Tag Archives: Луксуз

Jaгнешкото ЛУКСУЗ за Велигден: Цените во месарите и до 550 денари за килограм

Македонското јагне се извезе на европскиот пазар за католички Велигден, а сега стигнува во домашните месарници. Кланичарите велат дека годинашниов извоз е нешто помал од лани.

Во споредба со лани помал е извозот на македонското јагне на европските пазари. Се извезуваше за Хрватска, Италија. Главно поради цената, зашто имаше доволно стасано јагниња поради топлата зима. За сточарите е ниска цената од околу 200 денари за килограм жива мера, за извозниците и крајните европски купувачи беше висока. Има останато замакедонскиот пазар, ама не знам колку ќе се продаде зашто цената моментално во месарниците е од 500 до 550 денари за килограм. За потрошувачите е скапо, зашто за да испечеш јагнешко и да има доволно на трпезата, мора да се купи барем два, три килограми, вели Тони Павлески од кланичарската индустрија.

Според Марјанчо Стојаноски, сточар од Прилепско, трошоците се високи за одгледувањето јагниња, а со години е трендот на намалување на фондот, зашто нема млади сточари.

-Со овие откупни цени и со зголемени трошоци е многу тешко. Во светот е најевтино македонското јагне, зашто во Албанија, Бугарија е по 6 евра за килограм жива мера. Се намалува сточниот фонд. нешто подзадржуваат субвенциите што ги зедовме, но ситуацијата ќе биде тешка. Скапи се храната, препратите. А никој нема од младите заинтересиран за одгледување овци. Освен тоа, не може да се најде овчар. Последниве години нема млади сточари кои отвориле одгледувалиште. Тешко е, вели Стојаноски, кој е и потпретседател на здружението во Пелагонија „Орлови бари“.

Граѓаните чекаат пред месарниците и пресметуваат. Велат, зависи од џебот. Некои земаат само јагнешки дроб, колку да замириса за Велигден, други ќе купат месо, оти, еднаш во годината е Велигден.

Како шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на вносен бизнис

Очигледно криминогеноста е главнаа врска на СДС и ДУИ во владата. ДУИ и Груби наместо нервозно да реагираат треба на јавноста да и објаснат како тоа шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на фирма за баждарење на бензиски пумпи Метролаб и истата таа фирма 4 месеци од нејзиното формирање добила акредитација од Бирото за метереологија раководено од Мерита Мустафи, кадар на ДУИ? Како сопственикот на оваа фирма која влегува во вносен бизнис останал да работи уште извесно време како шалтерски работник во туристичката агенција на Груби? Дали Груби стои зад оваа опрација, а неговиот вработен е само параван?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

– Дополнително нешто коешто треба Груби и ДУИ да го одговорат е како истата таа дирекорка на Бирото за метереологија Мерита Мустафи се секнала со луксузна хациенда на Попова Шапка со големина од 150м2 и истата не ја пријавила во анкетен лист? Како со чиновничка плата некој во Македонија може да се стекне со таков луксуз и зошто притоа тој луксуз не го пријавила? Дали не е пријавен тој имот затоа што тешко може да се докаже како е стекнат?

Ги повикуваме надлежните институции да го проверат целиот овој октопод кој се врзува со Артан Груби. Ковачевски очигледно молчи и се плаши било што да прокоментира, бидејќи функцијата му е дадена под кирија. Одговорност за криминалите на оваа власт на ДУИ, поддржана од СДС мора да има, се вели уште  во партиското соопштение.

Петровска криела ЛУКСУЗНА ХАЦИЕНДА со базен во Радишани – Ковачки бара имотот да го подари на здруженијата на бранители, а таа да си поднесе оставка веднаш

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, крие луксузен имот. Како што кажав во дуелот со Министерката во средата таа во својот Анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, но не и луксузна хациенда во Радишани, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Ковачки:

Во дуелот ја прашав Петровска дали крие имот во Скопско, по што таа негираше и рече дека се што поседува е во нејзиниот Анкетен лист, односно дека не поседува имот. Петровска е фатена во лага како крие имот.

Одиме со ред.

Анкетниот лист на Петровска кој ви го покажав потврдува дека таа лаже.

Вистината е дека Славјанка Петровска поседува огромна хациенда со базен во Радишани.

Ова е хациендата на Петровска. Во таа хациенда има голем базен, целиот имот е ограден со голема двометарска ограда, што може да се види од следните слики.

Ова е евидентниот лист на Петровска од Катастарот на недвижности. Овој имот на Петровска е евидентиран и во Агенцијата за Катастар на недвижности, прибележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани. И се наоѓа на улица Радишанска.

Жителите од тој дел на улица Радишанска според избирачкиот список гласаат во избирачкото место 2948/1 кое се наоѓа во ОУ Ацо Шопов. Тоа е истото избирачко место каде гласа и Славјанка Петровска. По што може да се заклучи дека адресата на луксузната хациенда на Славјанка Петровска е и адреса на живеење која истата ја има во личната карта.

Дополнително според нашите информации хациендата на Петровска, покрај тоа што не е пријавен како нејзин имот во ДКСК, таа е и дивоградба, односно истата не е легализирана.

Ги повикуваме надлежните институции да постапат, а Славјанка Петровска наместо на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, оваа луксузна хациенда да ја донира на здруженијата на бранители од 2001 година.

Очекуваме Петровска да остане на зборот, и овој имот во најкраток можен рок да го подари на здруженијата на бранители, лица кои во 2001 година не ги штедеа животите за ние денес да живееме во слобода.

Дополнително ја повикувам Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Функционерите треба да бидат отчетни и чесни. Лажењето дека не поседува имот кој не пријавен во нејзиниот Анкетен лист не е одраз на чесност.

Ако Петровска крие имот, што друго можеме да очекуваме дека ќе крие? Личност без морална димензија како Петровска не смее да биде на чело на МО и да седи заедно со министрите за одбрана на нашите стратешки сојузници во НАТО, рече Ковачки.

Јелена Ѓоковиќ на уши носи моден додаток кој чини колку еден стан во Скопје (Фото)

Јелена Ѓоковиќ вчера го бодреше својот сопруг Новак Ѓоковиќ на завршниот Мастерс во Торино, на мечот со Стефанос Циципас.

Сите погледи беа вперени во делот каде таа седеше, што не е ништо ново, бидејќи во светот на жените на познатите тенисерки таа важи за стилска икона.

Јелена овој пат имаше елегантна бела ролка и како и секогаш лесна шминка, едвај видлива. Но, она што најмногу привлече внимание е накитот на нејзините уши.

Станува збор за менѓуши на престижна марка, а цената на овој модел од колекцијата „Алхамбра“ оди и до 120.000 долари, што е повеќе отколку што би чинел стан во Скопје.

-Секое парче е вистинско ремек дело на мајсторот, а во изработката учествуваат, не само врвни златари, туку и оние кои се занимаваат со обработка и полирање на камен, пишува Hello.

,,Купен ЏИП БМВ Х5 на СТАРО, НЕ Е ЛУКСУЗ” смета Наумоски

Уредно во законскиот рок е пријавена промена на мојот имот. Со продажба на постојно возило и купување старо возило со година на производство од 2010 година. Дванаесет години старо возило БМВ Х5 е луксуз?

Дополнително укажувам дека Антикорупциската комисија (ДКСК) во својата база ги нема ажурирано моите податоци од 2009 година како член на Совет на Град Скопје“, вели функционерот Александар Наумоски во демантот до ВМРО-ДПМНЕ која партија денеска го наведе како функционер кој крие имот во рамки на аферата што ја отвори партијата „тајни имоти“.

Во својот демант до ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите Наумоски ја приложи, како што вели, пријавата со промена на имотната состојба доставена до Антикорупциската комисија (ДКСК).

„Во оваа прилика би сакал да пријавам до Дпмне дека во наше Ѓорче за 4 години се направија инвестиции како за 20 години. За четири години во Ѓорче се изградија над 110 улици во должина од 40 километри, поставен е водовод 5 километри, фекалнa 40 километри, паркинг 7700 м2. Нова градинка во Волково, доградба на Детелинка со три занимални, поставено е ново модерно ЛЕД SMART осветлување , го вративме старото Корзо, изграден е кружен тек во Волково, Јоаким Крчоски после 60 години доби нова спортска сала, правно е решен проблемот со административно-деловната зграда во паркот, изградивме и реконструиравме детски игралишта, поставивме гумени подлоги на спортските игралишта континуирана поддршка за сите спортисти, спортски клубови, уметници, социјални случаи, еднократна парична помош за секое новороденче… Доградба на две училишта. И многу други проекти.

Постојните проекти со кои сега се фалите се оставени со решена целосна проектна документација и обезбедени грантови. Како, фекалната канализација со пречистителна станица во Орман. Фасадите, крововите и реконструкција на тоалетите во училиштата. Партерното уредување на Крстот во Кучково и сите други општински проекти без тие кои ги прави Град Скопје.

Ѓорчепетровци очекуваат повеќе. Ваков дефокус и ширење лаги за ситна политичка добит е само доказ за криење на неспособност“, вели функционерот и поранешен градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

ВАКА ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВАТА ВИЛА НА ЦЕЦА НА КИПАР – од луксузот ќе ви се заврти во умот

Светлана Цеца Ражнатовиќ во неколку наврати најавуваше дека ќе ја реновира својата вила во Аја Напи, а сега се појавија фотографии кои покажуваат како ќе изгледа нејзината куќа.

Фолк ѕвездата реши да ја промени и надворешноста и внатрешноста на својата вила во Аја Напи, која ја купи во 2006 година и каде што секое лето го поминува со семејството и пријателите.

– Цеца наскоро ќе започне со целосно реновирање на вилата, а еден дел од куќата ќе треба целосно да се урне. Таа не сака да прави само внатрешни преправки, туку ќе ја прошири вилата од постоечките 400 квадрати на дури 600! Ќе додадат уште еден кат, па ќе имаат вкупно три. Тоа е голема работа, ќе бидат потребни месеци за да се заврши се – изјавил за српски „Информер“ добро информиран извор.

Судејќи по фотографиите до кои ексклузивно дојде Информер, во куќата ќе доминираат белата и кафената боја.

– Цеца сака нов и модерен дизајн, па нејзината вила ќе биде како оние од Мајами, каде живеат светски ѕвезди. Во централниот дел на куќата ќе има огромна дневна соба со камин и уметнички слики, а во кујната и бањата ќе има најквалитетен мермер. Во куќата ќе се постави лифт, ќе има сауна и теретана, а во дворот, до базенот, ќе има џакузи – вели изворот.

Целиот проект го водат кумата на Цеци Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташкет, а ангажирале архитекти од Белград и Истанбул.

– Се што смислила нејзината кума Вики многу и се допадна на Цеци, едвај чека да почне со реновирање – додава изворот.

Вики вели дека е возбудена што на својата кума ќе и ја подари куќата од соништата.

– Целиот преден дел на вилата на Цеца ќе биде од стакло, со поглед на големиот базен. Цеца покрај базенот ќе има и свое место за одмор во дворот до големото џакузи, вели фолк пејачката.

Сето тоа ќе биде прикажано во емисијата „Цеца шоу“ што се емитува вечерва на ТВ Блиц.

Владата набавува свежа риба, морски плодови и октопод за 20.500 евра!

„Ал се некад добро јело“: Среде криза владата набавува свежа риба, морски плодови и октопод за 20.500 евра

21.09.2022 / 19:16Share this…

За време на најголемата криза од влладата ќе трошат на морски плодови и риба. Иако од владата викаат дека се работи за годишна набавка и дека нема да има злоупотреби, јавноста се сомнева во тоа и ако нешто добива најмногу критика тоа се трошења на луксуз и храна од страна на функционерите.

Па така владата ќе набави свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра. Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила три договори со фирма од Скопје од која ќе ја снабдува храната.

Првиот договор е вреден 787.500 денари или повеќе од 12.800 евра. За оваа сума, договорната компанија е должна да ја снабдува Владата само со свежа риба, објави Алсат.

Вториот договор е вреден 262.500 денари или 4.268 евра. За оваа сума Владата ќе се снабдува со замрзната риба и октопод.

Додека третиот договор меѓу Владата и фирмата добавувач бил направен за морски плодови и бил вреден 210.000 денари или 3.415 евра.

Вкупната вредност на трите договори е 1.260.000 денари или околу 20.487 евра.

„Станува збор за редовно годишно снабдување кое се врши етапно. Ќе се плаќа онолку колку што ќе се потроши, во зависност од бројот на посети на делегациите во текот на оваа година“, рекоа од Владата

Бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина за 100 денари?!

 И лебот станува луксуз за граѓаните. Во повеќето маркети ржаниот леб скокна на 93 денари, интегралниот на 84, а белиот на парчиња се продава по цена од над 50 денари. Нови цени и во пекарниците – сегашната цена од околу 70 ден за четвртина бурек може да достигне и до 100 денари во наредните недела две, анализира ТВ  24.

Причината за ваквиот раст е поради неколкукратното поскапување на струјата и гасот. Граѓаните затекнати и исплашени од новиот бран на поскапувања особено кај основните продукти за прехрана.

Според Сојузот на синдикатите, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти. Велат работниците кои и покрај тоа што работат, од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто. Тие сметаат дека Владата нема слух за потребите на граѓаните и работниците оти во услови на криза не презема никакви мерки.

„Синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, на електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс“, реагираат од ССМ.

ОД ШОПСКА ПАРИ ИМАМЕ САМО ЗА СИРЕЊЕ Краставиците станаа луксуз

Шопската салата стана луксуз зимава. Краставиците имаат неверојатно висока цена, а и доматот, пиперот и младиот кромид исто така. Единствено по стара цена ќе може да го купите сирењето и маслото за јадење бидејќи овие производи имаат замрзната цена, велат граѓани и негодуваат дека секоја година јадат сè поскап и понеквалитетен зеленчук. Земјодлеците, пак, велат дека како што идат годините сè помалку ќе има зеленчук од домашно производство, а цената и квалитетот ќе ја утврдуваат цените на репроматеријалите и енергенсите кои се користат при одгледувањето.

Цената на краставиците во маркетите во земјава се движи од 239 до 279 денари за килограм, доматот има цена од 89 до 159 денари за килограм зависно од бојата, благата зелена пиперка се продава по цена од 139 до 265 денари килограм, црвената чини 32 денари парче, лутата, пак, исто така по парче има цена од 14 до 24 денари, а китка младиот кромид има цена од 23 до 26 денари.

Повисоки цени има и зелката кај која цената се движи од 39 до 75 денари зависно од тоа дали е стара или млада. Потоа компирот кој го има по цена од 34 денари до 43 денари за килограм стар или од 145 до 219 денари млад компир.

За разлика од овие цени податоците од земјоделскиот пазарен информативен систем кој се базира на цените на зелените пазари и пазарот на големо во земјава просечните цени на истите производи во јануари годинава споредено со истиот месец лани се далеку повисоки. На пример просечната цена на краставица во јануари била 117 денари и е поскапа за 28, 1 отсто ланската просечна цена која изнесувала 91,8 денари за килограм.

Просечни цени на зелени пазари јануари
Лута пиперка    190 денари парче       лани 130 денари                   пораст    46,6 отсто
Бела пиперка    129,6 денари,              лани 103,5 денари                пораст   25,3 отсто
Зелка                    27,9 денари                лани   19,8 денари                 пораст  41 отсто.
Домат                   85,7 денари                лани    63,2 денари                пораст  35,6 отсто.
Компир                 35,4 денари               лани    23,9 денари                пораст  48,1 отсто
Бабури                  60 денари                  лани    53,3 денари                пораст  12,5 отсто
Млад кромид      20 денари                 лани   11,7 денари                  пораст  95 отсто

И на пазарот на големо, кванташки пазар, цените на овој вид зеленчук поскапеле но со многу повисок процент.

На кванташки пазар, на големо
Бела пиперка 100 денари кг.             лани   46,7 денари           пораст      114        отсто
Домат                 65 денари                    лани    35 денари             пораст       85,7      отсто
Краставица       90  денари                  лани    36,7 денари           пораст      145       отсто
Компир              28  денари                  лани   10,6  денари           порст       162,4     отсто
Зелка                  20    денари                 лани   12,8  денари           пораст      56,3      отсто

Граѓаните не се изненадени од новите цени на зеленчукот, но велат дека не можат да излезат на крај со платите.

– Сè поскапе и нормално беше да поскапи и зеленчукот и овошјето, независно дали е од увоз или домашно производство. Најверојатно и кај земјоделците пораснале трошоците, па ги продаваат своите производи поскапо. Тука доаѓаат и трговците кои пресметуваат маржи, даноци и слично, а цената расте. Додека дојде до трпезата краставицата стигна до 280 денари. Но сè е поскапено и на зелените пазари – вели скопјанка.

Земјоделците имаат свои пресметки при утврдувањето на цената на својот производ. Тие велат најмногу цената ја зголемуваат поскапените репроматеријали, без да се зголеми и цената на трудот.

– Ние како земјоделци ја очекувавме оваа состојба. Со години укажуваме дека не се само субвенциите потребни за развој на ранградинарството, дека е потребна стратегија на организирање на производството, откупот, утврдување на цените, но 30 години само нè слушаат и ништо не се презема. Се плашам дека како што одат годините нема да има домашно производство, зашто за нас е неисплатливо производството, а немаме ниту обнова на земјоделците. По некоја година, ако ништо не се преземе, мислам дека на пазарот ќе останат само големите производители, помалите нема да можат да се занимаваат со земјоделство – вели Ристо Велков, од синдикатот на земјоделски производители.

Според него, годинава е посебно скапа и за земјоделците.

– Поскапеа енергенсите (нафта, струја, дрво) и сите репроматеријали за производство. Кај дел од репроматеријалите поскапувањето оди и над 300 отсто. Најниско поскапување е 50 отсто. Еве да речеме за еден декар само за пластична фолија се потребни 1.000 евра, но и сè друго е поскапено, ѓубрива, семенски материјал, заштита, и огрев. Сето тоа, влегува во производните трошоци и формирањето на производната цена – вели тој.

Во однос на квалитетот на зеленчукот Велков вели дека домашното производство има стандарден квалитет, но увезениот зеленчук, малку се контролира во однос на квалитетот и содржината.

Според него, тешко дека во наредниот период ќе може да се произведува евтин зеленчук и затоа повторно апелира, државата да донесе соодветна стратегија.

ПлусИнфо.мк

Да ви се плукнам на луксузот шо го промовирате во мизерна држава!

Како се одземаат јавните добра од граѓаните преку нивно предавање во алчните раце на олигарсите, преку пример од праксата:

Градскиот базен во Штип, кој порано беше достапен за сите граѓани, сега е достапен само за богатите!

Како?
Картата за влез која порано чинеше во просек околу 50денари, сега чини околу 300 денари.

Проста пресметка вели вака:
За едно 4члено семејство да може да отиде на “градскиот” базен, ќе треба само за влез да издвои 1200 денари. Земајќи предвид дека на горештиниве ќе треба да се напијат барем по една вода, или Бог да чува и по еден сладолед или сок за децата, ќе треба да планира околу 1500-2000 денари, за една посета на базенот.

Ако ги пратат само децата (а многу од помалите не можат да одат сами), ќе ги чини најмалку 1000 денари.

“Градскиот” базен веќе не е градски, туку на алчната сељачана, која ќе глуми висока класа и луксуз, додека мнозинството, со минималец или просечна плата, ќе нема да може да припари на местото кое некогаш им припаѓаше на сите жители.

Ќе кажете, барем сега е средено?
А кој беше проблемот, општината да го среди и да го управува како јавно добро, за истото да продолжи да биде достапно за сите?!

Проблемот е КОРУПЦИЈА И КРАДЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ДОБРА ЗА БОГАТЕЊЕ НА ПОЕДИНЦИ БЛИСКИ ДО ВЛАСТИТЕ!!!

Ова е еклатантен пример на класна дискриминација, каде богатите грабаат и добиваат се’, а сиромашните остануваат без ништо, додека и натаму плаќаат даноци за се’!!!

Моја нога не стапнува на ова место!

Да ви се плукнам на луксузот шо го промовирате во мизерна држава! – пишува Тамара Јованов, сопруга на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.