средба со Претседателот на турското Собрание г. Шентоп, со ректорите на четирите универзитети ко-организатори на конференцијата и со други учесници.

Велиновска: ЕУ нема да постои, “империјата” е пред пропаст! (Видео)

Јас секогаш сум се борела за суштината, правилно да известуваш, тоа е преголема одговорност, вели во епизода на “Тешки муабети” специјалнаta гостинка Мирка Велиновска за Инфомакс нагласи дека според неа ЕУ за кратко време нема да постои.

– Се прашувам како е можно со сите сетила елити да не почувствуваат дека доаѓа време на гнилеж, на дегенероза. Ако го видиш тоа ќе дигнеш рачна да не ти пропадне целата историја што рпед тоа си ја имал, до скоро за мене беше необјасниво каок е тоа можно. Една империја откога е човештвото организирано во заедници, како е можно ниедна од нив да не успее да застане пред амбисот?

Еве правам споредба со леманите, на секои четири години како луди трчаат и скокаат од карпа, само последниот ред запира за да се вратат и да го продолжат редот.

Затоа пишувам, иако никој не верува, ЕУ нема да постои! Тоа е како римската империја, како во време на Калигула, блуд и разврат, криза…

Ја прашував мајка ми како знаевте како да делувате во Втората светска војна, сте себореле голи и боси, рече срцето го консултиравме. Значи не треба да го консултираш мозокот кој може да е загаден од пропаганди и слично, треба да се слуша срцето кое е чисто, вели Велиновска.

Бугарски лобисти барааат ЕУ да прогласи „Ден на Бугарија за спасувањето на Евреите“

Бугарија очигледно не губи време да ја прикаже својата вистина за депортацијата на Еврерите и го користи (злоупотребува) членството во ЕУ.

Најновата иницијатива доаѓа од бугарски лобисти на чело со извесен Џераси кои испратија инцијатива до ЕУ да се прогласи Ден на Бугарија за спасувањето на Евреите“.

Дека оваа инцијатива е во напредна фаза говори и тоа што предлогот е веќе испратен до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и до Катарина фон Шнурбејн, координаторката на ЕУ за напорите за борба против антисемитизмот.

Во предлогот Џераси пишува дека „Бугарија е единствената нација во светот што ги спасила своите Евреи и дека „ Бугарите се скромен народ кој не го промовирал овој чин на херојство“.

Покрај ова потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова најави дека наскоро ќе започне и иградба на Музеј на спасувањето на Бугарија.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во Брисел организираше конференција токму на оваа тема а пак македонскиот претседател Пендаровски побара Бугарија да се извини за протерувањето на што официјална Софија жестоко реагираше.

ВИДЕО: Жестоки протести во Грузија – нереди, судири со полицијата и апсења

Демонстрантите се судрија со полицијата во главниот град на Грузија, Тбилиси, откако парламентот го поддржа контроверзниот нацрт-закон за кој критичарите велат дека ја ограничува слободата на печатот и го потиснува граѓанското општество.

Полицијата употреби водени топови и бибер спреј за да ја растера толпата пред зградата на парламентот.

Владата соопшти дека неколку полицајци се повредени, а полициската опрема е оштетена.

Имаше широка меѓународна осуда на нацрт-законот, кој ќе бара од невладините организации (НВО) и независните медиуми кои добиваат повеќе од 20% од нивното финансирање од странство, да се декларираат како странски агенти.

Опозицијата го опиша како закон од руски стил кој ќе го стигматизира и ќе го запре живописното граѓанско општество во Грузија и независните медиуми.

Тетовци згрозени од билборд на ЕУ (Фото)

Твит кој открива билборд поставен од ЕУ во кој се користи само албански јазик ги згрози и вознемири Македонците во Тетово затоа што со него се суспендира официјалниот македонски јазик страна на унијата.

На билбордот има три збора на македонски јазик ,,ЕУ за тебе” но текстот со пораката е само на албански и него не можат да го разберат Македонците, Ромите, Србите или Турците.

,,Зошто билбордов во Тетово финансиран од ЕУ во соработка со министердтво за труд и социјална политика е само на еден јазик односно само на Албански?”, пишува во твитот упатен до ЕУ амбасадорот во Македонија. @AmbassadorEU @EuHouseSkopje

Власта се фали за нови над 50 милиони евра од ЕУ ама 1500 денари за регистарски таблички ЌЕ СИ ГИ ПЛАТИТЕ САМИ

„Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата, раст на стандардот.

Европската комисија преку повикот за инвестициски грантови ни одобри уште три проекти, во вредност од  над 50 милиони евра.

Средствата се наменети за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и опфаќаат реновирање на шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, југозападниот и југоисточниот регион.”- стои во соопштението на СДСМ.

Ова е помош за државата да ги изведе реформите, но и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди преку подобрување на животната средина и унапредување на инфраструктурата. Европските фондови за енергетската независност и за заштита на животната средина носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.Европскиот пат носи развој и напредок на државата, европски вредности и сигурна иднина за подобар живот на граѓаните.” – додаваат од таму.

Додека прават фалби од власта замената на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK) која граѓаните треба да ја направат во овластени станици за технички преглед, тоа ќе ги чини од 1400 до 1500 денари.

Министерството за внатрешни работи деновиве информираше дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката МК со ознаката НМК (NMK).

Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблици и од страна на референтот на МВР се издава нова сообраќајна довола и нови регистарски таблици на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблици е 1200 до 1300 денари во зависност од обликот на регистарската таблица, информираат од МВР.

Сопственикот на возилото треба да приложи сообраќајна дозвола и

ПРОТЕСТОТ ВО СОФИЈА ИЗДИШИ – Дури десетина бугари се собраа за правата на „македонските бугари“

– Пред претставништвото на Европската комисија во Софија се одржува протест за одбрана на правата на Бугарите во  Македонија каде се најбројни симпатизери и претставници на политичката партија ВМРО-БНД. Протестот е и за поддршка за натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети” во Охрид, Христијан Пендиков, јавија бугарските медиуми. 

Протестот го најави бугарскиот претставник во Европскиот парламент и копретседател на ВМРО, Ангел Џамбаски. Во писмо до претседателската на ЕК, тој побара итен прекин на преговорите на нашата држава за членство во ЕУ.

Како што можете да забележите на фотографијата пренесена од бугарската агенција БГНЕС немало некоја голема заинтересираност за собирот.

Тројца охриѓани пред два дена во угостителски објект во Охрид го нападнаа 21-годишниот охриѓанец Христијан Пендиков по што тој се здоби со повреди и вчера бугарската Амбасада во Скопје организираше негово префрлање во боница во Софија.about:blank

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, Николај Милков и Бујар Османи ќе го посетат утре Пендиков, кој е хоспитализаран во ВМА во Софија, соопшти бугарското МНР

Знаме на Голема Албанија со Македонија се вее во Давос

Знаме на Голема Албанија со делови од Македонија се вее пред хотел во Давос за време на одржувањето на економскиот самит во Давос.

Хотелот се наоѓа отспротива каде што е сместен претседателот на Србија Александар Вучиќ.Покрај знамето на Голема Албанија истакнато е и косовското знаме.

На самитот во Давос учествува и Стево Пендаровски кој во своето обраќање истакна дека Косово и Република Српска се најчуствителните точки во регионот.