Tag Archives: лажен

БРУКИ ! – ,,Самохраниот татко” за кој граѓаните донираа бил познат коцкар од Велес (Видео)

Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно, реагира Миа Костова која што сподели дека апелот за помош на „самохраниот татко“ од Велес е лажен.

Таа бара одговорност од емисијата „Срце на дланка“, кои што ја објавија приказната на Тале Витанов.

Апелов го објавивме мислам дека сите! Никогаш не сум кажала кога донирам, ама еве сега ќе кажам дека во истиот момент префрлив пари на сметка.


Се испостави дека се работи за коцкар, кој дреме по кладилници, своевремено освоил џекпот на апарати од 26.000 евра, со сопругата не е разделен го гледаат низ Велес, самохран татко бил за потребите на снимањето.
Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно.
Јавно барам одговорност од Срце на дланка со она малку новинарско искуство што го имам, како снимаат сторија ако цел Велес знае за каков човек се работи а тие на еден повик одат и прават приказна која вклучува и деца кои судејќи по трпезата и расположението на Тале, не се баш гладни.
Срамота!, пишува Миа.

Видео:

Го нашле лажниот љубовник од Фејсбук кој „олесни“ битолчанка за 7.500 евра

Четириесет и деветгодишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 6.500 евра и 72.000 денари.

Според пријавеното, тие се запознале во мај оваа година преку социјалната мрежа Фејсбук и биле во љубовна врска, при што лицето и ги побарало парите за да одблокира сметка од негова фирма и ветило дека брзо ќе ѝ ги врати.

Како што е пријавено, откако открила дека лицето лажно ѝ се претставило и дека не поседува фирма, случајот го пријавила во полиција, информираа од МВР.

Лишен од слобода е Д.М.(31) од Пробиштип од страна на полициски службеници од Полициска станица Пробиштип.

Тој се сомничи дека во периодот од мај до јули оваа година, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6500 евра и 72.000 денари, за што беше пријавено на 27.07.2022.

Со втората Битолчанка се запознале во мај оваа годинава и биле во љубовна врска, при што лицето и ги побарало парите за да одблокира сметка од негова фирма и ветило дека брзо ќе ѝ ги врати.

-Тој бил спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Во Дојран ЗА 10 ЕВРА ДОБИВАШ ЛАЖЕН ПЦР И ЖЕТОН ЗА КОЦКАЊЕ

Само 10 евра биле наплаќани ковид-сертификатите со негативен резултат во казиното во Стар Дојран со кој грчките државјани слободно ја поминувале границата. А за тие десет евра се одбивл и жетон за коцкање во казиното, изјавил за Канал 5 грчкиот новинар Христос Николаидис кој ја направи видео сторијата.

Николаидис, озвучен и со мала видео камера, го посетил казиното Кинг слот принцес, а документот со негативен тест за вкупно 10 евра, бил издаден од лабораторијата Ели Медика Плус. На влез во казиното оставил лична карта и по 45 минути добил негативен тест, односно сертификат со кој ја минал и границата, а за десетте евра за тестот добил и за да може да се коцка. Што значи тестот го добил бесплатно.

Дека се работи за казино Кинг слот принцес во Стар Дојран и лабораторијата Ели Медика Плус со седиште во Гевгелија потврдуваат и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој по извршениот надзор во импровизираниот пункт во административниот дел на казиното затекнале тестирања кои ги вршеле три медицински лица во комплетна заштитна опрема. А евиденцијата покажала седум евидентирани тестирани лица.

Лажен оџа од Кочани и негови соработници осомничени за полов напад врз дете и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Против истото лице, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за кривично дело – Измама согласно член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Првиот осомничен, 37-годишен жител на Кочани, во два наврати на 23 и 24 ноември во стан во Гостивар, извршил полово дејствие врз дете родено 2012 година. Мајката на детето го повикала осомничениот кој се претставил како оџа, да пее и да го „лекува“ детето од црни магии. Осомничениот побарал да остане сам со детето-жртва во собата и притоа ја принудил на други полови дејствија. Оштетената од страв во прв момент не кажала ништо на мајката. Кога на 5 декември мајката сакала по третпат да го повика осомничениот, девојчето вознемирено раскажало што му се случува, по што настанот бил пријавен во полиција.

Истиот осомничен, заедно со уште двајца соизвршители од Гостивар, измамиле друга оштетена. Првопријавеното лице, во договор со другите двајца, на оштетената исто така и се претставило како оџа кој ќе и помогне да ги тргне магиите од нејзината куќа. Во повеќе наврати тројцата ја убедувале дека за да ги отстранат магиите треба да откопуваат различни предмети од гробишта и со тоа ги влечат магиите од неа и од нејзиниот дом. За услугата и наплатиле вкупно 98.000 денари. Кога почнале да се договараат за нова средба, оштетената се посомневала дека е измамена и ги пријавила.

За првопријавениот Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, додека за останатите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.​​

Во Лондон „Погребна поворка“: Алчноста на фармацевтските компании убива !(ВИДЕО)

Во соодветна црна облека, со звуци на виолина со цветни аранжмани и лажни ковчези на рамениците во центарот на Лондон, се одржа лажен погреб.

Поворката била организирана од волонтери од Global Justice Now , која се залага за интересите на луѓето во земјите во развој.

Причината за невообичаениот протест е неспособноста на граѓаните на „земјите од третиот свет“ слободно да пристапат до вакцините против корона вирусот. Лажните ковчези ги претставувале сите починати бидејќи вакцината не им била достапна, а за кои организацијата ја обвинува фармацевтската индустрија.

Организацијата верува дека секој жител на Земјата, кој немал пристап до вакцината, освен „Ковид-19“, бил убиен од „алчноста на фармацевтските компании“.

„Алчноста на фармацевтската индустрија убива“ била една од паролите на ковчезите што ги носеа волонтери од Бакингемската палата се` до улицата Даунинг. Токму на таа улица, каде што се наоѓа седиштето на премиерот и на некои министри во владата, биле спуштени ковчезите.

Учесниците исто така ги повикаа фармацевтските компании „да се откажат од патентите за вакцини“ за да можат да се произведуваат на повеќе места во светот, поблиску до земјите кои сега зависат од донациите од економски поразвиените земји, без трошоци за лиценци, пишува Канал 5 телевизија.

Работел дури три работи: Лажен ПОП, но истовремено и СВЕШТЕНИК и ОЏА

Не за џабе велат дека Балканот е посебна приказна каде се испомешани сите вери и религии.Еден снаодлив млад човек во Босна долги години работел како поп во помалите села и служел помени, но и осветувал вода за Велигден па дури и кртевал вода.Мештаните биле многу задоволни од него па му давале и екстра пари.

Но, тоа не му било доволно и тој го искоритил факттот што Босна е мешана средина и почнал да работи и како католички свештеник во хрватските села Дури и како надбискуп служел миси во Херцеговина објавува „Санџакданас“.

Сепак, она што било пресудно да го фатат е што се преправал и во оџа и служел „џенази“ но на муслиманските верници им станало сомнително и „оџата“ бил откриен.

Лажен Путин стана хит на нет, прави палачинки, танцува, чисти снег (видео)

На почетокот на декември 2020 година, анонимен корисник отвори пародичен профил посветен на рускиот претседател Владимир Путин на ТикТок наречен „Првиот човек на Русија“,  За само три месеци, со кратки видеа, тој собра повеќе од 4,7 милиони следбеници.

Каналот објавува т.н. лажни монтажи на актер кој го имитира Путин. Технологијата која ја користи „Deepfake“ се заснова на вештачка интелигенција која овозможува производство или модификација на фотографии и снимки и со тоа манипулира со содржината за да личи на личност.

@1facerussia

Вот бы весь год так, как на 8 Марта. И точно не так, как на 9-е ☝🏻 ##russianwomen ##russianmemes ##мырядом

♬ оригинальный звук – Первое лицо