Tag Archives: Европскопрвенство

Мачето КЕС типува на победа за Македонија! :) (Видео)

Мачката Кес која стана хит за прогноза на почетокот на ова Европско првенство, сега типува за победа на Македонија во денешниот дуел со Австрија, со тоа што посегна кон тачирчето со македонското знаме.

Видео:

Гори Букурешт! Навивачките грла пејат: Бисер Балкански! (Видео)

Видео од загревањето на македонските навивачи, ечи Бисер балкански, сите пејат, позитивна атмосфера и бакљи се палат во пресрет на натпреварот вечерва на Македонија и Австрија од 18:00 часот.

Среќно Македонијо!

Видео:

Срцето на Ериксен престанало да чука неколку минути, што точно се случи вчера ?

Мартин Боесен, докторот на данската фудбалска репрезентација, раскажа што се случило во моментот кога фудбалерот на оваа селекција, Кристијан Ериксен, ја изгубил свеста за време на првото полувреме од натпреварот против Финска.

-Ни се јавија од теренот, штом Кристијан се онесвести. Кога истрчавме до него, тој дишеше. Го проверивме неговиот пулс и тој го имаше. Сепак, тогаш одеднаш престанавме да го чувствуваме пулсот. Веднаш почнавме да интервенираме за да го одржиме жив. За среќа, тој остана со нас, изјави Боесен за данските медиуми.

Лекарот вели дека вештачкото дишење му го спасило животот на асот на Интер.

-Лежеше неподвижен, па веднаш започнавме со вештачко дишење. Токму тоа вештачко дишење му го спаси животот. Многу ни помогна и докторот на стадионот, со чија помош му ги вративме свеста и пулсот на Ериксен – заврши Боесен.

Еден од водечките спортски кардиолози во Англија, д-р Санџај Шарма рече дека Ериксен преживеал срцев удар и фактички бил мртов неколку минути. Според него, фудбалерот нема да може да ја продолжи кариерата.

Историски ден! Македонија денеска дебитира на ЕП🇲🇰

Конечно љубителите на фудбалот во Македонија дочекаа нашата репрезентација да се претстави на едно големо натпреварување како што е ЕП 2020.

 Предводени од Горан Пандев, „рисовите“ денеска во 18ч во Букурешт ќе ги одмерат силите со селекцијата на Австрија со која досега игравме два пати и загубивме со 4-1 и 2-1.  

Време е за трета среќа сметаат во нашиот тим кој гори од нетрпение да потврди дека заслужено е на големото натпреварување. 

 За пласман во следната фаза потребна е најмалку една победа.  Шансата е токму Австрија која може да се победи оптимисти се во нашиот тим. Следни противници се Украина и Холандија.

Спортски: „Зига, зага, Македонијо“ ечи среде Букурешт (Видео)

Во центарот на главниот град на Романија ечи „Зига, зага, Македонијо“, со знамиња и со навивачки песни весела атмосфера во Букурешт, Спортски.мк ја пренесува моменталната атмосфера:

Англичанец набавил 24 пива, од секоја земја учесник на ЕП по едно, има и Скопско (ФОТО)

Англиски фудбалски фан мајсторски се подготвил за Европското првенство набавувајќи по едно пиво од секоја држава која учествува на континенталниот турнир.

„1 турнир, 24 земји, 24 пива. Ајде да го направиме тоа!“, напиша Англичанецот на својот твитер профил и објави фотографија од пивата. Во првиот коментар ги има имињата на сите пива со знаме од земјата до натписот.

Македонското МНР со реакција по повод барањето на Грција за дресот на Македонија!

Грција вчера до УЕФА испрати писмо во кое бара да биде сменето логото на Македонскиот дрес во кое стои ФФМ, а никаде ја нема додавката Северна.

На ова со реакција се јавија и од МНР. Одтаму велат дека ФФМ не подлежи на тоа да го прилагоди своето име според Преспанскиот договор.

„Фудбалската Федерација на Македонија е независна и непрофитна организација која во централниот регистар е регистрирана како здружение, и како такво не прима државни пари. Договорот од Преспа опфаќа институции кои примаат државни пари. И се додека ФФМ не прима државни пари, нема обврска да се прилагоди според Преспанскиот договор.

Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои прашуваат зошто не е НМК, но тој код е дефиниран само за регистарските таблички, според Преспанскиот договор“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција. 

ФФМ со уникатна фотосесија!

А од страна на ФФМ денеска по социјалните мрежи излезе уникатна фотосесија од нашите фудбалери со уникатни гестикулации, момците изгледаа одлично, спремна за навивање е цела Македонија 🙂

Авион со порака од ФФМ во чест на фудбалерите лета над Скопје 👏(Фото)

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го одигра историскиот прв натпревар на едно големо натпреварување од осамостојувањето на Република Македонија.

Во таа чест ФФМ дигна авион на македонското воздухопловство и испрати порака.

Пораката гласи „ОДИМЕ НА ЕВРОПСКО, НАПРЕД МАКЕДОНИЈА“.

ЕСПН: Македонија го има најубавиот дрес на Европското првенство! Грците со жалба (Видео)

Американски „ЕСПН“ го прогласи дресот на македонската фудбалска репрезентација за најубав на ЕП.

Некогашниот американски репрезентативец, Еркулес Гомез Уртадо заедно со Клинтон Јејтс го издвоија нашиот дрес како најоригинален и најтрактивен на првенството.

Македонија утре ќе дебитира на Европското првенство со мечот против Австрија од 18 часот на националната арена во Букурешт.

Видео ТУКА

А на само неколку часа пред почетокот на Европското првенство нашиот јужен сосед упатил жалба до УЕФА за македонскиот дрес, објави грчкиот весник ‘Катимерини’.

Грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис се буни за логото на ФФМ на дресовите, односно кратенката „Фудбалска федерација на Македонија“, бидејќи истата ја нема придавката „северна“, што е спорно според Преспанскиот договор.

Писмо со жалба стигнало и до македонската власт откако грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас испратил допис до македонскиот колега Бујар Османи.