Tag Archives: Фитнес

Заработуваат повеќе и од програмерите, платите одат и до 10.000 евра

Здравиот живот и физичката активност стануваат сè по популарни, а луѓето ангажираат лични тренери, кои може да им се посветат за што побргу да стигнат до идеалната фигура.

На социјалната мрежа „Редит“ се отвори дебата за тоа колку заработуваат фитнес-тренерите.

Дали тие добро заработуваат, па има толку голем интерес? Дали заработувате доволно да живеете како луѓе? Колку работни часови, во просек, имаат фитнес-тренерите неделно“, се вели во објавата на „Редит.

„Ако работиш за фирма, вежбалница, платата е околу 70.000 повеќе или помалку со бонуси (за групи и слично), а ако си соло, небото е граница“, напишал еден корисник на оваа мрежа.

Друг праша дали фитнес-тренерите заработуваат добри пари, па интересот е толку голем?

„Да. Некои дури и повеќе од постарите програмери. Мислам, додека редовно ги следев на ‘Инстаграм’, ми дојде на ум прашањето за бројот на клиенти. Одговорите варираа од 50 до 60, а имаше и такви што имаа и до 100, можеби и повеќе. Од секој по 100 евра, па пресметај“, вели друг корисник.

Коментарите почнаа да се слеваат, а оние што имаат искуство ја презентираа пресметката на заработката.

„Мојот тренер наплаќа 80 евра ако е групно, а мислам дека 150 е индивидуален термин. Пред еден месец бевме 40, повеќето на групни тренинзи, а исто така има многу што се онлајн, а јас мислам дека тоа е 50 евра. „Контактирав и некои други тренери, каде што ми бараат 300 евра месечно и исплата за три месеци“, вели една девојка.

„Најдобро заработуваат оние што се на онлајн-обука бидејќи за тоа не е потребно нивно физичко присуство и може да имаат многу поголем број клиенти, а во исто време не плаќа никаков данок и нема ниту еден трошок“, пишува понатаму во коментарите.

Како што напишал еден корисник, сè зависи од тоа каков маркетинг правите за себе, неговиот тренер наплаќа 250 евра месечно и секогаш е полн. Работи од 7 до 22 часот и заработува повеќе од постар програмер.

70-годишна бабичка има 1.5 МИЛИОНИ следбеници на Инстаграм

Џоан Мекдоналд почнала со фитнес на 70 години за да си го подобри здравјето, а набрзо станала инспирација за многу луѓе.

Лекарите во 2016-та година ѝ рекле дека треба да почне да зема повеќе лекови, бидејќи имала проблеми со притисокот.

Поради лековите се борела со рефлукс на киселина, што ѝ го отежнало секојдневниот живот. Нејзината ќерка ја предупредила дека ќе заврши во болница ако не преземе нешто.

Потоа тие две почнале заедно да одат на тренинзи, а после една година Џоан отворила Инстаграм профил.

Профилот го користи за да ги охрабри луѓето да почнат да водат сметка за здравјето, кондицијата и исхраната. Сега има 1.5 милиони следбеници.

За магазинот „Health“ открила кои работи постојано сите треба да ги практикуваме.

,,Јадете пет мали оброци дневно, кои се полни со протеини, јаглени хидрати и здрави масти. Спијте седум или осум часа. Дневно консумирајте три литри вода. Задолжително вежбајте наутро“.

Велосипедизмот ѝ е омилена форма на вежбање, а автомобил вози само ако оди на подолго патување. Се надева дека за 10 години и понатаму ќе биде волку силна и активна.

„Не се гледам како стареам. Во пензија имаш повеќе слободно време и треба паметно да го искористиш“, додала таа.

Мери освои четири ЗЛАТНИ МЕДАЛИ на Светското за фитнес и бодибилдинг (Фото)

Кривопаланчанката Мери Акиевска од Магнус фитнес центар, Скопје се искачи на Светскиот пиедестал во категорија Велнес фитнес освојувајќи златни медали во јуниорска и сениорска конкуренција како и две апсолутни титули во двете конкуренции, на 75-то Светското фитнес и бодибилдинг првенство за мажи и жени во Шпанија што се одржа од трети до осми ноември.

Мери Акиевска. Фото: преземено од фејсбук профил на Акиевска

– Мојата категорија е Велнес Фитнес, а на Светскиот настан освоив златен медал во јуниорска и сениорска категорија исто така и во двете категории две апсолутни титули. Мојот матичен клуб во Северна Македонија е Фитнес центарот “Магнус”. Најпрвин започнав да се занимавам рекреативно со фитнес и бодибилдинг, но за кратко време добив голема промена на мојата форма бидејќи генетиката игра голема улога и така се мотивирав и преминав веќе како професионален натпреварувач во бодибилдинг покрај тоа што работа  како тренер во “Магнус”.Во овој спорт професионално работам од 2019 година откако започна моето прво натпреварување и првите златни медали што придонесоа многу за мотивација, вели Акиевска.

Според неа, ништо не е тешко кога го работиш  со голема љубов, но бодибилдингот кај нас не е категоризиран и, како што рече, овие натпреварувачи немаат голема поддршка.

Мери Акиевска. Фото: Фејсбук профил од Акиевска

– Јас работам во фитнес центарот “Магнус” како тренер, но реално, од овој спорт во РС Македонија не може да се егзистира. Ни треба поддршка и да се категоризира бодибилдингот како другите спортови, за да имаме финансиска поддршка и нормално, да бидеме наградени и да имаме повеќе мотивација да вложуваме и на страна да ги браниме боите на татковината како јас што ја претставувам државата веќе трета година со сите златни титули, дополни Акиевска.

Рече, не е ни малку лесно да се одржи формата и да се достигне светско ниво.

Мери Акиевска. Фото: Фејсбук профил од Акиевска

– Диетите се макотрпни, се одрекуваш од нормалниот режим на исхрана, преминуваш на протеинска исхрана збогатена со протеински влакна, хидрати, но тоа е одредено со време и по мерка за да дојдеме до потребната форма и облини кои се непобедливи. Во иднина ќе продолжам со надградба на моите способности и потенцијали, надевајки се на целосна поддршка од државата и се надевам ќе имам и финансиска подршка за повеќе освојување на титули, за да преминеме во професионалци со огромен успех со кој сите ќе се гордеат, додаде Акиевска.

Таа се натпреваруваше во категорија до 163 сантиметри на ова Светско првенство во конкуренција на над 1 500 учесници од над 100 држави. Акиевска настапи под капата на Бодибилдинг фитнес федерацијата на РС Македонија,а делегацијата ја предводеше претседателот Бобан Ѓороски.

текст: Фронтлајн мк

Досега НЕВИДЕНА фитнес ИНСТРУКТОРКА (ВИДЕО)

Не, не е Топ листа надреалиста, туку во живо на српска програма, погледнете ја до сега невидената инструкторка во фитнес 🙂


Погледнете го видеото до крај 👇

СТРУМИЧАНКАТА КРИСТИНА ПЕТКОВА Е МЕЃУ ОСУМТЕ НАЈДОБРИ МИС ФИТНЕС МОДЕЛИ ВО СВЕТОТ

Струмичанката Кристина Петкова деновиве учествуваше на Светскиот шампионат во боди билдинг организиран од светската IBFF Федерација која оваа година се одржа во Копер, Република Словенија. Кристина се натпреваруваше во две групи:

– MISS BODY WELNESS ( ОСВОЕНО 11 МЕСТО ).
– MISS FITNES MODEL ( 8 МЕСТО ВО СВЕТОТ ).

„Имаше голема конкуренција. За овој натпревар се подготвував седум месеци од кои два месеци вежбав во домашни услови поради Ковид ситуацијата.“ – вели Петкова за портал Струмица Денес.