Tag Archives: Извидници

Лила распали по исмејувачите на Петар: Може ли само еднаш да не упропастиме нешто толку симпатично, детски и наивно!?

Дали може еднаш , барем ЕДНАШ да не упропастиме нешто толку симпатично, детски и наивно…?! -напиша Лила на Фејсбук.

Дали може ЕДНАШ фино да се насмееме на нечија реакција без притоа да имаме потреба да бараме маани, да анализираме ДНК, и даваме дијагнози до нечие трето колено ?!!!! Аман бре луѓе АМАН !!! Па ако нешто е толку очигледно е токму нормалноста на Петар…фино, културно воспитано дете. Интелигентно со убава течна мисла за разлика од многуте кои што овде деноноќно нешто пишуваат и паметуваат а се полуписмени !!!!

Искрена душа кој ете едноставно не сака грашок ( како впрочем и многу други деца) и најискрено ги сподели своите чувства и доживувња! На секој кој пишал лош коментар нека му служи на чест, на родителите ќе им кажам дека имаат едно прекрасно воспитано и умно момче а на Петар ќе му кажам само едно: “Што и да пишуваат и да зборуваат не можат да ти го земат тоа што го поседуваш а тоа е харизма, интелигенција и една светла ѕвезда која допрва ќе сјае…и секако сакам да те запознаам и да те носам на бурито во некој убав ресторан – напиша ТВ водителката Лила Стојаноска на ФЕСБУК.

Петар од извидници, легендо тешка, ја развесели цела Македонија (Видео) 🤣

Видео на социјалните мрежи стана неверојатен хит овие два дена. Тоа е Петар Ачковски од извидници кој ја насмеа цела Македонија.

Браво грашоче со тебе сме легендо :))))))

Заев за скандалот кој ја вознемири јавноста: Што е тоа за извидничкиот камп? Првпат слушам

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање да го каже својот став изјави дека првпат слуша за аферата со скандалозниот извиднички камп кој деновиве ја вознемири јавноста.

Премиерот Заев изјави дека не е информиран и побара новинарското прашање да му биде доставено писмено.

Ова е неговата изјава:

„Што е тоа за извидничкиот камп? Не знам што се случува во моментов. Не сум информиран. Ако ми појасните што е тоа со извидничкиот камп. Ве молам писмено да доставите за што точно се работи да дадам одговор за личен мој став или за став на Владата. Навистина првпат слушам за ова“.

По неколку дена скандал Пpвиот Скoпcки Извиднички одpeд СУСПЕНДИРАН oд Cojyзoт нa извидници

Сојузот на извидници изразува загриженост за настаните за кои се пишува во изминатите денови, и истовремено го осудуваат секое непрофесионално медиумско известување со кое неосновано се нарушува угледот на извидничката организација како целина.

-Сојузот на извидници на Македонија во изминатите денови вложи сериозни напори да се воздржи од коментирање на сензационалистичките објави на речиси сите медиуми во државата во врска со наводни скандалозни активности на извиднички камп. Целта на ваквиот пристап е овозможување на надлежните државни органи и институции самостојно, независно, непристрасно и непречено, со согласност со нивните законски надлежности, да ги расветлат сите факти поврзани со случајот. Истовремено, единственото соопштение на СИМ со кое се осудуваат било какви акти на вознемирување и се повикува на целосно расчистување на случајот помина речиси незабележано во јавноста. Сепак, поради огромниот број на медиумски наслови и “стории” кои содржат очигледни намери за генерализирање на настанот и дискредитирање на извидничката организација, принудени сме да реагираме со вакво соопштение, со цел барем во одредена мера да ги ублажиме непроценливите штетни последици кои се предизвикани по извидништвото, како резултат на безмилосниот натпревар помеѓу медиумите за максимизирање на бројот на гледачи, слушатели и посетители, се вели во нивното соопштение.

Сојузот на извидници на Македонија е младинска чадор организација која во нашата држава е присутна речиси 70 години. На годишно ниво, извидниците организираат преку 1000 активности на територијата на целата држава, остварувајќи ги своите програмски цели. Низ редовите на нашата организација се поминати над сто илјади деца и млади кои денес се активни чинители на општествената заедница. Огромен број волонтери кои членувале во организацијата несебично вложиле и вложуваат дел од своето слободно време, како и огромен труд и напори со цел остварување на мисијата за создавање на подобар свет, креирање на физички и духовно здрави индивидуи и подготовка на децата и младите за предизвиците со кои би можеле да се соочат низ животот.

-Денес сите тие луѓе, нивните семејства, пријатели и познаници, со шок и неверување ги следат медиумските написи пласирани во македонските медиуми. За нас е просто неверојатно со каква леснотија медиумите го поврзуваат настанот за кој пишуваат со генералниот поим за извидништво, извидници, извиднички кампови, извидничка организација и извидничко движење. Како невладина и целосно неполитичка организација, особено го осудуваме тоа што одредени медиуми ја злоупотребуваат веста во политичка конотација. Апсолутно сме уверени дека ваквиот начин на медиумско известување на ниту еден начин не помага во поддршка на учесниците на предметниот настан, напротив, сметаме дека со моменталниот медиумски пристап грубо се засега во правата на овие лица и нивните семејства.

Поради овие причини, а пред сè заради заштита на учесниците на настанот за кој се известува, бараме од сите медиуми со голема внимателност да ги преиспитаат методите за известување во врска со оваа исклучително сензитивна тема. Во оваа насока, бараме сите објави на темата да бидат засновани на проверени и релевантни информации за настанот, во согласност со одредбите од Кодексот за медиумска етика. Ова особено доколку се има во предвид дека процесите за утврдување на фактите и евентуалната одговорност се во тек, додека известувањето базирано на непроверени, еднострани и шпекулативни информации можеби носи гледаност, слушаност и читаност, но истовремено предизвикува несогледливи последици, особено кај најранливата категорија чија заштита е во примарен наш интерес и во интерес на целото општество, се вели во соопштението.

Сојузот на извидници на Македонија нема да се колеба во законски пропишана постапка да преземе соодветни мерки за заштита на своите права, интереси и углед, по кои одредни субјекти од медиумскиот простор очигледно се обидуваат да посегнат.

Воедно, ја користиме оваа можност уште еднаш да осудиме и да се оградиме од било какви активности кои би можеле на било каков начин да се доведат во корелација со сексуално или било какво друго вознемирување на млади. Примарна цел на секој извиднички настан, независно од програмските активности, е учесниците на истиот да се чувствуваат безбедно и сигурно.

СИМ има целосна доверба во сите надлежни државни органи и институции и им дава целосна поддршка во насока на расветлување на настаните. Истовремено, во тек е и интерна истрага во која се вклучени лица од Сојузот и независни професионалци, со цел утврдување на евентуални прекршувања на интерните акти, правила и вредности на СИМ.

Заради претпазливост и независност на активностите за расветлување на настанот, Старешинството на СИМ, во согласност со одредбите од Статутот на Сојузот, донесе одлука за привремено оддалечување од активностите, односно суспензија на Прв Скопски Извиднички Одред, од Сојузот на извидници на Македонија. Конечна одлука во однос на евентуалните дисциплински мерки ќе донесе Собранието на СИМ врз основа на резултатите од преземените дејствија за истражување на случајот.

Остануваме посветени на негување на извидничките вредности, заштита на децата и младите и создавање на подобар свет за сите.

Мајка раскажува за cеkc кампот: Мојот син е згрозен од тоа што го видел, имало многу вулгарни игри (АУДИО)

Голем скандал се обелодени откако средношколци се вратиле дома од извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.

Потресното сведоштво од родител беше пренесено од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, а истото можете да го слушнете ТУКА.

-Требало да глумат секс пози во пар и со „клецање“ да се пукне надуван кондом. „Клецање“ е зборот што го употребиле. Друга точка било да обојат гол дел од телото и да остават отпечаток на хамер. Секој учесник морал да остави различен дел од телото. Отпечатоците биле бодувани – рака 10 поени, нога 10 поени, стомак 15 поени, задник 40, гради 60, машки полов орган 80, женски полов орган 80 бодови. Децата се соблекувале, само во нивната мала група од четири луѓе, си ги боеле половите органи и го оставале отисокот. Таа видела отисоци од машки и женски полов орган, што значи дека се соблекле, го обоиле половиот орган и го ставиле на хамер пред таа мала група малолетни деца, изјави родителот.

Според девојчето, кое се обратило до училишниот психолог со писмена изјава, а која родителот ја образложи во аудио разговорот со „Слободен печат“, активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир

„Ставање презерватив на краставица не е наcилcтво, што очекуваа од камп во чиј наслов има cеkc?“

Професорката Мирјана Најчевска е согласна дека треба да се истражи дали имало прекршување на правата на децата во извидниичкиот камп насловен „Есенски бакнежи, прегратки, скаути секс и рокенрол“ и во секој случај да се испита програмата на кампот од страна на детски психолози, педагози и секако правници.

„Меѓутоа ајде да не претеруваме“ – пишува Најчевска.

Ако го пуштам детето на камп со назив Тајните на библијата очекувам да се проучува библијата.

На камп со назив Ајде да учиме математика имам конкретни очекувања, така.

На спортски камп за баскет исто.

Што очекува родител од камп во чиј наслов има секс.Па што не погледнал програма, фотографии од претходни кампови? Што не се распрашал кога веќе го видел називот.До сега не слушнав за насилство и присилување..

А, ставање презерватив на краставица не е облик на насилство, туку обука која би требало да ја помине секој млад човек“-пишува Најческа во објава на Фејсбук.

НОВО СВЕДОШТВО: Девојче добило награда за „најдобри гради“, друго било избркано во зори зашто одбило да симулира се*с

Скандалот околу средношколскиот извички камп, кој ја вознемири јавноста, не само што не стивнува, туку охрабри уште родители да се огласат и јавно да проговарат за она низ што поминал енивните деца.

По објавената сторија во „Слободен печат“ за скандалозниот извиднички камп што викендов се одржал во близина на Скопје, а каде имало непримерни активности во кои малолетници меѓу другото ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација, за весникот сведочат нова тура на револтирани родители.

Мајка на средношколец кој присуствувал на настанот организиран од Прв скопски извиднички одред потврдува дека нејзиниот син и уште шестмина учесници веднаш после кампот се отпишале од извидници, затоа што биле истрауматизирани. И таа денеска случајот ќе го пријави во полиција.

– Моето дете иако е голем љубител на извидниците, е толку разочаран откако дојде од кампот, што во истиот момент излезе од извидничкиот одред и рече дека ова е акција што го оцрнува образот на извидниците. Тој е ,,за” сексуална едукација, но како што треба, а не на ваков начин. Тоа не е табу тема, но тоа што се случувало таму било крајно вулгарно и екстремно. Некое дете го терале да стави кондом на краставица. Кога не знаел како да го направи тоа, го исмејувале пред сите. Не може возрасен човек од над 40 години да доделува награда на девојче од 16 години и да и рече ,,имаш прва награда за најубави гради и следната година да дојдете поголи и повесели”. Може татко да и биде. Јас да бев известена дека такви активности ќе има на таа акција, никогаш немаше да го пуштам син ми таму, верувајте, вели мајката за весникот.

Повеќе сведоштва можете да прочитате ОВДЕ. 

Инаку, Министерството за внатрешни работи пред два дена добило пријава од родител во врска со извидничкиот камп. Оттаму потврдуваат дека извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен Јавен обвинител. Додаваат дека ќе постапуваат по насоки дадени од обвинителството за расчистување на случајот.

Лицата, кои се инволвирани активностите на извидничкиот камп, по насока на обвинителството се повикани на разговор во полиција, потврдија за МИА извори од истрагата.

Откако на виделина излезе дека Првиот скопски извиднички одред е поддржан финансиски од Град Скопје и ХЕРА уште во 2019-та година, се огласија од Град Скопје од каде велат дека  се оградуваат од активностите на извидничкиот одред кои предизвикаа реакции во јавноста.

Си ги боеле половите органи: Град Скопје се откажа од „извидниците“ по скандалот во секси-кампот

Полицијата и Обвинителството истражуваат што се случувало на извидничкиот камп за сексуална едукација викендов во Зелениково, а Јавното обвинителство ги преземаат сите мерки, но реагираше и Град Скопје.

Според информациите до кои дојде „Фокус“, Град Скопје во 2019 година финансиски го поддржал кампот наречен „Секс, извидници и рокенрол“ или „Sex scouts and Rock n Roll“ организиран од Првиот скопски извиднички одред, а сега се оградува.

„Сакаме да информираме дека во проектната документација доставена до нас, ја нема наведено спорната активност ниту имаат доставено каква било информација која би укажала на одржување на истата.

Дополнително, учесниците на настанот учествувале во приватна режија и не биле организирани од училиштата. Имајќи предвид дека настанот кој се случил предизвика лавина негативни реакции во јавноста и не шокираше и нас како институција, Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред.

Ја споделуваме загриженоста и осудите од страна на стручните лица и општата јавност и се согласуваме дека сексуалното образование не може да се спроведува од ентузијасти туку исклучиво од професионалци во областа“, посочија оттаму.

Родител на малолетнича за Слободен Печат алармираше дека активностите биле несоодветни: Вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир.

Извидничкиот камп кој се одржал викендов, а каде како што споменавме имало непримерни активности во кои малолетници ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс пози…

Малолетните извидници учеле секс-пози, симулирале, се соблекувале – Кампот ќе го истражува Обвинителството

Во извидничкиот камп организиран викендов од извидничкиот дом Градовци, близу Зелениково, средношколци симулирале секс-пози, оставале отпечатоци од полови органи на хамер, се соблекувале и се бакнувале на интимните делови, споделувале интимни работи, а сето тоа било бодувано.

Родители во полиција ги пријавиле овие скандалозни сексуални активности организирани во извиднички камп воден од „Прв скопски извиднички одред“. Од полицијата и јавното обвинителство велат дека преземаат соодветни мерки за утврдување на фактичката состојба.

Во кампот, наречен „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол” наменет за извидниците над 16-годишна возраст, учествувале 40-тина малолетници.

Организаторите велат само дека натпреварот бил од едукативен карактер на темата сексуална едукација.

Извор: Мкд.мк