Tag Archives: КостадинКостадинов

Реакции за фотографија на Костадинов – на неа има нацистичко знаме!?

Лидерот на Третиот Рајх и нацистичка Германија Адолф Хитлер и знамето на германските нацисти се појавува на фотографија од манифестација финансирана од владата на Република Македонија, пишува Експрес.мк

Фотографијата на која е Хитлер и нацистичкото знаме ја објавува градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов како дел од ,,Струмичкиот карневал”.

Покрај Хитлер на сликата се појавуваат и луѓе маскирани како Ататурк, Гадафи, Кралицата Елизабета а Костадинов е маскиран во Јосип Броз Тито.

Маскирање во негативни личности од историјата за време на карневали не е непознат феномен во светот но промоција на фотографии со ликот на Хитлер и нацистичкото знаме од страна на активен политичар може за многумина, особено за Евреите, да биде доживеано како промоција на едно од најголемите зла во историјата на светот.

Струмичкиот карневал е финансиски поддржан од министерството за култура на Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ.

Градоначалникот на Струмица се маскираше во ТИТО (ФОТО)

Фотографии од вчерашниот настан ги преплавија На социјалните мрежи се соподелуваат фотографии од Струмичкиот карнева, а најмногу внимание привлече првиот човек на градот, градоначалникот Костадин Костадинов, објави Фокус.

Поранешпниот пратеник од редовите на СДСМ и портапрол на партијата, се појавил на маскенбалот како маршалот Јосип Броз Тито.

Тој за прв пат во јавност ја покажа и новата парнерка – маскирана како како Јованка Броз.

Иако Костадинов не сака да зборува за приватниот живот, Фокус објави дека станува збор за Гордана Георгиева, со која од неодамна е во врска.

По две години струмичкиот градоначалник и Марија ја раскинаа свршувачката

Градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов, ја раскинал свршувачката со својата поранешна свршеница Марија Десанова, пренесува Репортер. 

За потсетување, Костадин ја побара за жена Марија на 15 јануари 2021 година, односно пред околу две години.

Репортер пренесува дека го контактирале градоначалникот, а тој одбил да коментира на оваа тема.

Приватна тема е, нема да коментирам, изјваил Костадинов.

Инаку, во јануари, 2021, тогаш триесетгодишниот пратеник од редовите на СДСМ и портпарол на партијата, Костадиновски, преку својот фејсбук профил го покажа свршеничкиот прстен што и го дал на својата избраничка, Марија Десанова.

Струмицо моја слушни ме, јас како поединец нема да го решам загадувањето на воздухот, затоа мораме да ја менуваме свеста

На Струмица и се потребни конкретни и прецизни мерки за решавање на загадувањето, вели градоначалникот на родниот град на бившиот премиер Зоран Заев, кој дојде на власт со многу ветувања, меѓу кои и „чисто ајро не само за Ајродром“ туку и во цела Македонија.

Но, власта си врви, а загадувањето продолжува и да „лае и каса“. Затоа Костадинов апелира за помош:

– Струмицо моја слушни ме. Јас како поединец сам нема да го решам загадувањето на воздухот. Денеска предложив и Советот ја прифати една од најважните мерки, директна субвенција на цената на природен гас за домаќинствата. На секој потрошен кубен метар природен гас ќе добивате по 10 денари субвенција. Апелирам, користете ја мерката во наредната 2022 година, колку повеќе приклучоци толку почист воздух. Мораме да ја менуваме свеста, се работи за наше заедничко добро. Нека Струмица биде пример за цела држава па и пошироко. Од срце за Струмица, објави Костадинов на неговиот официјален профил на Фејсбук.

А тие што се сеќаваат неколку години наназад, ќе се присетат дека токму власта во која беа и Костадинов и неговиот ментор Заев, беа против минувањето на рускиот гасовод низ Македонија. И така се случи, гасоводот ја заобиколи Македонија на патот кон Европа и земјите од ЕУ.

Инаку, деновиве, Струмица е еден од најзагадените градови во Македонија, а гасот во Струмица се транспортира со цистерни.

(Видео) 3aeв како Купидон 💘 Кога го гледам Костадинов како да се гледам себе си – Коста се paзнежни

Кога го гледам Костадинов, како да се гледам себе си, кажа Заев на митингот на СДСМ во Струмица каде токму портпаролот на СДСМ Коста Костадинов беше промовиран за кандидат за градоначалник.

Костадинов се стопи 🙂

Погледнете ја неговата реакција: