Tag Archives: коронавирус

СЗО предупреди – Омикрон нема да ги заобиколи ни прележаните

Сериозна закана или без потреба ширење на страв и паника кај населението. Последната анализа направена на терен од Африканскиот национален институт за заразни болести укажува дека од омикрон загрозени ќе бидат и оние со високо ниво на антитела. Според студијата, новиот сој може да го заобиколи имунитетот кај оние кои веќе ја прележале болеста. Но добро е што кај реинфекциите, клиничката слика е со слаби симптоми. И македонските експерти чекаат подетални информации, но велат, никако не смееме да се опуштаме.

-Во Америка од тројца евидентирани со Омикрон, двајца биле целосно имунизирани па дури имаат и бустер доза. Тоа укажува дека, секако не може да се раководиме од студијата бидејќи е нецелодна и на недоволен број испитаници, сепак, оваа нова мутација најверојатно ќе го заобиколува стекнатиот имунитет преку вакцинација и прележување, вели Д-р. Злате Мехмедовиќ, докторант по јавно здравје.

За 2,4 проценти е поголем ризикот од реинфекции кај новиот сој во споредба со оригиналната варијанта од Вухан. По регистрирањето на Омикрон во триесетина земји, од СЗО со предупредување државите да се подготват за ново големо ширење на коронавирусот.  

-Ќе видиме како ќе биде по новогодишните празници. Најважно е со мерки да не дозволиме брзо да се прошири новиот сој, вели Мехмедовиќ.

Некои држави ги прекинаа авионските врски со југот на Африка, а Израел и Јапонија целосно ги затворија своите граници за странци.

“САМО УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ“: Вучиќ за новиот сој на коронавирусот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, зборувал за најновиоt сој на корона вирусот, омикрон, за кој се уште малку се знае.

“Очекувам за пет шест месеци да имаме супер вакцина и да се ослободиме од сите проблеми, која ќе ја произведуваме ви Србија. А до тогаш да се чуваме колку е тоа можно. Вакцинацијата е од клучно значење. Никој во светот не знае за тој нов сој, како ние да знаеме“, рекол претседателот.

СЗО во петокот објавил дека омикрон има 32 мутации на спак протеини што го прави многу заразен и по опасен, а денес предупредиле дека новиот сој на корона вирусот омикрон претставува “висок ризик“ на глобално ниво. Од СЗО истовремено нагласиле дека постојат бројни непознаници околу опасноста и преносливоста на овој сој.

Д-р Мехмедовиќ: Новиот сој се шири и до 500 отсто повеќе

Новата мутација на коронавирусот наречена „омикрон“ има сериозни карактеристики коишто треба да бидат причина за нашата загриженост, вели за Канал 5, д-р Злате Мехмедовиќ, докторант по јавно здравје.

Прво и основно, пресметките се дека новата мутација „омикрон“ има висок степен на преносливост во однос на делта-варијантата. Ние досега сметавме дека многу долго време нема да може да се појави варијанта којашто ќе биде посилна од делта-варијантата, меѓутоа, новиот сој укажува на тоа дека преносливоста може да биде и повисока. Иницијалните пресметки што ги направи Институтот за молекуларна биотехнологија во Австрија, укажуваат на тоа дека омикрон-сојот може да биде и до 500 отсто попренослив од делта-сојот. Само да потсетиме дека делта-варијантата беше 60 отсто полесно пренослив од алфа-варијантата, а омикронот е 500 проценти попренослив од делта-сојот, објаснува д-р Мехмедовиќ.

Тој вели дека сè уште се разгледуваат карактеристиките од омикрон-варијантата, а една од карактеристиките којашто иницијално сè уште не е потврдена, е дека може да го избегнува и имунитетот стекнат од вакцините против коронавирусот.

Каде е детектирана новата ОПАСНАТА МУТАЦИЈА на коронавирус ОМИКРОН, загриженост во Европа и СЗО

Новата мутација е откриена во Јужноафриканската Република кај речиси 100 заразени лица, како и кај пет патници кои ја напуштиле оваа земја, односно во Боцвана (четири) и во Хонг Конг (еден).

Првиот случај на новиот вид беше откриен вчера и во Израел. Лицето заразено со новиот вид е Израелец кој се вратил од Малави. Израелското Министерство за здравство соопшти дека постои сомневање дека се разболеле уште две лица, а сите тројца биле вакцинирани. И во Белгија е детектирана новата варијанта кај две лица.

Земјите веќе креваат епидемиски ѕидови: Италија од вчера воведе забрана за влез на луѓе кои посетиле една од јужноафриканските земји во последните 14 дена. Истото го направи и Чешка. Одлуката на Лондон е да ги забрани летовите од Јужна Африка, Намибија, Боцвана, Зимбабве и Лесото.

Франција исто така ги прекина летовите до овој дел од светот. Холандија ги стави во карантин сите патници од двата авиона кои вчера слетаа во Амстердам од Кејптаун и од Јоханесбург. Од вкупно 600 патници, 61 се позитивни на ковид, и се прави секвенционирање да се утврди дали некој од нив е заразен со новиот сој.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ во соработка со земјите членки ќе предложи прекин на воздушниот сообраќај од регионот на Јужна Африка.

СЗО побара од земјите да го направат следново:

Да се ​​подобрат напорите за секвенционирање со цел следење на ширењето на новиот вид.

Да се​​доставуваат целосни геномски секвенци и поврзани метаподатоци до јавно достапна база на податоци, како што е GISAID.

Да се пријават првични случаи / кластери поврзани со инфекција со Омикорн

СЗО порачува дека би било добро да се спроведат теренски истражувања и лабораториски проценки каде што постојат капацитети и во координација со меѓународната заедница да се подобри разбирањето на потенцијалните влијанија на сојот Омикорн врз епидемиологијата на Ковид.

СЗО повикува на сериозност, ефективност на јавно-здравствените и социјалните мерки, како и соодветни дијагностички методи.

ЕРУПТИРАШЕ Брисел: Жестоки судири на пpoтecтитe пpoтив kopoна мерките (Видео)

Полицијата употреби водени топови и солзавец, а демонстрантите фрлаа камења и димни бомби за време на синоќешните протести против анти-ковид мерките во Брисел.

Според првичните проценки, на протестите учествувале околу 35 000 лица.

Судирите се случија на главната крстосница, пред седиштето на Европската комисија, кога демонстранти облечени во црни качулки почнале да фрлаат со камења кон полицајците кои возвратиле со водени топови.

Со цел да се спречи четвртиот бран на пандемијата на корона вирусот, белгиските власти во четвртокот донесоа одлука да работат од дома четири дена во неделата. Во Белгија досега беше на сила само препораката за работа од дома за да се намали преносот на вирусот меѓу вработените.

Покрај задолжителните Ковид пропусници, кои се неопходни за влез во белгиските барови, ресторани и настани со повеќе од 50 лица во затворени простории, односно 100 лица на отворено, сега ќе биде задолжително и носење заштитни маски.

Во последната недела, Белгија бележи просечно над 10.000 нови инфекции на дневна основа, што е за речиси 30 проценти повеќе отколку на почетокот на ноември. Над 230 луѓе дневно се примени во болниците, а во просек 26 луѓе умираат секој ден како последица на инфекција со корона вирусот.

Со новите мерки граѓаните попрво ЌЕ УМРАТ ОД ГЛАД отколку од КОРОНА

Новите мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести се очекува утре да бидат разгледани на Главниот координативен штаб, по што за нив ќе треба да расправа и Владата.

Комисијата бара вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде на трошокот на работникот, а оние кои го прележале вирусот, ќе може да приложат сертификат за прележан Ковид, но не постар од 45 дена.

Доколку работникот има ретки имунолошки болести, тогаш ќе треба да приложи потврда од лекар специјалист дека не може да прими вакцина. Дел од мерките е и задолжителната вакцинација за сите здравствени работници.

Дали ќе бидат усвоени онака како што предлага Комисијата или ќе има измени, ќе се знае во текот на неделата.

Синдикатите бараат ПЦР тестирањето да не падне на товар на работниците бидејќи нивните пресметки покажуваат дека се потребни минимум 20.000 денари месечно за 10 ПЦР тестирања.

– Ако државата нема обезбедено финансиски средства во Буџетот за 2022 година за бесплатни ПЦР тестови за сите работници, а работодавачите укажуваат дека товарот треба да падне на работниците за тестирањето за да можат да им дојдат на работа и да им работат за минимална плата од 15.200 денари и да им ствараат милиони во добивка, работниците побргу ќе умрат од глад отколку од корона, велат од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА.

Велат не се против вакцинација, но сметаат дека таа треба да биде личен избор.

– Укажувавме дека пристапот за поттикнување и стимулирање треба да биде на начин на кој за имунизацијата, работниците ќе добијат повеќе информации, но и одредени бенифиции кои ќе беа дополнителен мотив, но за жал, Комисијата на барањата на работниците како на пример најмалку денот кога се вакцинираат да биде препорачано да биде платен неработен ден (поради зачестените пријави дека газдите ги тераат по вакцинацијата да се вратат веднаш на работа, а не ги ни ослободуваа доколку имаа реакција по примањето на вакцината во наредните денови) тие се огласија за ненадлежни, а од друга страна денеска сме сведоци како истата Комисија предлага и ги изложува работниците на сопствен трошок да прават ПЦР тестови доколку одлучат да не се вакцинираат, наведува ССМ во одговорот.

Од друга страна, Стопанската комора на Македонија бара задолжителната вакцинација да се воведе и во приватниот сектор сметајќи дека на тој начин ќе се постигне колективен имунитет и ќе се овозможи континуитет на работниот процес. Предлагаат за вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот, да се воведе задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови со самотестирање или во државни и приватни дијагностички центри, а трошокот за тестирањето со брзите антигенски тестови да биде на товар на работникот.

-Доколку работодавачот се одлучи за правење антигентски тест во дијагностичките центри, работникот треба да приложи резултат издаден од лабораторијата каде е направен. Трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови да биде на товар на работникот. За да нема дилеми во примената, се предлага Одлуката да се дополни и со тоа дека непочитувањето на пропишаната мерка за задолжително тестирање во случај кога вработеното лице не е вакцинирано или нема прележан КОВИД во последните шест месеци, претставува повреда на прописите за безбедност и заштита при работа, за што работодавачот применува мерки во согласност со прописите што ги регулираат работните односи (Законот за работните односи и колективните договори), по примерот на Словенија, изјави во средата потпретседателката на Комората, Анета Трајковска.

БАБИЧКА ИЗГОРЕЛА туѓи 2.900 ЕВРА – Поради страв од коронавирусот !

Една 74-годишна жителка на Израел ставила банкноти во сад со белило, па потоа и во микробранова печка, како што известува и Националната банка на оваа земја – зашто жената се плашела од коронавирусот.

Банкнотите со вкупна вредност од речиси 2.900 евра – изгореле. Жената во писмо до банката објаснила дека со оваа процедура сакала да ги дезинфицира парите што ги добила од своите станари. Притоа испратила повеќе од 70 оштетени банкноти во банката, заедно со писмото.

„Се чувствувам многу виновна, бидејќи ова не се мои пари. Јас сум чесен граѓанин кој никогаш не уништил пари“, се вели во пораката.

Истрагата на надлежните покажа дека банкнотите се вистински и банката одлучила да ги замени со неоштетени.

Чолакова-Дервишова: Лицата со сертификат може да се заразат и да ја пренесат болеста, а имаат право да влезат во затворени прoстории

Матичните лекари изминативе две години секојдневно се занимаваат со коронавирусот. Сметам дека е касно да се праќаат известувања до пациентите кои досега не се вакцинирале бидејќи голем дел од нив поради здравствени причини не ни можат да примат вакцина против ковид 19, вели во изјава за „Локално“, претседателката на Здружението на матични лекари, д-р Лилија Чолакова-Дервишова.

Коментирјаќи ја новата мерка, влез во затворени места само со примени две дози вакцини, Чолакова-Дервишова смета дека не е праведно вакво воведување на мерки затоа што има голем број на граѓани кои се заведени во „Мој Термин“ кои имаат прележано ковид и се излекувани конзервативно преку матичните лекари.

Има луѓе кои го имаат прележано вирусот и имаат високи антитела и не сакаат, но и не смеат да се вакцинираат затоа што може да имаат контраиндикации .Не треба да има ограничувања кај граѓаните овие одлуки и пречат и на економијата.Јас како граѓанин сега немам право да влезам во трговски центар и да си купам скап парфем или алишта или можеби да седнам во ресторан на ручек затоа што не сум вакцинирана, а сум здрава или имам прележано ковид.И лицата со сертификат се вакцинирани, но тие можат повторно да се заразат и да ја пренесат болеста, а имаат право да влезат во затворени простории, објаснува докторката.

Градоначалникот на Кочани кој се онесвести на прес-конференција позитивен на Ковид-19

Според протоколот на Институтот за јавно здравје, контактите на заболените со ковид кои примиле две дози вакцина не одат во изолација.

Неофицијално, во општина Кочани имало средба со советници за примопредавање на функцијата каде не се почитувале мерките за заштита од ковид, односно не се носеле маски.

Љупчо Папазов е избран за нов градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори кои се одржаа пред две недели. Тој на прес-конференцијата во понеделникот пред седиштето на партијата стоеше зад Мицкоски, но во еден момент колабираше, по што прес-конференцијата беше прекината.

Пред Македонија е тешка зима, со многу пoчинaти, тврди хрватскиот молекулaрен биoлог Ѓикиќ

Владата во Македонија е одговорна за високиот процент на заразени и починати од Ковид 19, бидејќи бројките покажуваат што работеле во изминатата година.

Хрватскиот молекуларен, биолог, проф. Иван Ѓикиќ од Универзитот Гете во Франкфурт упати критика до Владата-смета дека состојбата во државата е алармантна поради малиот процент вакцинирани, објавува телевизија 24.

За ваквата состојба тој вели дека не е запоставуваното здравство или слабата економија, туку недовербата на најголем дел од граѓаните кон Владата, но и Владата која се однесувала неодговорно во текот на пандемијата- немало добра кампања за вакцинација, имало собири на политичари, голем дел од нив не се вакциниранирале.

Ѓикиќ порача -заради нискиот степен на вакцинираност, заради невакцинираните, ќе се заразуваат се повеќе и вакцинирани бидејќи заштитата од вакцината со текот на времето слабее.