Tag Archives: Featured

Војводи Тетово: Градскиот стадион е НАШ ДОМ, одлуката за забрана за играње на Тетекс да се ПОВЛЕЧЕ

Навивачката група Војводи од Тетово апелира да се повлече одлуката од општина Тетово за забрана за настап на спортскиот клуб Тетекс на градскиот стадион во Тетово, тие велат стадионот е нивен дом и ќе организираат протест за да престанат поделбите на етничка основа со ваквиот потег на општинските власти.

Поради ново настанатата ситуација околу Градскиот стадион во Тетово и информацијата која ја добивме од нашиот клуб Тетекс дека Општина Тетово во координација со фудбалскиот клуб шкендија посакува братското дерби да го забрани по секоја цена да се одигра во сабота на Градскиот стадион во Тетово, ние како навивачка група ВОЈВОДИ јавно упатуваме апел до надлежните во Општина Тетово и шкендија да се вразумат и нивната вчерашна одлука да ја повлечат, да се извинат и да не предизвикуваат непотребни конфликти и омраза кон Тетекс и Македонците во Тетово ! Затоа што оваа забрана за настап на Тетекс на Градскиот стадион ќе ја прифатиме исклучиво само како поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост, омраза кон македонскиот народ, свесно предизвикување на немири, проблеми во градот и против развојот на спортот. Исто така да напоменеме дека во последните неколку години сме сведоци на една кампања на која целата реторика е “едно општество за сите” па би сакале да прашаме дали ова е тоа “едно општество за сите” ? За каква еднаквост зборуваме кога во општините каде што Македонците се со помал процент на жители не се применува таа еднаквост. Ако таа еднаквост ја нема секаде тогаш зошто да мачкате очи со тоа ширум македонската јавност или пак таа еднаквост не е намената во средините каде што живееат поголем процент на албански граѓани ?
Ние тука не сме сирачиња кои ќе се условуваат кога би можеле да играме како што ни се налага цело време, а тоа е наместо во сабота натпреварот да се игра во петок или понеделник.
Стадионот е граден од парите на нашите дедовци, чичковци, татковци кои работале за помала плата на времето во фабриката Тетекс со цел Тетово и Тетекс да добијат фудбалски храм како што доликува. Градскиот стадион во Тетово е НАШ СТАДИОН, НАШ ДОМ !Доколку оваа одлука не се укине и продолжи инатот од страна на Општина Тетово и шкендија која без никаков правен документ го држи стадионот во нивна сопственост, ќе бидеме приморани да излеземе на улица да ја бараме правдата, но и покрај улица ќе започнеме и правна борба за нашиот стадион !
Ако не се изнајде решение ќе ги повикаме сите поранешни работници во фабриката Тетекс кои плаќале за овој стадион, поранешни и сегашни фудбалери на Тетекс од цицибани до сениори, сите поранешни и сегашни македонски советници во Општина Тетово, сите генерации на нашата навивачката група, сите фанови на Тетекс, љубители на спортот во Тетово, СИТЕ МАКЕДОНЦИ да застанат зад нашиот протест кој ќе го најавиме !
Македонецот доста време е угнетуван од сите страни во Тетово, Македонецот во Тетово време е да го крене својот глас додека не е предоцна, Македонецот во Тетово време е да покаже дека ова е негов град, дека ова е Македонија и дека нема да има намера да потклекнува !
Можеби сите мислат дека малку останавме, но се уште многу сме и НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ !!!
ВРЕМЕ Е ЗА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИЈА ВО ТЕТОВО !
СО ВЕРБА ВО БОГ ВОЈВОДИ ДО ГРОБ !!!

Пишуваат од навивачката група Војводи.

На македонски не се вели “фингерпринт апарат” туку “не знам шо му е, работеше до пред малку да го *б*м” 😁

Статус на денот :))))

На македонски не се вели “фингерпринт апарат” туку “не знам шо му е, работеше до пред малку да го ебам”.

Ковид протоколите ги смрзнаа учениците: Родителите коментираат – Пола класови болни, а пари за лечење ?

Родителите коментираат дека децата заради Ковид протоколите им се смрзнати затоа што треба да се проветруваат училниците од Ковид.

-Да на ова ладно време со отворени прозорци промаја не фати и децата и професорите и пола клас болни, а пари за лечење Мила нека даде, никој нема одвишок пари да дава за нивните протоколи, вели родител.

-Сите прозори им се отворени и врата од училница, промаја, катастрофа се смрзнуват, да се затворат во овие ладни месеци и здравје во март да продолжат со физичка присутност, коментира родителка.

-Сите смрзнавме и наставници и ученици, коментира наставник.

-Мизерија сме, глупав народ, не пуштај дете во школо и готово … ама !- коментира родител.

Новиот Супермен е БИСЕКСУАЛЕЦ! (ФОТО)

Американскиот произведувач на стрипови „Ди-си комикс“ најави дека новиот Супермен, Џон Кент, ќе биде бисексуалец. Во своето следно издание на стрипот што треба да излезе во ноември ќе биде претставена приказната за врската на Џон со пријателот Џеј Накамура.

Ова издание е дел од серијата „Superman: Son of Kal-El“ во која Џон ја презема наметката од својот татко Супермен, Кларк Кент.

Американската издавачка куќа оваа вест ја соопшти во пресрет на денот за подигнување на свеста за ЛГБТ-лицата во САД.

Во едно од претходните изданија, Џон се спријатели со Џеј, новинарот со розова коса.

„Ди-си комикс“ соопшти дека двојката започнала емотивна врска во петтото издание, бидејќи Џон „физички и психички се изморил обидувајќи сѐ да го спаси секој човек“.

Деталите за заплетот сѐ уште не се објавени, но на илустрациите што ги објави издaвачката куќа се гледа бакнежот помеѓу Џон и Џеј.

Ќе ти дојдам вечер јас со ПЕНКАЛА, ќе ти ветам асфалти до пред куќа! 🎶 (Видео – Пародија)

Ќе ти дојдам вечер јас со Пенкала (Спасен – Пародија) е насловена новата пародија на јутуберот Wik Kakarotski, а се однесува на локалните избори.

На смешен начин во пародија од песната на Спасен Силјановски, Вик се обидел да ги долови ветувањата од политичките партии во оваа кампања.

Слушнете ја и да се посмеете:

ТРАГЕДИЈА: Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Портјанко

Ракометна Македонија е во шок и неверување по веста дека утринава, од засега непознати причини, почина поранешната репрезентативка и ракометарка на Кометал ЃП, Јулија Николиќ (Портјанко) на 38 годишна возраст.

Во редовите на европскиот првак Кометал Ѓорче Петров, Николиќ настапуваше од 2003 до 2009 година, а во меѓувреме заигра и за сениорската селекција на Македонија.

Откако доби македонско државјанство, ракометарката беше еден од најдобрите играчи во својата генерација, препознатлива по својата борбеност.

Од Кометал Ѓорче Петров во 2009 година, таа се пресели во Беледијеспор во Турција. Потоа играше и во Франција каде што беше прогласена за најдобар странски играч, а по враќањето во Македонија настапуваше и за екипата на ЖРК Вардар.

Отпорот никогаш не е залуден кога е инспириран од сонот за сопствена држава, за слобода, правдољубивост и еднаквост! – Честит 11-ти октомври !

Отпорот никогаш не е залуден кога е инспириран од сонот за сопствена држава, за слобода, правдољубивост и еднаквост.

Воден од овие идеали македонскиот народ во Втората Светска војна застанал на страната на Антифашистичката борба и го подигнал големото народно востание на 11-ти октомври 1941-та година.

Востанието било последица на тешката и неподнослива ситуација во која се наоѓале македонскит еграѓани под окупација, големит даноци и екслоатацијата ги бутнале македонските селани во голема беда, а со ниви сите други, Македонија била стопански осиромашена, а македонскиот народ потонал во дотогаш  невидена беда.

Затворите се полнеле со голем број на невини граѓани, а само во скопскиот затвор Идризово во текот на окупацијата минале над 8.000 затвореници, од кои 500-тини жени. Ваквата неподнослива ситуација довела до подигање на Народноослоодителното востание, на 11-ти октомври пукнале првите пушки во Прилеп, а веќе следниот ден во Куманово, Првиот Партизански одред Гоце Делчев, на 11 –ти октомври извршиле напад на бугарската полициска станица, прилепскиот затвор и телефонско-телеграфската мрежа.

На 12-ти октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани, почнала четири годишната Народноослободителна борба за ослободување на Македонија.

Борбите се воделе во сите краеви низ Македонија, а вкупниот број на жртви изнесувал неколку десетици илјади. Македонската војска презела неколку усшешни операции, меѓу кои се издвојуваат офанзивата на  Караџова, Февруарскиот походПролетната офанзива и завршните операции за ослободување на Македонија.

На 24-ти јуни 1944 година, на островот Вис се одржал состанок на македонската делегација, предводена од Методија Андонов – Ченто, со највисокото воено и политичко раководство на Националниот комитет за ослободување на Југославија, каде по барањето на македонската делегација би заземен единствен став – дека македонскиот народ ја искажува својата историска желба, за обединување на сите негови делови, дека тоа е негово национално право, и дека тој стремеж останува како негово трајно барање. Кое барање било истакнато и во Манифестот на АСНОМ, во кој пред цел свет била прокламирана полна национална слобода на македонскиот народ, во првата слободна македонска држава.

11-ти октомври останал да се памети и празнува како симбол на ова борба и предвесник на создавањето на самостојна, суверена и независна Република Македонија!

Сведоштвата за ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНЕЦ кој го ПРЕЖИВЕАЛ ТИТАНИК

Стојко Додоловски од село Чучер – Скопска Црна Гора, уште како млад, тргнал да оди за “ветената” земја. Со нешто заработени пари доаѓа во Саутхемптон, од каде требало бродот “Титаник” да замине.

Билет едвај успел да купи во последен час и тоа од еден поп кој иако купил бил спречен да појде, па му го препродал на Додоловски. Судирот на бродот и ледот е ноќта спроти 15 април 1912 год., Додоловски успеал да дофати еден појас и рипне од 15 метарската височина гонет од единственото чувство за живот. Се дофатил за еден чамец кој меѓу првите е спуштен со богати господа. Молел 15 – годишниот Македонец, да го примат, но погледите им биле студени дури укорувачки што се осмелил да се дофати за нив.

Еден господин си ги подвиткал нозете со топлото ќебе а го покрил и кучето да не настине, но за Додоловски немале милост. Држејќи се така во ледениот океан почнал да се грчи и мрзне, гласот му се фаќал и губел а силата го напуштала додека не се откачил од чамецот немоќен веќе. Господата не го ни погледнале а тој се нашол среде океан во темница. Постепено се наголемувал бројот на давеници и делови од инвентар.

Закачен за еден превртен чамец во мигот кога океанот почнал да го влече кон океанот напуштен и од последните сили, го наоѓа офицерот Лоу единствениот од таа ноќ вреден за почит кој со чамец ги собирал преживеаните подоцна. Еден од 12-мината спасени од Лоу бил и нашиот Македонец. Лоу го ставил во чамецот, го вртел и триел. Подоцна е префрлен на бродот “Карпатија”, каде се сретнал со господата со кученцето. Во Њујорк чекале милиони луѓе испаничени барајќи свои меѓу преживеаните. Од 2 224 патници на Титаник дури 1 517 останаа на морското дно.

За животот на Стојко после несреќата многу малце се знае. Според некој селани од Чучер, тој се вратил од странство во 1948 година во родното село. Се вработил во една фирма во скопската населба Ѓорче Петров. Се вратил со надеж дека ќе си живее и дека ќе умре во Македонија. Дури сакаше и да биде погребан во гробиштата во село Врвез. Но, неговата ќерка го повлече во САД и почина во Чикаго. Стојко во неколку наврати ја раскажуваше приказната за Титаник, и според постарите соселани, секогаш го правеше тоа со смеа. Беше секогаш насмеан и луѓето го викаа Стојко дебелиот. Имал околу 200 килограми.

Баба Ѓурѓа медицински феномен: Има 110 години и 110 потомци!

Ѓурѓа Стојковиќ (111) од планинското село Радовница кај Трговиште, е медицински феномен од најмалку две причини. Според официјалните податоци, таа е најстарата жителка на Србија.

Според приказната, баба Ѓурѓа треба да има 110 или 111 години, бидејќи нејзините родители го пријавиле нејзиното раѓање подоцна во тоа време, така што официјално се смета дека има 108 години.

Таа родила 11 деца, а моментално живее со синот и снаата во едниот дел од куќата, додека другиот нејзин син во другиот.

Целиот живот на баба Ѓурѓа бил тежок и исполнет со сиромаштија. Според зборовите на нејзините синови, од рана возраст одела на работа, земајќи ги своите деца со себе.

Најмалиот би го ставил во т.н лулашка, односно крпа, ќебе или килим, која би била врзана од едниот крај на дрвото до другиот. Таму детето спиело и се нишало додека работела. За тоа време, таа отишла да собира жито, да ископа пченка или да собира сено. Кога се спуштала ноќта, тогаш тие соседи со кои работела и давале чинија брашно и лажица сол, за да можат децата да месат леб.

– Животот ми е тежок. Најстарото дете има 90 години. Таа е ќерка која живее во Македонија. Најмалото дете, не знам колку години има сега. Тешко ми е да одам, да легнам, едвај слушам и речиси ништо не гледам – ​​рече баба Ѓурѓа.

Таа едвај беше мобилна во последните пет години. Дотогаш, таа ги работела скоро сите работи. Месеше леб, се миеше, одела во шумата и носела гранки огревно дрво на грбот, вадела компири на нива, се грижела за децата. Баба Ѓурѓа е феномен во уште една работа – има дури 110 потомци, бидејќи покрај 11 деца, има и 53 внуци и 46 правнуци.

– Бабата не е социјално загрозена, семејството е корисник на социјална помош, како и средства за туѓа грижа и помош. Се чувствува добро, нејзиниот син и снаа се грижат за неа.

Општина Трговиште е една од најсиромашните земји, препознатлива по бројни вакви случаи, луѓе кои имаат над 90 години и живеат во многу лоши услови, расфрлани во планинските населби.

СКАНДАЛОЗНА АНКЕТА: Основци требало да одговорат дали имале cеkc со постари и да го наведат бројот на партнери!

Дали сте сликале сцена со сексуална содржина во соблекувална или тоалет и дали сте ја објавиле на интернет; дали сте имале сексуални односи со лица постари од вас, колку заработуваат твоите родители, дали твоите родители се алкохоличари, вакви прашања во анкета добиле ученици во Основното училиште „Климент Охридски“ во Битола.

Ова за тв 24 го тврди претседателката на Советот на родители Љубица Мушуланова Ристевска. Таа вели дека на родителите претходно им била побарана согласност за анкетата, но истата била претставена како прашалник за насилство во училиштата. Откако дел од учениците им ги кажале прашањата, родителите побарале увид во анкетите, но училиштето ги одбило. 

Според родителите, ваквите прашања се несоодветни за деца на таа возраст. Од училиштето пак потврдуваат дека била спроведена анкета за врсничкото насилство, но демантираат дека во анкетата биле  користени прашања за сексуални активности со возрасни. 

„ОУ „Климент Охридски“ ги демантира пишувањата во јавност дека во истражувањето кое се спроведе на тема „Врсничко насилство меѓу младите во основните и средните училишта во нашата земја“ биле користени прашања за сексуални активности со возрасни. Потврдуваме дека како училиште дадовме согласност за да се спроведи истражувањето на професорката доцент д-р Димитринка Јорданова-Пешевска од Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје. Класните родители ги информираа родителите и старателите на учениците кои дадоа согласност за спроведување на анкетата при што најодговорно тврдиме дека при анкетирањето се почитувани сите постапки.“ – велат од ОУ „Климент Охридски“ – Битола.

Освен соопштението, од диркеторката на училиштето не добивме одговор зошто не се даваат анкетите на увид на родителите. Тие пак велат дека веќе доставиле и претставка до Просветниот инспекторат. ТВ 24 се обиде да стапи во контаткт со професорката Пешевска, но таа беше недостапна на нејзиниот телефон.