Tag Archives: МакедонскаФудбалскаРепрезентација

,,Васко Жабата” тепаше, немаме среќа против Бугарија ни во фудбал

Македонската фудбалска репрезентација со 1-0 е поразена од Бугарија во последниот меч од Лигата на нации, клучна беше 14. минута кога останавме со играч помалку поради црвен картон на Тодоровски.

Македонските навивачи направија жешка атмосфера, на Арената „Тодор Проески“ имаше повеќе од 20.000 навивачи, но тие разочарани го напуштија стадионот од она што го видоа. Клучниот момент на натпреварот се случи уште во 14. минута кога Тодор Тодоровски поради опасен старт доби директен црвен картон, Македонија рано во мечот остана со фудбалер помалку.

покрај тоа што игравме со фудбалер помалку, бевме рамноправни, но не можевме да бидеме и подобри од Бугарите. Првата посериозна закана ја имаше нашата репрезентација, Ристовски шутираше силно од далечина, но Наумов го одбрани неговиот удар. По пет минути игра во второто полувреме, брз контра напад на Бугарите кој го реализираше Десподов за водство од 1-0.

На десет минути пред крајот Алиоски имаше уште една шанса, неговиот шут заврши крај голот на Бугарија. Во самиот финиш од мечот се случи и инцидент кој го почнаа Барди и Кирилов, а се вклучија многу фудбалери од двете екипи, но мешаницата беше брзо расчистена.

 Последната шанса да избегнеме пораз ја имаше Дориев, но Наумов го одбрани неговиот удар.  По овој пораз Македонија падна на третата позиција на табелата, Бугарија пред нас, на второто место го заврши натпреварувањето, прва е Грузија, а последен Гибралтар.

Исвиркана бугарската химна на стадион! (Видео)

Сите омаловажувања, негирања и на име, јазик, идентитет, историја, култура Македонците на трибините вечерва ги “вратија” на сметка на бугарската химна која беше исвиркана од илјадници грла.

Тензична е атмосферата на Националната арена “Тодор Проески” и на теренот и на трибините, особено по најголемиот инцидент на натпреварот кога македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски доби црвен картон од австрискиот судија.

Бугарскиот селектор со провокација: Од Северна Македонија примивме смешен гол!

Селекторот на Бугарија Јасен Петров не го смета како позитивен нерешениот резултат 1:1 против Македонија.


Тој по натпреварот сподели дека целта била победа и истакна и дека овој тим може многу повеќе.


Полошата игра тој ја припиша на брзањето кај некои играчи, како и на недостатокот на минути во нивните клубови.

„Нашата желба беше да победиме. Се сретнавме со многу добар тим. Не можевме да се консолидираме на почетокот на вториот дел. Знам дека можеме повеќе. Нивниот гол падна од наша грешка, смешен гол. Правевме елементарни грешки една по друга. Мора да одиме напред. Имаме играчи кои не играат и не се во најдобра состојба.

Нерешено со Бугарија, задоволни со бод

Македонија ѝ одржа фудбалска лекција на Бугарија во „балканското дерби“ попладнево во Разград, ама не успеа да го победи преслабиот ривал и само со бод од ремито 1-1 ја отвори оваа сезона во Лигата на нации, како почеток на новиот циклус кон остварување на главната цел на крајот, пласман на Еуро 2024 во Германија.

На крајот завршивме со 15 шута (5 во рамки на голот) наспроти само трите на Бугарија, која од единствениот директен ни даде гол, со стотина повеќе додавања, со поголем посед на топката и со повеќе изведени корнери, зашто Бугарија изведе еден.

Штета. Можеме да жалиме што не победивме, но што е тука е. Во Скопје сигурно ги добиваме со ваква игра.

Следен меч на Македонија е гостувањето во недела кај Гибралтар, додека Бугарија ја пречекува Грузија, исто така во Разград, за три дена

(Фото) Нема потреба за тага: Фудбалерите се наши херои, ни претстојат многу победи!

И покрај поразот на „Драгао“ фудбалерите и стручниот штаб се нашите спортски херои. Фудбалска Македонија одново ја обедини државата и со победата над Италија нè направи горди, но вечерва немаше сили за ново чудо и го загуби финалниот бараж од претпоследнот европски шампион. Бруно Фернадеш ја покажа својата големина во Порто и со два гола го згасна мундијалскиот сон на Македонија.

Нема потреба за тага, поразот нека биде мотив плус за нови дострели на оваа Македонија

РЕКА ОД НАРОД НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ (Видео)

На градскиот плоштад во Скопје пристигнаа македонските фудбалери.

На плоштадот река од илјадници граѓани излегоа да ги пречекаат народните херои.

Видео:

https://fb.watch/bZRg0WKB_u/

Најдобриот стрелец на Вардар Чичко ДОНЧО слави 86-ти роденден 🎉

Денес 86-ти роденден прославува Андон Дончевски, најдобриот стрелец во историјата на најтрофејниот македонски клуб. На вкупно одиграните 335 натпревари, од кои 187 првенствени средби, има постигнато 217 погодоци.

Во 1961. година беше дел од вардаровиот состав кој го освои Купот на Југославија, додека во сезоната 1986/87 ја предводеше од клупата и „златната“ Вардарова генерација, до шампионската титула во југословенското првенство.

Андон Дончевски е првиот селектор на Македонската фудбалска репрезентација која ја предводеше во првиот квалификациски циклус.

Роден е на 19 ноември 1935 година, во Кавадарци. За првиот тим на Вардар дебитираше во сезоната 1953/54 и неговиот дрес го носеше во наредните 12 години.

Тренер на нашиот клуб беше во периодот од 1985 до 1988 година.ФК Вардар на “чичко Дончо” му го честита роденденот со најискрени желби за добро здравје и долг живот.

Елмас: Македонија е едно големо срце, татковина, мајка – за неа сè би дал!

Фудбалерот кој ја почна акцијата по која Македонија го голот кој не однесе на Европското првенство, Елиф Елмас, со многу емоции го преживеа самиот меч. Елмас има блескава кариера пред него, а е во неговите дваесетти години.

Да се потсетиме што велеше Елмас за значењето на македонскиот дрес.

Македонија е нешто што многу значи. Прво, Македонија е едно големо срце! Потоа татковина, мајка… За Македонија сè би дал. И ова не го зборувам само колку да го кажам, туку е нешто што го чувствувам. Многупати досега го покажав тоа дека би играл за сите селекции. Ако треба и ако можам пак ќе играм за сите селекции – до мојот последен здив! И на сите играчи им велам дека треба да ја сакаат својата држава како што ја сакам јас и да уживаат во тоа – порача Елмас кон крајот на минатата година, пренесе „Спорт1.мк“.

Тој е млада ѕвезда на Наполи, а вчера вечер во натпреварот Македонија и Исланд, ги скрши Исланѓаните со два гола и го трасираше патот на Македонија.

Елмас во 65-та минута постигна гол за водство од 2-1, откако Исканѓаните израмнија со голот на Торстеинсон во 54-та минута. Елмас беше стрелец и на третиот погодок за нашиот национален тим во 87-ма минута и дефинитивно стави крај на надежите на Исланд.

Македонија треба да се радува со ваква ѕвезда како Елиф Елмас.

Пандев: „Секоја чест, ХЕРОИ!!!

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, се замина во репрезентативна пензија по настапот на нашата селекција на ЕВРО 2020, откако претходно одигра неколку дуели од квалификациите за СП 2022 меѓу кои и историската победа на гости кај Германија (2-1), но тоа не го спречи да им го честите новиот голем успех на доскорешните соборци.

Популарниот Гоче кратко  потврди дека вечерва бил заедно со фудбалерите во жолто-црвена опрема на историскиот меч со Исланд (3-1), по кој обезбедивме пласман во баражот.

„Секоја чест, ХЕРОИ!“, пиша Пандев.

Веднаш по завршувањето на средбата со Исланѓаните, на социјалните мрежи почна иницијатива за враќање на Пандев во националниот тим во баражот, особено што во полуфиналната пресметка нема да игра Елиф Елмас поради два жолти картони.