Tag Archives: измама

Владата на Петков ги проневерила средствата за украинските бегалци – ФИНАНСИРАЛЕ “МРТОВЦИ”?

Кабинетот на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков најверојатно ги злоупотребил средствата наменети за украинските бегалци, се вели во изјавата на министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев.


Владата на Петков функционираше до август 2022 година, по што беше формирана техничка влада. Според него, националниот оперативен штаб го привлекол вниманието на трошењето на средствата од двете влади.

Кога станува збор за поддршката на бегалците од Украина, тој забележал голема разлика во потрошените суми во истиот период.
„Во истиот период од пет месеци, редовната влада потрошила 150 милиони лева (речиси 77 милиони евра), а техничката влада – 43 (нешто повеќе од 22 милиони евра)“, изјави министерот за новинарите.


Тој додаде дека 43 отсто од средствата (најверојатно тие што ги определила Владата на Петков) биле исплатени на 24 физички лица кои биле одредени како лица за контакт на 42 фирми. Дополнително, остана нејасно кому конкретно и на колку луѓе е насочен дел од средствата, поточно сумата од 93 милиони лева (48 милиони евра).


Исто така, министерот рече дека во текот на работата на Владата исплатите на Петков ги вршело Министерството за туризам.


„Најверојатно финансиската поддршка им е дадена на „мртви души“ – луѓе кои биле сместени во хотели само на хартија“, рече министерот.

Поранешната вицепремиерка Калина Константинова, која се занимаваше со прашањето за помош на украинските бегалци, категорично ги отфрли овие тврдења, нагласувајќи дека нема „мртви души“. Сите средства за бегалците беа доделени преку ЕУ, а не од буџетот.

ПАДНА МИКИ МИРНЕСА! Уапсена келнерката која е осомничена дека украла МИЛИОН ЕВРА

Мирнеса С.(42), осомничена дека измамила германска компанија за милион евра, пристигнала од Црна Гора на аеродромот во Штутгарт, каде вчера е уапсена, пишуваат германските медиуми.

Нејзиниот адвокат претходно најави дека Мики ќе се предаде, како и точното време на нејзиното пристигнување на аеродромот. Се уште не е познато каде ги сокрила парите.

– Сакала да се предаде, па нејзиниот адвокат контактираше со полицијата и ја извести кога доаѓа во Штутгарт, соопшти германската полиција.

Според германските медиуми, Мирнеса била мирна при апсењето, а полициските службеници потврдиле дека се криела во Црна Гора.

Да потсетиме, Мирнеса, која украде милион евра од германска компанија, по што исчезна, во Штутгарт е позната и по прекарот Мики.

Како што претходно информираше германската полиција, Мирнеса на 14 октомври украла пари до кои имала пристап како вработена во компанија за транспорт на пари. Кражбата била откриена истиот ден, а полицијата веднаш започнала истрага.

Се зборува и дека Мирнеса сакала луксуз, но не можела да си го дозволи. За брендираните производи како ролекс, кои таа сакаше да ги покажува на фотографиите на Инстаграм, нејзините пријатели рекоа дека се копии.

Поранешен колега од фирмата која ја ограбила Иван Ангелов изјавил дека прво бил шокиран, но се сетил дека Мирнеса често зборувала дека повеќе не сака да работи, туку да се забавува, пишува германскиот РТЛ. Тој додал дека можела се да направи за мажот што го сакала и дека најверојатно сама не го организирала грабежот.

Поднесено ОБВИНЕНИЕ против Жан Митрев за ,,измама” – Му се заканува казна 10 години затвор

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против д-р Жан Митрев и неговата истоимено клиника. Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Ова беше соопштено на денешниот брифинг во Јавното обвинителство.

На синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма тој рече дека е невин, никого не измамил и дека пациентите свесно по своја волја поднесувале депозити. За сите ненаправени услуги, како што рече, средствата биле враќани на нивна сметка.
Основното јавно обвинителство Скопје во август отвори истрага за измама на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“, а сопственикот на приватната клиника беше повикан на распит во врска со лекувањето на пациентите со методот на хемофилтрација. За да го спречи Џан Митрев да ја напушти државата, скопското обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за одземање на пасошот.

УАПСЕН КРАЛОТ НА КРИПТО БЕРЗАТА, бил на Бахамите – Ќе го изгуби цело богатство

Сем Банкман-Фрид, озлогласениот поранешен извршен директор на берзата за крипто валути „Еф-те-екс“ (FTX) синоќа беше обвинет по низа федерални прекршоци за измама, поврзано со ставање во заблуда на инвеститори и трошење на милијарди долари добиени од неговите клиенти за сопствени потреби.

Тој беше задржан од властите додека се наоѓал во својата вила на Бахамите, каде што живее, изјава јавниот обвинител на островската земја.

Федерална голема порота од САД го товари Банкман-Фрид по осум кривични дела, од злоупотреба со трансфер на пари до прекршување на закони за финансирање изборни кампањи, се дознава од тужбата објавена денеска од јужниот округ на Њујорк.

Банкман-Фрид, исто така, е обвинет за користење пари од клиенти за неговиот приватен хеџ фонд за криптовалути и употреба на нивниот капитал „да прави непознати инвестиции, да купува раскошни недвижности и да прави големи политички спонзорства“.

-Тој изгради кула од карти на темели на измама, а истовремено им велел на инвеститорите дека тоа е едно од најбезбедните градби за крипто“, изјави Гари Генслер, раководител на Комисијата за хартии од вредност и берзи (СЕК).

Банкман-Фрид сега се соочува со барање за екстрадиција во САД. Според познавачите, тој може да ја оспори, па се очекува процес за реализација на екстрадицијата пред да започне судењето.

Дел од американските медиуми јавуваат дека покрај раскошната вила, тој поседувал хотели на Бахамите со кои управувале неговите родители.

Ја лажеле дека ќерка ѝ згазила дете и ѝ барале 20.000 евра да не оди во затвор, полицијата приведе двајца Бугари

Полициски службеници од СВР Скопје денеска ги приведоа К.О.И.(51) и Г.Е.М. (56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, кои со измама се обиделе да земат 20.000 евра од 65-годишна жена од Скопје, лажејќи ја дека нејзината ќерка прегазила дете и дека тие ќе и помогнеле за да не оди во затвор.

– Вчера (13.09) на 65-годишната жена од Скопје на телефон и се јавило непознато лице кое се претставило дека наводно е полициски началник и и кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што згазила дете и ако сака да ја спаси од затвор требало да му даде 20.000 евра. Оштетената му рекла дека има дома само 7500 евра, а другите пари ќе ги даде дополнително. Измамникот и рекол парите што ги има да ги даде веднаш, а останатите наредниот ден, па оштетената околу 16:00 часот на локација во општина Аеродром ги дала парите на, за неа, непознато лице. Денеска, измамникот повторно се јавил околу 7 часот, по што оштетената го пријавила случајот во Полициска станица Аеродром, соопштија денеска од МВР.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности за приведување на измамниците и дадени се насоки на оштетената како да постапува.

Откако на подрачјето на општина Центар оштетената му ги дала парите на измамникот, тој е лишен од слобода и утврдено е дека станува збор за К.О.И..

– Веднаш потоа е приведена и Г.Е.М., која  го чекала во ресторан, во близина на местото каде К.О.И. беше лишен од слобода. Кај нив се пронајдени пари кои потекнуваат од кривични дела. К.О.И. во службен разговор го признал делото, а признал и дека на сличен начин измамил лице од Кавадарци и лице од Охрид, појаснуваат од МВР.

По документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на вакви измами, а доколку добијат вакви повици,  случајот веднаш да го пријават во најблиската полициска станица.

Го нашле лажниот љубовник од Фејсбук кој „олесни“ битолчанка за 7.500 евра

Четириесет и деветгодишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 6.500 евра и 72.000 денари.

Според пријавеното, тие се запознале во мај оваа година преку социјалната мрежа Фејсбук и биле во љубовна врска, при што лицето и ги побарало парите за да одблокира сметка од негова фирма и ветило дека брзо ќе ѝ ги врати.

Како што е пријавено, откако открила дека лицето лажно ѝ се претставило и дека не поседува фирма, случајот го пријавила во полиција, информираа од МВР.

Лишен од слобода е Д.М.(31) од Пробиштип од страна на полициски службеници од Полициска станица Пробиштип.

Тој се сомничи дека во периодот од мај до јули оваа година, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6500 евра и 72.000 денари, за што беше пријавено на 27.07.2022.

Со втората Битолчанка се запознале во мај оваа годинава и биле во љубовна врска, при што лицето и ги побарало парите за да одблокира сметка од негова фирма и ветило дека брзо ќе ѝ ги врати.

-Тој бил спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Вработен во пошта украл 220 илјади денари од починато лице

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Новак, општина Центар Жупа за фалсификување службена исправа.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување службена исправа“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д. Ј. (58) од селото Новак, општина Центар Жупа. Тој, во својство на вработен во подружницата на АД „Пошти“ во селото Голем Папрадник, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено извршил присвојување на парични средства, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.


Со ова казниво дело тој присвоил парични средства во вкупен износ од 220.000 денари.

ИЗМАМА КАКО НА ФИЛМ: Скопјанка му дала околу 50 илјади евра на роднина да го излекува нејзиниот 21 годишен син од дрога, потоа настанал хаосот

На 17.09.2021 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, 48-годишна жена од Канада, со престој во Скопје, пријавила дека во периодот од јуни до август оваа година била измамена за сума од околу 50.000 евра од страна на нејзин роднина Љ.Н. од Скопје.

Според пријавеното, откако нејзиниот 21-годишен син дошол во Скопје, мајката на пријавителката во јуни забележала чудно однесување кај него и го споделила проблемот со нивниот роднина Љ.Н., кој укажал дека нејзиниот внук најверојатно има проблем со дрога и се понудил да помогне со негово лекување со одредена скапа терапија.

Како што е пријавено, пријавителката се согласила и во повеќе наврати му дала на Љ.Н. околу 50.000 евра, но кон крајот на јули и таа дошла во Скопје и се посомневала во терапијата што ја примал нејзиниот син, по што пријавила во полиција. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

„Не му верувајте на Заев тој му служи на Ѓаволот, на Сорос, на Бил Гејст…целиот свет го измамија“ (Видео)

Видео од револтиран граѓанин кој очигледно е против вакцинацијата, пред пунктот за вакцинација пред салата Борис Трајковски во Скопје, со свој говор ги поздрави присутните, заслужува да биде твит на денот 🙂

Видео:

Маж излажал дури 35 девојки, за да добие подароци за лажни родендени: На крајот бил уапсен

На секоја жена и дал лажен датум за неговиот роденден, со цел да обезбеди постојан прилив на подароци.
Маж од Јапонија бил уапсен откако бил во врска со дури 35 жени истовремено, со цел да добие подароци за лажни родендени.
39-годишниот Такаши Мијагава бил приведен затоа што изневерил 35 жени, откако се преправал дека е сериозен кон нив, пренесува Ладибли.

На секоја жена и дал лажен датум за неговиот роденден, со цел да обезбеди постојан прилив на подароци.

Во еден случај, Такаши и кажал на својата 47-годишна mistубовница дека неговиот роденден е на 22 февруари, иако неговиот вистински роденден е на 13 ноември.


На една од своите жртви, 40-годишна жена, и рекол дека неговиот роденден е во јули, додека другата верува дека е роден во април.

Јапонските медиуми јавуваат дека тој изневерил вкупно 35 жени, но дека постои можност да има повеќе негови жртви.

Се на се, Мијагава е обвинет за изневерување жени за 700 евра, кои ги потрошиле на роденденски подароци и облека.

Тој ги запозна своите жртви додека работеше во маркетинг компанија, продавајќи одредени производи.

Медиумите јавуваат дека тој им приоѓал на жени и започнал врски, тврдејќи дека во одреден момент ќе се ожени со неа.

Жените на крајот „провалиле“ и го пријавиле во полиција.