Tag Archives: Марија

Малата Марија од Радовиш: Ми требаат патики, ме болат нозете, но не ѝ кажувам на мама да не тагува

Сузана Тачева од село Ораовица можеби ќе останеше невидлива за јавноста доколку не ѝ го посакуваше најдоброто на својата 12-годишна ќерка Марија.

Од шест години самохрано ја расте со минимален месечен приход, а имало периоди и кога немале пари за храна, па седеле сами и гладни во една соба.

Тие немаат храна за сите денови од месецот, а ниту еднаш во годината не може да си купат нова облека, додека Марија ги носи тесните патики од минатата година и не ѝ кажува на мајка ѝ за да не тагува.

А, болката ја поднесува и дома и во училиште, но Сузана е жена со здравствени проблеми и не е способна ниту да работи.

– Живееме сами со ќерка ми. Сопругот е починат. Живееме во една соба, немаме пари да ја средиме куќата, земаме само 6.400 денари од социјално, а со тие пари не може ништо да се направи. Дали за мене, дали за Марија, нешто за сметки. Тешко се живее, вели Суза.

Како млада работела со тутун и заработувала пари, додека пред 12 години ја добива Марија, но потоа го губи сопругот.

– Се сеќавам на татко ми, живеевме сиромашно. Немаме услови за ништо. И да беше жив, мислам дека пак ќе беше исто. Тој ја тепаше мама, се сеќавам на тие моменти, не можев да ја одбрана, раскажува Марија во „Срце на дланка“.

Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј

Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут), но се случи бура да го потопи коработ со кој пловеа.

По Божја Промисла, Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека се удавил. Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни манастири.

После две години нивните ужалени родители појдоа во Јерусалим на поклонение на светите места. Таму со помош на прозорливоста на еден духовник се состанаа прво брат со брат, Јован и Аркадиј, а потоа и родителите со своите деца. Од благодарност кон Бога, Ксенофонт и Марија и самите го раздадоа сиот свој имот на сиромасите и обајцата се замонашија.

Трогателната историја на овие четири свети души јасно покажува колку прекрасно Господ раководи со судбините на оние кои веруваат во Него, како допушта врз нив маки и жалости за потоа уште позасилени во верата да ги возведе во уште поголема радост. Живееја и се упокоија во Господ во 10 век. За овој Јован се смета дека е оној што е наречен Лествичник.

По две години струмичкиот градоначалник и Марија ја раскинаа свршувачката

Градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов, ја раскинал свршувачката со својата поранешна свршеница Марија Десанова, пренесува Репортер. 

За потсетување, Костадин ја побара за жена Марија на 15 јануари 2021 година, односно пред околу две години.

Репортер пренесува дека го контактирале градоначалникот, а тој одбил да коментира на оваа тема.

Приватна тема е, нема да коментирам, изјваил Костадинов.

Инаку, во јануари, 2021, тогаш триесетгодишниот пратеник од редовите на СДСМ и портпарол на партијата, Костадиновски, преку својот фејсбук профил го покажа свршеничкиот прстен што и го дал на својата избраничка, Марија Десанова.

МАРИЈА СКРШИЛА ЧАША СРЕД ЕМИСИЈА! Хаос во Ѕвездите на Гранд, цело студио на нозе, еве зошто… (Видео/Фото)

Ова ќе биде дефинитивно една од најгледаните емисии.

Членовите на жирито “Ѕвездите на Гранд“ посебно се опуштиле во новогодишната епизода.

Имено, Марија Шерифовиќ во еден момент, на песната “Јутро је“, скршила чаша, со што предизвикала овации во студиото.

Сите членови на жирито, заедно со водителката, заиграле оро и направиле несекојдневна атмосвера во студиото, а судејќи по најавата, ова дефинитивно ќе биде една од најинтересните емисии.

Денеска е голем празник – БОГОРОДИЦА ПРЕЧИСТА, жените кои немаат деца се молат за нив

Православните христијани денеска го слават Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста.

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла.

Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што немаат деца. Евангелистите сведочат дека праведните Јоаким и Ана долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот. Така им се родила Марија. Светото предание натаму сведочи дека бидејќи Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога, нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога, ја повеле во храмот.

Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината.

Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос. Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

Воведение се смета за тежок празник и денес не треба да се прават никакви важни работи, да се потпишуваат договори, да се започнуваат големи работи и слично. За овој ден важи и правилото дека не треба да се работи по дома, да се пере, да се пегла и слично.

Денеска се слави Света Марија Египетска пример за покајание

Житието на оваа светителка го напиша ерусалимскиот патријарх свети Софрониј. Еден свештеномонах, старецот Зосим, се оддалечи еднаш за време на Чесниот Пост во задјорданската пустина, на растојание од дванаесет дена одење. Одеднаш здогледа едно човечко суштество, суво, голо во телото, со коса бела како снег, кое веднаш почна да бега од погледот на Зосим.

Старецот долго трчаше додека онаа човечка прилика не прилегна во потокот и не викна: „Авво Зосиме, прости ми заради Господ, не можам да ти се обратам, зашто сум гола жена!“ Тогаш Зосим ѝ ја дофрли својата горна наметка и таа му се јави. Старецот беше застрашен од звукот на своето име што го изговорија усните на таа непозната жена. На негово долго настојување жената му го раскажа своето житие. Таа била родена во Египет и од својата дванаесетта година почнала да живее развратно во Александрија и во разврат поминала цели седумнаесет години.

Гонета од блудниот телесен оган еден ден седнала на кораб што пловел за Јерусалим. Кога пристигнала во Светиот Град, посакала и таа да влезе в црква и да му се поклони на Чесниот Крст, но некоја невидлива сила ја задржувала и не ѝ допуштала да влезе. Во голем страв погледнала во иконата на Пресвета Богородица во припратата на црквата, молејќи се кон Пречистата да ѝ дозволи да влезе и да го целива Чесниот Крст, исповедајќи ја својата грешност и нечистотија, а ветувајќи дека по ова ќе појде таму каде што ќе ја упати Богородица.

Тогаш ѝ било дозволено да влезе в црква. Откако го целивала Чесниот Крст повторно излегла во припратата пред иконата и ѝ се заблагодарила на Пресвета Богородица, но во тој миг чула глас: „Ако го преминеш Јордан, ќе најдеш мир!“ Таа веднаш купила три леба и тргнала кон Јордан, каде што стигнала истата вечер. Утредента се причестила во манастирот на Св. Јован и ја преминала реката. Во пустината поживеала цели четириесет и осум години, во преголеми маки, во страв, во борба со страсните помисли како со диви ѕверови. Се хранела со зелје. Сега таа го замоли свети Зосим идната година да дојде на брегот на Јордан и да ѝ донесе Причест, ветувајќи му дека ќе дојде да се причести.

Следната година авва Зосим дојде на брегот носејќи ѝ Света Причест, а се чудеше како светителката ќе го премине Јордан. Во тој миг виде на блесокот од месечината дека таа дојде до реката, ја прекрсти и појде по водата како по суво.

Кога ја причести, го замоли идната година да дојде кај истиот оној поток каде што се видоа првпат. Авва Зосим појде и на тоа место го најде нејзиното мртво тело, а над главата натпис: „Погребај го, авво Зосиме, на ова место телото на смирената Марија, предај му го правот на правот, се претставив на први април, во ноќта на спасоносното Христово страдање, по причестувањето со Божествените Тајни“.

Од овој натпис авва Зосим го дозна прво нејзиното име, а второ страшното чудо дека таа претходната година, истата онаа ноќ кога се причести, стасала до овој поток до којшто тој мораше да патува дваесет дена. Вака Зосим го погреба телото на чудесната светителка Марија Египетска. А кога се врати во манастирот, ја раскажа целата историја на нејзиниот живот и чудото коешто самиот го виде од неа.

Така ја прослави Господ покајаната грешница. Света Марија се споменува и во петтата недела на Чесниот Пост. Во тие денови Црквата им ја предочува на верните како пример за покајание. Се упокои во Господа околу 530 година.