Tag Archives: Гостивар

Со каиш ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство информираа надлежните.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43 – годишен гостиварец за кривичните дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 15 октомври, при вршење семејно насилство во домот во кој живеел во заедница со оштетените, започнал расправија по што ги нападнал оштетените и нанел телесни повреди. Тој побарал парични средства, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница нанесувајќи и телесни повреди.

Кривичното дело загрозување на сигурноста обвинетиот го сторил на штета на неговата ќерка. Тој неколкупати праќал пораки на нејзиниот мобилен телефон со закани кон неа и нејзината мајка.

Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

„Би сакала само јакна и чизми и барем да пробам хамбургер – последен пат јадев кога тато беше жив“

Три храбри жени во една трошна куќа оставени сами на себе, без доволно храна и само со едно социјално, раскажуваа за својот сиромашен жив и бараат помош од хуманите да се стоплат барем зимава.

Израсната сум без мајка, мајка ми повеќе фали од татко ми, ете тој ме израсна и ме школува со една минимална плата. Со сопругот се запознавме во Кичево, тој беше таксист и кога се зедовме,не видовме некој добар живот, со една минимална плата тоа е, вели Весна за ,,Срце на Дланка,, од Алфа телевизија.

Сето ова што го гледате е останато од свекорот, многу тешко се живее со социјална помош, но ајде еве со сопругот како така врзувавме крај со крај но сега.Многу е тешко да се остане без сопург на млади години, се се случи пред наши очи, девојчето ме погледна и ми рече како сега сите ќе имат татко а јас не. Често сме гладни, кога ќе се потроши социјалното, а девојчето си бара, еве доаѓа зимо, а треба јакна, чизми, немам од каде да му дадам, вели Весна низ солзи.

– Би сакала да имам детска соба, и барем чизми и јакна, исто така да јадам хамбургер, последен пат јадев кога тато беше жив, вели малата Лена.

 Таа вели дека нејзините другарки имаат телефон но таа не, вели ова скромно девојче.

Доколку сакате да и помогнете на малата Лена да си ги оствари своите скромни соништа и да помогнете на нејзиниото семејство тоа може да го сторите на бројот 078562116 или на трансакциската сметка во следново видео:

НЕ САМО ВО ТЕТОВО: И во гостиварската болница се влегувало преку прозор за посета на заразените

Тетовчани не се единствените во земјава кои ги посетуваат и се грижат за своите роднини позитивни на ковид во инфективните болнички одделенија, иако тоа е строго забрането. Во многу градови низ земјава тивко се одобруваат такви посети, објавува Радио Слободна Европа.

Пензионерот Бахредин Сулејман кој поради потешкотии од коронавирусот бил хоспитализиран во гостиварската болница неколку дена сведочи дека посетите во ковид центарот се дозволени. Тој вели дека во болничката соба на инфективното одделение го посетиле неговите деца.

„Доле ќе го облечат во нивно одело и ќе го пуштат, ама само по еден на посета пуштаа“, вели тој.

Докторот Билали признава дека иако посетите и задржувањето подолго со ковид пациенти во болницата не се дозволени, роднините не секогаш го почитуваат тоа правило. Но. додава дека таквите злоупотреби не биле чести . Тој објаснува дека медицинските работници не можат да бидат и обезбедување на болницата.

„Значи роднини да се грижат за пациент по неколку часа немало, дури ни редовни посети немало, ви велам се случувало на пример некогаш кога е при крај, гледаат некои пациенти од емоции, им се случува да влегуваат преку прозор. И нормално нема ни да го забраниш, кога некој човек губи близок човек од семејството, нема резон јас или сестрата да се бави со тоа да не му дозволи да влезе внатре кога нас ни е приоритет да дадеме се од нас да спасиме колку што можеме“, вели Билали.

Министерот Венко Филипче на прес конференцијата еден ден по трагичниот настан во Тетово беше дециден дека посети во инфективни одделенија каде што се лечат пациенти со заразни болести се строго забранети.

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА на патот Гостивар-Кичево, еден загинат и седумина повредени

Во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случила кај Стража на патот Маврово – Кичево учествувал и Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, објави порталот МКД.мк.

МИА објави дека во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, денеска во 15.30 часот се случила сообраќајна несреќа. Во неа учествувале три моторни возила: џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет.

Од повредите здобиени при сударот едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.Можеби ќе ве интересира

Засега нема информации како дошло до несреќата и што ја предизвикало.

Во моментов јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид.

Од СВР Тетово посочуваат дека денеска во рамки на акцијата за контрола на брзина на сообраќајот во полошкиот регион, биле изречени 86 мерки.

Шофер на гостиварски автобус во џебови сокрил 100.000 швајцарски франци

При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци.

На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О. државјанин на Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул. При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени 2 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци.

Девизните средства се привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд Во Крива Паланка

ЗАБОЛЕН од Ковид-19 ИЗБЕГАЛ преку ПРОЗОРЕЦ во болницата во Гостивар

Во Гостивар е забележан необичен настан. Снимен е пациент како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести.

Се уште нема реакција од болницата или полицијата во врска со овој случај, пренесува Лајме.

Земјата се соочува со зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. По Скопје, Гостивар и Тетово се најзаразените градови.

Од почетокот на пандемијата во Гостивар се регистрирани 7.503 случаи на коронавирус, додека во моментов има 1.394 активни случаи.

Бoлницитe вo Teтoвo, Гocтивap, Cтpyгa и Kичeвo пpeпoлни co кoвид пaциeнти – aктивни нaд 13.000 cлyчaи

Болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево сè уште се преполни со пациенти со Ковид-19. И вчера таму беа забележани повеќе нови случаи во однос на другите градови. Но и повеќе починати. Од новозаразените 1.082, од Тетово се 87, од Гостивар – 72, Кичево – 57, а во Скопје – 406. Од 27-те починати, шест се од Тетово, пет од Гостивар, три од Кичево. Тројцата починати од Кичево се на возраст 48, 46 и 45 години.

Одговорните за здравство смируваат. Тие сметаат дека во полошкиот регион веќе е достигнат пикот и сега ситуацијата ќе почне да се смирува.

Заменикот-министер за здравство Илир Хасани деновиве учествува на сите состаноци кои ги има кризниот штаб за Општина Тетово, а на средба со новинарите истакна дека нови дополнителни мерки за градот и регионот не се потребни, сметајќи ги како контрапродуктивни.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.

– Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев.

Во однос на зголемениот број ковид-случаи, посебно во Тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави сè уште трае координацијата со директорите на болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево, со цел на секој пациент на кој му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје, каде што сè уште има места во болницата во Козле, каде ротира тим на лекари специјалисти инфектолози и пулмолози.

– Спремни се други дополнителни капацитети, меѓутоа, засега освен оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид центар како што беше тоа во претходниот бран, изјави Филипче.

Според него, охрабруваат новите бројки на дијагностицирани во смисла на тоа дека опаѓаат, но премногу е рано да се каже дека ова е некаков тренд. Затоа будно ја следиме ситуацијата и ги следиме сите параметри, рече Филипче, повторно повикувајќи на масовна вакцинација, која, како што рече, треба да стави крај на пандемијата.

– Сите пандемии и епидемии, историски гледано наназад во светот завршиле исклучиво со вакцинација, а не со прележување на болеста и сега кога имаме инструмент и механизам на располагање и кога е докажано ефикасен и ефективен, што се докажува со релативно помал број пациенти во градовите во кои е поголем опфатот на вакцинација, истакна министерот за здравство, кој ги повика родителите на децата да се вакцинираат пред почетокот на учебната година.

Тој рече дека се разгледуваат и некои светски искуства за тоа што се прави во училиштата во однос на брзи тестови кај децата.

– Она што е карактеристично и интересно е тоа што во последниот период значајно расте интересот за вакцинација на помладите граѓани, особено од 18 до 40 години и сега таа бројка изнесува 170 илјади вакцинирани граѓани, што според анализите е 26 проценти од вкупно население во тие возрасни групи, рече министерот Филипче.

Од вчера почна со работа и пунктот за вакцинација во малата сала во СЦ Борис Трајковски. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат може да го направат тоа без закажан термин. Во останатите поликлиники во Скопје и во сите други пунктови низ државата продолжува да се одвива вакцинацијата и ревакцинацијата на граѓаните.

Заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 9.123 граѓани, а се вакцинирале 13.303 граѓани.

Со последните бројки, 70 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, тој процент кај оние над 65 години е 69 отсто, кај оние над 60 е 65 отсто, а кај населението над 50 години 56 отсто е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Досега во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи е 13.235.

За потсетување на првата половина на јули, бројот на активни случаи беше 130, а денеска, по месец и половина се искачи на 13.235.

Најмногу активни има во Скопје – 4710, следи Тетово со 2021, Гостивар – 1531, Куманово – 847, Струмица – 651, Кичево – 619, Струга – 447. Во другите градови таа бројка е под 400. Најмалку активни има во Дојран, само два.

Ваквата епидемиолошка слика, ја отвори дебатата дали децата треба да почнат настава со физичко присуство. Вчера дел од родителите бараа од министерката за образование и наука Мила Царовска да дозволи децата да следат онлајн настава, без да покажуваат лекарски извештаи како доказ дека имаат хронично болни во семејството. И градот Тетово побара во првите три недели учениците да следат онлајн настава, имајќи ја предвид лошата епидемиолошка состојба во овој град.

Засега МОН останува на ставот дека учебната година треба да почне со физичко присуство и оти училиштата за тоа се подготвени.

Освен онлај наставата, мерките на Владата, влез во многу места само на вакцинирани лица најмалку со една доза, сè уште ја брануваат јавноста.

Вчера бизнис секторот се пожали дека со новите ковид мерки, трговските центри се речиси празни, а посетеноста е намалена за 60 отсто во споредба со минатиот месец.

ИМАЛЕ РЕШЕНИЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА: Осум лица од Гостивар и четири од Тетово ја напуштиле државава

На 19.08.2021 полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамки на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно осум лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Чајле, Мало Турчане и Велебрдо, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.На 18/19.08.2021 од полициски службеници на СВР Тетово по извршена проверка било констатирано дека четири лица од Тетово кои имале решенија за изолација ја напуштиле земјата, информираа од МВР.

Против лицата ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ казниво по член 206 од Кривичниот законик.

МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ПРЕСТАНУВААТ ДА БЕГААТ – секојдневно наместо во изолација ја напуштаат земјата

Четири лица наместо во изолација ја напуштиле Македонија.

-Вчера полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар извршиле контрола на лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Притоа, било констатирано дека А.И.(33) од тетовско Селце, Ќ.М.(55) од Тетово, малолетно лице од Голема Речица, С.М.(52) од Тетово и Н.Б.(29) од Гостивар не биле затекнати во своите домови, односно ја напуштиле државата, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.

Утринава регистрирани три земјотреси во подрачјето Тетово-Гостивар

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 24.05.2021 година, регистрира три земјотреса и тоа во 3 часот и 52 минути, 4 часот и 59 минути и во 6 часот и 15 минути, од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 65km југозападно од Скоpje во околината на Маврово и беа првите два со локална Рихтерова магнитуда ML3.2 додека третиот со магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци првите два земјотреса беа почувствувани од населението во Маврово со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Гостивар и Кичево со интензитет од III степени а третиот земјотрес беше почувствуван во Маврово и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје