Tag Archives: Европскопрвенство

Ja oсвои цела нација: Poналдињо порача “Напред Maкедониja!” (Видео)

Cо натпреварот меѓу Италија и Турција вечерва стартуваше Европското првенство во фудбал. За првпат дел од големите натпреварувања ќе биде и Македонија која својот прв натпревар го игра во недела против Австрија.

Голем дел од поранешните фудбалери испраќаат зборови на поддршка за нашата репрезентација која се повеќе и повеќе ги собира нивните симпатии.

Легендарниот Бразилец и веројатно еден од најталентираните фудбалери на сите времиња, Роналдињо испрати порака со поддршка за Македонија.

Денеска почнува ЕУРО 2020!

Денеска почнува Европското фудбалско првенство со пренос на МРТ, отварањето е закажано за во 18:00 часот.

Првиот натпревар со кој ќе биде отворено првенство вечерва се игра во Рим на стадионот „Олимпико“, а ќе се сретнат Италија и Турција.

Групите се следни:

ГРУПА А – Турција, Италија, Велс, Швајцарија
ГРУПА Б – Белгија, Данска, Финска, Русија
ГРУПА Ц – Холандија, Австрија, Украина, Македонија
ГРУПА Д – Англија, Хрватска, Шкотска, Чешка
ГРУПА Е – Шведска, Шпанија, Полска, Словачка
ГРУПА Ф – Португалија, Франција, Германија и Унгарија

Распоредот за натпреварите е следен:

Бeз кoмeнтap: Haвивaчитe на Македонија дoбиja зaбpaнa зa пaтyвaњe вo пpecpeт нa ЕП

За разлика од Букурешт, македонските навивачи нема да можат да патуваат во Амстердам за да ја бодрат нашата репрезентација, ова го потврди и амбасадата на Холандија во Македонија.

Оние кои добија карти за дуелот меѓу Холандија и Македонија нема да можат да ги искористат, нема да можат да патуваат во Амстердам затоа што нашата земја се уште е на листата на држави за кои е забранет влез поради ковид-19.

-Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување“, стои во соопштението на холандската амбасада во Македонија.

И покрај ова се очекува Македонија да има навивиачи кои ќе ја бодрат во Амстердам, таму ќе можат да одат Македонци кои живеат и работат во ЕУ.

Натпреварот меѓу Холандија и Македонија се игра на 21. јуни.

Објавата може да ја погледнете ТУКА.

Кој од протокол во Влада работи во МРТ? (Фото)

Твитови на денот:

(Видео) Сe слуша прекрасна македонска музика – еве каква е атмосферата во репрезентација пред Европско

Фудбалерите на Македонија се подготвуваат за Европското првенство кое е се поблиску, а нормално атмосферата е на највисоко ниво.

И по изјавите, но и по видеата објавени на социјалните мрежи можеме да заклучиме дека фудбалерите се во супер располжение и мотивирани да ја израдуваат Македонија со добри резултати на Европското првенство кое го стартуваме на 13. јуни против Австрија.

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на ЕП 2020

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта на Северна Македонија.

На промоцијата, која се одржа во просториите на Дирекцијата на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, генералниот директор Јани Макрадули порача дека со оваа поштенска марка сакаат да се заблагодарат на репрезентатиците за успехот и радоста што ја приредија на сите нас.

– Марката е со номинална вредност од 181 денар и изработена во 6 000 примероци. Поради ковид мерките, иако бевме договорени, денеска, за жал со нас не се селекторот и играчите, изјави Макрадули.

Ова е скромен придонес од нас за сите фудбалски репрезентативци, посочи Макрадули и им посака успех на првенството.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, порача дека нашите фудбалски херои го заслужуваат ваквиот гест и поштенска марка во нивна чест.

– Се надевам дека до почетокот на отворањето на ЕП ќе собереме сили што повеќе граѓани да присуствуваат на трибините во Букурешт. Како спортист знам дека не е исто, да се игра со полни и пред празни трибини, изјави Мојсоски.

Mакедонската фудбалска репрезентација обезбеди прв историски настап на ЕУРО2020, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи во повеќе градови низ Европа.

Македонските фудбалери својот прв натпревар на Европското првенство го играат на 13 јуни во Букурешт против Австрија, по што следат пресметките со Украина и Холандија.

Македонија на ЕП со стариот дрес! Сејдини откри што се случило со изборот на новиот

Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини по бројните реакции по јавноста откако беше презентиран новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација за настап на ЕП 2020, пресече и доцна синоќа соопшти дека Македонија ќе настапува во досегашниот дрес.

Сејдини им се извини на навивачите, нагласувајќи дека ја превзема одговорноста, но и дека е испратен допис до УЕФА за промена на дресот на репрезентацијата. Во продолжение интегрално ви го пренесува писмото на Сејдини.

-Драги навивачи на македонската репрезентација, како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство.

Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на новиот дрес. Свесни сме дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер уште од најрана возраст.

Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост на барање на фудбалерите. Тимот бараше нови репрезентативни дресови. Ние сакавме да го исполниме тоа барање. За жал, техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ. Федерацијата и службите во ФФМ целосно ја преземаат одговорноста за овој избор, но исто така ќе побараат одговорност и од техничкиот партнер.

Како претседател на федерацијата ја преземам мојата одговорност за евентуални последици и најавувам дека на Европското првенство ќе играме со досегашните дресови.

Тоа што не влијаев и имав доверба во работата на службите во ФФМ во креирањето на новиот дрес, не значи дека треба да молчиме кога пошироката јавност го искажува своето мислење. Инсистирам настапот на Европското првенство да биде запаметен по прекрасниот успех што го направивме и да не биде засенет со работи кои се полесни за решавање.

Поради реакциите од бојата на дресот, ние како Фудбалска федерација на Македонија пративме допис до УЕФА со кој бараме натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надевам дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото.

Со актуелниот репрезентативен дрес игравме на Европското првенство 2017, со тој дрес остваривме историски пласман на ЕУРО 2020 и со тој дрес ќе се претставиме на првенството кое со нетрпение го очекуваме.

Ве повикувам со добра мисла да ги испратиме нашите херои на Европското првенство. Навивачкиот дух да им биде ветер во грб, пишува Сејдини во писмото до јавноста.

Не ви треба вакцина или ПЦР тест за да ја бодрите Македонија во Букурешт

Убава вест пристигна за македонските навивачи кои ќе патуваат на Европското првенство за да ја следат играта на нашата фудбалска репрезентација.

За македонските фанови нема да биде потребен ниту ПЦР тест, ниту документ за примена вакцина против Ковид-19.

Оваа информација доаѓа откако во нашата земја се намалил бројот на позитивни случај на дневна и двонеделна инциденца на 100.000 жители. Поради намалувањето, Романија донела одлука Македонија да биде ставена на зелената листа и се укинува документ за ПЦР тест или доказ за вакцина.

Првиот натрпревар нашите фудбалери ќе го одиграат на 13 јуни во Букурешт против репрезентацијата на Австрија, а вториот натпревар ќе го одиграат на 17 јуни против Украина.

Еве кој македонски репрезентативци ќе патуваат на Европско! (Фото)

Ситно броиме до мигот вреден историја за македонскиот фудбал и спорт воопшто, а првиот ден на кој ќе ни се потат рацете пред ТВ е 13 јуни. Мрме ги прозва пулените од кои се очекува гордо и достојно да ја претстават Македонија во европскиот крем од 24 земји учеснички.

Селекторот Игор Ангеловски повика 26 фудбалери или онолку колку што дозволи УЕФА. 23 од нив ќе бидат на располагање за натпреварите и тројца на стенд бај како евентуална можност за замени.

Списокот е очекуван и на него има 23 интернационални и тројца од македонската прва лига, но ома и две изненадувања, а тоа се офанзивните играчи од младата репрезентација, Дарко Чурлинов од Шутгарт и Милан Ристовски од Спартак Трнава.

Тоа значи дека покрај Барди од Ла Лига и Пандев и Елмас од Серија А, ќе имаме и играч од Бундеслигата. Како што веќе е познато, Европското поради повреда на лигаментите го пропушта Илија Несторовски.

Подготовките стартуваат на 26 мај, а на 8 јуни се патува за Букурешт. Закажани се и две контролни средби во Скопје против Словенија на 1 јуни и против Казастан на 4-ти.

Дебито на европската сцена, Македонија ќе го има на 13 јуни против Австрија, а потоа на 17-ти следува мечот против Украина. Третиот дуел е против Холандија во Амстердам на 21-ви.