Tag Archives: Европскопрвенство

Скопјанката Моника е „Македонското девојче“ кое стана хит во Букурешт (Фото)

Скопјанката Моника Стефановска е „македонското девојче“ кое стана вистински хит помеѓу навивачите, вљубениците во фудбалот и поддржувачите на македонската репрезентација. Нејзината фотографија деновиве е актуелна на социјалните мрежи во Македонија, но таа се најде и на Фан Бимот на #Euro2020 во Рим. 

Таа во разговор за Скопје Инфо открива дека е дипломиран економист и магистер по спортски менаџмент,  професионално се занимава со карате. Слободното време најчесто го поминува со пријателите и семејството.

Вели дека нејзини фаворити на Европското првенство се македонските репрезентативци за кои навива и ги бодри од срце, а освен за нашите играчи, таа навива и за Хрватска. 

УЕФА ѝ даде „црвен картон“ на Грција околу кратенката МКД

УЕФА вели дека нема прекршување на Договорот од Преспа, по протесното писмо испратено од Грција и жалбата за акронимот „МКД” кој се користи за Македонија на ЕВРО 2020,

На неколку часа пред почетокот на Европското првенство, грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис испрати писмо со жалба до претседателот на УЕФА, за логото на ФФМ кое се наѓа на македонските дресови.

Од грчкиот МНР, Дендиас беше оспорен и акронимот „МКД“.

Европската куќа на фудбалот сега и одговори на Грција, во писмото исраптено од заменик генералниот секретар, Кевин Ламур се вели дека УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа.

УЕФА исто така потенцира дека во службената комуникација го користи терминот „Фудбалска федерација на Северна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветно адаптирана на ЕВРО 2020.

Европската куќа на фудбалот исто така додава дека нема да дозволи европскиот фудбал да стане платформа на која ќе се пренесуваат политички пораки и ќе продолжи да ја штити праксата на неутралност.

Ериксен од болница: Добар сум, ќе навивам за Данска, момци играјте за цела нација

„Здраво на сите, огромно благодарам за вашите убави и неверојатни пораки од целиот свет. Навитина многу ми значи, мене и на семејството. 

Јас сум добар, со оглед на условите. Сè уште треба да минам одредени прегледи во болницата, но се чувствувам добро. Сега ќе навивам за мојата селекција, за Данска во наредните натпревари. Момци, играјте за целата нација“, напиша фудбалерот на Данска Ериксен на Инстаграм.

Арнаутовиќ се извини на македонски и албански

Откако баш претера при прослава на голот со кој ги постави конечните 1-3 за Австрија, Марко Арнаутовиќ објасни зошто се однесувал така иритантно.

Одличниот шпиц кој играше за Интер и Вест Хем а сега настапува во Кина за Шангај Порт, од клупата за резерви го почна мечот, па во вториот дел влезе во игра и во финишот во 89’ минута постигна гол за решавачки 1-3.

Во ист момент почна да му дофрла и да го навредува нашиот бек Езџан Алиоски додека капитенот Алаба му ја затнуваше устата, но сега вели дека жали за бељата. Капитенот Алаба го брани дека најверојатно бил нервозен зошто не го почнал мечот со стартните 11.

„Јас не сум расист и никогаш нема да бидам. Во тој момент тоа беше борба на зборови поради пресилни емоции. Имам пријатели од цел свет. Жал ми е поради инцидентот и се извинувам. Ајде да заборавиме на тоа зошто не е дел од фудбалот“, додал Арнаутовиќ во денешното обраќање до новинарите.

Седумката на Австрија после мечот му пријде на Алиоски, си пружија рака и ја смирија тензијата.

Корпулентниот Арнаутовиќ на 11 мај се повредил на меч за кинескиот клуб Шангај Порт а во полн интензитет почнал да тренира дури на 4 јуни поради што селекторот Франко Фода го држеше на клупата.

Арнаутовиќ го постигна 27-от гол за Австрија.

МОЌНИОТ ГОВОР кој вчера ја наежи цела МАКЕДОНИЈА: Коментаторите со силни емоции и гласна порака во име на Македонците!

Говорот на македонските коментатори пред почетокот на мечот повторно ја наежија цела Македонија.

Добар ден МАЈКО МАКЕДОНИЈО. Добредојде во Европа, фудбалската Европа. Европа без вето, Европа на сите. Европа со еден и единствен, веќе потврден и незаборавен датум. Дедовци и баби, татковци и мајки, браќа и сестри, синови и ќерки – Македонија игра на Европско првенство.

Ова е натпревар за спортска антологиј, за сите генерации минати, сегашни и идни. Натпревар кој ги обединува сите кои некогаш шутнале фудбалска бубамара, но како прозорец кон светот, парадоксално, во една од најтешките години на човештвото, претставува продолжение на величенствената година за македонскиот фудбал. За сите фрустрации, за минати и неостварени амбиции и соништа.

Драги мои Македонци, ние никогаш не сме биле и нема да бидеме робови, но тие што мислеа дека се наши господари денеска знаат дека сме рамноправни со нив и длабоко во себе се плашат дека не само што сме рамноправни туку и дека ако не тие, нивниот пород кога-тогаш ќе сфати дека некогаш од нас го добиле највредното. Поуката дека човекот се раѓа за да се љуби.

Мајко Македонијо, денеска сакај се себеси, денеска почитувај се себеси, верувај во себе и сеќавај се на тоа што ги учеше! Без оглед на се и после се, ги љубиме сите. Но, ќе размислиме дали да им простиме. Тие можат да бидат сигурни дека нема да заборавиме. Никогаш и за ништо!

Ангеловски: Главата горе, одиме натаму!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, жали за поразот (3:1) од Австрија на дебито на Европското првенство, но не е разочаран и им порача на своите избраници да се фокусираат на следните две средби.

-Имавме сегменти каде што игравме добро, имавме моменти на пад на концентрација, а на вакви натпреварувања кога играте со квалитетни ривали, нормално е противникот тоа да го искористи. Мислам дека клучна беше шансата на Николов што не ја реализиравме при 1:1, а на спротивната страна, Австријците ни дадоа гол.

Главата горе, одиме натаму. Има уште два натпревари. Почнуваме да се подготвуваме за следниот меч, против Украина. Немам зборови за атмосферата што ја направија нашите навивачи и жалам што не успеавме да им возвратиме со позитивен резултат. Се надевам дека ќе ги израдуваме на следниот меч.

Средбата со Украина ќе се игра в четврток исто така на „Национална Арена Букурешт“. (МИА)

Како изгледаше изведбата на химната: Видео за ежење, храбро момци (Видео)

Нема поголема гордост за секој спортист од изведбата на химната и кревањето на знамето, нашите фудбалски репрерзентативци уживаа во пеењето на македонската химна од илјадници грла кои пееја во еден глас, слушнете и погледнете како тоа изгледаше:

И во победа и во пораз: Македонија не се откажува – фудбалерите пред нов предизвик

Стефан Лајнер, Михаел Грегорич и Марко Арнаутовиќ се тројцата фудбалери на Австрија кои дадоа гол за победа над Македонија.

Од друга страна, голот за нашата репрезентација го даде капитенот Горан Пандев.

Првиот натпревар ни донесе прв пораз на ЕП 2020, но вечерва можеме да бидеме горди на нашите фудбалери. Се сплоти нацијата, фудбалот беше главна тема, а Македонија го оствари фудбалскиот сон со игра на ЕП.

Македонија во четврток е пред нов предизвик – мечот против Украина. Нацијата е горда на фактот што фудбалерите играа храбро и од срце.

Почна историскиот натпревар, среќно момци, херои на Македонија! 🇲🇰

Почна натпреварот на Европското првенство, Македонија игра со Австрија, громогласен апсауз и скандирање дел од арената полна со македонски навивачи.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски одлучи со кои единаесетмина ќе го почне натпреварот со Австрија.

На голот ќе биде Столе Димитриевски. Во одбраната се Висар Муслиу, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски. Средниот ред ќе го сочинуваат Аријан Адеми, Бобан Николов, Енис Барди и Елиф Елмас. „Најистурени“ се Горан Пандев и Александар Трајковски.

Тука не поделивте, тука се обединивме ! Македонските навивачи го окупираа Букурешт (Видео)

Неверојатна е атмосферата во Букурешт во пресрет на првиот натпревар на македонската репрезентација против Австрија. Голем број на македонски навивачи се собрани во центарот на градот каде што ечат македонски песни, а секако неизбежна е и пиротехниката.

Натпреварот почнува во 18 часот на националната арена во Букурешт, а неколку илјади гледачи ќе бидат во можност да го проследат и на самиот стадион.

Судбина или не знам што ли е!? Но, вакво обединување ни се случува тука во овој проклет за нас Букурешт! Во овој ист град на 10. август 1913 не поделија, не распарчија… Тој „мировен договор“ е фателен за нас Македонците.

Денеска 108 години подоцна! Букурешт е полн со Македонци! Полн со „црвено-жолтите„ бои. Тука кај што не поделија еве сега се обединуваме! Убаво е кога сите се заедно и имаат иста мисла. Без разлика на се што ќе биде за неколку часа. Фудбалерите ја исполнија мисијата – го направија народот горд и единтвен – весел и храбар! – велат навивачите во Букурешт, пренесува Спорт медиа мк.