Tag Archives: криптовалути

Владата размислува да забрани копање на КРИПТОВАЛУТИ, многу се троши струја

Да не се копаат криптовалути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна, апелираше денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.

Тој рече дека Владата размислува со закон да го забрани копањето криптовалути.

„За тоа ќе треба законско решение да се донесе. Се додека не се донесе, мора да се оди со апел, а доколку се работи за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови. Во овој период не треба да се прави поради недостигот на електрична енергија. Јас сум во комуникација со систе соседни држави, меѓутоа секој има свои специфики. Косово е во најтешка ситуација. Таму веќе има рестрикции и сите во нашите можности помагаме колку што можеме, бидејќи на крајот на денот соседите се тие кои што први треба да си помагаат“, рече Ковачевски.

Пред осум месеци, косовската влада го забрани копањето на криптовалути за да ја намали потрошувачката на електрична енергија во време кога земјата се соочува со енергетска криза.

Вработени во Македонски железници КОПАЛЕ КРИПТО валути

На 19.11.2021 инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле сместени неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја, поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени во Сектор информатика во Железници на РСМ, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата.

За случајот е известен и Јавен обвинител, а по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ГТЦ да беше во Битола ќе го викаа РУДНИКО

Твитер реакции за скандалот со копање на крипто валути во подрумот на ГТЦ: