Tag Archives: коронавирус

Д-р Петличковски: Тpетa дoзa нeмa да coздaде кoлeктивeн имyнитeт, треба да се вакцинираат и децата

Директорот на Институтот за имунологија Александар Петличковски вели дека третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет бидејќи сѐ уште има луѓе кои не примиле ниту прва доза.

Тој во интервју за Телма рече дека сега треба да се вакцинираат и децата бидејќи, како што вели, поради децата кои одат на уччилиште се создаваат можности за пренос на Ковид-19.

– Бустер дозата, односно третата доза од вакцината против ковид-19, кај нас нема многу да помогне за создавање колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои сè уште не примиле ниту прва доза. Сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години. Ако ги оставиме децата неуминизирани, а тие одат на училиште, се создаваат можности за пренос на вирусот – рече д-р Петличковски.

Д-р Атанасов: Скринингот на асимптоматски пациенти е ГРЕШКА

Доктор Атанас Атанасов на Фејсбук, а во врска со масовниот скрининг ќе напише 👇

Зошто сметам дека масовниот скрининг на асимптоматски пациенти е грешка.

Кога е најинфективен пациентот?
Само кога пројавува симптоми.

Може да се земе претпоставката на СЗО во оваа студија дека R0 е некаде помеѓу 1.4 и 2.4 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7751056/.


Тоа значи дека пациент со ковид инфицира во просек 1.4 или 2.4 луѓе. Се додека е R0 e над 1 бројот на случаеви ќе расте ако е под 1 ќе опаѓа.

Според оваа студија (https://www.hiqa.ie/sites/default/files/2020-04/Evidence-summary-for-asymptomatic-transmission-of-COVID-19.pdf) Асимптоматските пациенти имаат R0= 0.1, пресимптоматските пациенти имаат R0= 0.9

Што ни укажуваат овие бројки?

Ако симптопатските пациенти се самоизолираат и се тестираат одма после пројавувањето на симптоми ќе заштедиме пари на непотребни тестирања и бројот на заразени ќе опаѓа.

Битно е да се нагласи дека асимптоматските допринесуваат значително во развивањето на колективниот имунитет. И не треба да се самоизолираат.

Пандемијата нема да исчезне. Вирусот на инфлуенца постои веќе околу 100 години и ќе постои додека има луѓе на планетата. Исто е и со ковид вирусот. Мора да стекнеме колективен имунитет и да живееме нормално како што живеевме со вирусот на инфлуенца.

Професор Трајковски: Со антибиотици НЕ се лекува коронавирус

Според Светската Здравствена Организација, САРС Ков-2 е вирус и затоа антибиотиците не треба да се користат како начин за превенција или лекување од него, истакна професорот Дејан Трајковски во својата најнова ковид анализа.

-Според СЗО, САРС Ков-2 е вирус и затоа антибиотиците не треба да се користат како начин за превенција или лекување од него. Но, додаваат дека хоспитализираните можат да примат антибиотик поради можна бактериска коинфекција.Значи, со антибиотиците евентуално може да се лекува некаква споредна инфекција (на пример добиена на болница), но дефинитивно НЕ може да се излекува од ковид-19. Дали антибиотиците можат да направат штета кај болните од ковид-19, не пишува. Не дај Боже тоа да било случај во македонските болници и да имало врска со високиот леталитет, пишува профeсорот Трајковски.

Кинезите предупредуваа дека ВИРУСОТ ЌЕ ГО СКРАТУВА ПЕНИСОТ 😨

Филмот Инфекција на Стивен Содерберг во 2011 година објави што ќе не снајде во фаталната криминална 2020 година, филмот не споменува што најмногу ќе ги погоди сите мажи, кои повеќе се плашат од оваа чума отколку жените, што сеуште го прогонува светот.

Во филмот, можевме да видиме како ненадејна пандемија го прекинува нормалниот тек на животот, има сцени во кои лекарите брзаат низ болничките ходници борејќи се за кислород, прекин на една љубовна приказна и страв на луѓето што се борат, но не знаат со што се борат.

Практично филмот кој е објавен пред десет години е пандан на состојбата во светот сега.

Трајлер за познатиот филм:




Сепак, не можевме да видиме во филмот дека коронавирусот ќе влијае на ,,намалувањето на пенисот до големина на грашок“, како што предупредуваа Кинезите ☺️ иако слични вести протекуваа на социјалните мрежи:

Теута Арифи соопшти дека има коронавирус и покрај двете дози вакцина

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи е позитивна на коронавирус.

Како и за се досега, така и за оваа вест, таа ги информира само тетовцигте Албанци преку својот Фејсбук профил.

„Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација. Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот се уште е меѓу нас и може да влијае на секого! Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро! Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе, семејството и другите околу вас!“, посочи Арифи.

НАД 200 НОВИ СЛУЧАИ во последните 24 часа, Тетово најкритично!

Бројот на нови случаи со „Ковид-19“ повторно забележа значителен пораст во последните 24 часа.

На национално ниво, од извршени 4.713 тестови, регистрирани се 219 нови случаи на Ковид-19.

Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје објавува дека 30 пациенти се излечени.

Како резултат на инфекција со коронавирус, четири пациенти починаа во рок од 24 часа, двајца од Скопје и по еден од Тетово и Кичево.

За само еден месец од регион со спорадични случаи Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на Ковид-19, оценуваат од епидимиолошката служба при тетовскиот Центар за јавно здравје. Поради ваквата состојба се очекува и бројот на новозаболени уште повеќе да расте.

-На 6 јули имаше вкупно шест случаи на домашно лекување, а сега во градот Тетово имаме околу 220 случаи на домашно лекување. Имаме по 30, 40 и вчера дури 60 позитивни случаи што се должи на непочитување на мерките и протоколи, а инфицираните ни се од семејно прослави настани и нивни контакти, објаснува епидемиологот д-р Сузана Субашиќ, раководител на епидемиолошката служба.

Ако населението не се вакцинира и ако не ги почитува мерките, препораките и протоколите според епидемиолозите состојбата може уште повеќе да се влошува.

-Генерално новите случаи не се вакцинирани. Ако имаме од овие 220 лица на домашно лекување само десетина вакцинирани. Дали асимптоматски или симптоматски се невакцинирани. Високата бројка во градот Тетово се должи како резултат на тоа што ние имаме многу лица дојдени од западните земји кои после престојот во државата се тестираат за да можат да заминат во земјите каде што работат. Голем дел од нив се млади лица и се асимптоматски но сепак инфицирани со Ковид-19, објаснува д-р Субашиќ.

Таа апелира да се вакцинираат луѓето но и понатаму да ги почтиуваат мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

-Апел да се вакцинира и да се почитуваат мерки и протоколи кои се во важност, вирусот не е победен и е приустен. Болеста не е победена и пандемијата не е завршена овде се работи за непочитување на мерки и протоколи и немање индивидуална одговорност. И вакцинираните треба да ги почитуваат мерките. Има лица по втор пат биле болни. Седум-осум случаи на цели семејства имаме со примери, рече д-р Субашиќ.

Во Клиничка болница денес веќе има 32 лица на болничко лекување, што значи шест повеќе од вчерашните 26.

Во вакционалниот пункт согласно пресекот од 27 јули во Тетово досега околу 21 илјади луѓе примиле две дози вакцини, а една доза имаат добиено над 5000 граѓани.

Американски конгресмени тврдат: Има разузначки документи кои упатуваат дека вирусот е направен во лабopaторија?

Постојат „значителни посредни докази“ дека епидемијата на Ковид-19 потекнува од протекување од Институтот за вирологија во Вухан, тврдат Републиканците кои се во Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на САД.

Републиканците од комисијата бараат да се изврши уште повеќе притисок врз Кина за да се дозволи „целосна, кредибилна истрага“ за изворот на глобалната пандемија. Тие објавија и извештај во кој се наведува дека е „клучно за здравствените експерти и за американската влада да разбере како настанал ковид-19, со цел да се спречат или брзо да се избегнат идни пандемии“.

Тие како аргументи наведуваат дека во минатото има повеќе случаи на протекувања од кинески лаборатории кои резултирале со зарази, како и предупредувањата од американски дипломати во Кина уште од 2017 дека лабораторијата во Вухан спроведува „опасни истражувања“ на коронавируси без да се следат „неопходните безбедносни протоколи, ризикувајќи случајно избивање на пандемија“. Републиканците посочуваат и на неколкуте истражувачи од лабораторијата во Вухан кои есента 2019 заболеле со симптоми налик Ковид-19.

„Наспроти ова, се појавија многу малку докази кои го поддржуваат тврдењето на Кина дека ковид-19 е природна појава, која се префрлила на луѓето од некој друг вид.

Кинеските власти не успеаа да го идентификуваат оригиналниот вид кој наводно го пренел вирусот кај луѓе, што е критично за нивната теорија,“ пишуваат републиканците.

Републиканците го објавуваат извештајот откако го обвинуваат Бајден и директорот за национална безбедност дека не дале навремени апдејти околу истрагата за потеклото на ковид-19. Тие бараат американските разузнавачки служби да ги предадат сите информации што ги имаат за потеклото на Ковид-19.

Минатиот месец Белата куќа објави дека верува дека Кина „не била транспарентна“ при објавувањето на информациите што ги има околу потеклото на ковид-19, кои беа дел од извештајот што го составија заедно со СЗО.

Белата куќа порача дека во извештајот на СЗО за Кина недостасуваат круцијални информации и дава само „делумна и некомплетна слика“ за потеклото на вирусот.

Тие ја повикаа Кина и СЗО да им дозволи на меѓународни експерти непречен пристап до податоците и пристап до луѓето кои биле таму за време на избувнувањето на ковид-19.

МАНУ откри дека потполковникот од АРМ имал нигериски сој

Анализите од МАНУ кои се објавени, за кои се стравуваше дека потполковникот го има најопасниот сој, излегоа дека тој се има инфицирани со нигерискиот сој на коронавирус.

Повеќе во прилог на Сител:

https://youtu.be/tVwrLbnkAiU

Убава вест: Конечно имаме град без ниту еден активен случај на коронавирус!

Убав Твит на денот :

Македонски војник во тешка состојба се враќа од Африка, се уште не се знае каков сој на коронавирус има

Пациент заразен со коронавирус, во тешка состојба, пристигнува во Македонија и се очекува да биде сместен на Клиниката за инфективни болести, дознава “Фокус” од извори на клиниката, кои коментираат дека се чувствува паника кај дел од колегите.

Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека доаѓа ваков пациент со посебен транспорт од Африка.

– Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи но пациентот ќе биде сместен во изолација, рече Филипче.

Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните видови коронавируси досега, пишува Фокус.