Tag Archives: Филипче

Вештакот за модуларната болница во Тетово против БРАКО и Филипче – Електричната инсталација приклучена без елаборат

Судењето за пожарот во тетовската модуларната болница денеска продолжи со сведочење на овластен судски вештак по електротехника, жена која била придружник на човек кој бил на болничко лекување и цитирање на наслови од писмени докази од страна на адвокатите на обвинетите.

Овластениот судски вештак по електротехника Ирфан Шаќири пред судот образложи дека по наредба на Јавно Обвинителство извршил вешт наод за можните индиции за појава на пожар во објектот на модуларната болница.

Тој објасни за делот за приклучување на објектот во мрежата за дистрибуција на електрична енергија.

–Целокупната постапка за изведување на електричната инсталација од почеток до крај не е изведена согласно прописите и правилниците за ваков тип на градба. Самиот чин на приклучување на објектот во напонската мрежа на операторот е изведена од двајца вработени во Клиничката болница без изготвување документ, елаборат кој што е неопходен за ваков тип. Целата работа на овие двајца електричари е изведена без никаков надзор од стручни лица овластени електроинженери, овластени од нашата Комора на електроинженери, посочи Ирфан Шаќири.

Костова: Што и фали на горната слика? (Фото)

Статус на денот:

Што фали на горната слика? За почеток, 22 маски. Ако ја споредиме со долната, на сите нас ни фали мозок – напиша Миа Костова познатата македонска водителка и инфлуенсерка.

Филипче со слика за Заев за тоа што помогнал здравствените работници да ги направат „повторно горди“

Министерот за здравство Венко Филипче му се заблагодари на премиерот во оставка Зоран Заев за помошта што му ја дал на здравствениот сектор за време на епидемијата од Ковид-19, подарувајќи му слика на церемонијата на доделување признанија.

„До претседателот на Владата упатувам благодарност за поддршката што ја даде на здравствениот систем и на здравствените работници. Му благодарам што не кажа не за барањето за која било инвестиција во здравството. Благодарен сум што успеавме со негова помош здравствените работници да ги направиме повторно горди и ценети во нашето општество“, рече Филипче во обраќањето.

Венко се одјави: Од Заев може да се научи многу за љубовта кон татковината

Министерот за здравство Венко Филипче по изборот за нов претседател на СДСМ, доцна по полноќ се огласи на социјалната мрежа Фејсбук. Тој му се заблагодари на поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев, за како што напиша, приликата да соработува со премиерот во време на решавање на најважните и најтешките прашања во земјата.

Му благодарам на досегашниот претседател Zoran Zaev за честа и довербата која ми ја укажа да бидам потпретседател на СДСМ. Особено ми е драго што имав можност да соработувам со него во време кога ги решаваше најважните и најтешките прашања во нашата земја. Тој е лидер од кого многу може да се научи за грижата, посветеноста и љубовта кон татковината.
Честитки за изборот на Димитар Ковачевски, му посакувам успешна работа и многу победи за партијата. Верувам дека има знаење и мудрост да се справи со сите предизвици и да го обедини членството, напиша министерот Филипче на социјалната мрежа Фејсбук.

Филипче СИ ЗАМИНУВА: Доста е од политика, се враќам на Kлиниkaта за невpoхирургија

Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека веднаш по изборот на новата Влада, ќе се врати на својата основна професија, на Клиниката за неврохирургија.

-Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Веднаш по завршување на владината реконструкција, се враќам на мојата основна професија како неврохрируг во Клиничкиот Центар, рече денеска Филипче во изјава за ТВ 24.

Прашан дали размислува за амбасадроско место или друг анкажман во политиката, тој посочи дека такво нешто не е опција.

-Засега не размислувам во таа насока. Сметам дека најмногу можам да придонесам во здравство преку мојата професија, одговори министерот Филипче.

Комисијата за заразни болести не се плаши од новиот сој на ковид

Омикрон не ги исплаши македонските здравствени власти и Комисијата за заразни болести. Процениле дека засега нема потреба од рестрикции и доволни се актуелните мерки за заштита од Kовид-19. Надлежните уверуваат дека епидемиолошката состојба во земјата е стабилна а за новиот сој се уште нема целосни информации дали и колку е опасен.

– Остануваме со сегашните мерки, се уште нема доволно познати информации иако СЗО укажува на тоа дека можеби е полесно пренослив. Рестрикција некаква во однос на затворање на граници, на карантинизирање на патници од одредени земји нема да даде ефект. Очигледно е дека соевите се јавуваат и понатаму. Остануваме со овие мерки, ставаме акцент на вакцинацијата, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

И додека надлежните ја следат состојбата со Oмикрон, утре на Влада ќе одлучуваат како да го зголемат опфатот со вакцинација. Откако не беше прифатен првичниот предлог на Комисијата за заразни болести и вратен на дополнителни анализи, сега фокусот го ставаат на финансиска стимулација за матичните лекари – 30 денари плус за пациент доколку убедат повеќе од 70 проценти од прикрепените осигуреници да примат вакцина.

– Можат тоа со разговори со пациентите и на мене досега не ми се јавил ниту еден матичен да реагира за дополнителен финансиски бонус, вели Филипче.

Минатата недела од здравство беа убедени дека се добри мерките – вработените во државна администрација да одат на работа само со приложување на сертификат со најмалку една доза или негативен ПЦР на сопствен трошок. Сега компаративните студии што ги побара Владата покажале дека во земји каде применувале вакви рестрикции и немало некој ефект во зголемување на опфатот со вакцинација. Нема да има отстапки ниту кај оние кои се избориле со вирусот – потврдата за прележаност останува да важи само 45 дена.  

Огромен ризик за нов силен ковид бран – вработените во јавниот сектор мора да се вакцинираат за да одат на работа

Мерките на Комисијата за заразни болести ќе ги предложиме до Владата. Сега ќе видиме што е тоа на што ќе ни укажат синдикатите, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче пред почетокот на состанокот со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Согласно мерките, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, тие кои го прележале вирусот ќе треба да приложат потврда за прележан Ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист. Покрај тоа, се предлага вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници

– Искрено верувам дека претставниците на синдикатите ќе сфатат колку е битно оваа мерка да се усвои посебно после денешните резултати од секвенционирањето на вирусот. Четириесет и осум пациенти се испитаа од дијагностицираните во изминатите две три недели и кај ниту еден не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот, кој прави голем број случаи и хоспитализации во сите околни земји. Што значи дека не може да го запреме тој сој на вирусот за влезе во земјата. Соочени сме со огромен ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници, рече Филипче.

Филипче: Не размислувам за оставка

Министерот за здравство Венко Филипче не размислува да поднесе оставка поради актуелните случувања во СДСМ.

Одговарајќи на новинарското прашање, кусо одговори дека не размислува во таа насока.

Во врска со одговорноста за пожарот на модуларната болница во Тетово, тој рече дека одговори треба да се бараат кај Обвинителството, бидејќи тоа не била во негова надлежност.

Се уште нема конкретна информација за можноста да се набави вакцината „Спутник“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа вакцина, истакна Филипче, во одреден период не беше на располагање. Сепак, во овој момент, како што напомена, има доволна количина од другите вакцини.

-Заклучно со денеска имаме 200.000 вакцини „Фајзер“ со различен рок. Има доволно вакцини, најавени се и донации од европските земји, потенцира министерот.

Според него, нема конкретна информација кога ќе стигнат најавените 250.000 вакцини на „џонсон и џонсон“ од Данска.

-Беа најавени во два наврата – еднаш како информација и можност која ја прифативме и пред неколку недели со дефинитивна потврда дека може да се наменат за нашата земја. Рокот на тие вакцини е до 2023 година, но конкретен датум се уште не ни е јавен, рече Филипче.

Во врска со лекот на „Фајзер“, истакна дека се уште е во фаза на клиничка студија и затоа засега нема да се набавува.  

Град Скопје му додели награда на Филипче за достигнувања во мeдицината

Иако се уште се свежи сеќавањата од пискотниците од тетовската болница, Градот Скопје во претходниот советнички состав се одлучил да го награди министерот за здравство, Венко Филипче за неговите „достигнувања“ од областа на медицината.

Инаку се работи за наградата 13 Ноември од од областа на здравствената заштита.

13 Ноември е награда што ја доделува градот Скопје по повод денот на неговото ослободување во Втората светска војна. Наградата се доделува во повеќе категории, како: култура, наука, уметност, архитектура итн.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на градот Скопје.

Вечерта на 8 септември во тетовската модуларна болница за ковид-пациенти се случи една од најголемите трагедии во историјата на државата. Досега е потврдена смртта на 15 лица, од кои 14 биле директни жртви на огнената стихија. Последната жртва е 20-годишна жена која починала пред почетокот на пожарот. Најмалку 12 лица беа повредени.

НОВА МЕРКА од средината на октомври: НОРМАЛНО ќе живеат само ВАКЦИНИРАНИТЕ

Засега нови рестриктивни мерки или некои препораки нема да има освен тоа што сега е како критериум за влез на настани, угостителски објекти и се бара најмалку една доза вакцина. Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани, истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Канал 5 телевизија.

Посочи дека станува збор за мерка која ја воведуваат сите земји во Западна Европа и за патување, за влез на граници, настани, угостителски објекти итн.

– Тоа што сега следиме и според што се водиме се препораки на меѓународни тела, искуства од некои други земји од Западна Европа, САД, Канада итн. и тука се јасни препораките дека постарите граѓани, тие кои сакаме да ги заштитиме затоа што тие имаат и најголем број хронични болести се таа категорија граѓани кои после шест месеци од примена втора доза вакцина ќе можат да примат трета вакцина. Повеќе студии во светот укажуваат на тоа дека значајно се зголемува ефикасноста односно дека е на некој начин буст на имунитетот кога ќе се прими и трета доза. Затоа сега почнуваме со граѓаните постари од 60 години, понатаму сите здравствени работници без оглед на возраста, а тоа е така поради тоа што тие се најмногу изложени на ризик да заболат и без оглед на возраста и пациентите кои имаат некаква форма на имунокомпромитација, рече Филипче