Tag Archives: КубаЛибре

Се гледаме во подобри времиња за брзо! – Се урива платформата на „Куба Либре“

„Куба Либре“ ви се заблагодарува на сите што години наназад бевте заедно со Нас.

Се гледаме во подобри времиња за брзо!

Ова е кусата порака на фејсбук страницата на познатиот бар на охридското крајбрежје објавена откако денес под полициско обезбедување почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје. За почеток се почна со отстранување и демонитирање на платформата во езерото пред „Куба Либре”, една од најатрактивне плажи и локации на брегот на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дека ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија, вклучувајчќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от. Од друга страна, пак, дел од сопствениците на платформите побараа таа акција да се одложи, да не биде сега пред почетокот на туристичката сезона кога лани имале огромни загуби.

На социјалните мрежи се објави дека и „Кадмо“ е на ред за уривање, но сопственикот решил самиот да ја острани урбаната опрема. Овој случај веројатно ќе влезе и во судница. Менаџерот на „Куба Либре“ изјави:- Плажава е изградена по сите проекти и дозволи од држава и од општина. Револтирани сме затоа што никој не дојде да каже како треба да изгледа ова, каков е планот понатаму, кои мерки ние да ги преземеме. Не бевме известени за ништо, дури и дека ќе ни биде исклучена струјата. Без оглед што процесот за јавното наддавање за плажите во 2018 година не е завршен и формално правно се уште трае, ние најдовме начин да ги подмириме сите концесии до февруари 2021 година, а уредно се платени и сите други давачки кон државата и општината која, намерно или не, целосно ги измеша математиките.

Во официјалните информации на градските власти не се кажува дали акцијата се спроведува и во согласност со препораките на УНЕСКО или станува збор за акција од локален карактер и има цел да се пополни празната охридска буџетска каса.