Tag Archives: Лек

ЛЕКАРИТЕ САМО МЕ ПРАЌАА ИСПИТАЈ ОВА ИСПИТАЈ ОНА, на крај сама се излекував

Народен лек пишува дека луѓето се вртат кон природната медицина кога конвенционалната не може да им помогне или кога се принудени да примаат токсични медикаменти со кои не им се гарантира позитивен резултат.

Една читателка од Цазин се пофалила дека самата си помогнала со алтернативна медицина, нагласувајќи дека конвенционалната медицина не и помогнала во решавањето на овие проблеми. Таа вели дека интензивно започнала со проучување на природната медицина и истита да ја применува. Па така открила бројни народни лекови кои навистина делуваат и се многу ефикасни:

Реумата во рацете лично самата си ја излекував после долгогодишното, неуспешно лекување од моите лекари, трпнењето на раце и силните болки кои претежно ме совладуваа навечер. Еве го рецептот:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2 кг природен ливадски мед
  • 1 литар дождовница или дестилирана вода
  • 250 г сува детелина луцерка

ПОСТАПКА:

Детелината гответе ја еден час на тивок оган, поклопено. Потоа процедете и кога чајот ќе излади додадете го медот. Промешајте убаво за да се соединат.

УПОТРЕБА:

2 супени лажици после јадење, трипати дневно.

После овој третман 10 години не ми трпнат рацете, престанаа ноќните неиздржливи болки и будењето, не ми паѓаат работите од раце…“ – вели оваа читателка.

Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!

Младиот Игор од болнички кревет моли за лекот „Трикафта“!

Лек за цистична фиброза сè уште нема. 

Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, преку фотографии од болнички кревет одново упати критики што лекот „трикафта“ не е ни близу до набавка, но и жалење што на ваков начин го остварува правото на лек.

Тој не добил ниту пристојно работно место, па ги праша Владата, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски: „Повторно чекате да се вратам во болнички кревет?“. 

„На никој не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за работа и лек на социјалните мрежи и медиумите. Верувајте тоа е крајно понижувачки! Господа, уште колку време треба да чекам за лекот ‘трикафта’ и за пристојно работно место, а не било какво… Или повторно чекате да се вратам во болнички кревет? Постапете како да сум Ваше дете!“, напиша Пехчевски на „Фејсбук“.

Со минута молк и венец пред Влада се збогуваа од нивниот соборец Благојче (Фото)

Со едноминутно молчење, членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза пред Владата денеска се збогуваа со починатиот Благојче Илиевски, кој не го дочека лекот Трикафта…

Бура на социјалните мрежи и повици за одговорност денеска од страна на јавноста.

Смртта на 45-годишниот Благојче „ги разбуди“ надлежните. Иако ниту премиерот Димитар Ковачевски, ниту Министерот за здравство Беким Сали не кажаа дека се чувствуваат одговорни за загубениот живот на првиот пациент со цистична фиброза, ден откако тој почина, се знае и од каде ќе се најдат пари и кој првично ќе ги набави терапиите за оние што се на кислородна поддршка. За седум пациенти, Фондот за здравствено осигурување со ребаланс оддели 2,2 милиони евра за Клиниката за детски болести, која, како што посочија надлежните, со интервентна постапка, ќе го набави лекот. Првпат пациентите се сретнаа и со првиот човек на Владата, Ковачевски, кој, како што кажаа од Асоцијацијата за цистична фиброза, им ветил и програма за набавка на „Трикафта“ за наредните три години.

Премиерот Ковачевски пред да се сретне со пациентите, изјави дека вината за тоа што Благојче не го дочека лекот е во бирократија поради која Македонија патела 30 години. Кажа оти лично се заложил за итните набавки, а одговорност побара и од Министерот Сали, па го праша…

Сали, пак, на фејсбук посочи дека преку трагедија се прави евтин трик за политички поени, а на прашањето одговори со контра прашање.

Дали некој, кој и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти, смета дека може да си го продолжи мандатот? Би можеле да прашуваме и дали премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа. Инаку пациентите со цистична фиброза, нивни блиски и родители на деца со ова заболување, додека во Битола траеше погребот на Благојче, пред Владата, со цвеќе, очи полни солзи и едноминутно молчење за последен пат се збогуваат од својот соборец.

БЛАГОЈЧЕ НЕ ГО ДОЧЕКА ЛЕКОТ ТРИКАФТА: Објавена неговата последна изјава

Најтешко болниот пациент од реткото заболување цистична фиброза, Благојче Илиевски, почина. Жалната вест за Фактор ја потврдија од Здружението за цистична фиброза, а медиумот утринава објави тема под наслов  “ТРИКАФТА – КОГА И ЗА КОГО? За некои од пациентите може да биде и предоцна“.

Во овој текст Благојче ја даде неговата последна изјава полна со надеж дека ќе биде меѓу првите осум пациенти кои ќе го добијат овој лек.

-Јас верувам дека сум во онаа група од осум пациенти кои сме во најтешка здравствена состојба и дека први би го добиле, но образложението дека процедурата ќе биде подолга додека се случи набавката, некако нè обесхрабри. Од последниот пат кога разговаравме, а тоа беше кон крајот не ноември, јас уште еднаш бев хоспитализиран. Повторно 12 дена на Клиниката за пулмологија, го чистат белодробието до секретот, но верувајте состојбата не ми се подобрува, и сега ме слушате како едвај дишам, како не можам да искашлам…Ми останува навистина само да се надевам дека ќе дочекам да почнам терапија со „Трикафта“, ова се последните зборови на Благојче.

Во претходниот разговор кој го направивме во ноември, Благојче речеде дека најголема тешкотија му претставува земањето здив..

Ретката болест, цистична фиброза, речиси целосно му ги нагризала овие органи, но  мултисистемското заболување со кое цели 10 години се бори Илиевски освен што го уништува неговиот респираторен систем, тешки последици остава и на дигестивниот систем, органите за варење и жлездите со внатрешно лачење.

Во разговор за Фактор, еден од најтешките болни пациенти од цистична фиброза, раскажа како изгледа неговото секојдневе. Зборуваше полека за да го намали заморот. Предизвици има многу, вели Илиевски, а најголемиот е да се земе здив, објави Фактор во ноември.

Анита Буховски за Фактор

За лек сонуваат, постои, но во Македонија ГО НЕМА ! – Состојбата на пациентите со цистична фиброза се влошува, властите ни да чујат !

„За лек не можевме дури ни да сонуваме. А сега кога тој постои, ние сепак го немаме кај нас во Македонија. Состојбата од ден на ден на пациентите им се влошува и за жал нема назад ако не е достапна оваа терапија. Сега веќе имаме неколку пациенти кои се постојано со кислородна поддршка и во тежок стадиум од болеста. Не смее да дозволиме овој број да се зголеми. Колку порано се започне со терапијата толку е подобро, бидејќи станува збор за прогресивна болест која прави оштетувања најмногу на белодробието, но засегнати се и многу други органи“, порачува 31 годишнот Игор Пехчевски од Берово пациент со Цистична фиброза.

И покрај многубројните апели на социјалните мрежи и протестите како и медиумските натписи до сега нема никаков абер од државните надлежни институции за набавка на потребниот лек за овие пациенти, додека институциите трошат пари за разноразни потреби и луксузирања.
Жално!

Овој извор во Охрид денеска е најлековит во Македонија

Православните христијани денеска, 3 јуни, го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

„Оттогаш на празникот на свети Елена и Константин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу”, заклучува народниот раскажувач.