Tag Archives: мост

Во живо од пред мостот „Слобода“ во Скопје (Видео)

Крстот во Вардар ќе се обидат да го фатат околу 130 верници. Од МПЦ-ОА – Скопска епархија за МИА информираа дека сите пријавени се полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти.

Одбележувањето на празникот почнува со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во 9 часот, во која ќе учествува и архиепископот г.г. Стефан. Литургијата ќе заврши околу 11 часот, а потоа ќе следи голем освет на водите во припратата на црквата.

Околу 11:15-11:20 часот, г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“. Таму веднаш ќе почне церемонијата „Водици“, каде архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар околу 12 часот.

Од МПЦ-ОА – Скопска епархија, посочуваат дека Богојавление е голем празник во православната црква. Верниците се поздравуваат со поздравот „Бог се јави“. Апелираат верниците да бидат присутни во храмовите, да учествуваат активно во божествената литургија со тоа што ќе се причестат.

Сите верници кои ќе се обидат да го фатат крстот тоа да го прават од верски побуди, достоинствено, со почит и со страв божји.

Висат парчиња бетон од мостот надвозник кај Визбегово – Чекаат да падне некој па да го прават ?

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, со предупредување до граѓаните за нестабилноста на мостот надвозник кај Визбегово.

Имено, тој информираше дека од мостот висат парчиња бетон и се опасност за луѓето и возилата што се движат под и на него.

-Можната нестабилност на мостот како и парчињата бетон кои висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата што се движат по него но уште повеќе за тие што се движат под него. Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции, но опасноста сеуште не е отстранета – истакна Ангелов.

Тој потенцираше дека денеска повторно јавно ги повикува надлежните институции да реагираат, медиумите да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112. 

Трагедија во Индија – 60 ЛУЃЕ ЗАГИНАА откако падна висечки мост (Видео)

Мостот изграден во 19 век не можел да ја издржи тежината опд многуте луѓе на него. Бил реновиран и отворен пред четири дена.

Најмалку 60 луѓе загинаа, а многу се стравува дека се повредени откако еден век стар кабелски висечки мост се урна во река во неделата вечерта во западната индиска држава Гуџарат, предизвикувајќи стотици да паднат во водата, соопштија властите.

Властите соопштија дека мостот од 19 век, од колонијалната ера над реката Маччу во округот Морби во државата се урна бидејќи не можеше да се справи со тежината на големата толпа, откако сезоната на хинду фестивали привлече стотици луѓе кон неодамна отворената туристичка атракција. Мостот беше затворен за реновирање речиси шест месеци, а беше повторно отворен пред само четири дена.

Не се знае точно колку луѓе имало на мостот долг 232 метри, но властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Државниот министер Бријеш Мерја за новинарите изјави дека досега починале 60 лица и дека 17 лица се примени во болниците.

Кинези го изградија најмодерниот мост во Хрватска (Фото)

Во Хрватска со голема помпа е отворен еден од најмодерните мостови. Пељешки мост кој ќе треба да ја „прескокне“ Босна кај местото Неум е долг само 2,4 километри. Изграден е во Дубровничко-неретванската жупанија за да го премости Малостонскиот Заливмеѓу Комарна на копното и Бријешта на полуостровот Пељешац, со што се постигнува континуитет на територијата на Република Хрватска по копно, прекинат со тесен коридор преку кој Босна и Херцеговина стигнува до морето кај Неум. Изграден е како дел од проектот Патно поврзување со јужна Далмација.
Отсега туристите нема да мораат да влегуваат на територијта на Босна на пат кон хрватското приморје.

Мостот е изграден со пари од ЕУ фондовите а го градеа кинески инвеститори.

Само кај нас вака може-Украле ограда од мост!

Четворица штипјани на возраст од 20 до 33 години ја извадиле и ја земале оградата на мостот на реката Крива Лакавица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера на регионалниот пат Штип – село Драгоево, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода 20- годишниот Е.С, 33-годишниот Е.С, 32-годишниот Е.Д.и 30-годишниот Е.С., сите од Штип, бидејќи околу 13.50 часот со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост меѓу Казнено поправната установа Штип и с.Драгоево. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициските службеници вчера на лице место фатиле малолетен крадец во куќа.

Полициски службеници од полициската станица Штип лишиле од слобода малолетник од Штип бидејќи во двор од куќа на улица „Тодор Чучков“ во Штип одзел предмет. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. По комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Жена се породила под мост, пожарникарите и лекарите се погрижиле настанот да има среќен крај (Фото)

Несекојдневен настан се случил вчера вечерва во Прилеп.

Екипи на противожарната бригада и брзата помош интервенирале кај мостот на улица “Димо Наредникот”.

Имено како што неофицијално дознава Маркукуле од очевидци, жена се породила под мостот, а пожарникарите и лекарите најпрво го извлекле бебето, а потоа и жената, па настанот завршил со среќен крај.

Не се познати причините како и зошто дошло до овој настан и поради што неименуваното женско лице се одлучило на ваков чекор.

Во Амстердам поставен пeшaчки мocт нaпpaвeн co 3Д ПРИНТЕР

Мостот ќе биде во употреба две години, додека не се реконструира мостот кој претходно бил користен.

Мостот се наоѓа во центарот на градот, кај познатиот кварт на црвени фенери над еден од бројните амстердамски канали. Кралицата со притискање на зелено копче го стартувала роботот кој со ножици ја пресекол лентата на мостот кој е долг 12 метри.

Тим Геуртјенс од компанијата „MX3D“, вели дека мостот покажува какви можности има оваа технологија.

-Доколку сакате многу декориран или исклучително естетизиран мост, тогаш 3Д изработка е навистина добра опција. Не станува збор само за тоа дека ја поевтинуваме изработката и ја правиме поефикасна, туку и дека на архитектите им даваме нови алати со кои можат да ја стават на тест својата архитектура и дизајн, вели Геуртјенс.

Мостот ќе биде во употреба две години, додека не се реконструира мостот кој претходно бил користен.

3acтpaшyвачка cитyaциja: На нoвинapка кoja извecтyваше во живо, пред очи и се сруши мост (Видео)

Новинарка од Северна Каролина доживеа вистински шок за време на известувањето во живо, кога мостот на кој таа стоела одеднаш се преполовил.

Амбер Робертс застанала на мостот со снимателот кон крајот на минатата година и известувала за поплавите што се случиле по силното тропско невреме Ета.

Во еден момент, можете да видите како мостот се преполовува, луѓе бегаат во спротивна насока, и може да се чуе ненадеен крик на новинар.

– Ова е неверојатно застрашувачко – извика новинарката додека дел од мостот се рушел.

Во тој момент, тимот се повлекол, а новинарката рече дека пред неколку секунди стоеле на истото место каде што мостот бил преполовен.

Млад човек скокнал од мост во Велес, а на Фејсбук ја најавил својата намера

Неофицијално, според првичните информации, млад велешанец скокнал од Железен мост, а бил забележан од очевидци, кои ја известиле полицијата – пренесе Фокус вчера во текот на денот.

На социјалните мрежи посветени на градот се појавија шпекулации дека пред да скокне од мостот, тој објавил статус на својот Фејсбук профил со кој наводно ја најавил својата намера.

Детали се најавени во текот на денот за овој настан кој ги вонземири велешани.