Tag Archives: Кичево

Сватот на Али Ахмети ја купи и Жито Караорман во Кичево (Фото)

Сватот на Али Ахмети, Селаудин Арифи ја проширува својата бизнис мрежа во Кичево и минатата недела ја завршил зделката и ја купил мелницата Жито Караорман. Арифи е сопственик на АС Сењак фирма која е регистрирана во скромното финансиско портфолио на Тхор- компанијата на внукот на Ахмети, кој што ја купува Соравиа во центарот на Скопје. Обвинителството отвори предмет по допрен глас, а засега нема информации за трансфер на пари за Соравиа ниту пак што е откриено. Првите пари за прокетот Соравиа на Дрин Ахмети стигнаа од банката Крединс од Тирана, банка чиј генерален директор бил убиен пред 9 години од убијци на мотори кои се уште не се откриени, пренесува Телма.

Во петокот, Македонската берза го добила известувањето од кичевската фирма Жито Караорман дека имаат нов сопственик. Станува збор за Селаудин Арифи, сопственик на компанијата АС Сењак кој откупил повеќе од половина акции во Жито Караорман.

Арифи и неговата компанија Сењак се најдоа во истражувањето на КОД и Телма откако беше утврдено дека имал финансиски релации со компанијата Тхор на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ. Потоа беше потврдено и дека Арифи е сват на Али Ахмети, односно неговата ќерка е вереница за Шкумбин, синот на претседателот на ДУИ.

Последните месеци Тхор на Дрин Ахмети и АС Сењак на Селаудин Арифи имаат големи бизнис зделки.

АС Сењак има акции во АД Европа, има раширена нискоградба, пред неколку месеци, друга фирма чиј сопственик е од сватовската фамилија Арифи купи голема бензинска пумпа на влез во Кичево, а истовремено неколку месеци на кичевски таблички го префрлија и над 400 илјади евра скапиот Ролс Ројс Фантом кој откри многу врски меѓу бизнисите на членови на семејството на Али Ахмети.

Последниот „шопинг“ на фирма од Арифи е Жито Карарорман, откако претходно Селаудин Арифи се ослободи од акциите во Жито Полог каде до почеток на јуни сватот на Ахмети беше бизнис партнер со Сергеј Самсоненко, Ненад Јосифовиќ и Орка на Камчев.

Дрин Ахмети преку Тхор, договори 39 проценти од центарот Соравија без да вложи евро по што почнаа истражувања за капиталот кој го излева следната генерација на семејството Ахмети низ Македонија.

Неколку недели и стотици објавени информации за оваа мрежа му требаа на обвинителот Ислам Абази, раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за да одлучи и по допрен глас да отвори предмет само за Соравиа. Абази исто така е од Зајас, а има и фотографии со таткото на Дрин Ахмети, за кого отвори предмет.

Досега нема никакви информации за текот на истрагата. Единствено познато е дека низ македонските финансиски текови не поминала првата зделка од 3 милиони евра за долг на Соравиа кој бил уплатен кон доверител на Соравиа.

Мартин „Некст Тајм“ се женеше: Ечеше цело Кичево, младоженецот качен на тапан, а брат му лепи бакшиш (ФОТО)

После ергенската забава во Париз, очекувано следеше и големиот свадбен ден за гитаристиот на „Некст тајм“, Мартин Филиповски кој „рипна во тевче“.

Мартин и Андра и официјално се во брак, откако си се ветија еден на друг пред Бога во манастирот „Св. Богородица – Причеста“ во Кичево, а ставија и потпис во матично.

Како што налага традицијата, зетот отиде по невестата во нејзиното родно Кичево каде ечеше свадбарска музика. Зетот качен на тапанот, а неговиот брат Стефан до него лепеше пари на музичарите.

Се вртеше оро, се пееше и наздравуваше во име на љубовта на младите кои по осум години врска решија да стават прстени.

По регистрацијата и црквената венчавка се случила и мала прослава во еден кичевски ресторан каде присуствувале најблискте.

Како што дознава порталот Вистина, свадбена забава се подготвува и во Скопје, а ќе се случи наредниот викенд во кругот на најблиските.

За потсетување, Мартин ја побара раката на Андреа минатиот септември на неговиот роденден. Тие неколку години ја одржуваа врската на далечина поради професионалните ангажмани на ракометарката во странство.

Андреа Белеска беше дел од Металург во Македонија, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа, шведскиот Боден, грчкиот ПАОК.

Честитки!

Ова е еден од најубавите манастири во Македонија, направен е на вода, а чудотворната икона дава блогодат на сите верници

Религијата не учи да бидеме добри и толерантни, а овој манастир во западниот дел од Македонија сведочи токму за тоа. Сместен на планината Цоцан, Кичево во подножјето на нејзиниот шумовит врв Врвои, на надморска височина од 920 метри се наоѓа манастирот „Св. Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир.

Станува збор за многу стар манастир со долга историја. Манастирот Света Пречиста бил подигнат пред потпаѓањето на Македонија под отоманска власт и се верува дека бил подигнат во 1316 година. Во текот на историјата овој манастир видел многу страдања. Често бил ограбуван, уништуван, а кога била и запален сфатиле дека постои потреба за нешто поголемо за да се задоволат барањата на верниците.

Игуменот хаџи Теодосиј во 1846 година ја урнал малата црква и на нејзино место ја подигнал сегашната монументална, која е една од најголемите во Македонија. Црквата била осветена во 1849 година. На местото од изгорениот втор конак, на јужната страна, на 10 април 1983 година започна изградбата на новиот конак во духот на старата македонска архитектура.

Чудотворна икона која ги исполнува желбите

Голем дел од верниците го посетуваат овој манастир поради „чудотворната икона“. Од една страна на неа е Исус Христос, а од другата страна е Богородица во прегратка со Христоса. Во 2006 година иконата била конзервирана по втор пат.

Иконата е од 18 век и карактеристично за неа е што рацете се изработени од сребро. Се верува дека секој оној кој ќе упати чиста и искрена молитва желбата ќе му биде слушната и исполнета. Приказната за „чудотворната икона“ почнала со една легенда. Легендата вели:

„Жителите на кичевско сакале да изградат голем манастир во чест на Св. Богородица. Тие избрале локација каде што денес се наоѓа манастирот Св. Ѓорѓија. Луѓето ја оставиле иконата на светицата на таа локација и си заминале. Наредниот ден иконата ја немало. Тие помислиле дека некој ја украл, но наскоро ја пронашле на друга планина. Колку пати ја враќале иконата на старо место, толку пати наредното утро ја наоѓале на другата планина до извор.

Според легендата, во доцните вечерни часови огнената икона на Богородица летала од местото каде што ја оставале, до изворот. Тогаш жителите заклучиле дека иконата сама си го определила местото за црква и ја изградиле таму. Интересно е што манастирот навистина е изграден на вода.“

Храм за сите верници

Овој манастир е познат по повеќе работи. Тој всушност е и свет храм на сите верници, без разлика дали се или не се Православни. Внатрешноста на манастирот е направена така за да можат под еден ист покрив се собираат и христијаните и муслиманите, кои подеднакво ја почитуваат. Делот посветен на муслиманските верници не е фрескоживописан.

Народната мудрост била бесконечна. Не можејќи својот народ да го соберат на едно место, зашто туѓинците на многумина им ја промениле верата, црквата нашла начин под еден покрив да ги собере сите, зашто Бог е еднаков кон сите и знае да им ги прости гревовите.

После долго време ПАДНА 7-ЦА НА ЛОТО! Среќниот добитник од Кичево освои вртоглава сума на пари

Вечерва се падна голема Лото добивка од 32.921.304 денари или над 500.000 евра на извлекувањето на среќните броеви.

Добитната комбинација е 2, 10, 11, 12, 24, 36, 37, а лото ливчето било уплатено во објект „Детелинка“ во Кичево.

Автопатот Охрид-Кичево се градел по принципот 19 метри на ден – 3000 денови се градат и уште не се доградени 57 км

Верувале или НЕ, изминаа над 3000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов.

А тие заглавени на некои си 65% од вкупната реализација откако во 2017та наследила 50% прогрес.

Единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, и си потпишаа анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија.

Со министерот за транспорт и врски никако да се видиме пред камера, и го разбирам, после ваков неуспех не би сакал да се соочи со фактите.

Премногу е!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Во Кичево на полноќ се гасат светлата, градот во темница – Дехари: Имаме рестрикции на осветлувањето, немаме избор

Во Кичево на полноќ се гасат светлата. Градот е во целосна темница, кога на полноќ ќе дојде до прекин на јавното осветлување. Градоначалникот Фатмир Дехари, вели дека како резултат на светската криза со електрична енергија, донеле одлука за воведување рестрикции. Како што објаснува, јавното осветлување во Кичево почнува во 17:30 и трае до 23 во селата, а во градот до полноќ. Но, на снимките на ТВ21 јасно може да се види дека и по 17:30 има населби и села кои се без осветлување.

„Во споредба со претходната година, во декември јавното осветлување беше трипати поскапо и се очекува сметката за јануари-февруари која ќе стигне за 10-тина дена да биде дури до шестпати повисока. Согласно овој тренд значи дека до месец јуни општината ќе „потоне“ во долгови и нема да може да ги реализира приоритетите на месните заедници, главните барања кои ги предвидовме во Буџетот на општината. По ова известување, сите се договоривме да почнеме да делуваме рационално, односно да го ставиме во прекин јавното осветлување во одреден период“, истакна Фатмир Дехари.

Дехари се осврна и на фактот што граѓаните плаќаат по 185 денари за јавно осветлување. Вели дека овој данок не е зголемен и покрај поскапувањето на електричната енергија.

„Слушам гласини дека плаќаат данок кон општината. Да, тоа е факт, но доколку направиме споредба меѓу поскапувањето на електричната енергија, зголемувањето на сметките за јавно осветлување и данокот на граѓаните, тогаш ќе видиме дека ние не злоупотребуваме на ниту еден начин. Владата на РСМ не го зголеми данокот согласно поскапувањето на електричната енергија за да ги покрие трошоците, поради тоа ние правиме ваков вид прекин“, додава Фатмир Дехари.

Во општина Кичево во процес на реализација е проектот „Smart light” осветлување или паметно осветлување, кој се очекува да има економично влијание врз буџетот на граѓаните.

ВИДЕО: Додека граѓаните чекаат преглед, во ходникот од болницата во Кичево друштво им прави и куче

Куче е редовен „пациент“ во болницата во Кичево, односно додека граѓаните чекаат за преглед, во ходникот друштво им прави и куче.

Според видеото, кое до редакцијата на ТВ21 пристигна од редовен читател, може да се забележи дека кучето одмара на скалите, но и пред една од вратите низ болницата.

Засега не е познато како кучето се нашло внатре во болницата, односно дали можеби вработените го пуштиле за да се стопли во овие студени денови.

Во продолжение видео:

ГАЗМЕНД и АЛБИНА не дочекаа да се венчаат, утрово ЗАГИНАЛЕ во автобусот

Дваесет и седумгодишниот Газменд Укали од Кичево и неговата вереница 23-годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинаа во несреќата, што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица.

Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27-ми роденден со својата вереница во Истанбул.

– Газменд беше дел од кабинетот, задолжен за односи со јавност. Беше мирно, воспитано дете, професионалец. Искрено најдобар колега, ќе го паметиме само по добро. Со девојкатата се заедно неполни две години, а, како што велеше тој,  другата година сакаа да прават свадба. За жал не дочекаа. Трагедија голема во нивното семејство. Газменд пред повеќе од  две години го загуби татко си. Татко му беше лекар, а тој живееше со мајка му.  Трагедија за која нема зборови и утеха, велат од кабинетот на градоначалникот на Општина Кичево.

Јовановски: Жал ми е што немам авиони

Александар Јовановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, иако во првиот круг имаше најмногу гласови на локалните избори, во вториот загуби од актуелниот градски татко Фатмир Дехари, кој имаше огромна логистичка поддршка од ДУИ и изминатиот викенд се потпре на гласачи од странство кои допатуваа со автобуси и авионски летови.

„Граѓаните сакаат промени, сакаат да излеземе од ова сивило, овој хаос, но има лујѓе кои не се свесни во кои услови живеееме. Сакаат да придонесат за кауза која не доликува на моментот, ние бракови склопуваме, се сакаме, се поддржуваме, нема простор за етнички коалиции. Искрено, мене ми е жал што немам авиони.

На градоначалникот посакувам досегашната пракса да ја претвори во работа, да не се натпреваруваме за исти теми по четири години“, рече Јовановски, најавувајќи дека повторно ќе се кандидира за градоначалник на Кичево по четири години.

„Оние што живеат надвор од Македонија со плата од 3000+ евра одлучуваат за оние што живеат во Македонија со 300 евра плата!“ (ВИДЕО)

Оние што живеат надвор од Македонија со плата од 3000+ Евра одлучуваат за оние што живеат во Македонија со 300 Евра плата – е еден од бројните коментарите на Твитер по видеото од Кичево каде пристигнуваат иселеници за да гласаат на локалните избори по повикот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Погледнете: