Tag Archives: мажи

Зајкова: И мажите треба да засукаат ракави и да месат леб, доста беше родова нееднаквост

Треба да се работи на медиумската писменост, затоа што не може да допуштиме да произлегуваат наслови како: „жените треба да ги засукаат ракавите, бара пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова во емисијата Аргумент плус на ТВ 24.

Зајкова вели „немаме едукација од најрана возраст и родовата еднаквост се уште ја третираме како некаков феномен за кој треба да зборуваме“.

-За жал живееме во време на патријахалните родови и имаме општество полно со стереотипи коишто треба да ги надминуваме, едукацијата од најрана возраст за тоа што значи родова еднаквост и човекови права треба итно да се внесе во училишните програми. Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси леб, особено не, во ваква глобална транзиција каде што жената и економски придонесува колку и мажот, можеби и повеќе во некои семејства, каде што и таа паралелно одговара на сите современи општествени текови, рече Зајкова.

Во однос на неказнивоста Зајкова вели дека, голем дел од жените, особено во руралните средини, од страв од стигмата не се осмелуваат да пријават кога се жртва на вербален или физички напад.

На осамени мажи им ветувала БРАК и ги оставала без скршена ПАРА

На осамени мажи им ветувала брак, па им зела грдни пари: Белграѓанка (27) уапсена за дури 600 измами

Во четвртокот, на 29 септември, полициските службеници од полициската станица Савски Венац ја привеле девојката А.Ј.(27), бидејќи во изминатите месеци извршила повеќе од 600 кривични дела – измама.

Мамела така што објавувала огласи на социјалните мрежи и наоѓала осамени мажи, на кои им ветувала брак.

На овој начин ги натерала да и уплаќаат пари, што резултирало со финансиска добивка од над 25 илјади евра.

Адел ја прашаа СО КОЛКУ МАЖИ СПИЕЛА – Еве го нејзниот ОДГОВОР (ВИДЕО)

Откако им кажа на сите за губење на тежината, анксиозноста и вежбањето во одлично интервју за Вог, Адел (33) организираше настап во живо на Инстаграм за нејзините следбеници и одговараше на нивните прашања.

Адел зборуваше за новиот албум со оглед на тоа што повеќето прашања беа поврзани со нејзината музика. Еден  следбеник, сепак, одлучи да го зачини разговорот и постави интимно прашање на пејачката.

„Со колку луѓе си спиела?“ Дали прашањето беше кажано на сленг, а пејачката не го разбра баш прашањето и ги насмеа сите.

“Кој е мојот број? Што значи тоа?”, Рече таа, а нејзината реакција стана вистински хит на Твитер.

Корисниците на социјалните мрежи веднаш објавија серија видеа во кои го извадија моментот кога пејачката беше тотално збунета поради прашањето. Некои од фановите сметаат дека прашањето било „непотребно и бесмислено“.

Толку била згодна што мажите и се нафрлаат, но тоа и е НАПОРНО (ФОТО)

Инстаграм моделот Кони Хок вели дека атрактивноста има свои недостатоци. Оваа 29-годишна жена од Виена вели дека мажите и приоѓаат најмалку 20 пати за во еден ден и дека тоа е непријатно и заморно. Исто така, тие често се лутат откако ќе бидат одбиени.

„Се обидувам да бидам учтива, но во 99 проценти од случаите ми е непријатно. Особено затоа што мажите се супер упорни и не се предаваат. Понекогаш кога ќе ги одбијам, тие почнуваат да бидат агресивни. Сето тоа може да биде застрашувачко, особено кога е ноќ”, изјави Кони за Дејли Стар.

Кони вели дека не може да оди ниту на лекар на преглед без да се соочи со додворување. Еднаш, за време на прегледот, лекарот отворено ја нападнал.

„Во една прилика отидов во болница за алергиска реакција, а лекарот кој ме прегледа почна да ми се додворува. Ушите ми беа црвени и отечени, изгледав ужасно. Додека флертуваше, мислев само – Боже, дали е тоа можно. Јас не го пријавив, но сигурно нема да се вратам на таа клиника“ вели таа.

Неа ја следат скоро 400.000 луѓе на Инстаграм, а вели дека и е доста од ласкање.

„Ми приоѓаат во супермаркет, во теретана, каде било и кога брзам. Никој не сака да разговара кога е испотен од тренинг или размислува што да купи во продавницата. Понекогаш чекам некого и во тој период тројца млади момци излегоа и се обидоа да разговараат со мене „Знам дека е потребна храброст да се направи такво нешто, но тие мора да разберат дека тоа не значи не“, додаде Кони.

Таа тврди дека дури и зафатените мажи не ги почитуваат нејзините граници: “Јас еднаш видов двојка како се бакнува. Но, момчето ме погледна, па дури и ми намигна додека се бакнуваше со неа. Бев згрозена.

Оваа убава 29-годишна девојка исто така нагласува дека машкиот пол мора да разбере дека не можат да очекуваат дека е во ред да се додворувате некому само затоа што тој некој е модел.

Лелејјј МИНИСТЕРОТ за туризам на Израел – премиерот му вели: Ги тераш мажите да се срамат!

Видеото во кое се гледа како израелскиот министер за туризам Јоел Развозов излегува од вода го обиколи светот, а неговите мускули и понатаму се главна тема.

Израелците се воодушевени со неговиот изглед, а за тоа доволно зборува и коментарот под видеото: Нешто заборавие да ни кажат за новата влада – Развозов е најзгодниот министер кој некогаш сме го имале.

Развозов има 40 години, а пред да влезе во политиката бил успешен каратист. Дури и ја претставувал земјата на европски и светски првенства, а дури бил дел и од Олимписките игри.

Од спортската кариера се откажал заради повреди, но и натаму спортува рекреативно.

Споменатото видео кое се шири по социјалните мрежи, а во кое потсетува на сцена од „Чувари на плажа“, стигнало и до седница на Владата на која премиерот му рекол да престане да тренира зашто правел мажите да се срамат.

– Јоел престани да тренираш правиш мажите да се срамат пред жените, рекол премиерот Бенет.