Tag Archives: Кавадарци

Ученици од Македонија туркаат автобус на екскурзија за да тргне (Видео)

Револтирани родители на ученици од СОУ „Добри Дол“ од Кавадарци објавија видео на социјалните мрежи на кое може да се забележи дека нивните деца на екскурзија во Франција го туркаат автобусот за да тргне.

Директорката на гимназијата, Јасмина Чулева за „Дума“ кажала дека автобусот бил исправен на вонредниот технички преглед и засега екскурзијата се реализирала без проблеми, иако дел од родителите не се согласуваат со тоа.

Лице облечено ВО БЕЛА МАНТИЈА веќе неколку ноќи плаши луѓе во Македонија! (ВИДЕО)

Лице облечено во бела мантија веќе неколку ноќи по ред им излегувало на кавадарчани на влезот од патеката кај 12-те деца, и ги плашело.

Откако во неколку наврати граѓаните сведочеле на сцената со човекот во мантија, кој игра, се врти, а и фрлал со камења, вчера успеале и да го снимат.

Видеото со него е објавено на социјалните мрежи посветени на градот, и граѓаните прашуваат за што станува збор, дали се во прашање некои пагански обичаи, или пак некој само сака да ги заплаши оние кои пешачат на патеката.

Сепак, и покрај вознемиреноста, никој се уште не го пријавил лицето во полиција.

Од СВР Велес за ,,Фокус” велат дека официјално не добиле пријава за лице кое ноќе игра и фрла со камења по минувачите, па охрабруваат доколку има таков случај, истиот да го пријават.

ТРИЕСЕТ И ШЕСТ УЧЕНИЦИ од КАВАДАРЦИ оваа учебна година СЕ ИСПИШАЛЕ И ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО

Триесет и шест ученици од општина Кавадарци оваа учебна година, во второто полугодие, се испишале и заминале во странство.

Вака денеска беше одговорено од Секторот за образование и спорт при кавадаречката локална самоуправа, на прашање од советникот Круме Богевски, во рамки на седница на Совет на општината. Во оваа бројка влегуваат 30 ученици од основните и шест од средните училишта.

Во оваа учебна година, во основно образование се запишале 3.129 ученици. Во средно образование, 1.428 средношколци.

Весна Бејби се напна од дојавите за бомби – МАРШ БРЕ СИТЕ ДО ЕДЕН!

Денеска (12.12.2022) околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Денеска околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Познатата глумица Весна Петрушевска во видео раскажа низ што поминуваат граѓаните по овие дојави и им порача, на неспособните власти Марш ….

Видео:

https://fb.watch/hmUweq6MXj/

ТРЕТ БУГАРСКИ КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА: По Ванчо Михајлов и Цар Борис III на 11 декември се отвора и Балкански коридор во Кавадарци

На 11-ти декември во Кавадарци ќе се отвори бугарскиот клуб Балкански коридор, а на чело на клубот е кавадарчанецот Добре Митрев (59), објавија повеќе медиуми.

По отворањето на бугарските клубови Иван Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид, кои предизвикаа револт кај граѓаните, но и протести поради имињата на клубовите, името на клубот во Кавадарци не е спорно за граѓаните.

Сепак, многумина се прашуваат која е мисијата на овој клуб и стравуваат од потенцијални провокации. За Добре Митрев, роден во Кавадарци, сопруг и татко на две деца, пошироката јавност слушна кога пред две години тој беше избран за претседател на Здружението Македонско-бугарско пријателство во Скопје.

Тој по професија е правник, косопственик е на фирма за правни консултации, а во разговор за Фокус ги открива деталите за Балкански коридор.

Според официјалните податоци од бугарската изборна комисија, на парламентарните избори во Бугарија кои се одржаа во октомври, од Кавадарци 45 граѓани се пријавиле на гласање. На последниот попис во Македонија, пак, нешто повеќе од 3.000 граѓани се декларирале како Бугари.

Инаку, во Тиквешијата неизбриѓливи се трагите од стрелањето на 12 младинци од Ваташа во време на окупацијата на Македонија од тогашната фашистичка Бугарија. Па, новиот клуб може да предизвика обратен ефект од тој што се сака да биде промовиран како бугарско-македонско пријателство.

400 евра казна за кавадарчанецот кој имал секс со магаре и се пофалил на Фејсбук

Жител на кавадаречко село е осуден затоа што со помош на пријател прикажал на социјалните мрежи како има секс со магаре. За ова тој е осуден на парична глоба од 400 евра за кривичното дело „задоволување на полови страсти пред друг“. Обвинетиот не се жалел и пресудата е правосилна. Настанот се случил на 5 март годинава, околу 12.30 чaсот, во близина на фудбалско игралиште на селото каде живеел, пренесува СДК.мк.

-Обвинетиот маж вршел полово дејствие заради задоволување на своите полови страсти врз домашно животно – магаре, пред друго лице, кое со мобилен телефон го снимал половото дејствие и потоа снимката ја препраќал на други лица и јавно ја објавил на Фејсбук, пишува во обвинението со предлог за издавање на казнен налог.

Економска катаклизма: Еуроникел прекинува со работа, сите вработени на принуден одмор

Дали започнува економскиот колапс во Македонија? Ова е логично прашање кое следува откако еден од најголемите индустриски капацитети во Македонија Еуроникел индустри ДОО Кавадарци става клуч на своите производствени погони.

Еуроникел е трговско друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги кое има децениска историја на успешна работа и со години е помеѓу 200-те најуспешни компании во државата.

Годинава поради економската, но и енергетската криза, компанијата е принудена да прекине со работа и да ги испрати сите вработени на принуден одмор.

Во соопштението испратено до вработените се вели дека лошата енергетска состојба кулминирала во претходните неколку месеци при што електричната енергија која е еден од најважните фактори во производствениот процес во фабриката се купувала по цена од 600, 700 па и до 1000 евра за мегават час што придонело раководството на компанијата да бара нови решенија.

Иако во изминатите два месеци се спровел ремонт на целокупната опрема и немало производство со надеж дека ќе се подобри состојбата со цената на струјата овој септември, ситуацијата доополнително се влошила.

Од раководството на компанијата се приморани да ги испратат сите вработени на платен принуден одмор кој ќе се имплементира во пракса веќе од наредната недела.

Приватните компании електричната енергија ја набавуваат на слободниот пазар за разлика од граѓаните кои цената на струјата која ја плаќаат е субвенционирана.

Цените на струјата на слободниот пазар во изминатите неколку месеци достигнаа вредности и од 1000 евра за мегават час, а во наредните месеци се очекува цената на струја дополнително да расте.

За жал веројатно ова е само првата од многуте компании во Македонија кои со години успешно работеле, а сега поради енергетската криза ќе бидат приморани да стават клуч на врата.

Koмпанијата Еуроникел како и целиот бизнис сектор спасот од кризата ќе го бара во помош од државата.

Пред малку заврши советот за безбедност на кој присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, заедно со претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.

– Денес на Советот за безбедност разговаравме за енергетската криза и мерките и начините за справување со последиците од истата. Овие разговори не се нималку лесни, но сепак можам да констатирам дека имавме продуктивен, добар и успешен состанок. Оваа горлива тема е во фокус веќе подолго време, кризата трае одамна и од последниот квартал минатата година и ние како Влада, како држава преку антикризните мерки ефикасно се справуваме со неа и овозможивме ценовните шокови да се ублажат и за граѓаните и за стопанството. Но во моментов ситуацијата на светско ниво е алармантна, цените на берзите се превисоки, постои реален проблем со недостаток на електрична енергија во Европа. Повеќепати спомнувам, ова ќе е најтешката зима во поновата светска историја, изјави Ковачевски.

На дневен ред на седницата на Советот за безбедност единствена тема беше токму енергетската криза во Македонија, како и мерки за нејзино надминување.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на седницата присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.

На 25.08.2022 година Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор и кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје.

Со прогласување на кризна состојба се отвара можноста за дистрибуција на средства кон државната ЕСМ за набавка на јаглен, мазут и гас и непречено производство на струја во периодот кој претстои. Експертите сметаат дека тоа не е доволно, потребни се низа други мерки насои за спас на стопанството и економијата а првенствено олеснување на процесот за набавка и поставување на фотоволтаици кои би го ублажиле ударот од ценовниот шок предизвикан од цената на струјата на светскиот пазар. Бизнис заедницата бара конкретни чекори од Владата бидејќи се заканува клуч на врата во мноегу претпријатија. Цената на струјата на слободниот пазар се очекува да ја надмине бариерата од илјада евра за мегават час

Лекарка давала дијагнози по телефон, а еве како завршила

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднело Обвинителен предлог против едно лице, односно лекарка-специјалист, за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од обвинителството, обвинетата, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Јавната установа Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица во село Куршеница.

„Таму, во периодот од 01.10 до 05.10.2020 година, укажувала лекарска помош заради покачена телесна температура и дијареа на едно оштетено дете, родено 2009 година, сместено во Заводот како лице со тешко нарушување на психо-физичкиот развој и церебрална парализа.

Меѓутоа, спротивно на Договорот, здравствената помош ја укажувала без да изврши непосреден физикален преглед на детето, ординирала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа дошло до влошување на здравствената состојба на детето, настанала дехидрираност на неговиот организам и на 05.10.2020 година настапила смрт“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Во Кавадарци Дедо Мраз и Баба Мразица слетаа со хеликоптер (Видео)

Директно од Лапонија денеска на пладне на игралиштето на спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци со хеликоптер слетаа Баба Мразица и Дедо Мраз.

Намилите гости донесоа голема радост за учениците од прво до петто одделение.

Дедо Мраз и Баба Мразица заедно аедно со градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на советот д-р Стојанчо Рамов им ги поделија новогодишните пакетчиња и им посакаа среќна нова година.

Видео:

Детали за убиството во Кавадарци: Го удрил со дрво по главата, па го прободел со нож до смрт, осомничениот се дал во бегство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа на крим техника изврши увид на местото каде вчера со остар предмет едно лице беше лишено од живот, соопштија од ОЈО Кавадарци.

– На 15 ноември 2021 година, околу 23:30 часот, по претходна вербална расправија на осомничениот со друго лице, оштетениот се обидел да ги смири и да ги раздвои. При тоа, осомничениот замавнал со дрво и го удрил оштетениот по главата, со што го бутнал на подот, а потоа неколкупати го избодел со нож во пределот на градите. Од здобиените повреди, на пат кон итната медицинска помош, лицето починало. Осомничениот по извршеното дело се дал во бегство, но во текот на денов е лишен од слобода, инфомираат од ОЈО Кавадарци.

Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, наредба за сослушување на повеќе лица кои сведочеле на настанот и можат да дадат податоци потребни за истрагата, како и насоки за преземање други истражни дејствија.

Поради стореното кривично дело, обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, лице на возраст од 45 години, за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Kривичниот законик. Едновремено, во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Kавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​​