Tag Archives: Гласање

Пратениците кои ќе гласаат за Законот за родова еднаквост, Црквата може да ги лиши од крштевки, венчавки, погреби…

Да се запишат имињата на паратениците во македонскиот парламент кои ќе гласаат за закон за родова еднаквост за да Црква може да ги лиши од венчавки,крштевки, погреби… порачува викарен епископ на Скопската епархија, со титула Епископ Дремвитски Давид.

Во пресрет на денешниот црковен собир против законите за матична евиденција и за родова еднаквост, организиран од МПЦ-Охридска Архиепископија, на својот блог, довчерашниот епископ на ПОА (која се претопи во МПЦ-ОА) и кој сега е помошник на архиепископот г.г. Стефан, е оценува дека законското решение за родова еднаквост е „израз на најновиот вид анархија, продуцирана директно од државата, бидејќи таа не го слуша гласот на народот“. Тој вели дека ниту државата, ниту црквата нема против правото на избор, но оти е недозволиво „насила да се наметнува стилот на живеење на некоја минорна група“.

-Затоа, ќе треба внимателно да се запишат имињата и презимињата на оние народни пратеници, кои евентуално би кренале рака за спомнатиот закон за родова еднаквост, поточно – закон за дехуманизација! Потоа, црквата, секако доколку посака, може да размисли и да одлучи, пратениците, кои би го поддржале законот, кондиционално да ги лиши од сите свештенодејствија, кои тие, очигледно само од адет, би милувале да ги прават. Значи, доколку се декларираат како христијани, тие пратеници би биле лишени од крштевки, венчавки, погреби и сите други богослужби, кои го сочинуваат свештенотаинскиот живот на црквата, барем до мигот кога јавно ќе се преумат. На тој начин, не само поединци, туку сите заедно како општество, хармонично, еманципирано и без анархија, во мир и целосно меѓусебно почитување, ќе можеме да ги уживаме благодетите, кои ги нуди секуларното општествено уредување, порачува владиката Давид.

Тој објаснува дека црквата никогаш не ги осудува и не е против луѓето, кои имаат некаков свој, помеѓу останатото и сексуален избор.

-Тоа е нивен личен избор, кој се однесува на нивната совест. Истовремено, црквата одлучно смета дека тие луѓе не смее да бидат подложени на дискриминација или на казни! Од друга страна, пак, не е возможно да биде дозволен еден специфичен вид на „апартхејд“, поточно едно издвојување на било каква минорна трансродова група, која на тоталитаристички начин ќе му го наметнува својот стил на постоење на севкупното општество. А, новиот предлог закон за родова еднаквост го има токму трансхуманизмот како своја појдовна точка: се искоренува досегашниот модел на човек со сето негово достоинство и историја, и, се воведува нов модел на човек, кој лебди на површноста од своето постоење На крајот на краиштата, христијанскиот модел на човек секогаш подразбира сопостоење со другиот, кој и да е тој, додека пост-човечкиот модел ја подразбира слободата единствено како целосна ослободеност од другиот, како поништување на различниот!!“, пишува тој во објавата.

Извор: Скопско ехо

(ВИДЕО) Заев: Да гласаме гордо и достоинствено за Рамиз Мерко!

Среде правот што го крена Стејт департментот за ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, на проширената „црна листа“ на САД, твитерџијата Македонец #Бојкотира потсетува како поранешниот лидер на СДСМ и експремиер Зоран Заев повикуваше „гордо и достоинствено“ да се гласа токму за високиот функционер на ДУИ посочен од официјален Вашингтон за „вмешаност во голема корупција“.

Павле Трајанов НЕ ГЛАСАШЕ за Францускиот предлог

Од Демократски Сојуз соопштуваат дека Павле Трајанов НЕ ГЛАСАШЕ за Францускиот предлог..

-На денешната седница на Македонскиот Парламент, на која се расправаше за Францускиот предлот (Преговарачка рамка), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, НЕ гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ. Од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот. Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ , а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија, истакнаа од ДС.

ДС цврсто стои на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми,кои целосно ги исполнува, додаваат од таму.

Со 68 гласа ЗА Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог – ВМРО-ДПМНЕ и Левица го напуштија Собранието

Собранието  ги изгласа предлог заклучоците поднесени од пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на француската предлог преговарачка рамка, откако од вкупно 69 пратеници кои гласаа, „за“ гласаа 68 пратеници, без гласови против или воздржани.

Откако ги усвоија заклучоците, пратениците од мнозинството со аплауз ги поздравија и развиорија македонско знаме во собраниската сала, како и знаме на Европската Унија.

Претходно, пратеничките групи на СДСМ и ДУИ поднесоа нови предлог заклучоци.

Гласањето помина без Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои го напуштија македонското Собрание, откако не беше прифатено барањето на пратеничката Дафина Стојаноска за еден час пауза по завршувањето на расправата по француската предлог преговарачка рамка.

Расправата во Собранието и денеска се одвиваше во тензична атмосфера со размена на обвинувања за предавство на националните интереси и бугаризација на државата.

Жената од Софија која го ИЗЕЛА гласачкото ливче била гневна – еве на што…

Необичен инцидент се случил на изборите во Бугарија кога старица изела потврда за гласање на гласачка место, јавува Бугарската национална телевизија (БНТ).

Жената гласала, но сакала да го откаже гласањето но повторно да гласа

Според претседателката на локалната комисија, Снежина Ангелова, 74-годишната жена користела апарат за машинско гласање, но откако го добила гласачкото ливче се предомислила и побарала повторно да и дозволат да гласа.

По одбивањето на барањето, жената одбила да го предаде гласачкото ливче до членовите на изборната комисија, како што налагаат прописите.

Наместо тоа, таа почнала да бега од избирачкото место јадејќи го изборното ливче.

– Се обративме до Окружната комисија, бидејќи за 25 години од кога сум на чело на изборната комисија, вакво нешто не ми се случило. Рекоа ливчето кое недостасува во списокот да биде евиденти како изедено – рекла Ангелова.

Во Бугарија годинава се одржуваат трети парламентарни избори, како и претседателски.

Во Софија жена ГО ИЗЕЛА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ

Жена го изџвакала и го голтнала гласачкото ливче, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Комисијата е необјасниво однесувањето на жената.

–Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева.

Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.

Таравари: Имаме замена за пратеникот Кастриот Реџепи, Владата ќе падне

Генералниот секретар на АА Арбен Таравари излезе со изјава откако пратеникот Кастриот Реџепи не се појави на собраниската седница.

Таравари изјави дека имаат замена за пратеникот Кастриот Реџепи, кој во последен момент го смени ставот и нема да поддржи рушење на Владата.

Тој изјави дека до 7:30 се било во ред, притоа додавајќи дека „тоа се комунистичките методи на власта“.

Сигурно има притисок, разговаравме во 7:30 со пратеникот и се беше во ред. Мислам дека имаме замена и ќе има решение за оваа работа. Не можам да ги кажам имињата на пратениците, како што знаете имаше голем притисок синоќа. Но, нема каде, оваа влада ќе падне“, рече Таравари, пренесува Тетовасот1.

Кастриот Реџепи од БЕСА ја предаде партијата немало да гласа на седницата (Видео)

Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движењето Беса на кое припаѓам е евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија.Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и ЕУ кои ми беа пренесени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно ќе отпочне преговори за членство во ЕУ, решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.


На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и тонење во турбулентни води полни со непознати работи – пишува на Фејсбук пратеникот од БЕСА Кастриот Реџепи.

Моментално седницата е на еден час пауза, а во Собранието влегоа заразените со Ковид пратеници.

ВО ЖИВО – Седницата на која се гласа недоверба на Влада

Најавен почетокот на собраниската седница на која најдоцна пред полноќ треба да се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев.

Иницијативата за гласање доверба на Владата со 61 потпис ја поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Беса, која беше во коалиција со СДСМ. По реакција на пратеникот Скендер Реџепи Зејд од Алтернатива, својот потпис вчера од иницијативата ги повлече претседателот на Левица Димитар Апасиев, но и 16 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете во живо на следниот линк

Ќе падне ли утре Владата?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тврди дека е најдено решение со потписите на иницијативата за гласање недоверба на Владата и убеден е дека утре ќе падне Владата.

Пред истекот на работното време, денеска во архивата на Собранието 17 пратеници ги повлекле потписите од иницијативата за гласање доверба на Владата поднесена во понеделникот. Ситуацијата е следна: Иницијативата останува во живот, 17-мината пратеници се повлекле само од потписници, за да не бидат заедно на ист список, а сите притоа ќе гласале за недоверба на Владата.

Меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ги повлекле потписите се и Александар Николоски и Владо Мисајловски, а потписите ги повлекле и двајцата пратеници од Левица, Димитар Апасиев и Борис Крмов, со што е задоволено барањето на Скендер Реџепи неговиот потпис да не стои до потписите на Левица.

Утре почнува седницата за Барање за гласање доверба на Владата.

По повлекувањето на дел од пратениците потпишани на иницијативата, претседателот на Алтернатива Африм Гаши попладнево на прес-конференција рече дека тој и уште тројцата пратеници од негова партија утре ќе гласаат за недоверба на владата.
Тој додаде дека не треба да има брзи избори, туку нова влада избрана од актуелниот парламентарен состав.