Tag Archives: ЕУ

Историски ден за Косово: Потпишано барање за членство во ЕУ!

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на Собранието Глаук Коњуфца денеска ја потпишаа апликацијата за членство во Европската унија, јавува Клан Косова.


По тој повод Османи рече дека со потпишувањето на апликацијата Косово се доближило до Европската унија.

Денеска е историски ден. Од денеска 14 декември има двојно значење во современата историја на Косово. Од една страна ја одбележуваме апликацијата за членство во ЕУ, а од друга страна годишнината на војската на Косово Заедно со Коњуфц и Курти, во име на Република Косово, правиме одлучувачки чекор кон остварување на нашата неотуѓива амбиција. Денеска го приближуваме Косово чекор поблиску до ЕУ“, рече Османи.

Османи посочи дека нема друга алтернатива за граѓаните на Косово.

„Овој чин е посветен на сите граѓани на нашата земја. Овој момент е посветен на секое дете, жена и маж на Косово кои ги жртвуваа своите животи и кои беа неправедно соочени со геноцид и окупација“, рече Османи.

Според неа, Косово заслужува да биде дел од ЕУ.

„Најмладата земја на најстариот континент, земја на политички плурализам, Косово со слободна пазарна економија, заслужува да биде дел од семејството на ЕУ. Нашиот пат напред е јасен, процесот може да биде долгорочен, но ние ќе го направиме нашето работа, за да може ЕУ полесно да си ја врши работата“, рече Османи.

И официјално „НЕ“ за Бугарија и Романија за Шенген, „ДА“ за Хрватска

Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи денеска со 25 гласа „за“ и два „против“ го отфрли предлогот Бугарија и Романија да влезат во Шенген.

Како што беше најавено, Австрија и Холандија го блокираа приемот на Бугарија и Романија во Шенген.

Министерот за внатрешни работи Герхард Кернер ја оправда одлуката со големиот број нерегистрирани мигранти и барања за азил во Австрија и побара дополнителни мерки од Европската комисија.

Според Кернер, „не е во ред во овој момент да се прошири систем кој не работи на многу места“. Тој инсистираше да се одложи гласањето за прием на Бугарија и Романија: „Сега е погрешно време за овој чекор“.

Патот за приклучување на Хрватска во Шенген зоната е јасен, договорија министрите на 26-те земји од Шенген зоната на состанокот во Брисел.

Контролата на копнените граници на популарната туристичка дестинација ќе биде укината на почетокот на следната 2023 година.

ЕУ се закани дека ЌЕ ГО БЛОКИРА ТВИТЕР ВО ЕВРОПА

Тиери Бретон, европскиот комесар за внатрешен пазар, предупредил дека Твитер може да биде забранет во ЕУ доколку не работи во согласност со нејзините закони, пишува Фајненшл тајмс.

Бретон на својот профил на Твитер напиша дека платформата ќе мора „значително да ја зајакне умереноста на содржината и да се справи со дезинформациите“ за да се усогласи со Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA), кој треба да стапи на сила во 2024 година.

Гореспоменатиот закон бара „умерување на содржината“ од главните платформи за социјално вмрежување, за да можат брзо да го цензурираат „говорот на омраза“ или која било информација што Брисел ја смета за лажна.

ЕУ веќе се повика на овие овластувања кога ги забрани RT и неколку други руски медиуми, а повеќето американски платформи се придржуваат до оваа одлука.

МАРИЧИЌ: Лаги, предрасуди и пропаганда е дека во нашата земја кога ќе влезе во ЕУ не ќе можеме да печеме ракија и да правиме ајвар

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, синоќа во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21 истакна дека сепак повеќето граѓани во Македонија се за Европската Унија.

Во тој контекст, тој наведе дека ќе има политички мотивирани пречки кои се надминливи.

– Јас мислам дека сепак, повеќето граѓани се за Европската Унија и дека ќе најдеме сила да ги надминеме овие проблеми, кои што ги имало и во други држави, не само кај нас. Имало и предрасуди дека нема да можеме да печеме ракија, дека нема да можеме да правиме ајвар… Сето тоа се предрасуди и пропаганда кои што треба да ги надминеме. Денеска и во Словенија и во Хрватска сите овие активности се дозволени, па живеат многу понапредно и позадоволно од она што било пред 10-15 години, да речеме пред да влезат во ЕУ, рече Маричиќ.

СКАНДАЛ ВО ОЈО ГОКК: Исчезнале докази доставени од европска институција за криминал во Македонија

Од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација, дознава СВЕДОК од извори во обвинителството.

Доказите исчезнале во периодот кога обвинителството беше обезглавено и со него раководеше обвинителот Трајче Пеливанов, кој според Советот на јавни обвинители, беше поставен на функцијата само да прима пошта и да потпишува плати.

СВЕДОК од извори во ЈОРМ и во Европската организација дознава дека скандалот бил откриен деновиве кога бил побаран одговор од европската организација дали биле разгледани доказите и што се случува со нив.

Тогаш и настанала паниката, бидејќи доказите кои биле доставени лично, во текот на месец август, ги снемало.

СВЕДОК има детали за кој случај станува збор, што го отворило македонското обвинителство и за кое помогнала европската институција, но сега нема да открие детали, бидејќи предметот е во истрага, која во оваа фаза е тајна.

Наши извори од двете организации објаснуваат дека европски претставници во текот на август лично ги доставиле доказите до ОЈО ГОКК, за тоа добиле потпис за примени материјали, но не се сигурни дали тоа било ден пред суспендирањето или ден по суспендирањето на обвинителката Вилма Рускоска. Но, сигурни се дека доказите не биле доставени до предметниот обвинител, кој во тој период бил на годишен одмор.

-Паниката се создаде кога европската институција побара информација дали доказите се земени во работа и се дел од постапката што се води во Македонија. Тогаш никој не знаеше каде се доставените докаи- тврди за Сведок извор од ЈОРМ.

Од лов на диви свињи, треба да помине во лов на исчезнати докази (Ислам Абази, лево, во лов)

Истиот извор изрази сомневање дека доказите исчезнале при празнење на фиоките од биророто на Русковска, по налог на Трајче Пеливанов кој беше поставен за „прием на пошта“, а на кое отворање не била повикана Русковска, на што и самата реагираше во еден јавен настап.

Затоа, нема информација дали доказите се спакувани во некоја вреќа заедно со другите материјали кои биле во фиоките во работното биро, или пак, некој намерно или ненамерно ги отстранил доказите, насетувајќи за кој предмет се работи и знаејќи ја конспиративноста на Европјаните кои барале доказите да бидат доставени лично.

Цела среќа е што доказите биле доставени на носач на податоци и можат повторно да се достават, но нашите извори не кријат дека ова било шок за доставувачот на доказите и начинот на кој тие исчазначе намерно или од немарност,

Новиот обвинител Абази покрај тоа што треба да открие каде исчезнале доказите ќе мора многу да се труди да ја врати довербата кај европските партнери кои биле скандализирани од овој случај.

Ковачевски како Заев: Ако изгласаме промена на Устав автоматски одиме во ЕУ ???

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на лидерската средба зборувале за енергетската криза, и за буџетот за 2023 година, за блокираните закони во Собранието. 

Вели дека евроинтеграцијата е национален проект, не е проект на една политичка партија. 

„Потребно е да се вклучат сите партии, сите пратеници за да се одблокираат процесите“, рече премиерот. 

Вели дека инклузивност е потребна и за Европската Унија(ЕУ). 

„Доколку ги изгласаме уставните измени, автоматски одиме понатаму“, рече Ковачевски. 

Кажа дека треба да бидеме мудри и да го искористиме моментот, за одиме напред. Според него, не е време за поделби, сега е вистински момент, со полн капацитет да се исполни поставената цел. Вели дека како општество треба да покажеме зрелост. Лидерската средба со ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како позитивна. 

Впрочем исто како и неговиот претходниот Зоран Заев кој своевремено тврдеше дека со промена на Уставот, Македонија автоматски ќе добие датум за преговори.

Македонија сигурно ќе треба да го отвори прашањето со нејзиниот Устав, пред нејзината интеграција во ЕУ, како сите членки на Унијата, изјави тогашниот премиер , Зоран Заев.

Орбан се налути: ЕУ ќе заврши како Советскиот сојуз!

Унгарскиот премиер Виктор Обран го обвини во неделата Брисел дека подмолно ја напаѓа Унгарија со низа санкции против Русија кои ги смета за „бомба“ за стопанството.

Не сме загрижени поради оние кои ја напаѓаат Унгарија од темница, некаде од кулите во Брисел“, изјави во говорот одржан во Залаегерсег на западот на земјата, по повод националниот празник со кој се одбележува 66-годишнината од Унгарската револуција против поранешниот СССР во 1956 година.

„Ќе завршат онаму каде што завршија и нивните претходници“, додаде Орбан, предвидувајќи ѝ ја на Европската унија судбината слична на Советскиот блок кој се урна во 1991 година.

Говорот на унгарскиот премиер е во контекстот на неговите најави дека ќе биде одржан референдум за санкциите на ЕУ против Русија кои Орбан повеќепати ги критикуваше дека им нанесуваат големи штети на самите европски земји особено на Унгарија. Во главниот град Будимпешта и ширум земјата истакнати се плакати со пораката „Санкциите на Брисел нѐ уништуваат“.

Војната е пред нашата врата, финансиската криза и забавувањето на економијата во ЕУ, инвазијата мигранти од југ… мораме да се соочиме со многу проблеми“, рече Орбан во неделата уверувајќи дека неговата влада е „силна и единствена“, како и дека ќе го надвладее искушението.

Унгарија од почетокот на војната во Украина настојува да го сочува добрите односи со Русија од која добива нафта и гас. Будимпешта одбива воено да ја помогне Украина и ја критикува стратегиите на европските челници во Брисел.

Брисел не искара дека НЕ ГИ СПРОВЕДУВАМЕ МЕРКИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА

Европската унија во својот извештај за Македонија вели дека мерките за санкции кон Русија сме ги донеле, и за нив тоа е во ред, но – дека тие не се спроведуваат со што, имплицитно, се доведува во сомневање прозапдната ориентација на актуелната власт од страна на ЕУ.

Во извештајот се вели дека во овој дел има напредок, но дека земјата продолжува да не ги спроведува рестриктивните мерки кон Русија усвоени од ЕУ во март.

Во извештајот не се наведува прецизно за кои мерки се работи но јасно се наведува дека Македонија не ги спроведува со што практично Брисел ја оценува владата недоволно активна своите одлуки да ги спроведе во пракса.

Свои ингеренции за надворешната политика и спроведување на европските мерки или санции кон Русија имаат претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Локвенец во ЕП: Ќе изградиме европски континентален Босфор

Директорот на јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија, Хари Локвенец денеска се обрати пред Европскиот Парламент, каде ги презентираше проектите за изградба на клучни коридори во државата.

Во контекст на енергетска и климатска криза, Локвенец ги потсети европратениците дека целта за декарбонизација на економиите во Европа во 2050 треба да значи фокус врз железничкиот транспорт.

-Единственото превозно средство кое може да ја оствари оваа цел е железничкиот превоз, затоа што е најбрз, најевтин, најкраток начин на конектирање и истовремено се грижи за животната средина, изјави Локвенец.

На сослушувањето во Европскиот Парламент, каде од учесниците само Македонците беа од земја која не е членка на ЕУ, Локвенец порача дека оваа цел ќе се оствари преку изградба на железничкиот Коридор 8, од Албанија преку Северна Македонија до Бугарија.

декада ќе ја заокружиме изградбата на Коридорот 8 на македонска почва, затоа ве замолуваме да ги поддржите нашите стратегии и планови и да го вклучите западниот дел во централната ТЕН-Т мрежа, рече Локвенец.

Шефот на македонски железници им порача на колегите во ЕУ дека земјите во Европа, дали се членки или кандидати, заедно претставуваат „голем железнички мозаик“ и сите треба да бидат третирани еднакво.

-Преку овие активности покажуваме дека не сме само географски дел од Европа, туку дека имаме капацитет и волја да стоиме рамо до рамо со нашите европски пријатели преку учество во спроведувањето на европските стратегии, нагласи Локвенец во својот говор пред Европскиот Парламент во Брисел.

ГРУБИ ОД АРАЧИНОВО: Мора да има измени на Уставот, Бугарите да влезат во него, оти без тоа не можеме да продолжи кон ЕУ

Уставните измени мора да се случат, бидејќи без нив Македонија е во регрес, во статус кво и не може да оди напред и од овој процес апсолутно најголем добитник е македонскиот народ во РСМ, изјави денеска првиот потпретседател во Владата Артан Груби.

Посочува дека проевропското крило во опозицијата е во подем во Собранието и оти ќе даде поддршка за уставните измени и оти веќе има контакти и комуникација со пратениците и со претседателите на политичките партии за, како што рече, начин на којшто и тие ќе ја дадат својата поддршка за европска Македонија.

-Сакам да појаснам дека уставните измени не дека ќе се случат, мора да се случат. Без уставните измени Македонија е во регрес. Без уставните измени Македонија е во статус кво и не може да оди напред и затоа секој што сака европска Македонија, секој што сака развој, секој што сака да ја види нашата земја рамо до рамо со членките на ЕУ ќе даде поддршка за уставните измени од коишто најголем добитник е македонската заедница во РСМ затоа што конечно, конечно се прави одвојување на македонскиот народ од бугарскиот народ. И тоа со прифаќање на самиот бугарски народ којшто имаше други претензии. Како што знаете, се до вчера. Од овој процес најголем добитник апсолутно е првенствено македонскиот народ во РСМ и сите граѓани на државата затоа што сметам дека се заокружува целокупната тапија на државноста на РСМ, изјави Груби кој денеска беше во Арачиново.

Според него, се потврдува од страна на Бугарите дека има апсолутно одвојување, дека постои македонскиот народ и македонскиот јазик и дека тоа е реалност и они го прифаќаат тоа со овие уставни измени.

-Значи, имаме посебна заедница на Бугарите во РСМ која што не е повеќе од 3.500 граѓани како што видовме со последниот попис и дека сите други се Македонци кои зборуваат македонски јазик и се дел од македонскиот народ, вели Груби.

Првиот потпретседател во Владата смета дека „проевропското крило кое што е во подем во опозицијата во Собранието ќе даде поддршка за уставните измени и веќе имаме контакти, комуницираме со пратениците, комуницираме со претседателите на политичките партии за начин на којшто и они ќе ја дадат својата поддршка за европска Македонија“.