Tag Archives: концерти

Од денеска БЕЗ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, дозволени се прослави и концерти

Од денеска целосно се укина полицискиот час, угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време, свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локали само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица. Ова се мерките што ги препорача Комисијата за заразни болести, а вчера на седница ги прифати Владата и стапија на сила од ноќеска на полноќ.

Една од препораките е и измена и дополна на Протоколот за организирање свадби, прослави и веселби.

Последната статистика од вчерашното деноноќие регистрира 29 нови случаи на ковид-19 од направени 2887 тестирања, ниту едно починато лице. Оздравени се во тоа деноноќие 34 лица. Активни се 420 случаи.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155 568, бројката на оздравени пациенти е 149 676, на починати е 5472. Досега во земјата се направени вкупно 838 323 тестирања на ковид-19.

Според вчерашните податоци на Министерството за здравство, на инфективните одделенија во државава се лекуваат вкупно 96 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 30 се во Скопје. Во ковид-центрите има околу 460 празни болнички кревети. Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Вакцинацијата против ковид-19 се одвива непречено на сите вакцинални пунктови низ државата. Интересот за вакцинирање се зголемува. Според податоците на веб страницата vakcinacija.mk, досега во државава се вакцинирале 259 935 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 450 634 граѓани.

– Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, посочуваат од Министерството.

Вчера пристигна донација од 20 000 дози вакцини „Астра-Зенека” од Грција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на крајот од мај од Брисел најави дека се разгледува можноста за директна билатерална помош за соседните земји, а неколку дена подоцна министерот Филипче соопшти дека Северна Македонија очекува 70 000 дози вакцини, од кои 50 000 од Бугарија и 20 000 од Грција. Портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони на почетокот на месецов, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција во координација со Европската комисија, ќе испрати по 20 000 дози од вакцините за Северна Македонија и Албанија.

Владата пресече: Полицискиот час е УКИНАТ, дозволени се концерти и забави!

Владата и официјално одлучи да го укине полицискиот час ноќеска од полноќ.

Укината е и забраната за најмногу 100 гости на свадба, а дозволени се концерти и забави.

Попрецизно, дозволени се манифестации, концерти и забави во отворени клубови, со капацитет до 50 отсто од објектот, но не повеќе од 1.000 луѓе .

Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на коронавирус и зголемување на бројот на вакцинирани.

Укинување на полицискиот час, повеќе гости на свадбите и организација на концерти и забава

Утрово Комисијата за заразни болести предложи олабавување на мерките.

„Утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни: Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова. Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави. Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.“, напиша Филипче на Фејсбук.