Tag Archives: имунитет

ВАКЦИНИТЕ ЕДВАЈ ШТИТАТ 30 ПРОЦЕНТИ Реинфицираните со омикрон стекнуваат најсилен имунитет

Важен момент е тоа што огромен број од луѓето кои прележале корона и сега повторно се заразени, не завршуваат во болница и не го оптоваруваат здравствениот систем. Тоа е така затоа што многу посилен имунитет стекнуваат луѓето кои веќе еднаш го прележале вирусот, отколку оние кои само се вакцинирани, а никогаш не се заразиле, објаснува микробиологот д-р Никола Пановски.

Вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, но со секоја појава на нова варијанта на коронавирусот, ефикасноста на вакцините опаѓа, вели микробиологот д-е Никола Пановски за Фактор.

– Се појавија сосема различно соеви на коронавирусот и токму тие се главната причина поради што поединци повторно се заразуваат иако веќе еднаш ја прележале болеста. И вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, а сега, со секоја појава на нова варијанта, нивната ефикасност опаѓа. За сојот омикрон, на пример, вакцините едвај штитат 30 проценти. Сепак, важен момент е тоа што огромен број од луѓето кои прележале корона и сега повторно се заразени, не завршуваат во болница и не го оптоваруваат здравствениот систем. Тоа е така затоа што многу посилен имунитет стекнуваат луѓето кои веќе еднаш го прележале вирусот, отколку оние кои само се вакцинирани, а никогаш не се заразиле – објаснува д-р Пановски.

Тој додава дека само вакциналниот имунитет не е доволен.

– За жал, кај нас „некои глави“ тврдат дека вакциналниот имунитет е подобар, што според мене е трагикомично. Според науката, супер имунитет имаат луѓето кои прво биле заразени, а потоа се вакцинирале. На толку многу мутации, особено со омикрон, само прележаноста едноставно „не важи“, особено за луѓето кои се заразиле во 2020 година или лани пролетта. Изминат е долг период, а со текот на времето имунитетот опаѓа. Овој сој ги заразува сите, но многу е важно што оние кои претходно биле болни, а потоа и се вакцинирале, ќе поминат многу полесно – посочува д-р Пановски за Фактор.

Д-р Петличковски: Тpетa дoзa нeмa да coздaде кoлeктивeн имyнитeт, треба да се вакцинираат и децата

Директорот на Институтот за имунологија Александар Петличковски вели дека третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет бидејќи сѐ уште има луѓе кои не примиле ниту прва доза.

Тој во интервју за Телма рече дека сега треба да се вакцинираат и децата бидејќи, како што вели, поради децата кои одат на уччилиште се создаваат можности за пренос на Ковид-19.

– Бустер дозата, односно третата доза од вакцината против ковид-19, кај нас нема многу да помогне за создавање колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои сè уште не примиле ниту прва доза. Сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години. Ако ги оставиме децата неуминизирани, а тие одат на училиште, се создаваат можности за пренос на вирусот – рече д-р Петличковски.

ТРАЕН ИМУНИТЕТ кај сите што прележале Ковид со благи симптоми!

Научници од САД утврдиле дека кај сите што прележале Ковид со благи симптоми се развил траен имунитет. Имено во студијата која ја спроведе Медицинскиот факултет при Унверзитетот во Вашингтон е утврдиле дека со месеци откако ќе се опорават од благата инфекција со ковид-19 луѓето сè уште имаат имуни клетки кои произведуваат антитела против коронавирусот.

Истражувачите откриле дека таквите клетки можат да опстанат во резерва и цел живот, произведувајќи антитела цело време, се наведува во студијата која е објавена во понеделникот во магазинот „Nature“.

Се сугерира дека благите случаи со коронавирусот ги оставаат пациентите со трајна заштита и дека повторени инфекции веројатно ќе бидат невообичаени.

„Минатата есен имаше извештаи дека антителата брзо опаѓаат по инфекција со вирусот кој предизвикува ковид-19, а водечките медиуми тоа го протолкуваа како да имунитетот не опстанува долго. Но тоа е погрешно толкување на податоците. Нормално е нивото на антитела да опаѓа по акутна инфекција, но не паѓа на нула, туку се одржува на одредено ниво“ – нагласува еден од авторите на студијата Али Елебеди, вонреден професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Вашингтон.

Истражувачите нашле клетки кои произведуваат антитела кај испитаниците 11 месеци по појавата на првите симптоми. Тие веруваат дека тие клетки ќе живеат и ќе создаваат антитела до крајот на човечкиот живот, а тоа е силен доказ за долготраен имунитет.

Во текот на вирусната инфекција, имунолошките клетки кои произведуваат антитела брзо се множат и циркулираат во крвта правејќи нивото на антитела да биде мошне високо. Но, еднаш кога инфекцијата ќе престане, повеќето такви клетки ќе изумрат, а нивото на антитела опаѓа.

Сепак, мал дел од тие клетки, кои се наречени долговечни плазма клетки, мигрираат во коскената срцевина и тука се населуваат. Во коскената срцевина овие клетки непрекинато лачат ниско ниво антитела во крвотокот како би се заштитиле од новата средба со вирусот.

Елебеди и неговите колеги тестирале 19 луѓе кои давале примероци од крв во интервали од три месеци, почнувајќи од месец дена по почетокот на инфекцијата. Повеќето имале благи симптоми, а шест учесници биле хоспитализирани.

Тие ја анализирале коскената срцевина на учесниците седум или осум месеци по почетокот на инфекцијата. Петмина од нив се вратиле по четири месеци и повторно дале примерок од срцевината. Научниците ги споредиле со примероци од 11 луѓе кои никогаш немале ковид-19.

Откриле дека нивото на антитела во крвта на пациентите кои прележале ковид брзо опаѓа во првите неколку месеци по инфекцијатa, а потоа се стабилизира, односно е на едно исто ниво.

„15 од 19 примероци на коскена срцевина на луѓе кои прележале ковид-19 содржеле клетки кои произведуваат антитела, особено целејќи на вирусот кој предизвикува ковид-19. Таквите клетки и натаму може да се пронајдат четири месеци подоцна кај пет луѓе кои се вратиле да дадат и втор примерок на коскена срцевина“ – велат истражувачите.

Од друга страна, ниеден од 11-те лица кои не прележале ковид-19 немале такви клетки во коскената срцевина.

„Овие клетки не се делат. Тие мируваат во коскената срцевина, и лачат антитела. Тоа го прават од крајот на инфекцијата и тоа ќе го прават во недоглед. Сè уште во целост не е јасно дали би имале ист резултат и при истражување кај пациенти кои го прележале умерен до тежок облик на ковид-19“ – тврди доктор Елебеди.

Пановски вели дека граѓаните стекнаа колективен имунитет поради природно заразување

Mикробиологот Никола Пановски вели дека е што е на отворено не е опасно.

Но, смета дека вирусот нема да се шири како претходно. Пановски вели дека граѓаните стекнаа колективен имунитет поради природно заразување, а не поради вакцините. 

„Со оглед на тоа што мерките беа доцна донесени, многу голем дел од населението доби контакт со вирусот, некој го поминаа без симптоми некои не знаеја дека го имаа..и некои завршија во болница.Според сите проценки околу 60 проценти го имаат прележано вирусот и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите“, вели професорот Пановски, за Алфа.

Рече дека добар дел од населението, веќе е имун, но и топлото време има влијаниие за намалување на бројките.