Tag Archives: Европскопрвенство

Денот кога КОМЕТАЛ стана Европски шампион и ја крена Македонија на нозе (Видео)

ДИНУ, БУДИМИР, ИНДИРА, ВАЛЕ, ГОЦА – ДЕНОТ КОГА КОМЕТАЛ СТАНА ЕВРОПСКИ ШАМПИОН!
Како изгледаше историската победа на Кометал во 2002 година кога клубот стана Европски шампион, да се потсетиме со видеа и фотографии:

Maкедонија има на што да се гopдee: Ocвоивме 45 медали на Европско натпреварување во Србија

92 натпреварувачи и тренери од 11 македонски кик бокс клубови беа дел од кикбокс репрезентацијата на Македонија која предводена од претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија М-р Дејан Митровски Урко овој викенд во Белград од 14-16 Мај 2021 год достојно ја претставија нашата земја на WАКО Европскиот куп Србија Опен.

Вкупно освоени медали на македонската кикбокс репрезентација:
15-златни медали
14-сребрени медали
16-бронзени медали.

Поединечно резултати по клубови кои ги освои Македонија:

КБК Шампион Магнус тим – Скопје
3-златни
4-сребрени
2-бронзени

КБК Гладијатор – Скопје
2-злата
0-сребрени
2-бронзени

КБК Предатор-Куманово
0- златни
1-сребрени
4- бронзени

КБК Тетово-Тетово
1- златни
0- сребрени
1- бронзени

КБК Викинг- Скопје
1- златни
0- сребрени
0- бронзени

КБК Гладијатор-Стип
2- златни
0- сребрени
2- бронзени

КБК Будо-Кавадарци
1- златни
0- сребрени
0- бронзени

КБК Будо -Велес
1- златни
2- сребрени
1- бронзени

Најуспешен од македонските клубови е КБК Шампион Магнус Тим од Скопје.

Претседателот на КМФМ м-р Дејан Митровски Урко изјави дека со оглед на последиците од Ковид 19 пандемијата и кризата во спортот во Македонија која произлезе како резултат на селективната забраната за тренинг на нашите репрезентативци и другите индивидуални спортови, сепак успеавме да донесовме огромен број медали и нашата земја ја претставивме гордо и како што и доликува.

Шпанcкиот вecник Mapка: Maкедониja е „Пепелашка“ на ЕП, тие ce нacледници на Алекcaндap и Филип Maкедонcки

Влијателниот шпански весник „Марка“ на еден месец до почетокот на ЕВРО 2020 даде своја најава за претстојниот европски шампионат. Во него, шпанските новинари издвоија еден дел и за македонската репрезентација, нарекувајќи ја „Пепелашка“ на претстојното големо натпреварување.

Според „Марка“, Македонија е најдобар пример за користење на планот на УЕФА со кој на помалите земји им се даде шанса да станат дел од ееден европски шампионат.

„Македонија ќе биде како Пепелашка на претстојниот европски шампионат, но предупредувањето до ривалите не беше мало – победа на гостински терен потив Германија во квалификациите за СП во Катар. Со Пандев на 37-годишна возраст како лидер, наследниците на Филип Втори и на Александар Македонски го искористија планот на УЕФА за помалите селекции да добијат шанса да стигнат до европското првенство. Балканската селекција е единствената што ќе дебитира, стигнувајќи до ЕВРО 2020 благодарение на успехот во Лигата на Нации“, пишува шпанскиот весник за македонскиот национален тим.

На Европско со публика – ЕХФ ги пушти билетите во продажба

Ракометната репрезентација на Македонија, ќе игра со Данска, Словенија и Црна Гора на Европското првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка следната година.

И покрај ковид пандемија, ЕХФ реши да ги пушти во продажба билтетите за Европското првенство. Од утре истите се во продажба.