Tag Archives: езеро

Охрид е многу повеќе од Комо, дестинација богата со историја, пишува реномираниот „Индепендент“

Весникот „Индепендент“ објави текст со наслов „Зошто треба да го замените езерото Комо со Охридското Езеро“ наведувајќи ги убавините на овој град во Македонија. Авторката на текстот Сара Холт го опишува своето доживување во Охрид.

Луѓето пијат аперол и еспресо и грицкаат пица, главите им се свртени кон пауни, зелената вода и ридовите. Сцената не би била на место на езерото Комо, но јас сум 1.300 милји оддалечена од северна Италија, во џебот на југозападна Македонија наречен Охрид – пишува за „Индепендент“, Сара Холт.

– На повеќе од 138 квадратни милји, Охридското Езеро е повеќе од двојно поголемо од Комо, факт што најдобро се цени при патување со брод околу брегот. Карстните карпи, обоени во калај и розова боја, се гледаат со километри отстапувајќи му го местото на непреченото зеленило на Националниот парк Галичица – вели таа за Охрид.

Бродот застанува пред манастирот „Свети Наум“, источноправославен манастир, првично изграден во 10 век. Воодушевена од погледот кон езерото и пауните, кои слободно шетаат, а за кои се мисли дека се симболи на воскресението во времето на свети Наум. Влегува и во манастирската црква и ја открива просторијата обложена со фрески, каде што е погребан свети Наум.

Легендата вели дека ако го ставите увото на површината на гробот, сè уште можете да го слушнете неговото чукање на срцето – дополнува Сара.

За Охридското Езеро вели дека е постаро од милион години и постаро од италијанските езера, а градот Охрид е признаен како една од најстарите човечки населби во Европа.

Шетајќи низ стариот град и нагорнината до тврдината Цар Самоил од 11 век, добивам чувство дека чекорам низ историјата – пишува таа.

Авторката дава историска перспектива за градот и дава податоци за творбите во градот. Не заборава да додаде дека Охрид е на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1997 година. Областите на езерото се исто така вклучени во списокот бидејќи тие се дом на повеќе од 200 вида растенија и 17 ендемични видови риби.

Потоа, тука се бисерите. Охридските бисери, што ги носеа кралицата Елизабета Втора и принцезата Дијана, се разликуваат од оние што ќе ги најдете на кое било друго место во светот бидејќи се рачно изработени – вели таа.

– Охридското Езеро е исто така клучен играч во актуелната винска ренесанса во Македонија. Откривањето антички остатоци од зрно грозје сугерира дека виното се произведувало во областа на Македонија уште од неолитот. Сега, постојните поголеми винарници во земјата работат со експерти од цела Европа за да ја подигнат својата понуда и се отвораат зголемен број независни бутик-винарници со намера да ја направат Македонија новопочитуван играч на светската винска сцена – додава Сара.

Текстот го завршува со извонредни зборови за Охрид велејќи: „Додека уживам во виното и грицкам закуски на сонце во областа за дегустација на винарницата, повторно добивам чувство дека би можела да бидам во Италија. Но, мислата набргу минува затоа што Охрид е многу повеќе од Комо. Таа сама по себе е дестинација богата со историја, исполнета со нијанси“

Остатоци од човечки скелет најдени крај брегот на Мавровско Езеро

СВР Тетово информира дека вчера (2.04.2023) во Полициското одделение Маврово било пријавено дека кај местото викано „Бел коњ“ во Маврови Анови крај брегот на Мавровско езеро, биле пронајдени остатоци од човечки скелет, кои биле подигнати за вештачење.

Увид бил извршен во координација со Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

ТИКВЕШКО ПРАЗНО, за ПУСТОШОТ од Електрани велат водата била во рамки на пропишаното (Видео)

Вода нема, а струја увезуваме. Погледнете што се случува, Тиквешко Езеро го нема, се истакнува во видеото објавено од Земјоделие.мк.

-Ова е вистината за Тиквешко Езеро. Ние сме внатре, но нема вода, вели човекот кој снима.

На местото каде беше убавото езеро, денес има пустелија.

Со оглед на моменталната кота на водата која е во рамките на пропишаното со Водостопанската дозвола, биодиверзитетот во акумулацијата не е нарушен, велат од АД Електрани на Северна Македонија, откако во јавноста излегоа реакции на луѓе, коишто изразија незадоволство од нивото на водата во Тиквешко Езеро, како втора вештачка акумулација во државата. – Акумулацијата Тиквеш моментално се наоѓа на кота 236 мнв.

Минималната дозволена кота е 233 мнв. Во тековната есенска и зимска сезона е забележана лоша хидрологија и изостанувањето на врнежите кои се вообичаени за овој период на годината, односно отсуство на дожд и снег. Врнежи и дотеци се очекува да настапат во следниот период и со тоа се очекува кревање на нивото на водата во сите акумулации, се вели во писмениот одговор до МИА.

Притоа се појаснува дека акумулацијата Тиквеш во последниот период се користи за производство на електрична енергија само два часа дневно, за потребите на балансирање на ноќните часови на потрошувачка. – Акумулацијата Тиквеш е изградена со првостепена намена за наводнување на Тиквешкото поле и второстепена намена за производство на електрична енергија. Вегетативниот период предвиден за наводнување заврши во октомври. Со оглед на моменталната кота на водата која е во рамките на пропишаното со Водостопанската дозвола, биодиверзитетот во акумулацијата не е нарушен, се нагласува во писмениот одговор на новинарско прашање.

Видео:

https://www.facebook.com/100004616973413/posts/pfbid031A327HHAdNtJMw3CDFafroLpBXB6wU3x7ouJUDfBJgQTCixN1ih1jS2usLxPgH3yl/?mibextid=Nif5oz

Влезе во замрзнато езеро и го спаси кученцето (Видео)

Бојан Кокал се шеташе со другарите покрај Иварчкото езеро во Словенија. За време на опуштена прошетка во природа, еден од нив видел куче како плива во ледена вода, а сопственикот никаде го немал на повидок.

Набрзо сфатиле дека ситуацијата е многу проблематична и дека кучето не може самостојно да излезе од водата и дека нема кој да му помогне. Почнаа да бараат начини како да го извлечат од замрзнатото езеро. Прво му фрлија јаже на кутрето, но тоа не му помогна да излезе.

Тогаш еден од мажите влегол во замрзнатото езеро бидејќи сфатиле дека немаат други опции. Немаше време да повикаат помош, а знаеја дека ако кучето остане предолго внатре, повеќе нема да има сила да плива. На крајот приказната завршила среќно и кучето било спасено од ледената вода.

 На кого и да му припаѓа ова куче што талкаше по Иварчки, ми должи пиво – напиша тој покрај видеото објавено на Фејсбук.

Видео:

https://www.facebook.com/bojan.kokal.5/videos/1370765227084478/?mibextid=Nif5oz

ТРАДИЦИОНАЛНО НАКИТЕНА ЕЛКАТА во Охридско Езеро (ФОТО)

По 21 пат Охридското езеро доби подводна елка во пресрет на Новата година.

Традиционално, секоја година, нуркачите им ја посветуваат на децата со ретки болести со желби за нивно здравје, успех и среќно детство.

Иоваа тим нуркачи од охридскиот нуркачки центар „АМФОРА” од Охрид, во Музејот на вода во близина на плажата „Градиште” ја накитија подводната елка во Охридското езеро.

Сите посетители на Музејот на вода, ќе имаат можност да ја видат елката од денес па се до крајот на јануари.

Младиот Марко Пејчиновски третпат овој месец го преплива Охридското Езеро

Третпат во јуни, познатиот млад пливач-маратонец Марко Пејчиновски го преплива Охридското Езеро, овој пат на делница од Радожда до Трпејца.

Нешто повеќе од шест часа му беа потребни на Пејчиновски да ја преплива делницата од Радожда до вилата „Марко“ во Трпејца. Од вода излезе нешто пред 16 часот, свеж, како да не пливал 20 километри по жешкото неделно сонце. Подвигот се пренесуваше на неговата страница на Фејсбук.

https://fb.watch/dUsTV5VA9B/

Марко Пејчиноски втор пат плива во водите на Охридското Езеро за поддршка на децата со ретки болести 😇

Пливачот Марко Пејчиноски денеска по вторпат плива во водите на Охридското Езеро во знак на поддршка на децата со ретки болести. Тимот на Марко на социјалните мрежи извести дека тој го започнал пливањето во 07:18 часот на релација Охрид-Струга-Охрид.

Активистката Гордана Лолеска вели дека поддршката која доаѓа од дете кое и самото го носи товарот на својата болест и кое несебично ја дава поддршката на децата со ретки болести значи многу, не само за организациите, туку и за самите дечиња кои се соочуваат со тешките предизвици.

– Слоганот на овој настан е „Never give up“, а всушност е и порака која Марко ја упатува до децата со ретки болести и нивните семејства. Нека биде и порака до системот, до институциите креаторите на политики и донесувачи на одлуки дека и ние, самите пациенти и родители на деца со ретки болести, не се откажуваме од нашата борба за правичност на пациентите со ретки болести. Оваа година акцент се става кон воведување неонатален скрининг на новороденчиња исклучително важен кон навремено поставување дијагноза и нејзино третирање, вели Лолеска.

Под мотото „Весламе за ретките“, по втор пат, се одржува и веслачка тура на Црн Дрим во која учествуваат струшки кајакари и поддржувачи на лицата со ретки болести. Организатори на настанот се струшкиот хотел „Београд“ и Спортскиот клуб „Соларис“.

– Овој настан денеска ќе се реализира под слоганот „Alone we are rare but together we are strong“ што всушност е и порака дека не сме сами во оваа наша борба за видливост, потенцира Лолеска.

Минатата година кампањата се прикажуваше на 49 национални, регионални и локални и два сателитски медиуми низ државата. И оваа година, покрај на македонски јазик, проектот има и албанска верзија. 

Марко го преплива Охридското езеро👏👏👏

ГОЛЕМИОТ ХЕРОЈ – МАРКО ПЕЈЧИНОВСКИ 👏👏👏👏

Златното момче денеска го преплива Охридското езеро во чест на Свети Наум Охридски, чиј празник се прославува на денешниот ден.

За Марко македонската јавност дозна пред три години, кога на 12 годишна возраст и покрај здравствените проблеми (некроза на ногата) успеа да го преплива Охридското езеро.

Тој е вистински поим за ИЗДРЖЛИВОСТ, ПОСВЕТЕНОСТ и ЉУБОВ ❤️

Се гледаме во подобри времиња за брзо! – Се урива платформата на „Куба Либре“

„Куба Либре“ ви се заблагодарува на сите што години наназад бевте заедно со Нас.

Се гледаме во подобри времиња за брзо!

Ова е кусата порака на фејсбук страницата на познатиот бар на охридското крајбрежје објавена откако денес под полициско обезбедување почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје. За почеток се почна со отстранување и демонитирање на платформата во езерото пред „Куба Либре”, една од најатрактивне плажи и локации на брегот на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дека ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија, вклучувајчќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от. Од друга страна, пак, дел од сопствениците на платформите побараа таа акција да се одложи, да не биде сега пред почетокот на туристичката сезона кога лани имале огромни загуби.

На социјалните мрежи се објави дека и „Кадмо“ е на ред за уривање, но сопственикот решил самиот да ја острани урбаната опрема. Овој случај веројатно ќе влезе и во судница. Менаџерот на „Куба Либре“ изјави:- Плажава е изградена по сите проекти и дозволи од држава и од општина. Револтирани сме затоа што никој не дојде да каже како треба да изгледа ова, каков е планот понатаму, кои мерки ние да ги преземеме. Не бевме известени за ништо, дури и дека ќе ни биде исклучена струјата. Без оглед што процесот за јавното наддавање за плажите во 2018 година не е завршен и формално правно се уште трае, ние најдовме начин да ги подмириме сите концесии до февруари 2021 година, а уредно се платени и сите други давачки кон државата и општината која, намерно или не, целосно ги измеша математиките.

Во официјалните информации на градските власти не се кажува дали акцијата се спроведува и во согласност со препораките на УНЕСКО или станува збор за акција од локален карактер и има цел да се пополни празната охридска буџетска каса.

Струшкиот пар лебеди со своите малечки (Фото)

Срушкиот пар на лебеди 🦢🦢со својата годинешна рожба♡♡♡♡♡♡ на утринско капење 💦😊 (не постојат зборови за да се опише ова утринско задоволство)💙 -пишува Иванка од струшкото крајбрежје.

Пост на следниов линк:

https://m.facebook.com/groups/patuvanjanizmakedonija/permalink/4132652730128311/