Tag Archives: Милијарда

360 Степени: 300 илјади евра по преговарач, 20 илјади евра месечно за надзорен инженер – за Коридор 8 и 10 (Видео)

Цените на услугите на надзорот, патем, се пред се за ангжман на домашни експерти. Иако на чело на конзорциумот за надзор на „Бехтел и Енка“ стои „ИРД Инеженеринг” од Италија, чиј претставник и ги потпишуваше договорите со Јавното претпријатие за државни патишта пред камерите, најголем дел од работата, а со тоа и парите, ќе одат преку македонските фирми „Електра солушнс“ и „Евро консалтинг, пишува во своја сторија 360 степени мк.

Во прилог видеото:

Јавното обвинителство да реагира, да отвори истрага и да побара запирање на работата на Конзорциумот ИРД – ЕПТИСА – Електра Солушн – Евро Консалтинг. Во продолжение ќе наведеме дел од фактите кои укажуваат на коруптивна шема на Груби и Ковачевски со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д, бара Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на прес конференцијата порача:

1. Прво, власта распишува тендер за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д, тендерот го добива Конзорциум воден од ИГХ, во чиј состав е Институтот за патишта – Велес, на Сотир Ампов, договорот се раскинува, затоа што Конзорциумот не може да обезбеди банкарска гаранција, поради фактот што сите пари, кои се руски, им се замрзнати.

2. Власта објавува нов тендер.

3. Во ек на постапката за доставување на понуди фирмата Електра Солушн на Андон Ампов, син на Сотир Ампов вади лиценца за надзор, префрлајќи вработени од фирмата на татко му, кај која во првиот тендер е востановена руска врска.

4. Рокот за доставување на понуди се продолжува за 8 дена. Се сѐ вклопува совршено Електра Солушн да може да поднесе документи.

5. Покрај продолжување на рокот за поднесување на понуди, се менува и условот фирмите кои ќе поднесат понуди да имаат позитивни финансиски биланси, и се овозможува и фирми загубари како ЕПТИСА, да поднесат, која влегува во Конзорциум со Електра Солушн, Евро Консалтинг и ИРД. Овој Конзорциум го добива тендерот.

6. Шеста причина, смената на условите во постапката индицираат дека истите се направени за ИРД – ЕПТИСА – Евро Консалтинг – Електра Солушн.

7. ЕПТИСА е сопственост на кинеска фирма. Капиталот е во целост кинески. Менаџментот на ЕПТИСА е кинески.

8. ЕПТИСА, а преку неа Кинезите ќе имаат увид во работата на Бехтел и нивната технологија.

9. ЕПТИСА, е фирмата во чиј Конзорциум заедно со Савеж во Ерменија, бил ангажиран Бранимир Димитријевиќ, сопственик на Евро Консалтинг, третата фирма во Конзорциумот. Бранимир Димитријевиќ во Ерменија е гонет за криминал од 1,8 милиони долари. Против него е подигнато обвинение, а тој избега од Ерменија со помош на дипломати во време кога со Владата управува СДС.

Фирмата на Димитријевиќ во Македонија ќе врши надзор, за криминал на иста работа во Ерменија тој се гони со меѓународна потерница. Криминалот го направил како одговорен на проектот на Конзорциумот Савеж – ЕПТИСА.

Ермениска шема Димитријевиќ – ЕПТИСА, од која едниот е гонет за криминал, а фирмата е поврзана со кинески капитал, и руската врска на Ампови кои се присутни и во двата договори еднаш преку Институтот за патишта во Велес, еднаш преку Електра Солушн го земаат тендерот од 22 милиони евра.

Ако ова не се доволни индиции за отворање на истрага, тогаш Абази нека почека, но потоа ќе мора да одговори и зошто молчел и дали и кого штител.

Вучиќ доби една милијарда од Арапски емирати

Обединетите Арапски Емирати и Србија потпишаа договор, според кој Белград ќе добие една милијарда долари под исклучително поволни услови, со само три отсто камата, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ, кој е во дводневна посета на ОАЕ, за ТВ Пинк изјави дека според тој договор Србија добива една милијарда долари „под неверојатни услови“, и оцени дека тоа е „практично подарок“.

Вучиќ објасни дека во јануари доспеваат обврските од старите кредити кои Србија треба да ги врати, а за да не се трошат парите што ги има сега, а мора да купува скапа енергија на пазарот, со овие пари се обезбедува целосна ликвидност со солвентноста што ја има државата.

Вучиќ, кој е во посета на ОАЕ на покана на шефот на таа земја, шеикот Мухамед бин Зајед, потсети на одличните односи меѓу двете земји и им се заблагодари на ОАЕ за поддршката.

Според него, секогаш кога е тешко, Србија може да се потпре на ОАЕ.

Тој рече дека Србија ќе добие финансиска поддршка со половина од каматната стапка од онаа по која се задолжуваат западните земји и тоа, како што наведе, е огромна поддршка за домашниот буџет и финансии.

Тој додаде дека членките на ЕУ, како Унгарија и Романија, се задолжуваат со каматна стапка од шест отсто.

Песна од Мајкл Џексон со повеќе од милијарда преглeди на Јутјуб

Безвременскиот хит на кралот на попот Мајкл Џексон, Били Џин, ​​собра повеќе од милијарда прегледи на Јутјуб, со што стана третата песна од 80-тите години на минатиот век со повеќе од милијарда прегледи.

Видеото, објавено на музичкиот канал МТВ во 1983 година, годинава имал дневен просек од неверојатни 600.000 прегледи. Од музичарите од осумдесеттите, само „Guns N ‘Roses“ со „Sweet Child O’Mine“ од 1988 година и групата А-ХА со хитот од 1984 „Take On Me“ ја поминаа фантастичната граница од 1 милијарда.

Според статиста.ком, најгледана песна на „Јутјуб“ е детската песна „Бебе ајкула“, дури 8,8 милијарди, следена од Деспасито Луис Фонси со 7,2 и „Облик од тебе“ од Ед Ширан со 5,3 милијарди.

https://youtu.be/Zi_XLOBDo_Y