Tag Archives: канабис

Тајзи со песна за легализација на канабис – За народот да олабаи … (Видео)

Легализација на „билката“, за релаксација и рекреација и понатаму е под забрана. Токму затоа оние што се поборници за истата не престануваат да ја бараат и гласно да се залагаат за нејзина легализација. Дури и низ песната, каква што е оваа, најновата на кумановскиот (т)рапер Тајзи, чија песна „Legalize“ (Легализирај) осамна деновиве во етерот и на Јутјуб.

Пејачот низ стихови полни горчина, но и полни вистина ја опишува денешната реалност во Македонија, очајот и убиствената безнадежност, економската и духовната беда, социјалната сиромаштија,  општата апатија… и сите можни и неможни аномалии во општеството до кои политиката не доведе. Кога е веќе така, кога сме го допреле дното, Тајзи им се придружува и ги поддржува оноие кои бараат на народот да му дозволат свевиден „издувен вентил“ преку легализација на канабисот, сето тоа пакувајќи го во песната „Легализирај“.

„Песнава е ироничен приказ за се она што легитимно и легално ни го сервираат и секојдневно не трујат, а парадоксално ни забрануваат нешто што природата ни го дала…
Зошто оваа билка од која се прави масло кое лечи многу болести е нелегална? Зошто е бизнис само за големите тајкуни, а во меѓувреме се апсат деца за една цигара?
Кога веќе уништивте се што вредеше во ова земја. Кога веќе ги избркавте децата од својот дом. Кога веќе ги донесовте луѓето до работ на егзистенцијата. Кога веќе јавно слушаме за вашите криминали,корупција, непотизам и реваншизам. Кога веќе јасно гледаме дека сте истото зло кое се менува на неколку години.
Легализирајте канабис барем малку народов да олабаи…
А башка економијава што ви „цвета“ можеби малку ќе живне. Што би кажал еден мудар човек: Во Македонија трезен не се живеее!
П.С Ја не дувам за другарче прашувам!“

Ова го споделил Тајзи во најават на песната на својот Инстаграм профил, но се чини едно нешто заборавил.  Дека со легализацијата, токму тие што до ова дереџе во кое се најдовме не доведоа, најмногу „ќе процветаат“!  Народот од очај „напушен“, животот на тајкуните и нивните деца уште побогат и пораскошен. Ние „лажно релаксирани“, нивните милијарди мултиплицирани! Па сега ти види и бирај: „Билката“ да остане под забрана или… „Легализирај“? (КЛИКНИ ТУКА):

Владата им ја одзеде дозволата за одгледување канабис на Заеви

Влада со одлука на минатонеделната седница му ја одзеде дозволата за одгледување на канабис за медицински цели на Фарма Медика Канабис, каде што, според претходни медиумски објави, сопствеништво имаат братучедите на поранешниот македонски премиер Зоран Заев – Бобан Заев, Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева.

Компанијата од Валандово од 18 октомври има одлука за „престанување на важењето на одлуката за давање согласност на решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство и трговија Фарма Медика Канабис Доо Валандово“.

Одлуката стапила на сила од 22 октомври. Се уште не е објавена на сајтот на Владата како точка на дневен ред, но соопштена е во „Службен весник“. Фарма Медика Канабис лиценца за одгледување на канабис од Владата добила во 2018.

„1.Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за давање согласност на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштво за производство и трговија Фарма Медика Канабис ДОО Валандово 2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, објавено е во Службен Весник.

Заев претходно во 2019, според она што е напишано во медиумите, на пратенички прашања во Собранието, објавил дека инвестиците на неговите братучеди во оваа дејност треба да достигнат десетина милиони евра, бидејќи со закон „е дозволено да се произведува лек од канабис“ Тој ги повикуваше и сите инвеститори, кои имаат можност, да инвестираат во оваа дејност „зошто е профиталбилна“ и дека државата очекува нови работни места и прилив од стотици милиони евра.

Извор: Фактор.мк

Кумашинот на Заев отвора фабрика за одгледување канабис и млекарница

Кумашинот на премиерот Зоран Заев, Горан Митров – Гна, во еден ден основаше друштво за одгледување на канабис и млекарница со адреса во Сушица во општина Ново Село, открива „Фактор“.

Податоците од Централниот регистар покажуваат дека струмичкиот бизнисмен на 13 декември поднел пријава за основање на друштво за производство, трговија и услуги „Канабис ГНА“. Дејноста е одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и на растенија за употреба во фармацијата.

На истиот ден Митров поднел пријава за основање на „Млекара ГНА“, за преработка на млеко и производство на сирења, исто така во Сушица.

ЗАЕВ за КАНАБИСОТ: Профитабилна дејност годишно ќе ни носи 250 милиони евра и просечна плата од 700 евра

Единствени новини во Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се формирањето на Агенцијата за управување со медицинскиот канабис која треба да го штити делот на инвестициите, државниот аспект и грижата за да не излегува надвор од контрола, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Самата агенција, посочи тој, ќе биде воспоставена за да го штити на крајот на денот и имиџот на државата затоа што сакаме преку ваквиот вид на инвестиции да акумулираме многу нови работни места, но и со дополнително БДП  и тоа многу сериозен, проценките се 250 милиони евра и трето се даваат квалитетни плати, просечно платата таму е 700 евра заради тоа што е профитабилна дејност.

– Втората значајна работа е што 10 проценти од трошоците од вкупните фактури кои ќе ги имаат изработено доаѓаат на посебна сметка во Владата која заедно министерствата за финансии и за здравство ја изработуваат каде дел процент одат на Агенцијата за лекови, дел за Агенцијата за медицински канабис, еден дел одат за ретки болести, едниот дел оди за медиумски фонд, еден дел за култура и образование и еден дел за спортот. Така се поделени. Тоа се сериозни пари од вкупниот обем. Тој дел од 10 проценти се смета трошок на компанијата, значи она го плаќа и на крајот си плаќа 10 проценти данок на добивка како сите. Тие се новините односно затвораме една регулатива, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по увидот во реновираното крило на Клиниката за ортопедија при Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ)

Посочи дека не се точни тврдењата дека со законот ќе се овозможи извоз на сушен цвет.

– Тој веќе се извезува, значи по табелите кои Министерството ги усвои согласно регулативите од ОН и европските регулативи, тој се извезува веќе, имаме извоз на сушен цвет. Се надевам дека ќе има се поголема сертификација. GMP сертификатот и другите серитификати кои се должни да ги издадат и домашни и европски за пазарите ќе ги зајакне во конкурентоста и пласманот на своите производи. Тоа веќе се случува. Значи новиот закон ќе овозможи само формирањето на агенцијата и новиот фонд од 10 отсто. Секој ден одложување на овој закон значи дека губиме 10 отсто и тоа за квалитетни намени што значат и демократија и поддршка на граѓаните со ретки болести, но и самото основање на агенцијата, додаде Заев.

Mитровска од „Билка“: Треба да се конзумира канабис наместо цигари, алкохол и други дроги со докажано негативно дејство

-Ставот на политичката партија не е про-канабис. Изјавата пак на спикерот на Собранието не знам како да ја коментирам, бидејќи легализација и декриминализација не е нешто необјективно или невидено. Напротив, мислам дека повеќе треба да се конзумира канабис наместо цигари, алкохол и наместо сите останати психотропни супстанци и психотични дроги кои имаат докажано негативно дејство врз граѓаните. Сигурно има пречки штом по четири години власт на владејачката политичка партија се е декларативно. Мислам дека кога ќе се отвори таа дебата, таа работна група, ќе излезат многу несогласувања пречки, можно е да има привилегии за одредени бизниси. Нашите оригинална идеја е да можат и граѓаните да имаат учество, вели Митровска за Слободен печат.

Целосното интервју:

Bладата ќе основа Aгeнциja за кaнабиc

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за формирање „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”, составена од институции, здруженија и граѓански организации, а врз основа на доставените барања и предлози од различните чинители до Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.

За координатор на работната група е назначен Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, а во неа ќе членуваат и ќе добијат покана за учество следниве институции и чинители:

– Претставник од кабинетот на премиерот;

– Претставник од Министерство за здравство;

– Претставник од Министерство за правда;

– Претставник од Министерство за внатрешни работи;

– Претставник од Здружение на токсиколози;

– Претставник од Здружение на педијатри;

– Претставник од Здружение на онколози;

– Претставник од Здружение на млади фармацевти;

– Претставник од Здружение на млади кривичари;

– Претставник од Хелсиншки комитет за човекови права;

– Претставник од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје;

– Претставник од Коалиција маргини;

– Претставник од здружение Операција Ослободување;

– Претставник од Здружение за канабис и зелени политики Билка;

– Претставник од НВО коалиција Канабис институт Пелагонија;

– Претставник од Национален младински совет на Македонија;

– Претставник од Мак канабис, здружение на производителите на медицински канабис;

Мандатот на работната група ги опфаќа следните прашања поврзани со регулација на производство и употреба на билката канабис:

– Декриминализација и легализација на поседување и лична употреба;

– Декриминализација на одгледувањето на растенија за лична употреба;

– Разгледување можности за основање и работење на социјални клубови;

– Зголемување на бројот на здравствени состојби за кои можат да се користи канабис;

– Дозвола за лекари од приватното здравство да препишуваат препарати од канабис и можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да си одгледа и користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба (орално, преку инхалација или преку супозитории);

– Основање на Агенција за канабис;

– Формирање Фонд од давачките/даноците кои компаниите кои произведуваат и тргуваат со канабис ќе ги плаќаат кон државата, со цел поддршка на проекти од општествен интерес во сферата на лекување на ретки болести, медиуми, медиумски работници и продукција на домашни медиумски содржини, граѓанското општество, културата и спортот, како и за поддршка на работата на Агенцијата за канабис.