Tag Archives: МВР

Спасовски најави поголеми плати за вработените во МВР – Но, расветлувањето на случаите до каде е ?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми го најави зголемувањето на платите на вработените во МВР во бруто износ од 3.086 денари.

Во стилот на старата мудрост ‘тивка вода брег рони’, во соработка со Македонскиот полициски синдикат, успеавме во заложбата за вработените во МВР да обезбедиме зголемување на платите со цел усогласување со растот на минималната плата, а наспроти сите шпекулации во дневнополитички цели со кои се обидоа да ја деградираат и демотивираат македонската полиција, но и да ја потценат доследноста во исполнувањето на ветеното од страна на нејзиното раководство.

Со денешната одлука на 140 седница на Владата, зелено светло доби предлогот на МВР за линеарно зголемување на постојните плати во висина од 3.086 денари по работник во бруто износ, почнувајќи со платата за месец март 2023, која ќе се исплати во април” соопшти Спасовски.

Тој потсети дека ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид минатогодишното зголемување од 5% за сите вработени, а претходно преку Буџетот на МВР во 2018 и 2019 беа издејствувани зголемувања на платите за сите вработени. Покрај ова, со зголемување на платите од 30 отсто беа опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година, со цел мотивација на овие дефицитарни кадри да придонесат во функционирањето на МВР на позициите за кои се ангажирани.

“Истовремено, благодарение на домаќинското работење и остварените заштеди во Буџетот, досега доброволно исплативме бонус плати за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2017, 2018, 2019, 2020, 2021 година, а во тек е прибирањето на податоци за вработени коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година, која ќе изнесува 31.859 денари во поединечен износ, што претставува зголемување од речиси 40% на износот на бонус платата во 2017 година која изнесуваше 22.928 денари.

Подобрувањето на статусот на вработените во МВР е императив за ова раководство на МВР. Продолжуваме да го развиваме концептот ‘Задоволна полиција – безбедни граѓани’, кој придонесе за одлични резултати во гарантирање на безбедноста и борбата против сите видови криминал”, истакна министерот Спасовски на социјалните мрежи.

МВР ВЕЧЕРВА АПСИ – Приведени дилери на дрога и учителка

Во тек е голема полициска акција во Скопје при што приведена е поголема група улични дилери на дрога.

Според првичните информации, уапсени се дилери на амфетамин, а меѓу уапсените е и учителка во основно училиште.

Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но повеќе детали најавуваат за утре, по нејзиното завршување.

Трагедија на автопат Куманово-Скопје: МВР со детали

На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(24) од Скопје, удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото.

Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово

Тасевски: Обиџуко мамицата твоја сељачка дали ти кога беше ученик било кога си напуштил часови во паника од бомба?

Пак закана со бомба во основното школо Војдан Чернодрински.

Таче и ти Обиџуко сте тотални идиоти. Поради вашата епска неспособност, најубавиот дел од нечиј живот го претворивте во пекол. Оној на основците и средношколците.

Обиџуко мамицата твоја сељачка дали ти кога беше ученик било кога си напуштил часови во паника од бомба?

Таче, а ти бе копито преживарско? Тебе ова ти е у реду со заканиве? Да не ти е смешно? Уште ти е згодна жена ти после вакви закани? Си уживаш во животот премиерски?

Со месеци трае овој терор, кој верувам дека е добро осмислен, а вас мува не ве лази. Толку сте сигурни дека еднаш нема да пукне некоја од бомбите? Ако сте толку сигурни, тоа значи

дека овие закани се со ваше знаење, со приказна зад нив што ви е од корист. Во тој случај, зрели сте за посебен третман.

Еден ден.

А сега сте зрели за заминување.

Доста ви беа пет години во кои се изживувавте и го понижувавте овој народ.

Собирајте парталите.

(фејсбук статус на Сашо Тасевски)

ДОЈАВИ ЗА БОМБИ низ пола СКОПЈЕ!

Покрај на адресите на повеќе институции, судови, музеи, трговски центи и објекти во Скопје, меѓу кои и на претседателската вила на Водно, утрово, стигнале закани за подметнати експлозивни направи и до 11 скопски училишта. Како што потврди Министерството за внатрешни работи за МИА, во тек се антитерористички проверки.

-Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, х. Мериот, х. Александар Палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ.

Исто така, добиена е пријава за упатена закана и од 11 училишта во Скопје. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.

Вчера, како што информира МВР, дојави за поставени експлозовни направи пристигнаа на електронските адреси на 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и кај четири во Прилеп, за кои по спроведените антитерористички проверки е утврдено дека станува збор за лажни пријави.

Хакираната страна на Кристина Арнаудова со порнографска содржина – бара помош од МВР

Дечки , мојата официјална страница е хакирана уште од лани летото . Kristina Arnaudova . Сега на неа ставаат некаков порнографски контент, и луѓе ми пишуваат. Знам, ама немам што да превземам. Пишав на Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme, сајбер секјурити,не ми ни одговорија – пишува пејачката на својот профил.

Ова се прикажува на ФБ страницата која е со името на Кристина Арнаудова хакирана уште минатата година:

Девојка УАПСЕНА откако се нафрлила ВРЗ ПОЛИЦАЈЦИ по вчерашното дерби во „Јане Сандански“ (Видео)

Две лица се уапсени вчеравечер во инцидент што се случил по завршувањето на вечното дерби меѓу кошаркарските клубови МЗТ Скопје и Работнички.

Како што соопштија од МВР, во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(50) и С.С.(19)-женско лице, двајцата од Скопје.

По завршување на спортски натпревар во салата „Јане Сандански“, М.С. се однесувал агресивно кон полициските службеници, а С.С. физички ги нападнала полициските службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат оттаму.

Претходно видеа од инцидентот беа објавени на порталот МК денес: 

Пратеник за инцидентот на граница: Напад на полицаец е напад на државата

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски се огласи на социјалните мрежи по инцидентот кој се случи на граничниот премин Деве Баир, во кој тројца бугарски државјани беа уапсени, откако со часови ги напаѓаа македонските полицајци.

„Државата функционира доследно и професионално,напад на полицаец е напад на државата. Приведени тројца бугарски државјани на Деве Баир кои со часови провоцираа. Македонското достоинство се брани со чест, однос и професионалност. И пак ќе кажам Гоце Делчев не го заслужува овој циркус од провокаторите нека ти е вечна слава даскале“, напиша Костовски на ФБ. 

ГРАЃАНИ БИДЕТЕ СПОКОЈНИ – Нема да дозволиме навреди и понижувања, рече Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утринава со порака за мирно чествување на 4 февруари.

– Ниедна политичка партија не може да присвои лик – Гоце Делчев е великан на македонскиот народ!

Граѓаните можат да бидат сигурни – никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ.

Со мирно и достоинствено чествување ќе покажеме пред светот дека знаеме да ја сочуваме стабилноста и со посебна почит умееме да чествуваме денови кои се посебно важни за нашата историја. – пишува Спасовски.

МВР: Сите сопственици на возила со регистерски таблички „MK“ задолжително да ги променат во „ NMK“

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката „МК“ со ознаката „NMK“.

Од МВР соопштуваат дека, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година.